нуб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Dec 2021 07:22:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нуб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Манифестација во чест на Блаже Конески во НУБ „Св. Климент Охридски“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/manifestacija-vo-chest-na-blaze-koneski-vo-nub-sv-kliment-ohridski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/manifestacija-vo-chest-na-blaze-koneski-vo-nub-sv-kliment-ohridski/#respond Fri, 10 Dec 2021 07:22:00 +0000 https://kurir.mk/?p=606402

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија и Фондацијата „Небрегово“, денеска организира манифестација во чест на Блаже Конески. Поздравно обраќање ќе има на в.д. директорката Јелисавета Костадинова, по што д-р Марина Мијаковска, виш библиотекар ќе даде осврт за изложбата „Фондот на НУБ – доказ за сестраноста на Конески“ којашто ја подготви тим од библиотеката. Изложбата содржи селектиран материјал од општиот фонд и од специјалните збирки на НУБ „Св. Климент Охридски“: објавени дела од Блаже Конески и од други автори за Конески, преводи на негови дела на други јазици и негови преводи од други автори, оригинални ракописи од авторот, фотографии, музички ракописи и печатени партитури од реномирани македонски композитори инспирирани од богатиот книжевен опус на Конески, снимки од негови искажувања, стихови и др. Изложбата ќе биде претставена во три формати: на плакати, дел од оригиналите ќе бидат изложени во холот на НУБ и виртуелно. На неколкуте таблети поставени во холот, посетителите ќе може да ја погледнат дигиталната изложба со мултимедијални содржини, (со истиот наслов „Фондот на НУБ – доказ за сестраноста на Конески“). Целта на дигиталната изложба е поширока презентација на Конески и приближување на неговата поезија, проза, стручните дела и ликот во целина до јавноста, како и поттикнување на нови идеи за истражување на неговиот богат и разновиден опус. Изложбата е широко достапна преку интернет и можат да ја видат сите заинтересирани на следниве веб-сајтови: – www.nubsk.edu.mk (НУБ „Св. Климент Охридски“); – www.dlib.mk (Дигитална библиотека на РСМ). Во рамки на денешниот настан, членови на Друштвото на пистелите ќе читаат песни од Блаже Конески, а членови од Фондацијата Небрегово ќе упатат поетски пораки. НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во рамки на Националната програма за одбележување на 2021 година како година во чест на Блаже Конески, со неколку комплементарни активности ја одбележа 100-годишнината од раѓањето на Конески. Проектите од Националната програма за одбележување на 2021 година – Година во чест на Блаже Конески се реализираат со поддршка на Министерството за култура и на Министерството за образование и наук. Овие настани се запишани и во календарот на значајни јубилеи поддржани од страна на УНЕСКО, а се под покровителство на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/manifestacija-vo-chest-na-blaze-koneski-vo-nub-sv-kliment-ohridski/feed/ 0
Во НУБ дигитална изложба по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-nub-digitalna-izlozba-po-povod-100-godishninata-od-ragjanjeto-na-blaze-koneski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-nub-digitalna-izlozba-po-povod-100-godishninata-od-ragjanjeto-na-blaze-koneski/#respond Fri, 30 Jul 2021 05:33:43 +0000 https://kurir.mk/?p=543756

Националната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ – Скопје, денеска во рамки на одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески ќе ја постави дигитална изложба со мултимедијални содржини, насловена „Фондот на НУБ – доказ за сестраноста на Конески“ на нејзината и на веб-страницата на Дигиталната библиотека на РСМ – www.nubsk.edu.mk и www.dlib.mk. Изложбата содржи селектиран материјал од општиот фонд и од специјалните збирки на НУБ „Св. Климент Охридски“: објавени дела од Блаже Конески и од други автори за Конески, преводи на негови дела на други јазици и негови преводи од други автори, оригинални ракописи од авторот, фотографии, музички ракописи и печатени партитури од реномирани македонски композитори инспирирани од богатиот книжевен опус на Конески, снимки од негови искажувања, стихови и др. -Целта на дигиталната изложба е поширока презентација на Конески и приближување на неговата поезија, проза, стручните дела и ликот во целина до јавноста, како и поттикнување на нови идеи за истражување на неговиот богат и разновиден опус. Со претставените содржини се истакнува неговата значајна основоположничка улога за современиот македонски јазик, како и неговите креативни достигнувања и остварувања, велат од НУБ. Претходно, НУБ „Св. Климент Охридски“ подготви и патувачка изложба на плакати, односно на паноа, со истиот наслов „Фондот на НУБ – доказ за сестраноста на Конески“, која веќе беше поставена низ нашата држава во рамки на неколку настани што се одржаа во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Спомен-домот на Блаже Конески во Небрегово, Манифестацијата „Рацинови средби“ во Велес, Гимназијата „Никола Карев“ во Скопје и во Институтот за македонска литература, а следниот месец ќе биде поставена и во рамки на манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“. Исто така, во чест 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески е планирано во декември 2021 година да се постави и физичка изложба на библиотечни материјали од фондот на НУБ „Св. Климент Охридски“ во витрини, која ќе биде придружена со аудио и видео материјали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-nub-digitalna-izlozba-po-povod-100-godishninata-od-ragjanjeto-na-blaze-koneski/feed/ 0
„Омаж за едно раѓање и едно умирање“ во НУБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omaz-za-edno-ragjanje-i-edno-umiranje-vo-nub/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omaz-za-edno-ragjanje-i-edno-umiranje-vo-nub/#respond Mon, 24 Sep 2018 06:21:22 +0000 https://kurir.mk/?p=104831

Со манифестацијата „Омаж за едно раѓање и едно умирање“, денеска Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе одбележи 90 години од раѓањето на Томе Арсовски и 15 години од смртта на Димитар Солев. Пред присутните ќе се обрати в.д. директорката на НУБ „Св. Климент Охридски“ Сенка Наумовска. Поетот Михаил Ренџов и поранешен колега на македонскиот раскажувач, романописец, есеист и книжевен критичар, Димитар Солев, кој бил прв човек на НУБ „Св. Климент Охридски“ од 1978 до 1987 година ќе сподели сеќавања од тој период. На делата на Солев ќе потсети романсиерот и раскажувач Александар Прокопиев. Сеќавања за поетот, раскажувач, романописец, драмски автор детски писател и преведувач, Томе Арсовски, ќе пренесе романсиерот и раскажувач Благоја Иванов, а за неговото богато творештво ќе зборува прозаистот Васе Манчев, кој исто така еден период беше директор на НУБ „Св. Климент Охридски“. Актерите Лиле Вељанова и Емил Рубен ќе читаат извадоци од делата на Димитар Солев и Томе Арсовски. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omaz-za-edno-ragjanje-i-edno-umiranje-vo-nub/feed/ 0