нови работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 May 2020 06:29:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нови работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Британската Влада нема да субвенционира нови работници кои се на принуден одмор поради пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-vlada-nema-da-subvencionira-novi-rabotnici-koi-se-na-prinuden-odmor-poradi-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-vlada-nema-da-subvencionira-novi-rabotnici-koi-se-na-prinuden-odmor-poradi-pandemijata/#respond Wed, 27 May 2020 06:29:59 +0000 https://kurir.mk/?p=350548

Британската Влада нема да го зголеми бројот на работници што ги плаќа државата, кои се на принуден одмор поради пандемијата со Ковид-19, објави „Фајненшл тајмс“. Државата сега субвенционира осум милиони работници кои се на принуден одмор поради пандемијата, а британскиот министер за финансии Риши Сунак наредните денови ќе објави колку работодавачите ќе мора да придонесат за владината програма до август. Ќе се воведуваат и нови правила за работа со скратено работно време, што сега не е дозволено. За да се избегне работодавачите да пријавуваат дополнително работници за програмата за помош и да ги вратат на половина работно време, а сето тоа да го субвенционира државата, Министерството за финансии најверојатно ќе го укине понатамошното пријавување за таа програма, наведува „Фајненшл тајмс“. Сега британската Влада плаќа 80 отсто од платите, што е до 2.500 фунти месечно на речиси секој вработен во приватниот сектор, кој е на привремен одмор поради пандемијата со Ковид-19. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-vlada-nema-da-subvencionira-novi-rabotnici-koi-se-na-prinuden-odmor-poradi-pandemijata/feed/ 0