новороденчиња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Oct 2022 13:40:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png новороденчиња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стравот од Ковид-19 го намали бројот на новороденчиња во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stravot-od-kovid-19-go-namali-brojot-na-novorodenchinja-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stravot-od-kovid-19-go-namali-brojot-na-novorodenchinja-vo-evropa/#respond Fri, 14 Oct 2022 13:40:23 +0000 https://kurir.mk/?p=745425

Европа забележа пад од 14 отсто на бројот на бебиња родени во јануари 2021 година во споредба со новороденчињата во истиот месец во претходните години, а овој пад веројатно е поттикнат од стравувањата од здравствена криза предизвикана од Ковид-19 за време на првиот бран на пандемијата, наведуваат експерти од Швајцарија. Научниците објавија дека земјите со најстроги карантини на почетокот на 2020 година и преполни одделенија за интензивна нега доживеале најголем пад на живородените деца девет до десет месеци подоцна. Научниот тим верува дека стравот предизвикан од Ковид-19, како што е наведено во студијата објавена во списанието „Human Reproduction“, може да доведе до „долгорочни последици за демографијата, особено во Западна Европа каде населението старее“. „Падот на бројот на раѓања девет месеци по почетокот на пандемијата се чини дека е почест во земјите каде здравствените системи беа во неволја, а капацитетот на болниците беше недоволен“, рече водечкиот автор на студијата Лео Помар. Тој додаде дека „имаше помалку бремености во тој период, дури и во земји кои не беа сериозно погодени од пандемијата“. „Сметаме дека стравот на двојките од здравствена и социјална криза во времето на првиот бран на Ковид-19 придонесе за намалување на живородените деца девет месеци подоцна“, рече Памар. Англија и Велс забележаа пад на живородените деца од 13 проценти во јануари 2021 година во споредба со јануари 2018 и 2019 година, додека бројот на бебиња родени во Шкотска е намален за 14 проценти. Литванија и Романија забележаа најголем пад на живородените деца, 28 и 23 отсто. Шведска, која немаше карантин, но имаше висока стапка на смртност, не доживеа пад на живородените деца, открија истражувачите. Тимот откри дека времетраењето на карантинот е клучен фактор поврзан со падот на живородените деца во јануари 2021 година во споредба со истиот месец во 2019 и 2018 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stravot-od-kovid-19-go-namali-brojot-na-novorodenchinja-vo-evropa/feed/ 0
ВИСТИНСКА ТРАГЕДИЈА: 11 новороденчиња изгореа во пожар во болница во Сенегал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vistinska-tragedija-11-novorodenchinja-izgorea-vo-pozar-vo-bolnica-vo-senegal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vistinska-tragedija-11-novorodenchinja-izgorea-vo-pozar-vo-bolnica-vo-senegal/#respond Thu, 26 May 2022 06:08:44 +0000 https://kurir.mk/?p=681620

Единаесет новороденчиња загинале во пожар што го зафатил неонаталното одделение на регионална болница во сенегалскиот град Твауан, околу 120 километри источно од главниот град Дакар. „Болка и шок откако дознав за смртта на 11 новородени бебиња во пожарот што избувна во болницата Мама Абду Азиз Си Дабак во Тивауан“, напиша сенегалскиот претседател Меки Сал во пораката објавена преку „твитер“, кој инаку е во државна посета на Ангола. Локалните медиуми пишуваат дека пожарот избивнал во неодамна отворената болница „Мама Абду Азиз Си Дабах“. Сенегалскиот министер за здравство Абдулаје Диуф Сар за приватната телевизија „ТФМ“ изјави дека првичните информации од истрагата укажуваат дека причина за трагедиајта е краток спој во електричната инсталација на објектот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vistinska-tragedija-11-novorodenchinja-izgorea-vo-pozar-vo-bolnica-vo-senegal/feed/ 0
Почнува исплатата на помош за новороденчиња во Аеродром: 53 семејства ќе добијат по 8.000 денари https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pochnuva-isplatata-na-pomosh-za-novorodenchinja-vo-aerodrom-53-semejstva-kje-dobijat-po-8-000-denari/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pochnuva-isplatata-na-pomosh-za-novorodenchinja-vo-aerodrom-53-semejstva-kje-dobijat-po-8-000-denari/#respond Mon, 29 Nov 2021 10:03:11 +0000 https://kurir.mk/?p=601336

Неделава почнува исплатата на финансиската помош за новороденчиња во Општина Аеродром, која беше стопирана со месеци. Со оваа мерка, 53 семејства во Општина Аеродром ќе добијат по 8 000 денари парична помош за новороденче. Општина Аеродром преку доделување еднократна парична помош за сите новороденчиња родени на нејзината територија дава свој скромен придонес во зголемувањето на наталитетот, а со цел делумно да им се олеснат трошоците на родителите што произлегуваат од таквиот среќен чин. Градоначалникот Тимчо Муцунски, потпишувајќи ги решенијата за финансиска помош за новороденчиња, порача дека најмладите остануваат во фокусот на нашето внимание и Општината останува отворена за секој проект што значи подобрување на нивниот живот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pochnuva-isplatata-na-pomosh-za-novorodenchinja-vo-aerodrom-53-semejstva-kje-dobijat-po-8-000-denari/feed/ 0
Филипче: Од 26% на 8% намалена смртноста на предвреме родените бебиња https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-od-26-na-8-namalena-smrtnosta-na-predvreme-rodenite-bebinja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-od-26-na-8-namalena-smrtnosta-na-predvreme-rodenite-bebinja/#respond Wed, 17 Nov 2021 08:23:15 +0000 https://kurir.mk/?p=596381

Една од главните заложби на Министерството за здравство во изминатите години беше унапредување на условите, вложување во модерна опрема и обуки на Клиниката за гинекологија и акушерство. Со задоволство може да констатираме дека оваа заложба ја претворивме во ефикасна стратегија која за само пет години даде фантастични резултати, ги унапреди условите за родилките и обезбеди врвна нега за новороденчињата. Како директна последица на постојано унапредување на условите и модернизација на Клиниката, од 2016 до 2021 успеавме да ја намалиме смртноста кај предвреме родените бебиња од 26% на само 8% со тенденција овој процент и понатаму да паѓа. Континуираната обука и унапредување на персоналот и силните инвестиции во модерна апаратура се клучот за успех и квалитетна работа на оваа Клиника. Во изминатиот период набавивме 15 модерни инкубатори, нешто што недостасуваше на Клиниката но и низа други апарати и опрема, како микроскопи, системи за деминерализација, респираторни машини, подвижни протокомери за кислород и друга опрема. Оваа опрема беше нужна да се понуди најдобрата услуга, а со тоа и да се спасат што е можно повеќе млади животи. Денес ГАК располага со врвна апаратура, знаење и мотивиран персонал кој работи по светски стандарди. На денот на предвреме новородените деца, министерството порачува дека превенцијата, навремените прегледи и грижата за сопственото здравје на трудниците се клучот за стабилна бременост и зачувување на здравјето на бебињата. Министерството ќе продолжи да вложува и да го унапредува одделот за Гинекологија и акушерство со цел врвна услуга, многу спасени млади животи и европски стандарди во македонското здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-od-26-na-8-namalena-smrtnosta-na-predvreme-rodenite-bebinja/feed/ 0
Ѓорѓиевски: Потпишав 113 решенија за ваучери за новороденчиња, ќе им бидат доставени дома https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gjorgjievski-potpishav-113-reshenija-za-vaucheri-za-novorodenchinja-kje-im-bidat-dostaveni-doma/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gjorgjievski-potpishav-113-reshenija-za-vaucheri-za-novorodenchinja-kje-im-bidat-dostaveni-doma/#respond Thu, 11 Nov 2021 14:06:56 +0000 https://kurir.mk/?p=594172

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес потпиша 113 решенија за доделување средства за новородените деца од овој дел на градот. Семејствата со принова, од денес па во наредните неколку дена, од страна на општинските служби, во својот дом ќе добијат ваучер од Општината во износ од 6000 денари. -Доѓањето на новиот член во семејсвото е, и треба да биде најголема радост. Се надевам дека овие парични средства ќе им бидат од корист на родителите за првите потреби кои доаѓаат со новороденчето. Притоа, не е важно дали се работи за првородено, второродено, трето дете итн. Еднократна парична помош ќе има за сите новородени жители на општина Кисела Вода. Им посакувам да се живи и здрави и ветувам дека ќе им обезбедиме најдобри можни услови за нивен раст и развој- порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Општина Кисела Вода ги повикува сите нови родители кои ги исполнуваат критериумите да ја поднесат потребната документација за паричната помош. Процедурата е многу едноставна, а деталите ги има на општинската веб страница на следниот линк: https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/novosti/170-dokumentacija-za-paricna-pomos-za-novorodence]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gjorgjievski-potpishav-113-reshenija-za-vaucheri-za-novorodenchinja-kje-im-bidat-dostaveni-doma/feed/ 0
ФОТО: Најтрогателната фотографија од Бејрут која го обиколи светот, фотографот вели не видел ништо слично https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-najtrogatelnata-fotografija-od-bejrut-koja-go-obikoli-svetot-fotografot-veli-ne-videl-nishto-slichno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-najtrogatelnata-fotografija-od-bejrut-koja-go-obikoli-svetot-fotografot-veli-ne-videl-nishto-slichno/#respond Wed, 05 Aug 2020 08:58:39 +0000 https://kurir.mk/?p=386431

По стравичната експлозија во Бејрут, штетите долго ќе се бројат, како човечките така и материјалните. Но, она што на многумина позитивно влијае во овој тежок момент е човечноста која ја покажуваат како жителите на Бејрут и Либан, така и на целиот свет. Во експлозијата, болницата „Бејрут Роум“ е еден од објектите кои е оштетен. Но, токму тука настанала и една од натрогателните фотографии која го обиколи светот, а која е снимена на одделението за гинекологија и акушерство. Имено, фотографот Билал Јавиќ сликал млада медицинска сестра како во својата прегратка држи три новороденчиња, а е опкружена со рушевини, искршено стакло обидувајќи се телефонски за побара помош. -По 16 годии фотографирање за медиумите и многу војни можам само да кажам дека не сум видел ништо слично на ова. Оваа хероина ги замота и ги чуваше внатре во болницата, додека се обидуваше да воспостави повици и покрај прекините во комукациите, три новороденчиња во рацете опкружена со десетина тела и повредени лица, напиша авторот на фотографијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-najtrogatelnata-fotografija-od-bejrut-koja-go-obikoli-svetot-fotografot-veli-ne-videl-nishto-slichno/feed/ 0
ГАК: Ниту едно од критичните новороденчиња во инкубатор не беше во животнозагрозувачка состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gak-nitu-edno-od-kritichnite-novorodenchinja-vo-inkubator-ne-beshe-vo-zivotnozagrozuvachka-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gak-nitu-edno-od-kritichnite-novorodenchinja-vo-inkubator-ne-beshe-vo-zivotnozagrozuvachka-sostojba/#respond Tue, 03 Dec 2019 10:49:47 +0000 https://kurir.mk/?p=272626

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство- Скопје информира дека ниту едно од критичните новороденчиња во инкубатор не беше доведено во животнозагрозувачка состојба ниту пак, дојде до влошување на нивната првобитна здравствена состојба откако вчера попладне имаше краток прекин на електрична енергија. -Напоменуваме дека сите новороденчиња на ОИНТ - одделението за интензивна нега и терапија се стабилни. Службите веднаш реагираа и во најкус временски период ситуацијата беше ставена под контрола. На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство има повеќе механизми за заштита и безбедносен систем, а секој витален апарат е поврзан на UPS, опција која е во функција додека не се вклучи агрегатот, информираат од ГАК. Оттаму ја уверуваат јавноста дека ниту еден процес на клиниката не бил загрозен во кусиот период кога ЈЗУ ГАК остана без напојување со електрична енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gak-nitu-edno-od-kritichnite-novorodenchinja-vo-inkubator-ne-beshe-vo-zivotnozagrozuvachka-sostojba/feed/ 0
Бела чума: Негативен природен прираст, за 10.6 отсто помалку новороденчиња во вториот квартал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bela-chuma-negativen-priroden-prirast-za-10-6-otsto-pomalku-novorodenchinja-vo-vtoriot-kvartal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bela-chuma-negativen-priroden-prirast-za-10-6-otsto-pomalku-novorodenchinja-vo-vtoriot-kvartal/#respond Thu, 29 Aug 2019 10:36:55 +0000 https://kurir.mk/?p=234644

Во вториот квартал годинава се евидентирани 4.693 живородени деца, или за 10,6 проценти помалку споредено со истиот период лани. Кај бројот на умрените лица во второто тримесечје од годинава има зголемување од 7,3 проценти во споредба со истото тримесечје од 2018 година и тој изнесува 4.928 лицa. Од нив, 21 се умрени доенчиња. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, природниот прираст изнесува минус 235, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Бројот на склучените бракови во второто тримесечје од годината е намален за 4,8 проценти во споредба со истиот период од минатата година и изнесува 3.247 бракови. Во ова тримесечје се добиени 439 извештаи за разведени бракови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bela-chuma-negativen-priroden-prirast-za-10-6-otsto-pomalku-novorodenchinja-vo-vtoriot-kvartal/feed/ 0
Новороденчињата во Скопје се уште не добија дрво на кое ќе стои нивното име како што најави Шилегов https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/novorodenchinjata-vo-skopje-se-ushte-ne-dobija-drvo-na-koe-kje-stoi-nivnoto-ime-kako-shto-najavi-shilegov/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/novorodenchinjata-vo-skopje-se-ushte-ne-dobija-drvo-na-koe-kje-stoi-nivnoto-ime-kako-shto-najavi-shilegov/#respond Thu, 17 Jan 2019 15:30:20 +0000 https://kurir.mk/?p=153453

Новороденчињата во Скопје не добија дрво на кое ќе стои нивното име како што лани на 2 април најави градоначалникот Петре Шилегов. Градоначалникот Шилегов на прес-конференција за најава на проектот рече дека во текот на месец април во пролетната акција за зазеленување на Скопје, на дрвјата ќе бидат поставени плочки на новороденчињата, пишува СДК. Ниту во пролетната, ниту во есенската акција кога се садеа дрвја низ градот не беше поставена плочка со име на новороденче. До сега од родители до Град Скопје стигнале 258 барања нивното дете да добие дрво. Градоначалникот Шилегов вели проектот ќе се реализира штом се стопи снегот. -Временските услови не спречија, беше сè готово дури изработени се таблите. Кога ќе се тргне снегот ќе можеме да го презентираме. Инаку беше во план за презентација пред да почнат снежните врнежи, вели Шилегов. Лани на 2 април, Шилегов потпиша меморандум за спроведување на проектот со гинеколошко-акушерските клиники во Скопје. Тогаш беше кажано дека родителите кои сакаат нивното дете да има дрво на кое ќе стојат неговите податоци ќе можат да се пријават во Град Скопје. По напуштање на гинеколошката клиника, родителите ќе треба да го пријават добиениот кодот на телефонскиот број 071/395-395, каде што потоа ќе ги добијат дополнителните информации. -Заедно со гинеколошко-акушерските клиники и ЈП „Паркови и зеленило“ ја почнуваме реализацијата на проектот „Дрво за секое дете“. Преку овој проект, им овозможуваме на нашите сограѓани да засадат дрво во чест на раѓањето на нивното бебе, на некој од градските дрвореди, паркови или скверови. На дрвото ќе има плочка каде што ќе го пишува името на детето и датумот на раѓање. Низ годините, секој што засадил дрво ќе може да го следи растот на дрвото заедно со неговото дете, рече лани Шилегов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/novorodenchinjata-vo-skopje-se-ushte-ne-dobija-drvo-na-koe-kje-stoi-nivnoto-ime-kako-shto-najavi-shilegov/feed/ 0
Детска болница во САД ги испраќа новороденчињата дома во божикни чорапи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/detska-bolnica-vo-sad-gi-isprakja-novorodenchinjata-doma-vo-bozikni-chorapi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/detska-bolnica-vo-sad-gi-isprakja-novorodenchinjata-doma-vo-bozikni-chorapi/#respond Tue, 25 Dec 2018 19:32:02 +0000 https://kurir.mk/?p=145060

Детска болница во Сан Антонио, Тексас има интересна традиција- секоја година, ги испраќа новороденчињата дома во божикни чорапи. Оваа традиција датира веќе 50 години,а секое дете родено по 29-ти овој месец ќе добие интересна чорапа. Настрана од тоа што е симпатично во моментот, овие чорапи можат да се чуваат со години. „Се уште го имам чорапот, а овој Божик ке полнам 38 години“, вели Кети Лапан. Но, големината на чорапите не одговара на сите. „Кога се роди мојот син, тој беше премногу голем за да влезе во чорапот, па затоа му ставија шапка од Дедо Мраз”, вели Дејвн Белји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/detska-bolnica-vo-sad-gi-isprakja-novorodenchinjata-doma-vo-bozikni-chorapi/feed/ 0