нови врнежи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Mar 2018 13:48:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нови врнежи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Новите врнежи ќе ги покачат водостоите на реките, можно е излевање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novite-vrnezi-kje-gi-pokachat-vodostoite-na-rekite-mozno-e-izlevanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novite-vrnezi-kje-gi-pokachat-vodostoite-na-rekite-mozno-e-izlevanje/#respond Fri, 02 Mar 2018 13:48:13 +0000 http://kurir.mk/?p=26636

Врнежите од дожд и затоплувањето на времето што е најавено за наредните денови ќе предизвикаа нагло топење на снежната покривка, што пак ќе доведе до покачувања на водостоите на реките и нивно можно излевање. Од Центарот за управување со кризи информираат дека новите врнежи дополнително ќе влијаат на водотеците и суводолиците и оти се очекуваат нови покачувања на водостоите, кои поради влажните почви и нивната мала способност да впијат поголеми количини на вода, треба да се внимава на можна појава на локални излевања на сливовите на реките Треска, на Црна Река, на притоките на реките Радика и Црн Дрим, притоките на реката Вардар, реките околу Баба Планина, Ниџе, Кожув и Бабуна. Со цел навремено преземање превентивни активности за намалување на ризиците од појава на поплави, ЦУК ги известила единиците на локална самоуправа и им препорача да ги задолжат јавните претпријатија и останатите субјекти во нивните општини, да бидат подготвени и да извршат проверка на сите критични места на кои е можно излевање и поплавување, да се провери состојбата со мрежата на одводните канали и на другите водни објекти на нивна територијата, со цел утврдување дали истите ја обезбедуваат потребната водопропусност за нормален тек на водата. Од Центарот за управување со кризи ги потсетуваат граѓаните доколку имаат потреба може да го користат бесплатниот телефонски број за итни повици - 195.  Од Управата за хидрометеоролошки работи најавија дека за време на викендот времето ќе биде променливото облачно и значително потопло. Минималните температури ќе се движат од нула до шест степени, а максималните од три до 17 степени Целзиусови. Утре попладне и ноќта кон недела ќе има повремени локални врнежи од дожд, особено во западните делови, каде на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува повремено и засилен западен ветер, поизразен на планините и на југот од земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novite-vrnezi-kje-gi-pokachat-vodostoite-na-rekite-mozno-e-izlevanje/feed/ 0
Најстудено во Маврово, попладне нови врнежи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najstudeno-vo-mavrovo-popladne-novi-vrnezi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najstudeno-vo-mavrovo-popladne-novi-vrnezi/#respond Tue, 13 Feb 2018 07:35:19 +0000 http://kurir.mk/?p=20917

Најстудено изутрина во Македонија е во Берово, -7 степени, по што следат Лазарополе со -4, Маврово, Крива Паланка, Крушево и Скопје Петровец со -3, Битола, Претор, Демир Капија, Пожаране и Струмица со -2, како и -1 во Тополчани, Ѓуриште, Охрид, Прилеп, Виница, Тетово, Гевгелија, Скопје - Зајчев Рид и Штип. Најмногу снег има во Маврови Анови, 45 сантиметри, Крушево 26, Ѓуриште 20... Времето денеска ќе биде облачно со врнежи, кои долж Повардарието ќе бидат од дожд, во останатите делови од дожд и снег, а на планините од снег. Попладне во западните делови ќе има пообилни врнежи кои ќе бидат претежно од снег и ќе предизвикаат позначително зголемување на снежната покривка, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во ноќните часови пообилни врнежи, во пониските делови од дожд, ќе има во југоисточните подрачја. Во местата со обилни врнежи ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови и засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во интервал од 3 до 9 степени. Во Скопје облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температура до 6 степени. Утре и во четврток во крајните западни и јужни делови ќе има врнежи од снег кои ќе бидат со слаб, повремено умерен интензитет. Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во покачување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najstudeno-vo-mavrovo-popladne-novi-vrnezi/feed/ 0