НУ Народен театар-Битола – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Jun 2023 13:34:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png НУ Народен театар-Битола – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Битолскиот театар ќе учествува на театарски маратон во Сомбор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/bitolskiot-teatar-ke-uchestvuva-na-teatarski-maraton-vo-sombor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/bitolskiot-teatar-ke-uchestvuva-na-teatarski-maraton-vo-sombor/#respond Tue, 06 Jun 2023 13:34:21 +0000 https://kurir.mk/?p=842763

Актерите на битолскиот театар Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов, по синоќешната премиера на претставата „Брод за кукли“, отпатуваа за Србија каде утревечер ќе гостуваат во Сомбор. На покана од Народно позориште-Сомбор, битолските актери ќе настапат на театарски маратон и ќе ја изведат дуодрамата „Кислород“ од Иван Вирипиев, во режија на Иван Јерчиќ. -„Кислород“ е возбудлива и провокативна претстава, која низ исклучителни инвентивни и емотивни играни актерски и режирани драмски сцени, со својата комплексна структура поттикнува преиспитување на сложените егзистенцијални прашања со критика на општествените, социјалните и политички проблеми, информираа од НУ Народен театар-Битола. На 8 јуни, НУ Народен театар Битола со истата претстава ќе гостува во Нови Сад на камерната сцена на Српско народно позориште. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/bitolskiot-teatar-ke-uchestvuva-na-teatarski-maraton-vo-sombor/feed/ 0
Во театарот во Битола премиера на претставата „И коњите ги убиваат, зар не?“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-teatarot-vo-bitola-premiera-na-pretstavata-i-konjite-gi-ubivaat-zar-ne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-teatarot-vo-bitola-premiera-na-pretstavata-i-konjite-gi-ubivaat-zar-ne/#respond Thu, 30 Sep 2021 05:44:18 +0000 https://kurir.mk/?p=570369

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер на големата сцена „Благоја Стефановски-Баге“ премиерно ќе ја изведе театарската претстава „И коњите ги убиваат, зар не?“ работена според романот на Хорас Мек Кој, а во режија на Мартин Кочовски. Станува збор за театарски проект, кој го пресликува периодот од големата депресија во САД и тамошната криза, најави Иван Јерчиќ, директор на битолскиот театар. -Ликовите се во трка за подобар живот, во натпревар на издржливост, а со цел да ја освојат главната награда. Но, оваа претстава ја третира нашата генерација, луѓето родени во 70-те и почетокот на 80-те години од минатиот век, и сегашната позиција во општеството кое во последниве триесет години е во депресија и летаргија. Претставата е посветена на проблемите кои не засегаат, посочи Јерчиќ. Во „И коњите ги убиваат, зар не?“ настапуваат актерите Илина Чоревска, Никола Стефанов, Валентина Грамосли, Николче Пројчевски, Викторија Степановска Јанкуловска, Марија Стефановска, Филип Мирчевски, Анастазија Христовска, Живко Борисов, Здравко Стојмиров и Александар Стефановски. Подготовката на претставата е поддржана од Министерството за култура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-teatarot-vo-bitola-premiera-na-pretstavata-i-konjite-gi-ubivaat-zar-ne/feed/ 0