новинарство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 26 Aug 2023 14:58:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png новинарство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Папа Франциск: Четирите гревови на новинарството се дезинформација, клевета, ширење гласини и склоност кон скандали https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papa-frantsisk-chetirite-grevovi-na-novinarstvoto-se-dezinformatsija-kleveta-shirene-glasini-i-sklonost-kon-skandali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papa-frantsisk-chetirite-grevovi-na-novinarstvoto-se-dezinformatsija-kleveta-shirene-glasini-i-sklonost-kon-skandali/#respond Sat, 26 Aug 2023 14:58:01 +0000 https://kurir.mk/?p=871226

Папата Франциск ги осуди денеска „дезинформациите“ и лажните вести, кои, во обид да се влијае на јавното мислење, според него, претставуваат „прв грев на новинарството“. „Дезинформациите се првиот од гревовите, од грешките, ајде да го наречеме тоа така - на новинарството“, рече папата за време на аудиенција во Ватикан во рамки на доделувањето на новинарските награди на кои присуствуваа италијански новинари. „Дезинформацијата е еден од гревовите на новинарството, а има четири: дезинформација - кога новинарот не информира или дезинформира; клевета, која понекогаш се користи; ширење гласини, кое е различно од клеветата, но сепак уништува; и четврти е склоност кон скандали“, рече Светиот Отец. Посочи дека е загрижен, на пример, за манипулациите со кои се служат тие кои шират лажни вести настојувајќи така да влијаат врз јавното мислење. Тој повика на „зголемена одговорност“ во „драматичната ситуација низ која поминува Европа, со оглед на продолжувањето на војната во Украина“. „Се надевам дека ќе се овозможи и ќе му се даде простор на гласот на мирот и на тие кои се ангажирани за ставање крај на скандализирањето на овој конфликт, како и на многу други, ќе им се овозможи и ќе им се даде простор“, рече папата. Осумдесет и шестгодишниот аргентински папа, кој следната недела треба да отпатува за Монголија, од својот избор до денеска даде бројни интервјуа и покажа многу поголема спонтаност од неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papa-frantsisk-chetirite-grevovi-na-novinarstvoto-se-dezinformatsija-kleveta-shirene-glasini-i-sklonost-kon-skandali/feed/ 0
Дали класичното новинарство умира? „Ќе има многу збогувања во редакциите. Еве кој ќе преживее“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-klasichnoto-novinarstvo-umira-ke-ima-mnogu-zboguvana-vo-redaktsiite-eve-koj-ke-prezhivee/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-klasichnoto-novinarstvo-umira-ke-ima-mnogu-zboguvana-vo-redaktsiite-eve-koj-ke-prezhivee/#respond Sun, 19 Mar 2023 08:53:17 +0000 https://kurir.mk/?p=813671

(Јутарњи лист) Директорот на германскиот медиумски концерн Аксел Спрингер најави отпуштања во Билд и Ди Велт како дел од транзицијата кон дигитален бизнис. Извршниот директор на Аксел Спрингер, Матијас Допфнер, во вторникот испрати е-пошта до вработените во која најави отпуштања во Билд и Ди Велт, бидејќи тие продолжуваат да се трансформираат во „чисто дигитална медиумска компанија“ со цел да ги зголемат приходите. Компанијата е економски успешна, економските цели се постигнати и надминати во 2022 година, но менаџментот сака да ја зголеми заработката во Германија за 100 милиони евра во следните три години со зголемување на продажбата и намалување на трошоците, со што компанијата ќе биде економски успешна во иднина. Во интервју за германската новинска агенција ДПА, Допфнер изјави дека по 2021 година вторпат по ред имале двоцифрен раст на продажбата, каков што не забележале четири децении. Продажбата изнесува околу 3,9 милијарди евра, а добивката околу 750 милиони. Дури 85 отсто од продажбата на Аксел Спрингер и повеќе од 95 отсто од профитот доаѓа од дигиталниот бизнис. Германскиот медиумски концерн Аксел Спрингер меѓу другите ги поседува таблоидот Билд, најголемиот германски дневен весник и американско-европскиот портал Политико. „Во секторите производство, графика, лекторирање и администрација, ќе има значително намалување на работните места“, напиша директорот Допфнер во е-пораката, пренесува германски Шпигел. Матијас Допфнер не прецизира колку вработени би можеле да бидат отпуштени, но посочува дека нема да се намали бројот на репортери, новинари или уредници специјализирани за одредена област. За да се задржат стандардите за новинарски квалитет, во тој дел ќе се инвестира, пренесува Тагесшпигел. „И во редакциите ќе се збогуваме со колегите доколку некои профили повеќе не одговараат на потребните вештини. Истовремено ќе отвораме и ќе укинуваме работни места. За тоа ќе има волонтерски програми“, напиша Допфнер. Дигитален бизнис Според писмото што Шпигел го добил на увид, на удар ќе бидат и „помошните функции“ и продукцијата во редакциите. Се планираат заштеди и во „сите оние области кои преку употреба на современи технологии стануваат сè помалку неопходни или дури и целосно излишни“. Аксел Спрингер моментално вработува околу 18.000 луѓе ширум светот. Меѓу нив има 3.400 новинари. Се повеќе се во САД, каде што Спрингер забележува огромен раст на пазарот. Со оглед на тоа што 85 проценти од нивната продажба и повеќе од 95 проценти од профитот доаѓаат од дигиталниот бизнис, Аксел Спрингер веќе некое време најавува дека сака да излезе од бизнисот со печатени весници и да стане исклучиво дигитална компанија. „Нашата цел е „само дигитална““, напиша Допфнер. Сепак, печатењето е сè уште профитабилно и „незаменливо за читателите и огласувачите. Затоа целосната транзиција кон дигитална ќе потрае уште неколку години“, напиша извршниот директор на медиумскиот концерн. Во писмото, Матијас Допфнер вели дека вештачката интелигенција „ќе го револуционизира новинарството и медиумскиот бизнис“. Вештачката интелигенција може да му помогне на новинарството и да го замени. „Вештачката интелигенција има потенцијал да го направи независното новинарство подобро отколку што било досега - или дури и да го замени“, предупреди Матијас Допфнер во интерното писмо до вработените. Алатките за вештачка интелигенција, како што е популарниот ЧатГПТ, ветуваат револуција, која наскоро ќе биде подобра во „собирањето информации“ од новинарите во живо, истакна тој. Разбирањето на оваа промена е клучно за идната одржливост на издавачките куќи, рече Допфнер: само оние кои ја создаваат најдобрата оригинална содржина ќе преживеат. Тој порача дека ако медиумските компании сакаат да ја преживеат вештачката интелигенција, мора да се концентрираат на истражувачко новинарство, авторски коментари и анализи. Фиктивни референци и лажни цитати BuzzFeed првпат објави во јануари дека планира да користи вештачка интелигенција за „подобрување“ на содржината и онлајн квизовите, според Гардијан. Британските Дејли Мирор и Дејли Експрес исто така ја истражуваат употребата на вештачката интелигенција: тие формираа работна група задолжена да го испита потенцијалот и ограничувањата на програмите како што е ЧатГПТ, велат тие за Фајненшл тајмс. Од ноември минатата година, кога се отвори за корисниците, апликацијата со вештачка интелигенција ЧатГПТ привлече повеќе од 100 милиони корисници. ЧатГПТ ја актуелизира дебатата за тоа колку луѓе ќе останат без работа поради вештачката интелигенција. Апликацијата работи и на хрватски јазик и може, врз основа на вашите едноставни упатства, да произведува различни текстови, од есеи до апликации за работа. Апликацијата работи така што вчитува милијарди зборови од целиот веб, кои ги користи за производство на нови текстови. Но, нејзините одговори често се неточни, што е повидливо во хрватската верзија. Британски Гардијан објави дека австралиските академици пронашле примери како тој фабрикувал референци од веб-страници и дава лажни цитати. Неговата употреба во новинарството е сè уште проблематична. Технолошката веб-страница ЦНЕТ користи алатка за вештачка интелигенција за создавање написи, но уредниците кои ги контролираат написите мора постојано да ги коригираат грешките. И покрај ова, им се протнуваат текстови со погрешни информации, па се принудени да објавуваат деманти. Во писмото до вработените, Матијас Допфнер зборува за главните цели за големите брендови во Германија: за Билд приоритет е опфатот, односно бројот на читатели, додека за посериозниот Ди Велтt целта се релативно високи и постојани дигитални претплати. Во есента 2021 година, Спрингер ја купи медиумската групација Политико, тие ги поседуваат брендовите Инсајдер и Морнинг Бру. Допфнер изјави дека тие се четврти по големина издавач во САД. Матијас Допфнер за агенцијата ДПА најави дека неговата цел е да ја доврши дигиталната трансформација и да го претвори Аксел Спрингер во чисто дигитална компанија. Колку долго ќе се објавуваат печатените изданија на Билд и Ди Велт? „Не знам. Но, сосема е јасно дека еден ден нема да има печатени весници на Аксел Спрингер. Освен можеби специјални изданија“, вели Допфнер. Минатата година тиражот на печатеното издание на Билд падна под еден милион, додека продажбата на електронското издание расте. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-klasichnoto-novinarstvo-umira-ke-ima-mnogu-zboguvana-vo-redaktsiite-eve-koj-ke-prezhivee/feed/ 0
„Спортското новинарство во Македонија – опомена пред исклучување“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sportskoto-novinarstvo-vo-makedonija-opomena-pred-iskluchuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sportskoto-novinarstvo-vo-makedonija-opomena-pred-iskluchuvanje/#respond Wed, 22 Jun 2022 13:41:30 +0000 https://kurir.mk/?p=694182

„Спортското новинарство доживува континуиран пад“ – со овие зборови координаторот на спортската секција на новинари при ЗНМ и модератор на настанот, Перо Момировски ја започна тркалезната маса на која се дискутираше за состојбата на спортското новинарство во земјава. Свое обраќање имаа Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ, професорите Јасна Бачовска – Недиќ и Иван Анастасовски, Милорад Стојмановски, долгогодишен уредник  на спортска редакција во повеќе македонски медиуми, новинарот Владко Арсов со присутните ја сподели анализата и заклучоците од анкетата која ЗНМ ја спроведе во текот на месец мај и јуни. Секуловски го изрази задоволството од одржување на настанот кој ќе придонесе кон утврдување на целите, предизвиците со кои се соочуваат спортските новинари во земјава: „ЗНМ како кредибилна и најстара новинарска организација во земјата во својот четири годишен стратешки план за развој има за цел да ги поддржува своите секции на новинари во насока на постигнување на она што им е потребно. Поддршката пред се е во форма на организирање на заеднички настани како што впрочем е и овој на кој се разговара за проблеми и решенија но и за претставување на интересите на секциите пред домашните и меѓународните организации и институции. Моментално во рамки на ЗНМ функционираат три секции а тоа се секцијата на сниматели и фоторепортери, секцијата на млади новинари и секцијата на спортски новинари а остануваме отворени и за формирање на останати тематски секции на барање на членовите на ЗНМ“. Гостин на тркалезната маса беше и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски која ја поздрави иницијативата, истакнувајќи го фактот дека денес недостигаат специјализирани програми во медиумите, посебно програми од областа на спортот. Професорката Јасна Бачовска- Недиќ зборуваше за состојбата со интересот на идните студенти за студиите по новинарство, односно намалувањето на истиот, спомнувајќи за глобалниот тренд на опаѓање на ова поле. Ја нагласи отвореноста на катедрата на студиите по новинарство на правниот факултет за соработка со спортските новинари со цел подобрување на моменталната состојба на ова поле. Професорот Иван Анастасовски се согласи дека за оваа проблематика потребно е јавно да се дискутира, бидејќи спортското новинарство влегува во социјална категорија токму заради условите на работа со кои се соочуваат спортските новинари, односно потребно е оваа гранка на новинарството да се позиционира како посебна професија. Новинарот Милорад Стојмановски ги потсети присутните учесници и гости каква била состојбата на спортстките новинари порано, а каква е сега, односно дека се соочуваме со опстанок на специјализираните новинари. Во работниот дел се разви дискусија од колегите спортски новинари кои со своите ставови, мислења ја истакнаа уште повеќе моменталната состојба во спортското новинарство и условите на работа. Координаторот на спортската секција при ЗНМ, Перо Момировски го затвори настанот со следните зборови: „Ова е прва тркалезна маса на тема спортско новинарство, насловена како што е  – Спортското новинарство – опомена пред исклучување – со надеж дека на следната средба ќе имаме посветол наслов. Оваа средба е своевидна иницијатива  луѓето околу нас да согледаат до каде сме стасани.  До надлежните институции упатуваме серија на заклучоци од оваа тркалезна маса, главната содржина е дека треба да ни се помогне затоа што ние сме тие чии интереси се бранат, колку тоа има широко значење и второ ќе се обидеме да дојдеме до некаков фонд бенефиција, финансиска поддршка за да можеме во иднина најчесно да помагаме на индивидуите или на специјализираните медиуми, но тоа е нешто што би се реализирало ако има слух од другата страна. “]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sportskoto-novinarstvo-vo-makedonija-opomena-pred-iskluchuvanje/feed/ 0
Измени во Кривичниот законик: Нападот врз новинар ќе биде казне како напад врз службено лице https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmeni-vo-krivichniot-zakonik-napadot-vrz-novinar-kje-bide-kazne-kako-napad-vrz-sluzbeno-lice/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmeni-vo-krivichniot-zakonik-napadot-vrz-novinar-kje-bide-kazne-kako-napad-vrz-sluzbeno-lice/#respond Mon, 14 Jun 2021 08:58:18 +0000 https://kurir.mk/?p=523098

Бојан Маричиќ, министерот за правда на дискусијата за заштита на новинарите, организирана од Шведската амбасада, изјави дека приоритет на Министерството за правда е создавање најдобри можни услови во однос на слободата на говорот и непречено работење на новинарите и медиумските работници. Според министерот, доказ дека има напредок на во однос на подобрувањето на условите за работа на новинарите, говорат и повеќето меѓународни извештаи, како оние на Репортери без граници и на Стејт департментот, во кои и покрај тоа што се бележи напредок во слободата на медиумите во земјата, прецизно се детектираат и предизвиците на кои треба дополнително да се работи. - Најважно е што во иднина нападот врз новинар или медиумски работник ќе се казнува како и напад врз службено лице. За тоа се предвидени и затворски казни до три години. Дополнително, со казна затвор може да се казни и некој што се заканува на новинари, без разлика на кој начин е испратена заканата, односно дали е лична, преку интернет и слично. Закана е закана, истакна Маричиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmeni-vo-krivichniot-zakonik-napadot-vrz-novinar-kje-bide-kazne-kako-napad-vrz-sluzbeno-lice/feed/ 0
УНЕСКО: Драматично зголемено насилството врз новинарите на протестите низ светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-dramatichno-zgolemeno-nasilstvoto-vrz-novinarite-na-protestite-niz-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-dramatichno-zgolemeno-nasilstvoto-vrz-novinarite-na-protestite-niz-svetot/#respond Mon, 14 Sep 2020 14:02:47 +0000 https://kurir.mk/?p=403100

Драматично е зголемено насилството врз новинарите што известуваат од протести ширум светот, а полицијата и безбедносните сили се главните сторители, информира денеска УНЕСКО. Оваа агенција на ОН, меѓу јануари и јуни годинава, регистрирала 21 протест во кој новинари се нападнати, апсени или убиени. Нападите се дел од поширокиот тренд во изминатите пет години во кој полицијата и безбедносните сили употребуваат прекумерна сила, се додава во извештајот на Агенцијата. Меѓу 2015 и 2020 година убиени се најмалку десет новинари, а 125 биле нападнати или уапсени, се наведува во извештајот на УНЕСКО што ја опфаќа состојбата во 65 земји. Убиените новинари работеле во Сирија, Мексико, Израел, Никарагва, Северна Ирска, Нигерија и Ирак. Генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азулај, денеска ги повика владите да осигурат новинарите да можат својата работа да ја извршуваат без страв за сопствената безбедност. -Новинарите имаат клучна улога во известувањето и информирањето на граѓаните за протестите, па затоа ја повикуваме меѓународната заедница и сите релевантни институции да обезбедат почитување на овие основни права, кажа Азулај. УНЕСКО смета дека причините за протестите се економската нееднаквост, корупцијата, кршењето на политичките слободи, растечкиот авторитаризам, па затоа некои влади и не се заинтересирани за објективно информирање. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-dramatichno-zgolemeno-nasilstvoto-vrz-novinarite-na-protestite-niz-svetot/feed/ 0
Власта која се колнеше за слободно новинарство- три години врши директни закани и политички притисок врз новинарите и медиумите! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-koja-se-kolneshe-za-slobodno-novinarstvo-tri-godini-vrshi-direktni-zakani-i-politichki-pritisok-vrz-novinarite-i-mediumite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-koja-se-kolneshe-za-slobodno-novinarstvo-tri-godini-vrshi-direktni-zakani-i-politichki-pritisok-vrz-novinarite-i-mediumite/#respond Tue, 02 Jul 2019 14:21:56 +0000 https://kurir.mk/?p=214745

Мега скандал веќе неколку денови ја тресе Македонија поврзан со владата на Република Македонија во кој инволвиран е генералниот секретар на Владата Драги Рашковски. Скандалот кој прв го објави порталот Експрес и новинарот Горан Момировски веќе денес добија закана за тужба од Рашковски. Парадоксална тужба добија уште неколку новинари бидејќи открија СКАНДАЛ доставен од свиркач и истиот е од ЈАВЕН ИНТЕРЕС. Владата предводена од СДСМ, невладините организации, тајни поддржувачи и приврзаници на СДСМ кои се КОЛНЕА во слободното новинарство, заробената  демократија и критичкото новинарство кое било забрането од страна на минатата власт 11 години, речиси откако седнаа во фотелјите заборавија кој допринесе да седнат во истите фотелји- НОВИНАРИТЕ и МЕДИУМИТЕ! Истите тие новинари и не истомисленици три години откако е СДСМ на власт се под голем притисок, закани и тужби секогаш кога сакаат да објават некој скандал поврзан со власта. Рашковски најави и арбитражна постапка и против порталите Курир, Експрес, Инфомакс и Лидер само затоа што го пренесоа мега скандалот со кој откако е пренесен преку средствата за јавно информирање и е од јавен интерес треба да се позанимаваат надлежните институции. Од ова произлегува дека логично би било Рашковски да се спротистави на надлежните органи, а не на новинарите. Инаку арбитражна постапка за разлика од судскиот процес завршува во покус временски период, поевтин процес е и во процесот одлучува независно лице. По заканите за тужби до новинарите и медиумите, се огласија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) каде се вели дека ваквите постапки претставуваат директен притисок врз работата на медиумите. -Како што е наведено во Декларацијата за слобода на политичка дебата во медиумите на Советот на Европа: „јавните функционери мора да прифатат дека тие ќе бидат предмет на јавен надзор и критики, посебно по пат на медиумите во поглед на начинот на кој ги извршувале или ги извршуваат своите функции во онаа мера во која тоа е неопходно поради обезбедување транспарентност и одговорно извршување на функцијата“. Секој, вклучително и носител на јавна функција кој смета дека медиум му наштетил на угледот, честа или интересите така што објавил нешто неточно, погрешно или лажно за него или објавил нецелосна информација има право од медиумот да побара да објави исправка или одговор на објавената информација. Агенцијата постојано апелира првенствено да се користи правото на исправка или одговор наместо директно да се прибегнува кон тужби против новинари и медиуми, особено кога станува збор за носители на јавни функции. Заканите за тужби, наместо користењето на правото на исправка или одговор претставуваат загрозување на слободата на информирање и воопшто, на слободата на медиумите. Во ниту еден момент не треба да се заборави дека улогата на медиумите е да бидат критички настроени и коректори на власта и дека тие треба да се охрабруваат темелно и професионално да ги извршуваат своите обврски кон јавноста, стои во нивната реакција. Веднаш по ова реагираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ која вели дека ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува нападите и заканите кон медиумите и новинарите од страна на Драги Рашковски од позиција Генерален секретар на Владата, кој што од позиција на сила наместо со аргументи се  обидува да заплаши и замолкне медиуми, новинари и членови на опозицијата кои работат во јавен интерес. Застрашувачки е фактот што денеска Рашковски најави тужба против четири медиуми и четворица новинари: Горан Момировски, Љупчо Златев, Миленко Неделковски, Ирена Радовановиќ како и против две други лица Ваљон Беља и Љупчо Палевски. Македонската асоцијација на новинари (МАН) исто така најостро ги осудува заканите на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, упатени до новинарите и медиумите на денешната прес конференција во Владата. Ваквите постапки од МАН посочуваат дека претставуваат директен пристисок врз работата на медиумите. -Рашковски директно го прекршува Член 3 од Законот за медиуми и Уставот со кој се гарантира слободата на медиумите и што таа опфаќа. Со овие закани, генералниот секретар на владата врши директен политички притисок. Македонската асоцијација на новинари (МАН) бара од генералниот секретар Драги Рашковски да престане со закани и да се повлечете од намерата за судски прогон. Токму ваквите постапки ја донесоа Македонија на врвот во ЕУ по црна статистика. Во ЕУ, 23% од медиумите и новинарите се под директни судски закани и политички притисок, во земјава просекот е фантастични 52%, соопштија од МАН. Инаку ова не е прв пат новинарите да не добијат никаква заштита три години откако СДСМ е на власт. Пред само неколку денови откако медиумите објавија скандал со градоначалникот на Шутка Курто Дудуш кој преку аудио снимка се слуша како киднапира и физички малтретира човек, директно се закани до редакцијата на Лидер која го објави скандалот. Неодамна исто така новинарот Бранко Героски кој си даде оставка од функцијата на главен и одговорен уредник во дневниот весник Слободен печат истото го направи поради притисокот со кој се соочувал додека го водел слободарскиот весник кој го негувал критичкиот однос кон властите. По ова реагираше и Здружението на новинари на Македонија кое потсети дека „Уставот на Република Северна Македонија ја гарантира слободата на изразувањето, а цензурата е забранета“. ИНЦИДЕНТИ Годинава имаше закани по живот, закани со насилство, навреди и клевети упатени кон новинарите на редакцијата Курир.мк директно преку социјалните мрежи. Во таа прилика МАН ги повика МВР и обвинителството да ги преземат сите мерки против лицето кое се заканува по живот и да ги заштитат новинарите од вакви и слични закани, напади, навреди. Минатата година во септември дел од новинарите на социјалните мрежи ја споделија случката од брифинг со вицепремиерот, Кочо Анѓушев посочувајќи дека се се’ случувало кога камерите биле исклучени. Анѓушев како што рекол на брифингот, бил лут затоа што бил критикуван од медиумите. На вицепремиерот Анѓушев не му се допаднала емисијата на 360 степени и во знак на револт на брифингот го фрлил фломастерот кон новинарите со кој црташе и објаснуваше за автопатот Кичево – Охрид. „Претеравте, претеравте“, со висок тон Анѓушев повторувал и гледал кон новинарите, кои не знаеле за што се работи. Јули минаната година пред почетокот на лидерска средба свикана од Заев на фоторепортерите не им беше дозволено фотографирање. И не само тоа, следеа и закани од раководителот на владината служба за односи со јавност, Марјан Забрчанец „Единаесет години ве газеа, ќутевте, а сега ли најдовте да зборите“. По овој инцидент предизвикан од претставник на владата на СДСМ, реагираат Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, како и од еснафските здруженија. Во средината на април оваа година беше забележано уште едно оневозможување на новинари во вршење на својата работа. Имено новинарска екипа на тв21 беше нападната во Арачиново, а инцидентот се обидоа да го сокријат  надлежните, па реакции дојдоа по некој ден од настанот. На почетокот на 2018 година исто така беше нападната екипа на тв 21, но тогаш во МНР, тогаш новинар на телевизијата беше предупреден од страна на вработен во министерството да не го доврши прашањето кое што решил да го постави. ОПОМЕНИ Кон крајот на април годинава повикувајќи се на благо зголемување на случаи кои зборуваат дека новинари се мета на говор на омраза претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски ги потсети Владата и институциите дека треба да гарантираат безбедна средина за работа на новинарите. Тој нагласи дека тоа може да се постигне единствено со прекинување на неказнивоста на оние кои напаѓаат новинари. Ова е само едно од низата укажувања од еснасфските здруженија. Во февруари годинава Здружението на новинари на Македонија го повикаа премиерот Заев „сериозно да разговара со своите министри бидејќи изјавите и однесувањата се непримерни и директно ја загрозуваат слободата на медиумите и слободата на изразувањето“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlasta-koja-se-kolneshe-za-slobodno-novinarstvo-tri-godini-vrshi-direktni-zakani-i-politichki-pritisok-vrz-novinarite-i-mediumite/feed/ 0