НЦАА – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Apr 2023 04:39:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png НЦАА – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Универзитетот Конектикат е нов шампион на НЦАА https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/univerzitetot-konektikat-e-nov-shampion-na-ntsaa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/univerzitetot-konektikat-e-nov-shampion-na-ntsaa/#respond Wed, 05 Apr 2023 04:39:57 +0000 https://kurir.mk/?p=820298

Пред повеќе од 72 илјади гледачи во Хјустон, Универзитетот Конектикат (UCONN) ја освои својата петта титула во НЦАА, а тоа го направи на неверојатно доминантен начин. Во финалето, Хаскис беа подобри од Сан Диего Стејт со 76-59, а на патот кон трофејот. сите свои ривали за време на „мартовското лудило“ ги победија со двоцифрена разлика. Ајона ја совладаа со 24, Сент Мерис со 15, Гонзага со 28, а Флорида Атлантик со 13 разлика. Финалето можеа да го добијат уште поубедливо, но откако стана јасно дека ја освојуваат првата титула по 2014 година, дојде до опуштање од успешно завршената работа. Најефикасен во тимот на Конектикат беше Тристан Њутон со 19 поени, но за МВП на завршниот турнир беше прогласен Адама Саного кој во финалето оствари дабл дабл со 17 поени и 10 скока. За Сан Диего ова беше прв пласман на завршниот турнир во НЦАА и прво учество во финалето од оваа конкуренција, но за првата титула ќе мора да почека.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/univerzitetot-konektikat-e-nov-shampion-na-ntsaa/feed/ 0
Рекордни бројки за Андреј Јакимовски во НЦАА https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rekordni-brojki-za-andrej-jakimovski-vo-ntsaa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rekordni-brojki-za-andrej-jakimovski-vo-ntsaa/#respond Sun, 29 Jan 2023 14:15:27 +0000 https://kurir.mk/?p=793379

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски ноќеска го одигра својот најдобар (поентерски) натпревар откако е дојден во составот на Вашингтон Стејт, и беше најзаслужниот за победата на популарните „Кугарс“ на средбата против Аризона Стејт (75:58). Јакимовски одигра 31 минута, а за тој период поминат во игра, постигна 22 поени што е негов нов личен рекорд во НЦАА-лигата во кариерата. Досегашниот рекорд на македонскиот кошаркар изнесуваше 19 поени, а ги реализира пред две години. Во новиот рекорд, Јакимовски реализираше пет тројки (од десет обиди), а додаде уште седум скока и три асистенции, за вкупен индекс 24. Вашингтон Стејт Универзитетот се наоѓа на деветтата позиција во Пацифик-12 дивизијата. Има биланс од 10 победи и 13 порази.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rekordni-brojki-za-andrej-jakimovski-vo-ntsaa/feed/ 0