нови санкции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Jun 2022 12:13:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нови санкции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Велика Британија со нови санкции против Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-so-novi-sankcii-protiv-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-so-novi-sankcii-protiv-rusija/#respond Thu, 16 Jun 2022 12:13:21 +0000 https://kurir.mk/?p=691685

Велика Британија соопшти за нови санкции против Русија, јави Би-би-си. Меѓу санкционираните е и руската комесарка за правата на децата, Марија Лвова – Белова, поради „присилно префрлање и посвојување украински деца“. Санкциониран е и патријархот Кирил, поглаварот на руската Православна црква, поради неговата поддршка и одобрувањето на војната во Украина. – Ние целиме кон овозможувачите и сторителите на војната на Путин, кои ѝ нанесоа нераскажани страдања на Украина, вклучувајќи ги присилното префрлање и посвојување деца, појасни британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-so-novi-sankcii-protiv-rusija/feed/ 0
САД воведуваат нови санкции против Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-voveduvaat-novi-sankcii-protiv-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-voveduvaat-novi-sankcii-protiv-rusija/#respond Sun, 08 May 2022 17:18:31 +0000 https://kurir.mk/?p=673668

САД најавија нови санкции против Русија за време на состанокот на лидерите на Г7 преку видео повик со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Воведени се санкции против три руски телевизиски станици, забрането им е на Американците да даваат сметководствени и консултантски услуги на Русите и санкционирани се раководителите на Газпромбанк, третата по големина руска банка. Ова се први санкции досега против банката која го опслужуваше рускиот гасен гигант. САД и нивните сојузници досега избегнуваа да воведат санкции против Газпромбанк поради страв дека тоа може да доведе до недостиг на гас за купувачите од ЕУ, бидејќи поголемиот дел од Европа купува руски гас преку оваа банка. Висок функционер на Белата куќа истакна дека потегот не е целосна блокада, туку дека има за цел да сигнализира дека Газпромбанк не е безбедно засолниште. – Ова е веќе неуспех за Путин и ние ќе продолжиме да им оддаваме почит на храбрите борби на украинскиот народ и да го слушаме претседателот Зеленски, изјави висок претставник на Белата куќа за новинарите пред состанокот на Г7. Новите санкции, исто така, ќе наметнат нови извозни контроли против рускиот индустриски сектор и вклучуваат речиси 2.600 визни ограничувања за руски и белоруски службеници. Белата куќа, исто така, соопшти дека Комисијата за нуклеарна регулација ќе ги суспендира дозволите за извоз на специјален нуклеарен материјал во Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-voveduvaat-novi-sankcii-protiv-rusija/feed/ 0
САД утре ќе воведат нови санкции кон Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-utre-kje-vovedat-novi-sankcii-kon-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-utre-kje-vovedat-novi-sankcii-kon-rusija/#respond Tue, 05 Apr 2022 19:12:33 +0000 https://kurir.mk/?p=658895

Соединетите Американски Држави утре ќе објават дека ќе воведат нови санкции кон Русија во координација со земјите членки на Г7 и Европската унија, изјави денеска претставник на американската администрација. Тој рече дека „сеопфатниот пакет санкции ќе предизвика значителни трошоци за Русија и ќе ја испрати во економска, финансиска и технолошка изолација“, пренесува Си-Ен-Ен. Новиот пакет мерки ќе ги забрани сите нови инвестиции во Русија, ќе се заострат постојните санкции против финансиските институции и државните компании во Русија, а ќе бидат санкционирани и претставниците на руската влада и членовите на нивните семејства. „Овие мерки ќе ги деградираат клучните инструменти на руската државна моќ, ќе и нанесат акутна и моментална економска штета на Русија и ќе ја повикаат на одговорност руската клептократија која ја финансира и поддржува војната на Путин“, рече американскиот претставник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-utre-kje-vovedat-novi-sankcii-kon-rusija/feed/ 0
ЕУ воведува шест нови санкции кон Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-voveduva-shest-novi-sankcii-kon-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-voveduva-shest-novi-sankcii-kon-rusija/#respond Tue, 05 Apr 2022 14:54:20 +0000 https://kurir.mk/?p=658818

Европската унија планира да предложи задолжително постепено укинување на увозот на јаглен од Русија како директен одговор на извештаите дека руските сили извршиле очевидни воени злосторства во Украина, тврдат извори за Блумберг. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Твитер објави список со санкции што ЕУ утре ќе ги воведе против Русија: – Забраната за увоз на јаглен од Русија, во вредност од четири милијарди евра годишно, со што се намалува уште еден важен извор на приходи за Русија. – Целосна забрана за трансакции за четири клучни руски банки, вклучително и ВТБ, втора по големина руска банка. – Забрана за руските бродови да пристапуваат до пристаништата на ЕУ и забрана за руски и белоруски превозници во патниот сообраќај. – Натамошни забрани за извоз, во вредност од 10 милијарди евра, во клучни области: напредни полупроводници, машини и транспортна опрема. – Посебни нови забрани за увоз, вредни 5,5 милијарди евра. – Целни мерки, како забрана за учество на руски компании во јавните набавки и исклучување на каква било финансиска поддршка, ЕУ или националните руски јавни тела. ЕУ засега нема планови да санкционира нафта или гас. Но, земјите од Унијата се длабоко поделени околу следните чекори, а некои влади продолжуваат да бараат барем сигнал дека блокот сака да го намали увозот на руска нафта, истакна еден извор. Неколку земји, вклучително и Германија и Унгарија, се спротивставија на продолжувањето на санкциите за енергетскиот сектор на Русија, но обвинувањата дека руските трупи при повлекувањето убиле многу невооружени цивили доведоа до нов притисок од некои членки на источниот блок да воведат такви санкции. Одобрувањето на пакетот и забраната за увоз на јаглен бара поддршка од сите 27 земји-членки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-voveduva-shest-novi-sankcii-kon-rusija/feed/ 0
Западот е подготвен за нови санкции против Русија, вели Макрон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapadot-e-podgotven-za-novi-sankcii-protiv-rusija-veli-makron/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapadot-e-podgotven-za-novi-sankcii-protiv-rusija-veli-makron/#respond Thu, 24 Mar 2022 17:52:10 +0000 https://kurir.mk/?p=652829

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека западните земји се подготвени да ги зајакнат санкциите против Русија. – Овие санкции имаат влијание и можат да се почувствуваат, а ние мора да продолжиме со нив бидејќи имаат застрашувачки ефект, истакна Макрон на прес-конференција по Самитот на лидерите на НАТО и на Г-7 во Брисел. Тој предупреди и на претстојната криза со храната, бидејќи и Украина и Русија се големи извозници на основни прехранбени производи, а нивното производство е во голема мера загрозено поради војната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapadot-e-podgotven-za-novi-sankcii-protiv-rusija-veli-makron/feed/ 0
Кишида: Јапонија ги засилува санкциите кон Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kishida-japonija-gi-zasiluva-sankciite-kon-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kishida-japonija-gi-zasiluva-sankciite-kon-rusija/#respond Thu, 03 Mar 2022 15:18:39 +0000 https://kurir.mk/?p=640316

Јапонија ќе го замрзне имотот на руските олигарси блиски до претседателот Владимир Путин, додека Токио ги заострува санкциите поради руската инвазија на Украина, објави денеска јапонскиот премиер Фумио Кишида. Кишида рече дека Јапонија додава олигарси на листата на санкции како дел од заедничките напори на САД и европските земји и дека со тој чекор ќе се замрзне имотот на Путин и на највисоките функционери во неговата влада. Тој додаде дека Јапонија исто така исклучува седум руски банки од меѓународниот платен систем СВИФТ. „Руската инвазија е едностран обид насилно да се промени статус квото и да се разнишаат темелите на меѓународниот поредок, не само во Европа и Азија“, рече Кишида. Јапонија, која сака да ја врати контролата врз некои острови контролирани од Русија, што ги спречува двете земји да потпишат мировен договор со кој формално би завршиле нивните непријателства во Втората светска војна, претходно не сакаше да воведе строги санкции кон Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kishida-japonija-gi-zasiluva-sankciite-kon-rusija/feed/ 0
ЕУ изрази жалење поради најавата за нови американски царини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-izrazi-zalenje-poradi-najavata-za-novi-amerikanski-carini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-izrazi-zalenje-poradi-najavata-za-novi-amerikanski-carini/#respond Thu, 31 Dec 2020 14:47:34 +0000 https://kurir.mk/?p=450739

Европска Унија денеска изрази жалење поради најавата на САД да вовдат дополнителна царина за француските и германските производи, како дел од спорот поврзан со авиопроизводителите Ербас и Боинг. Брисел истакна дека Вашингтон еднострано ги прекршил тековните преговори и најави дека ќе бара решение со администрацијата на Џо Бајден. ЕУ наведе дека ја контактира новата администрација на САД што е можно побрзо за да ги продолжи овие преговори и да најде трајно решение за спорот. САД најавија дека ќе воведат дополнителни царини за француските и германските производи како дел од долготрајниот спор околу субвенциите за производителите на авиони Ербас и Боинг. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-izrazi-zalenje-poradi-najavata-za-novi-amerikanski-carini/feed/ 0
САД подготвуваат нови санкции кон Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-podgotvuvaat-novi-sankcii-kon-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-podgotvuvaat-novi-sankcii-kon-kina/#respond Mon, 07 Dec 2020 10:35:12 +0000 https://kurir.mk/?p=439879

САД се подготвуваат за нови санкции за повеќе кинески владини претставници поради нивна наводна вмешаност во дисквалификување на опозициските пратеници во Хонг Конг. Санкците најверојатно ќе бидат воведени денеска кон 14 високи претставници на Кинеската комунистичка партија (ЦЦП) и пратеници. Предвидено е замрзнување на нивниот имот во странство. – Кина секогаш се спротивставувала и силно го осудувала мешањето на САД во внатрешните работи на Кина преку Хонг Конг, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг одговарајќи на наводите за евентуални санкции кон кинески претставници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-podgotvuvaat-novi-sankcii-kon-kina/feed/ 0
ЕУ и се заканува на Белорусија со нови санкции по смртта на опозициски активист https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-i-se-zakanuva-na-belorusija-so-novi-sankcii-po-smrtta-na-opoziciski-aktivist/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-i-se-zakanuva-na-belorusija-so-novi-sankcii-po-smrtta-na-opoziciski-aktivist/#respond Fri, 13 Nov 2020 14:03:44 +0000 https://kurir.mk/?p=429129

Европската унија предупреди дека може да воведе дополнителни санкции против Белорусија и ја осуди смртта во полициски притвор на опозициски активист. – Тоа е скандалозен и срамен потег на белоруските власти, кои не само што продолжуваат со директни и жестоки репресии врз својот народ, туку и создаваат атмосфера, во која се извршуваат такви незаконски акти на насилство, изјави портпаролот на ЕК, Петер Стано во врска со смртта на 31-годишниот Роман Бондаренко. Бондаренко вчера почина по неколкучасовна операција како резултат на повредите здобиени од насилството извршено врз него од страна на цивилни полицајци. ЕУ изрази сочувство до семејството на Роман Бондаренко и ја нагласи нејзината поддршка за сите Белоруси кои се незадоволни од резултатите на претседателските избори одржани на 9 август. Во соопштението се повторува и позицијата на ЕУ, повикувајќи ја белоруската Влада „да го прекине насилството врз населението и да ги изведе одговорните пред лицето на правдата“. – ЕУ веќе воведе санкции против 55 службени лица, одговорни за насилство, и е подготвена да воведе дополнителни мерки, нагласи службата за надворешна политика на Унијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-i-se-zakanuva-na-belorusija-so-novi-sankcii-po-smrtta-na-opoziciski-aktivist/feed/ 0
САД воведуваат нови санкции за Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-voveduvaat-novi-sankcii-za-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-voveduvaat-novi-sankcii-za-sirija/#respond Tue, 10 Nov 2020 07:49:23 +0000 https://kurir.mk/?p=427169

САД вчера воведоа нови санкции против сириски официјални лица, ентитети и поединци, обвинети за помагање на претседателот Башар ал-Асад, пренесуваат британските медиуми. Целта на оваа нова рестриктивна операција, во која е вклучено и сириското Министерство за нафта, според западните агенции, е да „ја убеди“ владата на Асад да се врати на преговорачката маса под покровителство на ОН за завршување на речиси десетгодишната војна во Сирија. Американското Министерство за финансии соопшти дека санкциите опфаќаат воени претставници, членови на парламентот и државните компании, како и сириски и либански граѓани кои работат на обновата на сириската нафтена индустрија. -Министерството за финансии е одлучно во намерата да продолжи да врши економски притисок врз режимот на Асад и неговите приврзаници заради репресијата што ја вршат, изјави американскиот министер за финансии, Стивен Мнучин. Сирија веќе се наоѓа под санкции од САД и Европската унија, кои на државата и стотици компании и поединци им замрзнаа средства во странство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-voveduvaat-novi-sankcii-za-sirija/feed/ 0