нови возила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 06 Mar 2021 08:14:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нови возила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пад на продажбата на нови возила за 33 проценти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pad-na-prodazbata-na-novi-vozila-za-33-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pad-na-prodazbata-na-novi-vozila-za-33-procenti/#respond Sat, 06 Mar 2021 08:14:48 +0000 https://kurir.mk/?p=478035

Пандемијата со Ковид -19, која негативно влијаеше врз работата на повеќе сектори, се одрази и врз автомобилската индустрија. Импортерите на нови возила поради намалената побарувачка беа принудени да се прилагодат на новите околности што ги наметна пандемијата и да го намалат увозот на возила. Од Групацијата на импортери на нови возила при Сојузот на стопански комори во изјава за МИА велат дека забележале пад во продажбата од 33 проценти лани во однос на 2019 година. – Причините за ваквата состојба се базираат врз економската криза односно намалената потрошувачка. Граѓаните поради состојбите во економијата се воздржуваат од потрошувачка на акцизни стоки, а воедно и претпријатијата поради намалената деловна активности и намалените приходи, се воздржуваат од нови инвестиции, велат од Групацијата. Со заздравувањето на економијата и излезот од економската криза што ја предизвика пандемијата, очекуваат следниот период да се преземат мерки со кои ќе се стимулира купувањето на нови возила, особено на оние на електричен погон. – Некои мерки Владата веќе ги најави, чија реализација очекуваме што поскоро да отпочне, истакнуваат од Групацијата на импортери на нови возила во изјавата дадена за МИА. И податоците од Царинската управа покажуваат дека минатата година се увезени помалку нови автомобили отколку во 2019 година. Според овие податоци, лани во земјава увезени се вкупно 5172 нови возила што е за околу 1000 возила помалку во споредба со 2019 година кога во земјава влегле 6341 ново возило. Анализирајќи ги податоците на Царинската управа може да се забележи дека од февруари лани, кога беше детектиран првиот случај на корона вирусот кај нас, постепено секој месец се намалува бројот на увезени нови возила. Така, од 570 нови возила во февруари, веќе во декември бројот е намален на 505 возила, а во јануари годинава на 364. Во декември лани се увезени за 264 возила помалку во однос на истиот месец во 2019 година. Пандемијата беше причина и за пад на вкупната продажба на пазарот на автомобили во Европската Унија. Лани, вкупната продажба паднала за 23,7 отсто во однос на 2019 година. Според податоците за 2020 година на Европското здружение на производители на автомобили, падот на продажбата на автомобили во Хрватска изнесувал 42,8 отсто, во Белгија 36,8 отсто, во Португалија 35, Шпанија 32,3 отсто, Естонија 29,5, Грција 29, Италија 27,9, Франција 25,5, Австрија 24,5, Белгија 21,5, Холандија 19,5 и Германија 19,1 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pad-na-prodazbata-na-novi-vozila-za-33-procenti/feed/ 0
Продажбата на нови возила во ЕУ опадна за 25 отсто во последните 11 месеци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodazbata-na-novi-vozila-vo-eu-opadna-za-25-otsto-vo-poslednite-11-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodazbata-na-novi-vozila-vo-eu-opadna-za-25-otsto-vo-poslednite-11-meseci/#respond Wed, 23 Dec 2020 13:25:51 +0000 https://kurir.mk/?p=447219

Влијанието на пандемијата на коронавирусот остави сериозни последици во автомобилската индустрија, бидејќи во периодот јануари-ноември 2020 година, продажбата на нови патнички автомобили во Европската унија се намали за 25,5 проценти на годишно ниво. Продажбата падна од минатогодишните приближно 12 милиони возила на околу девет милиони за 11 месеци годинава. Најголем пад на годишно ниво во набљудуваниот период е забележан во Хрватска, од 42,4 проценти, потоа во Португалија и Бугарија (по -36,4 отсто), Шпанија (-35,3 отсто), Грција (-30,7 отсто) и Естонија. (-30 отсто). Остриот пад на регистрациите на нови автомобили е забележан и во Италија (-29 отсто), Франција (-26,9 отсто), додека во Германија е минус 21,6 проценти. Од друга страна, продажбата на нови возила најмалку падна во Литванија (-16,2 отсто), Шведска (-16,4 отсто), Данска (-16,5 отсто) и Финска (-16,7 отсто). Според Европската асоцијација на производители на автомобили (АЦЕА), само во ноември оваа година, бројот на регистрирани нови автомобили паднал за 12 проценти, на 897.692 единици, што се припишува на новите мерки воведени од земјите за борба против вториот бран на пандемијата на Ковид-19. Кога станува збор за производителите на автомобили, групацијата „Фолксваген“ има најголем удел на пазарот во ЕУ оваа година (25,6 отсто), со продадени 2,3 милиони возила, по што следува францускиот ПСА (15,4 отсто), кој за 11 месеци продаде речиси 1,4 милиони единици и „Рено“ (11,5 отсто) со испорачани нешто повеќе од еден милион нови автомобили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodazbata-na-novi-vozila-vo-eu-opadna-za-25-otsto-vo-poslednite-11-meseci/feed/ 0
Нови возила и механизација во кавадаречки „Комуналец“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/novi-vozila-i-mehanizacija-vo-kavadarechki-komunalec/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/novi-vozila-i-mehanizacija-vo-kavadarechki-komunalec/#respond Mon, 20 Aug 2018 10:08:50 +0000 https://kurir.mk/?p=89856

Три нови возила обезбеди кавадаречки „Комуналец“, со кои ќе се подобрува услугата кон жителите на општина Кавадарци. Градоначалникот Митко Јанчев денеска потсети дека е ова трета набавка од годишниот план за ЈП „Комуналец“, направена во делот на нова механизација, обновување на механизацијата и дополнување на дејноста на „Комуналец“. - Станува збор за две теренски возила со приклучна механизација приколка. Тие ќе служат во делот на секторите на ЈП за одржување, јавна хигиена и хидроцентралите. Тука е и четврти по ред мини скип, што ќе биде во делот на водовод, за дефекти и за отстранување на други површини, што ги има во делот на канализациите со скип, рече градоначалникот. Тој соопшти дека оваа инвестиција како трета фаза од вкупната набавка, е околу 80 илјади евра. - Така некаде до септември ја очекуваме и четвртата завршна фаза, да ни стигнат уште две машини. Тоа ќе биде уште една цистерна за перење на улици и голем кипер со кран, додаде градоначалникот. Директорот на претпријатието, Ѓоко Поп Ицов рече дека „Комуналец“ не застанува тука. - Очекуваме уште две нови машини, со што ќе биде заокружена планираната набавка за возила, за поефикасно и поквалитетно работење на „Комуналец“. Сега веќе имаме два мали ровокопачи или два мали скипа, а во догор со градоначалникот е планирано да се набават и два ножа за снег. Тие во зимски услови ќе бидат пуштени да го чистат снегот по тротоарите, плоштадот и по сите други јавни површини за кои ќе биде одговорен „Комуналец“, рече Поп Ицов. Тој појасни дека двете теренски возила со приколки ќе бидат користени за потребите на хидроцентралите и водовод и канализација. МИА ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/novi-vozila-i-mehanizacija-vo-kavadarechki-komunalec/feed/ 0
Донација од Германија: 16 нови возила за граничната полиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donacija-od-germanija-16-novi-vozila-za-granichnata-policija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donacija-od-germanija-16-novi-vozila-za-granichnata-policija/#respond Mon, 12 Feb 2018 08:24:44 +0000 http://kurir.mk/?p=20593

Одделот за гранични работи и миграција при МВР ќе добие 16 нови возила, донација од германското Сојузно министерство за внатрешни работи. Донацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Полициската страница Струга ќе му ја предаде заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија Марко Акватичи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donacija-od-germanija-16-novi-vozila-za-granichnata-policija/feed/ 0