нови рестрикции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 20 Mar 2021 09:08:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нови рестрикции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ќе даде ли резултати полицискиот час? Од него зависи дали ќе има нови рестриктивни мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-dade-li-rezultati-policiskiot-chas-od-nego-zavisi-dali-kje-ima-novi-restriktivni-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-dade-li-rezultati-policiskiot-chas-od-nego-zavisi-dali-kje-ima-novi-restriktivni-merki/#respond Sat, 20 Mar 2021 09:08:43 +0000 https://kurir.mk/?p=485084

Во понеделник ќе се прави проценка дали има потреба од нови рестрикции кои би значеле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратување на работата на угостителските објекти, но засега не се размислува за дополнителни рестриктивни мерки. Проценката на Комисијата за заразни болести засега е дека викендот и на почетокот на следната недела ќе имаме резултати од полицискиот час што беше воведен пред десетина дена. Заклучокот и ставот е дека на почетокот на следната недела ќе прават нова проценка. -Спремни сме да препорачаме и дополнителни рестрикции, но во секојдневна консултација и со тимот што ги координира приемите во болничките капацитети, секако и членовите на Комисијата за заразни болести, засега сметаме дека дополнителни рестрикции не се потребни, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче. Инаку, Македонија влезе во трет бран на корона вирусот, бројките се огромни, болниците полни, а вакцини нема. Во меѓувреме власта во таква ситуација кога не успеа навреме да набави вакцини, ја нема ни да се одважи да воведе вистински мерки со кои ќе ги заштити граѓаните. Имаме само полициски час од 22 до 5 часот, кога движењето на населението е сведено на минимум, што значи дека ништо не менува. Иако оправданието е дека така се спречуваат младите да не се збираат, сепак експертите тврдат дека на друго место е изворот на заразата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-dade-li-rezultati-policiskiot-chas-od-nego-zavisi-dali-kje-ima-novi-restriktivni-merki/feed/ 0