новинарки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Oct 2023 11:50:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png новинарки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Две новинарки осудени на затворски казни во Иран, поради „соработка“ со американската влада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-novinarki-osudeni-na-zatvorski-kazni-vo-iran-poradi-sorabotka-so-amerikanskata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-novinarki-osudeni-na-zatvorski-kazni-vo-iran-poradi-sorabotka-so-amerikanskata-vlada/#respond Sun, 22 Oct 2023 11:50:00 +0000 https://kurir.mk/?p=891899

Суд во Иран осуди две новинарки на неколку години затвор поради „соработка“ со американската влада, објавија денеска локалните медиуми. И двете се во затвор веќе една година по нивното известување за смртта на Махса Амини додека беше во полициски притвор во септември 2022 година. Нилуфар Хамеди, која ја објави веста за смртта на Амина, и Елахе Мохамади, која пишуваше за нејзиниот погреб, се осудени на седум, односно шест години затвор. Револуционерниот суд во Техеран ги обвини за „соработка со непријателската американска влада“, „заговор против националната безбедност“ и „пропаганда против системот“. И двете можат да се жалат на првостепената пресуда во рок од 20 дена. Хамеди работеше за реформистичкиот весник „Шарг“, додека Мохамади за Хам-Михан. Во мај, Обединетите нации им доделија награда за слобода на печатот „за нивната посветеност на вистината и одговорноста“. Смртта на Махса Амини предизвика повеќемесечни протести во десетици градови низ Иран. Демонстрациите претставуваа еден од најсериозните предизвици за Исламската Република. Од почетокот на протестите, според активистите за човекови права во Иран, најмалку 529 луѓе се убиени во демонстрациите. Се проценува дека властите привеле повеќе од 19.700 луѓе.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-novinarki-osudeni-na-zatvorski-kazni-vo-iran-poradi-sorabotka-so-amerikanskata-vlada/feed/ 0
Иранскиот суд осуди две новинарки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iranskiot-sud-osudi-dve-novinarki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iranskiot-sud-osudi-dve-novinarki/#respond Sun, 03 Sep 2023 09:09:25 +0000 https://kurir.mk/?p=873974

Судот во Техеран изрече казни од три години затвор, од кои некои условни, на две новинарки обвинети за „заговор“ и „поттикнување“, објавија француските медиуми. Еланаз Мохамади од селото Хам Михан и Неџин Багери од селото Хафт и Собх практично ќе треба да отслужат 1/40 од казната или нешто помалку од еден месец, објави нивниот адвокат Амир Раисијан. -Извршувањето на остатокот од казната ќе биде условно во период од пет години, додаде тој. Во овој период тие ќе треба да посетуваат курсеви за „професионална етика“ и нема да им биде дозволено да го напуштат Иран. Во февруари, Еланаз Мохамади беше притворена една недела од неутврдени причини. Таа е сестра на Елахе Мохамади, друга новинарка која работи во истиот весник, која е притворена од септември минатата година за покривање на погребот на Махса Амини, чија смрт откако беше приведена за наводно кршење на правилата за облекување на жените, предизвика протести низ целата земја. Стотици луѓе, вклучително и десетици безбедносни сили, беа убиени за време на овие протести. Илјадници учесници беа уапсени и обвинети од властите за учество во „немири“ поттикнати од Израел и Западот. Локалните медиуми неодамна објавија дека повеќе од 90 новинари биле уапсени или испрашани по протестите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iranskiot-sud-osudi-dve-novinarki/feed/ 0
Новинарките најчесто на удар, пропагандата зема замав https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novinarkite-najchesto-na-udar-propagandata-zema-zamav/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novinarkite-najchesto-na-udar-propagandata-zema-zamav/#respond Thu, 17 Nov 2022 13:22:52 +0000 https://kurir.mk/?p=762416

Годинава во Европа забележани се над 200 разни напади на новинари, а новинарките се најмногу на удар, изјави Маја Север, претседателка на Европската федерација на новинари, на вториот ден од меѓународната конференција на Медиумската организација на југоисточна Европа што се одржува во Сараево. Тема се медиумските проблеми во Европа и војната во Украина. Како што таа додаде, најновото истражување на институтот Ројтерс покажа недостиг на новинарска доверба во државните институции и информациите што тие ги даваат, пренесе весникот Данас. -Олигарси контролираат поголем дел медиуми и ова истражување покажа дека тој проблем е најизразен во земјите од централна и источна Европа. Закани, напади, убиства на новинари се чести и нема европска земја каде новинари не се нападнати, посочи Север. Според нејзините зборови, изминатите неколку години во Европската федерација на новинари забележале дека влади континуирано напаѓаат новинари и медиуми кои се спротивставуваат на политичкиот притисок, но и оти огласувачи се откажуваат од соработка со критички медиуми. -Војната во Украина и пандемијата покажаа проблеми дури и во најголемите либерални демократии во светот. Затоа е потребно да работиме заедно, да покажеме солидарност и да се избориме за подобра позиција на новинарите и медиумите, особено затоа што нема начин да се откажеме, нагласи Север. Сепак, главната расправа беше околу тоа што на новинарите во украинско-рускиот конфликт не им е дозволен пристап до првата линија на фронтот и што владите на земјите користат пропаганда како оружје во овој конфликт. Кристина Хаврилиук, главната уредничка на независниот украински портал УА: ПБЦ од Киев, истакна дека украински новинари немаат пристап до окупираните територии од 2014 година, а денес ниту до првата линија на фронтот, за лично да се уверат во тоа што таму навистина се случува. -Медиуми немаат пристап до првата линија на фронтот, така што моментално имаме голема расправа за тоа во рамки на медиумската заедница и се обидуваме да најдеме начин да дојдеме до воената зона. Не можам да објаснам зошто им е отежнат пристапот на новинарите и тоа не е до нас, туку до властите. Но, на првата линија на фронтот можат новинари на Си-ен-ен и Би-би-си, ама не и украински. Немаме пристап до окупираните територии од 2014 година, ниту имаме некакви можности да го сториме тоа, појасни таа. Кристина Атовска, новинарка од скопскиот портал Фри прес, изјави дека била во Буча и оти видела трупови по улиците по заминувањето на Русите. -Првите информации за овој случај беа објавени од украински воен информациски сервис. Имаше шпекулации на социјалните мрежи дека телата се поместувани, но, тоа е најголема лага во оваа војна, бидејќи ги видов труповите на улиците со моите очи. Треба да се види на самото место што се случува, наместо да веруваме на збор бидејќи пропагандата е голема, наведе Атовска. Таа додаде и дека решение би било да се испратат новинари на секоја од завојуваните страни, но, оти руската страна не сака да им даде акредитации на новинари од земји што ги смета за непријателски.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novinarkite-najchesto-na-udar-propagandata-zema-zamav/feed/ 0
Две новинарки нападнати за време на протестите на „жолтите елеци“ во Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-novinarki-napadnati-za-vreme-na-protestite-na-zoltite-eleci-vo-francija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-novinarki-napadnati-za-vreme-na-protestite-na-zoltite-eleci-vo-francija/#respond Sun, 23 Dec 2018 09:34:21 +0000 https://kurir.mk/?p=143855

Две новинарки на француската држaвна телевизија Франс 2 синоќа беа нападнати од група учесници на протестот на „жолтите елеци“ на пункт за наплата на патарина кај местото Булу во јужна Франција, во близина на границата со Шпанија. Новинарките известувале од протестот, кога полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите, при што неколкумна од нив го опколиле репортерките и почнале да ги удираат, обвинувајќи ги дека се „продале“ и дека „манипулираат со фактите“. Ова не е прв случај на напад на „жолтите елеци“ во Франција врз новинари. Петмина новинари од неколку приватни телевизии кон крајот на минатиот месец до полицијата во градот Тулуз поднесоа пријави за насилство и закани кон нив. Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа најави дека Владата ќе преземе сторги мерки против лицата кои вршат насилство за време на протестите на „жолтите елеци“. – Внимателнио следев што се случуваше во земјата во текот на денот и за се бев информиран од министерот за внатрешни работи. Очигледно е дека француското правосудство ќе мора да преземе строги мерки против прекршителите на законот, изјави Макрон. Тој порача дека на Франција сега и се потребни „ред и консензус“ за да се надминат несогласувањата. Инаку, вчерашните протести на „жолтите елеци“ во Франција минаа со значително помала масовност во споредба со собирите од минатата сабота. За време на вчерашните протести на територијата на цела Франција биле уапсени 220 лица, од кои на 81 им е одредена мерка притвор. За одржување на редот на протестите на „жолтите елеци“, што се одржаа шеста сабота по ред, француската полиција ангажираше околу 4.000 полицајци, од кои над 1.200 само во Париз. Билансот на жртви на повеќенеделните протестите се искачи 10, откако вчера утрото почина возач што во петокот вечерта удри во камион поставен на обиколница блокирана од „жолтите елеци“ во близина на Перпиња.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-novinarki-napadnati-za-vreme-na-protestite-na-zoltite-eleci-vo-francija/feed/ 0
Новоизбраниот претседател на Мексико непристоен кон новинарки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novoizbraniot-pretsedatel-na-meksiko-nepristoen-kon-novinarki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novoizbraniot-pretsedatel-na-meksiko-nepristoen-kon-novinarki/#respond Thu, 27 Sep 2018 09:09:54 +0000 https://kurir.mk/?p=106781

Новоизбраниот претседател на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор (64) е мета на критики откако беше објавена видео-снимка на која се гледа како бакнува во образ новинарка која му поставила прашање. Инцидентот се случил на 20 септември во мексиканската држава Долна Калифорнија, за време на неговата турнеја организирана пред инаугурацијата на 1 декември. На видео-снимката се гледа како новинарката на весникот „Ел Мексикано“, Лорена Гарсија поставува прашање за парламентарните избори, што треба да се одржат следната година, а Обрадор се насмевнува, ја бакнува во образ и не одговара. Гарсија изјави дека постапката на мексиканскиот претседател е „непристојна“. Обрадор претходно беше критикуван дека на две новинарки им се обрати со „драга“ кога се обиделе да му постават прашање преку отворениот прозорец на неговиот автомобил. Обрадор во јули е избран за нов претседател на Мексико, а на 1 декември ќе ја преземе должноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novoizbraniot-pretsedatel-na-meksiko-nepristoen-kon-novinarki/feed/ 0