Њујорк Тајмс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 07:44:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Њујорк Тајмс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Њујорк Тајмс: Американски командоси се во Израел за да помогнат во лоцирањето на заложниците држени во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-tajms-amerikanski-komandosi-se-vo-izrael-za-da-pomognat-vo-lotsiraneto-na-zalozhnitsite-drzheni-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-tajms-amerikanski-komandosi-se-vo-izrael-za-da-pomognat-vo-lotsiraneto-na-zalozhnitsite-drzheni-vo-gaza/#respond Wed, 01 Nov 2023 07:44:40 +0000 https://kurir.mk/?p=895175

Американски командоси се во Израел за да помогнат во напорите за лоцирање на заложниците кои се држат во Газа од нападот на Хамас на 7 октомври, пишува Њујорк Тајмс. Во извештајот се цитира Кристофер П. Мајер, помошник секретар за одбрана.  - Ние активно им помагаме на Израелците да направат голем број работи, вели тој. Мајер изјави дека главната задача е да се помогне при „идентификување на заложниците, вклучително и американските заложници. Навистина е наша одговорност да го сториме тоа“. Официјални лица кои побарале да бидат неименувани, за Њујорк Тајмс изјавија дека се испратени неколку десетици американски припадници на силите за специјални операции, покрај тимот кој веќе бил во Израел на обука. Покрај помошта за лоцирање на заложниците, американските трупи ќе се користат и за евакуација и за обезбедување на амбасадите во регионот доколку е потребно. Во написот се тврди дека неколку западни земји тајно ги преместиле своите специјални сили поблизу до Израел за да помогнат во потенцијалното спасување на заложниците или за големи евакуации од Израел или Либан доколку борбите се прошират. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-tajms-amerikanski-komandosi-se-vo-izrael-za-da-pomognat-vo-lotsiraneto-na-zalozhnitsite-drzheni-vo-gaza/feed/ 0
Њујорк Тајмс: Маск не и дозволил пристап на Украина до „Старлинк“ во близина на Крим https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-tajms-mask-ne-i-dozvolil-pristap-na-ukraina-do-starlink-vo-blizina-na-krim/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-tajms-mask-ne-i-dozvolil-pristap-na-ukraina-do-starlink-vo-blizina-na-krim/#respond Sun, 30 Jul 2023 09:29:34 +0000 https://kurir.mk/?p=861644

Американскиот милијардер Илон Маск одбил да и даде на Украина пристап до мрежата Старлинк во близина на Крим, пишува Њујорк Тајмс. -Според извори запознаени со ситуацијата, Маск неколку пати го ограничуваше пристапот до Старлинк за време на конфликтот. Во еден момент, тој го одби барањето на украинската војска да го вклучи терминалот во близина на Крим, пишува њујоршкиот дневен весник. Според Њујорк Тајмс, тоа влијаело на стратегијата на бојното поле. Маск, како што се наведува, има „црвени линии“ кои не ги поминува, а меѓу нив е и потенцијален напад на Вооружените сили на Украина на Крим со помош на неговите технологии. Маск, исто така, го прекина пристапот на украинската војска до некои од терминалите на Старлинк поради неплаќање закуп од 2.500 долари месечно за секоја инсталација. Starlink е сателитска мрежа дизајнирана да обезбеди широкопојасен интернет пристап насекаде во светот. Од 2018 година проектот го спроведува „Спејс екс“ во сопственост на Илон Маск.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-tajms-mask-ne-i-dozvolil-pristap-na-ukraina-do-starlink-vo-blizina-na-krim/feed/ 0
Њујорк тајмс: Русија е одговорна за уништување на браната Каховка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-tajms-rusija-e-odgovorna-za-unishtuvane-na-branata-kahovka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-tajms-rusija-e-odgovorna-za-unishtuvane-na-branata-kahovka/#respond Sun, 18 Jun 2023 16:38:53 +0000 https://kurir.mk/?p=847120

Њујорк тајмс објави дека има докази што потврдуваат дека Русија е одговорна за уништувањето на браната Каховка. Браната Каховка, што е под руска окупација, беше уништена на 6 јуни, а бетонската бариера што ја уништи била поставена длабоко во конструкцијата. - Доказите јасно укажуваат дека браната била оштетена од експлозија иницирана од страна која е под контрола на Русија, пишува Њујорк Тајмс. Браната е изградена во советско време, па Москва ги имала инженерските планови и знаела каде се наоѓа „Ахиловата пета“ на градбата. Според експертите малку е веројатно уривањето на бетонските темели на браната да се случи само по себе. Украина ја обвини Русија за уништување на браната, која е под руска контрола од 2022 година. Кремљ негираше вмешаност во оштетувањето на браната, која потопи дел од линијата на фронтот и бројни домови и многу ниви во околните региони. (МИА) фото: ЕПА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-tajms-rusija-e-odgovorna-za-unishtuvane-na-branata-kahovka/feed/ 0
Гугл ќе му плати 100 милиони долари на „Њујорк Тајмс“ за објавување содржина, пишува „Вол Стрит Џурнал“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/gugl-ke-mu-plati-100-milioni-dolari-na-nujork-tajms-za-objavuvane-sodrzhina-pishuva-vol-strit-dhurnal/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/gugl-ke-mu-plati-100-milioni-dolari-na-nujork-tajms-za-objavuvane-sodrzhina-pishuva-vol-strit-dhurnal/#respond Tue, 09 May 2023 12:06:02 +0000 https://kurir.mk/?p=832211

Google ќе му плати на угледниот американски дневен весник „Њујорк Тајмс“ околу 100 милиони долари во следните три години за објавување содржина, објави „Вол Стрит Џурнал“. Договорот предвидува вклучување на „Њујорк Тајмс“ во Google News Showcase, производ кој на издавачите им обезбедува наплата на содржината објавена на Гугл Њуз и другите платформи на Гугл, објави „Вол Стрит Џурнал“, цитирајќи упатени извори. Продолжувањето на договорот со Гугл, кој вклучува дистрибуција на содржина и претплата, „Њујорк тајмс“ го најави во февруари.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/gugl-ke-mu-plati-100-milioni-dolari-na-nujork-tajms-za-objavuvane-sodrzhina-pishuva-vol-strit-dhurnal/feed/ 0
АП и Њујорк Тајмс освоија Пулицер за известувањето од Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ap-i-nujork-tajms-osvoija-pulitser-za-izvestuvaneto-od-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ap-i-nujork-tajms-osvoija-pulitser-za-izvestuvaneto-od-ukraina/#respond Tue, 09 May 2023 06:23:48 +0000 https://kurir.mk/?p=832079

Агенцијата Асошиетед прес ја доби Пулицеровата награда за јавен сервис за 2023 година за известувањето за време на војната за опколениот украински град Мариупол, додека Њујорк Тајмс ја зеде наградата за меѓународно известување за руската инвазија на Украина. Новинарката на „Вашингтон пост“, Каролин Киченер, ја доби националната Пулицерова награда за известување за прашањето на абортусот во САД, откако Врховниот суд минатата година ја укина значајната пресуда од 1973 година, Ро против Вејд, која ја легализираше процедурата на национално ниво. Ројтерс беше финалист за домашни теми за известувањето за детскиот труд, како и за меѓународното известување за истражувачката серија што ги разоткрива кршењата на човековите права на нигериската војска врз жените и децата за време на нејзината војна против исламистичките милитанти. Волстрит журнал доби Пулицерова награда за истражувачко известување за откривање на финансиски конфликти на интереси меѓу службениците во десетици федерални агенции. Лос Анџелес Тајмс доби Пулицер за вонредна вест (breaking news) за откривање на тајно снимен разговор меѓу градските власти во кој имало расистички коментари. Годишните Пулицерови награди, првпат доделени во 1917 година, се најпрестижните во американското новинарство. Тие се именувани по издавачот на весникот Џозеф Пулицер, кој почина во 1911 година. Во тестаментот, Пулицер оставил пари за доделување награди и за основање школа за новинарство на Универзитетот Колумбија. Пулицеровата награда, исто така, се доделува во осум категории за книги, музика и драма.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ap-i-nujork-tajms-osvoija-pulitser-za-izvestuvaneto-od-ukraina/feed/ 0