новоматик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Jan 2023 10:31:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png новоматик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Макотен: Нема потреба од сензација, купопродажбата на посебниот дел од Мериот е спроведена 100% законски! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makoten-nema-potreba-od-senzatsija-kupoprodazhbata-na-posebniot-del-od-meriot-e-sprovedena-100-zakonski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makoten-nema-potreba-od-senzatsija-kupoprodazhbata-na-posebniot-del-od-meriot-e-sprovedena-100-zakonski/#respond Thu, 26 Jan 2023 10:19:19 +0000 https://kurir.mk/?p=792207

Нема потреба од сензација, купопродажбата на посебниот дел од Мериот е спроведена 100% законски, реагираат од Макотен. Нивното соопштение го пренесуваме во продолжение:  Во врска со медиумските прилози за купопродажбата на недвижен имот, посебен реален дел во хотелот „Мериот“, компанијата Макотен ДООЕЛ Гевгелија, чиј единствен содружник е Новоматик од Австрија, во чија групација е и “Казино Фламинго”, сака да го адресира следното: Целокупната постапка за купопродажба на посочениот недвижен имот е спроведена исклучиво во согласност со позитивните законски прописи. “Новоматик” како реномирана корпорација и светски бренд кој доаѓа од земја членка на ЕУ нема никогаш да си дозволи било какви деловно - правни односи кои можат да го нарушат нашиот имиџ на компанија која секогаш работи 100 % законски. Како повеќегодишен закупец на посочениот недвижен имот менаџментот на “Макотен ДООЕЛ Гевгелија” во согласност со добрите деловни обичаи и правото на првенствен откуп во случај на продажба, одлучи да пристапи кон купување на недвижниот имот кој досега како “Казино Фламинго” го имаше во владение по основ на закуп. И оваа, како и сите наши претходни инвестиции во Македонија ги сметаме како добра порака до сите други инвеститори за перспективите и стабилноста на македонската економија. Потенцираме дека вредноста на нашите досегашни инвестиции во Македонија изнесуваат 80 милиони евра и воедно амбициозно планираме нови проекти кои ќе ја движат македонската економија напред и ќе отвораат нови работни места. Ние сме дел од македонската економска гранка - игри на среќа веќе 17 години и како претставник на “Групацијата Новоматик Македонија” ќе продолжиме да имплементираме највисоки европски и светски стандарди во нашето деловно работење. Се трудиме да ја разбереме потребата да се направи сензација, но сепак апелираме до дел од медиумите да се воздржат од евентуално ставање во негативен контекст на реномираната “Новоматик” и нејзино намерно или случајно поврзување со некакви дневно - партиски агенди или тековни правосудни постапки. Искрено се надеваме дека со ова ги разјаснуваме сите наши деловни активности околу купопродажбата на посочениот недвижен имот и сакаме да веруваме дека нема да бидеме доведени во крајна нужда за да користиме правни дејствија да го заштитиме угледот на корпорацијата која ја претставуваме во Македонија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makoten-nema-potreba-od-senzatsija-kupoprodazhbata-na-posebniot-del-od-meriot-e-sprovedena-100-zakonski/feed/ 0
Групацијата Новоматик и АПЕКС Македонија во изминатиов период донираа медицинска опрема во вредност од 200.000 евра! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grupacijata-novomatik-i-apeks-makedonija-vo-izminatiov-period-doniraa-medicinska-oprema-vo-vrednost-od-200-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grupacijata-novomatik-i-apeks-makedonija-vo-izminatiov-period-doniraa-medicinska-oprema-vo-vrednost-od-200-000-evra/#respond Wed, 01 Jul 2020 14:04:26 +0000 https://kurir.mk/?p=366768

Во овој исклучително тежок период за граѓаните на нашата држава, како и за институциите кои се соочуваат со ефектите од пандемијата од КОВИД-19, групацијата Новоматик во Македонија (Адмирал, Астра и казино Фламинго хотел Гевгелија) и Апекс Македонија реализираа хуманитарна акција преку која донираа медицински кревети и дезинфекциони средства во износ од 200.000,00 евра. -Решивме дека е наша должност да помогнеме онаму каде што е најпотребно. Здравствените институции како и здраствените работници во  Македонија се во првите редови, во оваа борба за зачувување на општественото здравје. Токму поради тоа нашата хуманитарна акција беше насочена кон 5 медицински центри, ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, ЈЗУ ГОБ 8ми Септември Скопје, ЈЗУ Клиничка болница Охрид, ЈЗУ Општа болница Гостивар и ЈЗУ Клиничка болница Гевгелија. Оваа акција е реализирана со поддршка од страна на Министерството за здравство, менаџментот на здравствените институции, градоначалниците и општините што само ја докажува силната потреба од заедничко дејствување во овој период на непредвидливост. Се надеваме дека донираните средства ќе придонесат кон јакнење на капацитетите на македонското здравство, и барем малку ќе ја олеснат работата на здравствените работници.“ Општествената одговорност на овие компании се демонстрираше уште на самиот почеток на пандемијата преку зачувување на работните места на вработените како и преку отстапувањето на Казино Фламинго Хотел Гевгелија на Владата кој беше користен како државен карантин со сите највисоки светски епидемиолошки стандарди. Сакаме да веруваме дека овој исклучително тежок период ќе не научи дека взаемната почит и поддршка можат да ни помогнат да се извлечеме од секоја ситуација. Хуманоста и грижата за другиот се постапки кои ќе започнат верига на позитивни настани кои ќе резултираат со надминување на сите ризици и препреки со кои ќе се соочиме. АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРИРЕДУВАЧИ НА ИГРИ НА СРЕЌА – АПИС]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grupacijata-novomatik-i-apeks-makedonija-vo-izminatiov-period-doniraa-medicinska-oprema-vo-vrednost-od-200-000-evra/feed/ 0