нсп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Apr 2021 11:28:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нсп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НСП изразија благодарност до српските полициски синдикати за помошта околу вакцинацијата на полициски службеници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsp-izrazija-blagodarnost-do-srpskite-policiski-sindikati-za-pomoshta-okolu-vakcinacijata-na-policiski-sluzbenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsp-izrazija-blagodarnost-do-srpskite-policiski-sindikati-za-pomoshta-okolu-vakcinacijata-na-policiski-sluzbenici/#respond Mon, 05 Apr 2021 11:28:50 +0000 https://kurir.mk/?p=492563

Гранскиот Независен синдикат на полицијата на денешната прес-конференција изрази благодарност до српското Министерство за внатрешни работи за понудената помош за вакцинацијата на нашите полициски службеници. Гази Али, заменик секретар на НСП изрази благодарност и до збратимените синдикати на српската полиција (ССП), кој ги предводи нивниот претседател Лазар Ранитовиќ, посочувајќи дека од оваа иницијатива од Србија во нашата земја денеска се донесени 20 илјади вакцини. – Имено на нашето барање за помош во поглед на вакцинацијата на полициските службеници во МВР на РСМ, веднаш по барањето за помош од страна на нашиот претседател Гоце Делчев Тодев, исконтактирал со кабинетот на нивниот министер за внатрешни работи и му го пренеле нашето барање, по што експресно добивме позитивен одговор, одговор којшто беше пренесен од нашиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, рече Али.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsp-izrazija-blagodarnost-do-srpskite-policiski-sindikati-za-pomoshta-okolu-vakcinacijata-na-policiski-sluzbenici/feed/ 0
Протест на поранешни членови на Независниот синдикат на полицијата поради натамошно запирање членарина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-poraneshni-chlenovi-na-nezavisniot-sindikat-na-policijata-poradi-natamoshno-zapiranje-chlenarina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-poraneshni-chlenovi-na-nezavisniot-sindikat-na-policijata-poradi-natamoshno-zapiranje-chlenarina/#respond Fri, 27 Dec 2019 14:28:29 +0000 https://kurir.mk/?p=283070

Поранешни членови на гранскиот Независен синдикат на полицијата (НСП) денеска изразија назадоволство поради, како што тврдат, незаконско запирање на синдикална чланарина од страна на одделот за финансии на Министерството за внатрешни работи за сметка на НСП. -Се собравме денеска на овој прес поради повеќемесечно и повеќегодишно незаконско запирање на чланарина од нашиот личен доход од страна на секторот за финансии на сметка на гранскиот „независен“ синдикат на полиција. Секторот за финансии продолжува да запира чланарина за гранскиот независен синдикат на полиција иако до споменатиот декларативно независен синдикат доставени се истапници во оригинал како и членските синдикални картици преку кои членовите користат поволности кај коминтентите на синдикатот, што истовремено значи дека ускратени им се сите права и привилегии со самото враќање на синдикалните картици, а за награда продолжува грабеж над истите, изјави Ивица Кузмановски, поранешен член на Независниот синдикат на полицијата и поранешен претседател на Синдикалната организација СВР Скопје. Кузмановски, како што рече, бил и член на Комисијата за колективен договор, и од повеќе причини поднел истапница и оставка од сите функции. -Вака написмено преку пополнета истапница и изразената волја за истапување од овој декларативно независен синдикат на полицијата од голем број на полициски службеници е изразена и повеќе од еднаш и не само во просториите на синдикатот, туку се поднесени и истапници во денеска повиканиот сектор за финансии на МВР, но истите не постапуваат согласно изразената волја на полициските службеници и се кршат нивните права за синдикално членување, рече тој. Според него, Секторот за финансии се оглушува и на доставените списоци со стотици колеги кои бараат исто така на писмено да се престане со запирање на синдикална членарина директно од нивниот личен доход. -Во врска со ова оглушување на секторот за финансии во мај месец оваа година поднесена е писмено архивирано барање за престанок за записрање на чланарина за гранскиот божем независен синдикат на полиција со прилог список со потребни генералии за да се реализираат правата на полициските службеници. Исто така ова оглушување на секторот за финансии е пријавено до секторот за ВКПСК од кои до ден денес и после седум месеци нема соодветен одговор секако во писмена ниту во електронска форма. Воедно од министерот бараме раскинување на спогодбата за запирање на чланарина од плата за гранскиот декларативно независен синдикат на полицијата. Бараме итно позитивно постапување во врска со нашите барања во спротивно ќе ги активираме сите законски лекови против секторот за финансии, истакна Кузмановски. Тој рече деа оваа прес-конференција е опомена пред тужба, а барањето да им биде реализирано најдоцна на првата плата. -Доколку и овој пат наидеме на оглушување и незаконско работење од ваша страна, ќе бидат процесуирани 573 тужби до надлежните судови, кои се веќе изготвени, додаде Кузмановски. Претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев, пак, рече дека бил известен утрово оти организирано од страна на старешни и од луѓе во МВР,  дел од вработените се организираат со службени возила, кои, според него, се наводно незадоволни. -Јас само денеска имам 43 пристапници кои се доставени до МВР, не ги организирам вака со пари на граѓаните. Доколку некој сакал да се отчлени, апсолутно не е спорно и има начин на кој може да се зачленат, а всушност и сега доколку тие истите што наводно биле незадоволни сакаат да се отчленат, веднаш ќе ги отчленам. Меѓутоа проблемот е друг. Отчленувањето на поединци овде е практично врз база на желба на одредени началници, истакна Тодев. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-poraneshni-chlenovi-na-nezavisniot-sindikat-na-policijata-poradi-natamoshno-zapiranje-chlenarina/feed/ 0
НСП: Веднаш да престанат притисоците и вознемирувањето на колегите кои протестираа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsp-vednash-da-prestanat-pritisocite-i-voznemiruvanjeto-na-kolegite-koi-protestiraa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsp-vednash-da-prestanat-pritisocite-i-voznemiruvanjeto-na-kolegite-koi-protestiraa/#respond Fri, 04 Oct 2019 09:15:27 +0000 https://kurir.mk/?p=247837

Независниот синдикат на полицијата денес објави дека дел од нивните колеги кои во средата присуствуваа на протестот се соочиле со притисок на работното место. -Независниот Синдикат на Полицијата НАЈОСТРО ги осудува притисоците кои деновиве ги прават некои од највисоките раководители во поедини Сектори за внатрешни работи во МВР, во однос на излегувањето на дел од колегите на протестот организиран на НСП на ден 02.10.2019 година. Воедно испраќаме ЈАСНА И НЕДВОСМИСЛЕНА порака притисоците веднаш да сопрат, да сопре вознемирувањето што им се нанесува на колегите кои ја дадоа поддршката да излезат на протестот, велат од НСП. Од Синдикатот го повикуваат Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски веднаш да ги провери овие наводи и да придонесе истите да престанат. -Правото за слободно изразување на волјата и мислата е УСТАВНО загарантирано ПРАВО. Тоа на сите треба да им е јасно. На крај УПАТУВАМЕ порака до сите колеги кои излегоа и ни дадоа несебична поддршка од извршениот протест: "Немојте да подлегнувате на притисоци, борбата за подобри права и ВРАЌАЊЕ НА ДОСТОИНСТВОТО ВО ПОЛИЦИЈАТА е многу поголема отколку заканата од било кој началник на СВР или негов подреден. Било, каква закана или уцена за горенаведеното Ве охрабруваме да ја пријавите на нашата адреса: [email protected]. За Вас господа раководители, да ве информираме дека насобраните неколку изјави од вршењето на притисок према нашите членови зошто излегле на протестот веќе од наредниот ден ќе бидат проследени до надлежните органи, децидни се од Независниот синдикат на полицијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nsp-vednash-da-prestanat-pritisocite-i-voznemiruvanjeto-na-kolegite-koi-protestiraa/feed/ 0
Полицискиот синдикат бара зголемување на платите за 10 отсто во 2019-та https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policiskiot-sindikat-bara-zgolemuvanje-na-platite-za-10-otsto-vo-2019-ta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policiskiot-sindikat-bara-zgolemuvanje-na-platite-za-10-otsto-vo-2019-ta/#respond Mon, 19 Nov 2018 13:23:06 +0000 https://kurir.mk/?p=129566

Гранскиот Независен синдикат на полицијата денеска пред Владата побара зголемување на платата за уште дополнителни пет отсто за сите вработени во МВР, шумска, затворска и судска полиција. Зголемување на платата од пет отсто, согласно Предлогот на Владата за 2019, да се корегира со уште дополнителни пет отсто и да почне од 1 јануари 2019 година. Претседателот на НСП Гоце Делчев Тодев изјави дека протестниот марш за денеска, а кој го најавија во петокот, не се реализира поради лошите временските услови на патиштата во нашата држава. – Му порачуваме на премиерот во наредните два-три дена да достави одредени корекции до Собранието, да ги земе предвид нашите препораки, заложби и барања. Сето ова што го говорам ќе оди на писмено како предлог до Владата и до Собранието се со цел навистина да имаме корекција и минимално 10 отсто на плата, рече Тодев. Буџетот на Република Македонија, како што рече, мора да биде скроен врз база на предложените колективни договори кои се доставени од Гранскиот независен синдикат, а се однесуваат за шумската и за затворската полиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policiskiot-sindikat-bara-zgolemuvanje-na-platite-za-10-otsto-vo-2019-ta/feed/ 0