новогодишна елка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Jan 2023 10:30:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png новогодишна елка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кога треба да ја отстраните новогодишната декорација од вашиот дом? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koga-treba-da-ja-otstranite-novogodishnata-dekoracija-od-vashiot-dom/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koga-treba-da-ja-otstranite-novogodishnata-dekoracija-od-vashiot-dom/#respond Mon, 02 Jan 2023 10:30:55 +0000 https://kurir.mk/?p=783171

Традиционално, по Божиќ, куќата се чисти, а потоа треба да се отстрани новогодишното украсување,. Ова значи дека секој вид новогодишно украсување треба да се отстрани по третиот ден на Божиќ. Тогаш куќата треба да се исчисти и тој момент треба да се искористи за да се отстранат елката, фенерите и другите новогодишни украси. Сепак, на многумина им е жал што ќе го отстранат, бидејќи во текот на мрачните зимски месеци, тие внесуваат добро расположение во нивниот дом. Постои поинаков начин да се задржи духот на радост во домот. 1. Прашина Главната причина зошто елката и украсите треба да се отстранат веднаш по Божиќ, а најдоцна до Свети Јован, е прашина. Многумина го украсуваат домот дури и пред Свети Никола и тоа е доволно време да се собере прашина што не може да се отстрани со бришење. 2. Новата година заврши Новогодишните украси припаѓаат на новогодишните празници, и тие завршуваат во овој период. Новата година е проследена со нови празници. Украсете го вашиот дом со борови гранчиња, користете миризливи свеќи и отстранете сè освен зимските украси. 3. Лампиони Купете класични светилки и украси, користете ги за осветлување што го крева расположението. Новогодишни сијалички, едноставно, тргнете ги! Според непишаното правило, целата новогодишна декорација мора да се отстрани 12 дена по Божиќ!
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koga-treba-da-ja-otstranite-novogodishnata-dekoracija-od-vashiot-dom/feed/ 0
Овие украси задолжително мора да ги имате на вашата новогодишна елка – Бои и форми кои носат среќа и бериќет https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovie-ukrasi-zadolzitelno-mora-da-gi-imate-na-vashata-novogodishna-elka-boi-i-formi-koi-nosat-srekja-i-berikjet/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovie-ukrasi-zadolzitelno-mora-da-gi-imate-na-vashata-novogodishna-elka-boi-i-formi-koi-nosat-srekja-i-berikjet/#respond Thu, 22 Dec 2022 10:28:35 +0000 https://kurir.mk/?p=778973

Според кинескиот календар, 2023 година е година на црниот воден зајак. Кои фенг шуи декорации да ги изберете кога сакате да привлечете среќа, пари и љубов во текот на целата година? Новогодишната елка освен што го украсува просторот и носи позитивна енергија, се поврзува и со силни емоции. Кога ја украсувате новогодишната елка со вашето семејство, се поврзувате, правите нешто заедно исполнето со радост. За да привлечете среќа во новата година, фенг шуи укажува на тоа дека ви требаат светло тиркизни, сини и зелени топчиња. Можете да го украсите и со силни светла за да привлече внимание во домот и да ја направи атмосферата во куќата што е можно попразнична. За да привлечете љубов, треба да закачите соодветни украси на елката. Може да бидат снежно-бели гулаби, мандарински патки или нежни розови срца. Оние кои веќе ја нашле својата среќа треба да закачат неколку белешки на елката со желби и пораки на љубов и благодарност еден кон друг. За да привлече пари во Новата година, фенг шуи ги истакнува боровите шишарки. Тие можат да бидат украсени со златен или сребрен сјај. За декорација се погодни и мали чоколадни медалјони во златна фолија. Експертите за фенг шуи предлагаат да ја поставите елката во зависност од тоа што сакате и очекувате од следната година: -Исток (здравје и семејство) -Југоисточен (пари и изобилство) -Југ (слава и репутација) -Север (кариера) -Центар на домот (за работи од срцето) -Запад (креативност) -Североисток (за доверба) -Северозападно (за поврзување и комуникација) -Југозапад (за љубов)

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovie-ukrasi-zadolzitelno-mora-da-gi-imate-na-vashata-novogodishna-elka-boi-i-formi-koi-nosat-srekja-i-berikjet/feed/ 0
Совети за китење на елката: Еве што значат боите на лампионите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-kitenje-na-elkata-eve-shto-znachat-boite-na-lampionite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-kitenje-na-elkata-eve-shto-znachat-boite-na-lampionite/#respond Tue, 13 Dec 2022 21:58:42 +0000 https://kurir.mk/?p=775170

Секоја година пред Нова година многумина од нас китат елка. Постојат две верувања за тоа како настанало китењето на елка. Според првото, свети Бонифације спасил живот на дете кое паганите сакале да го жртвуваат, така што со тупаница срамнил со земја бор околу кој сите се собрале. На местото каде се наоѓал борот никнала елка, како симбол на Исусовиот вечен живот. Според друго верување, пред повеќе од 2000 години, пред пештерата во која се родил Исус растеле бор, кедар и елка. Од среќа што се родил божјиот син, борот и кедарот се затресле и му подариле плодови. Елката почнала да плаче бидејќи немала плод и што не може ништо да му подари. Еден ангел се сожалил, симнал ѕвезда од небото и и ја дал на елката. Елката се свиткала и од својот врв нежно ја пуштила ѕвездата покрај Исус. Зимзеленото дрво е симбол на вечен живот кај многу стари народи (Египќаните, Кинезите, Евреите). Постојат повеќе легенди за тоа како настанала првата новогодишна елка. Обичајот за китење на новогодишна и божикна елка влече корени од 11 век. „Рајското дрвце‟ украсено со црвени јаболки на 24 декември, на денот на Адам и Ева, во Западна Германија со тек на времето почнало да се внесува дома и да се кити со разни видови на колачи. Свеќите, како симбол на Христос, биле обавезен дел од украсите за елката. Во истата соба се наоѓале мали пирамиди правени од храна и украсени со зеленило, свеќи и ѕвезди. Со спојување на тие два обичаи во 16 век се прифатил ритуалот за украсување на божикно дрво, а до 18 век тој се приширил на цела Германија, Франција и Австрија. Принцот Алберт, маж на кралицата Викторија, донел елка во виндзорскиот замок во 1841 година. Таа елка била украсена со играчки и мали подароци, венчиња, колачиња и цветови од хартија. Обичајот од кралскиот круг брзо почнал да се шири на средната класа, а потоа и кај обичниот народ. Со посредство на Германците елката во раниот 17 век се доселила и во Северна Америка, а преку западните мисионери божикното дрво во текот на 19 и 20 век стигнало и во Кина и во Јапонија. Раскошниот изглед кој симболизира среќа, богатство и благосостојба елката го добила во 19 век. Еден од најубавите обичаи во врска со дочекот на Новата година е китењето на елка. Како ќе ја накитите елката во денешно време е работа на вкус, идеи, материјални можности, но и знаење. Ние ви нудиме неколку совети во врска со китењето, за вашата елка да биде вистински одраз на расположението во кое сте. Поради тоа, ќе се позабавиме со боите. Кога китите елка, не претерувајте со боите, но не претерувајте ниту со преурането китење. Ако прерано ја накитите елката, може да се случи целиот тој сјај и блескавост на бои да ве заситат пред време. Во духот на нашите обичаи, размислете за тоа дали елката треба да ја поставите непосредно пред Новата година, за да остане до Православната Нова година. Исто така, пожелно е секој од домашните, па дури и гостин, да стави по некој украс на елката, за да се чувствува попријатно. Тоа не мора да биде купување на украси; подеднакво убава може да биде и елка накитена со бонбони или украси кои сами ќе ги направите. Но, да се вратиме на боите. Зелена – оваа боја треба што повеќе да се користи. Новогодишната треска може да биде многу стресна, затоа е важно дома да домирина зелената боја, бидејќи тоа е боја која смирува. Покрај тоа, одличен контраст е на доминантно црвената новогодишна боја. Ако сте се одлучиле за зелена елка, тоа е добар избор, бидејќи покрај зелената одат дури и многу разнобојни украси. Бела – фенг шуи вели дека белата боја е без живот, „боја без боја‟ и дека не е препорачливо да се користи во вакви прилики. Меѓутоа, во последно време се појавуваат се повеќе бели новогодишни елки и украсни гранки, кои можат да бидат исто така вкусно накитени. Сепак, ако китите бела елка, треба да водите сметка за тоа да не мешате повеќе од две бои на украсите. Црвена – не се вели залудно дека тоа е боја која симболизира радост, среќа, уживање, но и длабока и страсна љубов. Исто така, се верува дека штити од негативна енергија и без сомнеж може да се каже дека таа боја, која почнувајќи од облеката на Дедо Мраз, па до украсните ленти и лампиони, најчесто може да се види пред новогодишните празници. Црвената боја на украсите идеално оди со златна боја. Сина – боја на духовност, сочувствителност и нежност. Се поврзува со духовноста, постојаноста и верноста. Како и зелената и оваа боја делува смирувачки. Затоа, ако наместо за зелена се определите за бела вештачка елка, идеална боја на украсите е токму сината. Виолетова (пурпурна) – боја која симболизира верност, искреност, љубов и страдање. Истовремено, тоа е боја и на високото благородништво, па елката може навистина да изгледа ексклузивно ако на неа доминира виолетова боја.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-kitenje-na-elkata-eve-shto-znachat-boite-na-lampionite/feed/ 0
Идеално место за НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА според правилата на ФЕНГ ШУИ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/idealno-mesto-za-novogodishnata-elka-spored-pravilata-na-feng-shui/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/idealno-mesto-za-novogodishnata-elka-spored-pravilata-na-feng-shui/#respond Fri, 09 Dec 2022 08:29:53 +0000 https://kurir.mk/?p=772957

Совети за фенг шуи како да ја украсите новогодишната елка за 2023 година и да го средите домот – дознајте кои се правилата и што треба да избегнувате! Полека се приближуваме до новогодишната ноќ, денот кога се слават новите почетоци, се шири позитивна енергија и позитивни вибрации се во воздухот. За време на новогодишните празници многу луѓе си ја украсуваат куќата, си го уредуваат просторот и ја прават што е можно попријатна целокупната атмосфера. Фенг шуи подразбира и одредени правила за уредување и декорации на домот за Нова година, особено кога станува збор за поставување на новогодишната елка. Совети од фенг шуи експертите за уредување на куќата за Нова Година: Исчистете го домот – Пред да влезете во новата година, време е да го исчистите домот од непотребни работи. Куќата треба да биде уредна, без премногу предмети, за да може поволно да циркулира енергијата во домот. Рециклирајте или донирајте сè што повеќе не ве радува, не помага или не ви служи. Направете позитивна атмосфера – Направете поволна атмосфера во домот, запалете свеќи, украсете ја куќата, пуштете музика. Нека сè навестува радост. Новата година е ден кога треба да избегнувате конфликти, важно е да се поврзете со блиски луѓе, да ја покажете вашата љубов и заедно да ги разбудите искрите на романса, среќа и заедништво. Најдобрите подароци – Според фенг шуи, подароците за Нова година треба да бидат поврзани со здравјето. На пример, можете да му подарите на некој близок членство во теретана или базен, да платите за масажа или диета на нутриционист. Можете да подарите и облека, нешто меко, убаво и топло. Избегнувајте пари како подарок, подобро е тоа да е знак на внимание од срце кое има значење. Фенг шуи за новогодишната елка – Најдобри бои за украсување на елката за 2023 година се црната, темно сината и светло сината, во согласност со енергијата на црниот воден зајак, во чиј знак следната година е според Кинески хороскоп. Совршени се за избор на облека и за избор на украси за елката. Најдоброто место за поставување новогодишна елка според фенг шуи се одредува според тоа што сакате да привлечете: – Исток за семејна и здравствена среќа – Југоисток да привлече богатство и среќа за финансиски успех – Југ поради славата и угледот Неповолната положба на елката е под скалите, во кујната, како и да се постави елката свртена кон тоалетот. Важно е да проверите дали функционираат светилките на елката. Избегнувајте да ја поставувате елката на таков начин што ќе го блокира патот до излезот од куќата, односно ќе го попречи слободното движење низ домот. Исто така, не претерувајте со украсите, одржувајте ги балансирано.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/idealno-mesto-za-novogodishnata-elka-spored-pravilata-na-feng-shui/feed/ 0
Осветлена новогодишната елка во Солун (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osvetlena-novogodishnata-elka-vo-solun-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osvetlena-novogodishnata-elka-vo-solun-foto/#respond Thu, 08 Dec 2022 15:45:13 +0000 https://kurir.mk/?p=772798

Во присуство на голем број граѓани и на солунскиот градоначалник, на свечена манифестација на плоштадот Аристотел во Солун, беше осветлена новогодишната елка, но и украсните светилки во центарот на градот во пресрет на празниците, јави дописничката на МИА од Атина. Елката во Солун пристигна од планинско село од Халкидики, висока е 18 метра и осветлена од околу 50.000 лед светилки, а на плоштадот Аристотел поставени се 500.000 светлечки лампиони. Според општина Солун, оваа година потрошувачката на енергија за празничното осветлување на градот ќе биде за 58 отсто помала од лани. Паралелно на покривите на двете централни куќарки на плоштадот Аристотел поставени се соларни панели, кои придонесуваат за снабдување со енергија на плоштадот и се очекува да помогнат за дополнително намалување на потрошувачката на енергија. Градоначалникот на Солун Константинос Зервас пред да го притисне копчето за да го вклучи празничното осветлување, рече дека „испраќаат порака на радост, оптимизам, надеж и солидарност“, порачувајќи им на граѓаните нивните срца да ги исполнат со овие вредности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osvetlena-novogodishnata-elka-vo-solun-foto/feed/ 0
Ова е идеалното време, еве кога треба да ја накитите новогодишната елка https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-e-idealnoto-vreme-eve-koga-treba-da-ja-nakitite-novogodishnata-elka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-e-idealnoto-vreme-eve-koga-treba-da-ja-nakitite-novogodishnata-elka/#respond Wed, 07 Dec 2022 20:17:38 +0000 https://kurir.mk/?p=772512

Иако не постои точен датум или временски рок за китење елка, експертите имаат неколку совети кои можат да ви помогнат во носење на одлуката. Традиционално, елката не се поставувала и украсувала пред 31-ви декември, но многумина ја украсуваат 12 дена пред Нова година, додека некаде таа се поставува за Св. Никола. Од друга страна, експертите советуваат дека елката не се поставува многу порано, туку две недели пред Нова година, за да не ги изгуби сувите иглички и да не се исуши. Со ова мислење не се согласуваат лицата кои ги одгледуваат и тврдат дека е најдобро да се земаат елките што е можно порано бидејќи се сечат во средината на ноември и подобро е што поскоро да се стават во вода. Се разбира, во случај да користите пластична елка, може да ја поставите и порано. Сепак, доколку мислите дека пластичната елка е подобар избор, токму поради избегнување на горе споменатите проблеми – се лажете.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-e-idealnoto-vreme-eve-koga-treba-da-ja-nakitite-novogodishnata-elka/feed/ 0
ФОТО: И Јелена Јованова ја покажа новогодишната елка во домот https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-i-jelena-jovanova-ja-pokaza-novogodishnata-elka-vo-domot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-i-jelena-jovanova-ja-pokaza-novogodishnata-elka-vo-domot/#respond Fri, 31 Dec 2021 12:57:35 +0000 https://kurir.mk/?p=615195

Нашата позната актерка Јелена Јованова која моментално е актуелна по улогата на Јелена од Драчево во серијата „Преспав“, веќе неколку години е во среќан и хармоничен брак со колегата од Хрватска – актерот Стјепан Периќ. Актерката и нејзиниот сопруг во јуни 2020 година добија син, а отогаш уживаат во вниманието, љубовта со наследникот. Јелена изминатиот период постојано беше во Скопје поради снимањето на серијата „Преспав“. Меѓутоа, актерката сега ужива во новогодшниот амбиент во нејзиниот дом. Имено, таа во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од новогодишна елка украсена со новогодишни украси и лампиони, а пред неа стои нејзиното синче Јаков. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-i-jelena-jovanova-ja-pokaza-novogodishnata-elka-vo-domot/feed/ 0
Поранешната на Дарко Лазиќ ја има најубавата елка на естрадата – ја украси само три дена пред Новата година, а предизвика вистинска бура (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poraneshnata-na-darko-lazikj-ja-ima-najubavata-elka-na-estradata-ja-ukrasi-samo-tri-dena-pred-novata-godina-a-predizvika-vistinska-bura-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poraneshnata-na-darko-lazikj-ja-ima-najubavata-elka-na-estradata-ja-ukrasi-samo-tri-dena-pred-novata-godina-a-predizvika-vistinska-bura-foto/#respond Tue, 28 Dec 2021 17:14:32 +0000 https://kurir.mk/?p=614168

Пејачката Ана Севиќ која е поранешна сопруга на Дарко Лазиќ очигледно ја има најубавата новогодишна елка на целата српска естрада, пишуваат тамошните медиуми. Таа неодамна се пожали на своите следбеници на Инстаграм дека ова е прва година да е крај на декември, а се уште да ја нема украсено новогодишната елка. Сепак, Ана сепак се одлучи дека е крајно време да ја украси елката на само три дена пред новата година. -Па добро е, сега е 27.12, тука е и мојата елка за моите две туфни, напиша таа. По ова таа доби многубројни коментари за тоа дека ја има најубавата елка на естрадата, погледнете:

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poraneshnata-na-darko-lazikj-ja-ima-najubavata-elka-na-estradata-ja-ukrasi-samo-tri-dena-pred-novata-godina-a-predizvika-vistinska-bura-foto/feed/ 0
ВИДЕО: На дното на Охридското Езеро поставена подводна елка во знак на поддршка на лицата со ретки болести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-na-dnoto-na-ohridskoto-ezero-postavena-podvodna-elka-vo-znak-na-poddrshka-na-licata-so-retki-bolesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-na-dnoto-na-ohridskoto-ezero-postavena-podvodna-elka-vo-znak-na-poddrshka-na-licata-so-retki-bolesti/#respond Mon, 27 Dec 2021 08:52:17 +0000 https://kurir.mk/?p=613531

На еден редок и навистина уникатен начин, нуркачите на Клубот за подводни активности „Охрид“ ги упатија своите новогодишни честитки до децата со ретки болести, за кои накитија и им ја посветија нивната ретка подводна новогодишна елка. Упатија најубави желби за во новата 2022 година, сите заедно да влеземе со надеж за подобри денови. - За оваа категорија на дечиња потребна е поголема достапност на терапијата, која значи живот за нив, но и одобрување на и нови терапии, порачаа нуркачите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-na-dnoto-na-ohridskoto-ezero-postavena-podvodna-elka-vo-znak-na-poddrshka-na-licata-so-retki-bolesti/feed/ 0
ФОТО+ВИДЕО: По 19 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-video-po-19-pat-nakitena-novogodishnata-elka-vo-vodite-na-ohridskoto-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-video-po-19-pat-nakitena-novogodishnata-elka-vo-vodite-na-ohridskoto-ezero/#respond Sun, 26 Dec 2021 08:44:09 +0000 https://kurir.mk/?p=613194

Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ традиционално, 19-та година по ред, ја накитија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските во Охрид. На уникатен начин им ја честитаат Новата година и божиќните празници на граѓаните на Македонија. Подводната елка ќе биде своевидна атракција во склоп на музејот во пресрет на новогодишните празници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-video-po-19-pat-nakitena-novogodishnata-elka-vo-vodite-na-ohridskoto-ezero/feed/ 0