новогодишни прослави – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Dec 2021 06:53:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png новогодишни прослави – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Италија ги забрани новогодишните прослави https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-gi-zabrani-novogodishnite-proslavi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-gi-zabrani-novogodishnite-proslavi/#respond Fri, 24 Dec 2021 06:57:33 +0000 https://kurir.mk/?p=612374

Италија ги заостри мерките за спречување на порастот на инфекциите со Ковид, вклучително и забрана за сите новогодишни прослави бидејќи дневните инфекции достигнуваат рекордно ниво, соопшти италијанската влада. Министерот за здравство Роберто Сперанза рече дека носењето маски повторно ќе биде задолжително надвор и им нареди на граѓаните да користат маски Ffp2 во јавниот превоз и на јавни места, како што се театри, кина и спортски настани, бидејќи тие обезбедуваат поголема заштита. Покрај тоа, концертите и настаните на отворено ќе бидат забранети до 31 јануари, а дискотеките и клубовите ќе мора да ги затворат вратите до тој датум за да спречат масовни собири за време на празничната сезона. Новите мерки беа објавени на денот кога Италија забележа 44.595 нови случаи на коронавирус, што е зголемување за повеќе од 70 проценти за само една недела, бидејќи заразната варијанта Омикрон почнува да се шири низ целата земја. Имаше и повеќе смртни случаи, 168 вчера, што е најголем број од мај, но под нивоата на претходните пикови, најмногу поради големиот број вакцинирани лица]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-gi-zabrani-novogodishnite-proslavi/feed/ 0
Париз ги откажа новогодишните прослави https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pariz-gi-otkaza-novogodishnite-proslavi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pariz-gi-otkaza-novogodishnite-proslavi/#respond Sat, 18 Dec 2021 13:32:34 +0000 https://kurir.mk/?p=610196

Париз го откажа новогодишниот огномет и другите настани на Елисејските полиња, во согласност со новите владини мерки за спречување на ширењето на Омикрон варијантата на коронавирус, објави телевизијата БФМ. Францускиот премиер Жан Катекс во петокот ја соопшти одлуката за забрана на големи јавни настани и огномет за новогодишната ноќ и им препорача на жителите, дури и ако се вакцинирани, да направат тест за Ковид-19 пред новогодишните забави. Катекс денеска изјави дека Омикрон се шири со молскавична брзина и дека најверојатно ќе стане доминантен во Франција до почетокот на следната година. Франција имаше 58.128 новозаразени во петокот, како и 162 смртни случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pariz-gi-otkaza-novogodishnite-proslavi/feed/ 0
Нема да има новогодишни прослави во клубовите Адмирал, Астра, Апекс и Казино Фламинго Хотел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-da-ima-novogodishni-proslavi-vo-klubovite-admiral-astra-apeks-i-kazino-flamingo-hotel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-da-ima-novogodishni-proslavi-vo-klubovite-admiral-astra-apeks-i-kazino-flamingo-hotel/#respond Wed, 16 Dec 2020 17:10:47 +0000 https://kurir.mk/?p=444225

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС во која членуваат Адмирал, Астра, Казино Фламинго Хотел и Апекс Македонија информира дека ги почитуваат сите превентивни мерки предложени од Комисијата за заразни болести и дека во нивните клубови нема да има новогодишни прослави и ќе бидат затворени во перидот од 31 декември 2020 од 22 часот до 1 јануари 2021 година до 10 часот. – Ние сме претставници на реномирани странски компании од земји членки на ЕУ, во нашите објекти се спроведуваат сите безбедносни протоколи за заштита од ширење на вирусот и е целосно оневозможено групирањето. За време на пандемијата со Ковид-19 имаме слух и целосно разбирање за потешкотиите со кои државните институции се соочуваат при справувањето со тешките последици од актуелната здравствена и економска криза, стои во соопштението од АПИС, во врска со денешните информации дека наводно во казината и обложувалниците ќе се организира новогодишни прослави. Како општествено одговорни компании, се вели во соопштението, се ставаме во служба на јавниот интерес. Казиното „Фламинго“ – Гевгелија го отстапивме за карантин, во јавните здравствени установи дониравме болнички кревети и медицински материјали во вкупен износ од 200 илјади евра. – За време на оваа криза ги задржавме сите вработени, иако оваа дејност од 15 март 2020 не работеше цели 100 дена и не остваруваше никакви приходи. Длабоко сме уверени дека ваквиот наш пристап е единствено исправен во услови на вакви предизвици за нашето општество и искрено се надеваме дека ќе помогнеме да се намалат ризиците за дополнително ширење на пандемијата. Минатиот месец во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје, нашите вработени, кои се во добра здравствена состојба и ги исполнуваат неопходните медицински услови, учествуваа во голема хуманитарна акција за донирање крвни единици која се спроведе во нашите работни простории, се наведува во соопштението од Асоцијација на приредувачи на игри на среќа – АПИС. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-da-ima-novogodishni-proslavi-vo-klubovite-admiral-astra-apeks-i-kazino-flamingo-hotel/feed/ 0