НСОН – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Aug 2023 05:20:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png НСОН – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НСОН за штрајк во образованието, СОНК и МОН во преговори за ново зголемување на платите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nson-za-shtrajk-vo-obrazovanieto-sonk-i-mon-vo-pregovori-za-novo-zgolemuvane-na-platite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nson-za-shtrajk-vo-obrazovanieto-sonk-i-mon-vo-pregovori-za-novo-zgolemuvane-na-platite/#respond Wed, 30 Aug 2023 05:23:49 +0000 https://kurir.mk/?p=872252

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) најави штрајк во училиштата во текот на септември заради повисоки плати на вработените во образованието и за почитување на колективниот договор. Претседателот на НСОН, Томислав Гиевски, за МИА изјави дека активно работат на терен и се во преговори со училишта за окрупнување на членството за да постигнат репрезентативност и да покренат штрајк. Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), пак, не е за штрајк и со Министерството за образование и наука веќе преговара за зголемување на платите. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, за МИА изјави дека поддржуваат сѐ што е конструктивно и аргументирано. Соопшти дека со МОН се во преговори за покачување на платите од септември за дополнителен процент на најавените 10 отсто што вработените во образованието треба да ги добијат со Општиот колективен договор (ОКД). Гиевски од НСОН посочи дека за штрајк ќе се организираат во текот на септември и веќе испратиле повик до сите колективи во училиштата и се во преговори со нив, како што рече, да им ја дадат довербата за покренување штрајк. Нагласи дека НСОН е подготвен за штрајк, но треба да имаат повеќе членови односно дваесет отсто од вработените во секое училиште. - Не само што размислуваме за штрајк, туку ако ја постигнеме бројката ќе има штрајк и сме 100 проценти сигурни во тоа. Има огромни можности во септември да ја постигнеме бројката и да го почнеме штрајкот поради непочитување на колективните договори. Плата добиваме по 10-ти во месецот и е многу пониска од таа што треба да ја добиваме. Просветен работник во ниеден случај не смее да добива плата која е пониска од републичкиот просек, изјави Гиевски и додаде дека и со 10-те отсто покачување на платите од септември, согласно Општиот колективен договор, платата ќе им биде пониска од просечната во државава. На прашањето дали министерот за образование и наука е запознат со нивните барања и со одлуката за штрајк, Гиевски одговори дека средба со Јетон Шаќири имале пред околу два и пол месеца кога начелно, како што рече, ги отвориле сите теми и министерот им одговорил дека писмено ќе ги извести откако ќе разговара со правната служба. Повторна средба со министерот, пред почетокот на учебната година, рече, не побарале. -Тогаш не добивме никаков одговор, а бевме известени дека ќе го добиеме за една недела. Сега сме известени дека е на одмор, ќе побараме средба, но во моментов сме максимално посветени на колегите што нѐ бараат да имаме состаноци, додаде претседателот на НСОН. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, пак, смета дека не постојат реални услови за штрајк за такви барања кои се наведени како причина, ниту барањата, рече, се со таква тежина за да не може да се уредат со преговори. Неделков за МИА изјави дека СОНК е во континуирани преговори со Министерството за образование и наука просветните работници со септемвриската плата да добијат дополнително покачување од оние 10 отсто што ќе им следуваат со ОКД. Исто така, очекува наскоро да биде потпишан и нов колективен договор за основно и средно образование со што, рече, ќе се уредат многу права на вработените во дејноста образование. Дополнителното покачување е сигурно, нагласи Неделков, и СОНК преговара со МОН колкав да биде процентот. -Тие даваат толку колку што даваат, ние бараме повеќе. Да видиме каде ќе се сретнеме и затоа не би сакал да шпекулирам со проценти во јавноста, додаде Неделков. Во однос на барањата на НСОН, одговори дека „СОНК ќе поддржи сѐ што е конструктивно и што држи вода“, но смета дека тој образовен синдикат „погрешно толкува одредби од колективен договор“ кога тврди дека тие се кршат. -Тврдат дека минималната плата треба да се множи со соодветен коефициент на сложеност на работно место, што апсолутно така не пишува во колективниот договор. Ние сите би биле пресреќни да беше така, но не е така. Во јавноста се пушта таква шпекулација и се обвинува СОНК дека е сојузник на непочитување на колективниот договор. Да било така, досега барем еден член ќе тужел и ќе добиел. Но, никој не тужи од причина што не е така, изјави Неделков. Во однос на ниските плати на просветните работници, што е исто така основа на мотивот на НСОН за покренување штрајк, Неделков рече дека „не би ја фалел Владата дека направила многу за вработените во образованието“, но дека СОНК, сепак, издејстувал 10 проценти покачување во 2020 година, 18 проценти во 2022 и ново покачување оваа година што ќе биде над 10 проценти. -Факт е дека има инфлација, високи цени и платите се потпросечни, меѓутоа тоа што ние како синдикат континуирано го работиме треба некој да го цени. Не е доволно, но дали ние како синдикат сме виновни што платите од памтивек биле ниски и сега наеднаш, дефинитивно, не може да се исправи таа неправда, рече претседателот на СОНК. На прашањето од МИА за став во врска со намерата за штрајк на еден од образовните синдикати, Министерството за образование и наука одговори дека „во моментов најмалку се потребни нови грижи за учениците и прекинување на нивниот воспитно-образовен процес“, имајќи предвид, како што наведе, дека е загубено многу од наставата во изминатите години поради КОВИД-пандемијата и штрајкот од минатата учебна година. -Предизвиците мора да се надминуваат преку дискусија, за секое прашање треба да се дебатира. МОН е отворена институција и од особена важност е соработката со синдикалните организации и здруженија во кои гледаме сериозни партнери за градење квалитетен образовен систем и секогаш сме имале добра релација преку која се остварени бројни заеднички цели, посочи МОН. Потврди и дека е во преговори со, како што наведе „репрезентативниот синдикат во образованието – СОНК“, за потпишување нов колективен договор со кој е предвидено повисоки плати за наставниците и стручните соработници и нови права и можности за нивниот кариерен и професионален развој. Фото: МИА архива]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nson-za-shtrajk-vo-obrazovanieto-sonk-i-mon-vo-pregovori-za-novo-zgolemuvane-na-platite/feed/ 0
Просветните работници утре излегуваат на протест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prosvetnite-rabotnitsi-utre-izleguvaat-na-protest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prosvetnite-rabotnitsi-utre-izleguvaat-na-protest/#respond Tue, 23 May 2023 09:50:59 +0000 https://kurir.mk/?p=837826

Независниот синдикат за образование и НСОН утре ќе одржи протест со почеток во 12 часот од Жена парк. Учесниците во протестот ќе се движат кон зградата на Министерството за образование и наука. Како што е најавено, во 13 часот, претставници на синдикатот ќе одржат прес-конференција пред Министерството за образование, на кои ќе ги кажат подетално своите барања, односно НЕ за спојување на наставните предмети и ДА за почитување на колективните договори. -Како резултат на недостаток на социјален дијалог, погазување на работничките права, погазување на достоинството на просветните работници, непочитување на законите и колективните договори, членовите на НСОН ќе го искажат своето незадоволство преку јавен протест. Незадоволни сме од најавите за спојување на повеќе наставни предмети (Географија, Историја, Хемија, Физика, Биологија, Граѓанско образование, Етика, Информатика, Техничко образование). Ваква појава може да предизвика губење на дел од работните места, а истовремено го погазува професионалниот интегритет на работниците. Незадоволни сме и од непочитувањето на колективните договори во секторот образование. Во моментов најниската плата за најнизок степен на сложеност изнесува 12.000 денари (НЕТО), а сведоци сме дека минималната плата во државата изнесува 20.175 денари (НЕТО). Министерството за образование и наука нема слух ниту волја да ги почитува законите, а паралелно на сето тоа, сведоци сме како јавните функционери ЕКСПРЕСНО ја спроведоа одлуката на уставниот суд и добија покачување за 78%. За јавните функционери законот е закон и тој мора да се почитува, а за просветните работници не важат истите правила, велат од НСОН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prosvetnite-rabotnitsi-utre-izleguvaat-na-protest/feed/ 0
Компјутери немаат децата, а ниту наставниците – Ќе се обезбедат ли конечно услови за работа? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kompjuteri-nemaat-decata-a-nitu-nastavnicite-kje-se-obezbedat-li-konechno-uslovi-za-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kompjuteri-nemaat-decata-a-nitu-nastavnicite-kje-se-obezbedat-li-konechno-uslovi-za-rabota/#respond Sat, 03 Oct 2020 10:37:11 +0000 https://kurir.mk/?p=411870

Иако министерката за образование и наука, Мила Царовска најави дека министерството и Владата ќе обезбедат ефикасен образовен процес, сепак тоа не се покажа така во првите денови од почетокот на учебната година. Според проценките на министерството над 40.000 децата немаат пристап до електронски уред за следење на настава, а Владата нема толку пари за да обезбеди толку уреди за секое дете. Но, покрај учениците, доволно компјутери немаат ниту наставниците. -Наставничка сум на ученици од четврто одделение кои наставата ја следат во домашни услови преку компјутер. За да им го предадам материјалот морам и јас да имам компјутер кој ќе ја поддржува платформата. Но, јас немам соодветен компјутер за да можам да се приклучам на платформата и да го предадам наставниот материјал. Од училиштето во кое предавам не даваат никаков одговор за тоа како ќе ја реализирам наставата, изјави наставничка од основно училиште. Имено според Законот за работни односи работодавецот е должен да обезбеди средства за работа. Во врска со овој проблем вчера реагираше и независниот синдикат за образование и наука (НСОН) каде соопшти дека до нив секојдневно пристигнуваат поплаки од страна на наставниците дека им се вршат притисоци од страна на нивните директори да си обезбедат компјутери за да ја реализираат наставата. -До нашиот синдикат деновиве стигнуваат бројни поплаки од наставници за притисоци што им се вршат од страна на нивните надредени, директори на училиштата, да си обезбедат компјутери за да реализираат настава. Ако се земе предвид дека наставникот е во исто време и родител на едно, две или повеќе деца, разбирливо е колкава е тежината на пресијата врз тие работници во образованието. Дел од колегите се соочуваат и со двојно зголемен работен учинок, односно двојно им се зголемени бројот на наставни часови, што е спротивно на законот за наставници и тие работат по повеќе од осум часа во денот, наведува НСОН во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kompjuteri-nemaat-decata-a-nitu-nastavnicite-kje-se-obezbedat-li-konechno-uslovi-za-rabota/feed/ 0
НСОН: Директори присилуваат наставници сами да си набават компјутер за онлајн настава, МОН им испраќа задолженија во 23 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nson-direktori-prisiluvaat-nastavnici-sami-da-si-nabavat-kompjuter-za-onlajn-nastava-mon-im-isprakja-zadolzenija-vo-23-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nson-direktori-prisiluvaat-nastavnici-sami-da-si-nabavat-kompjuter-za-onlajn-nastava-mon-im-isprakja-zadolzenija-vo-23-chasot/#respond Fri, 02 Oct 2020 07:50:33 +0000 https://kurir.mk/?p=411407

Независен синдикат за образование и наука (НСОН) за утре најавува прес-конференција на која како што велат, ќе ја запознаат широката јавност со проблемите со кои се соочуваат наставниците во новата учебна 2020/2021 година. Во име на просветните работници Ве известуваме за дел од проблемите со кои се соочуваме: * На дел од колегите им е двојно зголемен работниот учинок односно двојно им е зголемен фондот на часови што е спротивно на законот за наставници и стручни соработници, а со тоа работните обврски во денот им надминуваат и над 8 часа во денот. * Во најголем дел од училиштата, работодавачот нема обезбедно компјутер односно средство за работа за on-line настава, а како резултат на тоа во некои училишта, директорите ги присилуваат колегите сами да си набават компјутер без да имаат во обзир дека и наставниците имаат свои семејство и деца на кои треба да им обезбедат услови за следење на on-line настава . * МОН не го почитува приватниот живот и работното време на наставниците, со тоа што доставува работни задачи до наставниците во 23.00 часот и бара истите да бидат завршени во утринските часови на наредниот ден, се вели во соопштението на НСОН. Оттаму посочуваат дека поднеле барање за средба со министерката за образование и наука Мила Царовска со цел презентирање и надминување на проблемите, но на истото барање не добиле одговор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nson-direktori-prisiluvaat-nastavnici-sami-da-si-nabavat-kompjuter-za-onlajn-nastava-mon-im-isprakja-zadolzenija-vo-23-chasot/feed/ 0
Зошто секторот образование е изземен за К-15, а вработените се донесени во понеповолна позиција од другите вработени во јавниот сектор? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-sektorot-obrazovanie-e-izzemen-za-k-15-a-vrabotenite-se-doneseni-vo-ponepovolna-pozicija-od-drugite-vraboteni-vo-javniot-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-sektorot-obrazovanie-e-izzemen-za-k-15-a-vrabotenite-se-doneseni-vo-ponepovolna-pozicija-od-drugite-vraboteni-vo-javniot-sektor/#respond Wed, 05 Feb 2020 15:00:23 +0000 https://kurir.mk/?p=299687

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) будно ги следи случувањата кои го засегаат остварувањето на правата од работен однос на вработените во секторот образование со цел навреме и соодветно да реагира во насока на нивна заштита. НСОН ја поздравуваме одлуката за враќање во сила исплатата на регрес за годишен одмор (популарно К-15),  но во исто време прашуваат: „Зошто секторот образование е изземен, а вработените во овој сектор се донесени во понеповолна позиција од другите вработени во јавниот сектор?  Зошто вработените во секторот образование се секогаш последни на листата за унапредување на работнички права“? -Ги повикуваме вработените во образование уште помасовно да пристапат во НСОН, со цел постигнување на репрезентативнсот и потпишување соодветни Колективни договори. Во меѓувреме, го потсетуваме репрезентативниот синдикат СОНК дека треба да се преземат соодветни мерки за надминување на нееднаквоста која ги засега вработените во образование. Постои големо незадоволство кај просветните работници по однос на настанатата дискриминација и поради тоа го поттикнуваме репрезентативниот синдикат СОНК, доколку не дојде до брзо решение да го искористи правото на започнување на штрајк на кој ќе добие поддршка од мнозинството на вработени во секторот образование, се посочува во соопштението од НСОН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-sektorot-obrazovanie-e-izzemen-za-k-15-a-vrabotenite-se-doneseni-vo-ponepovolna-pozicija-od-drugite-vraboteni-vo-javniot-sektor/feed/ 0
Гиевски: Нема да толерираме трговија со работничките права https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gievski-nema-da-tolerirame-trgovija-so-rabotnichkite-prava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gievski-nema-da-tolerirame-trgovija-so-rabotnichkite-prava/#respond Sat, 29 Dec 2018 18:33:01 +0000 https://kurir.mk/?p=146543

Трговија со работничките права Независниот синдикат за образование и наука(НСОН) нема да дозволи и нема да толерира, изјави на прес-конференција денеска претседателот на НСОН Томислав Гиевски, во однос на колективните договори на Синдикатот за образование и наука (СОНК). -Се служат со методи дека колективниот договор не важи за нашите членови, дека е нивна сопственост и јасно и гласно од нас на телевизија побараа да им ги откупиме авторските права – изјави Гиевски. Од СОНК вчера на прес-конфернеција го поздрави решението на Уставниот суд со која се потврдува ставот на СОНК дека колективните договори за детска заштита, основно и средно образование важат исклучиво за вработените во овие дејности кои се членови на овој синдикат. Независниот синдикат за образование оспори одредби од овие колективни договори пред Уставниот суд, тврдејќи дека тие се спротивни на Уставот и имаат елемнти на дискриминација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gievski-nema-da-tolerirame-trgovija-so-rabotnichkite-prava/feed/ 0