нуклеарен арсенал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Mar 2023 06:14:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нуклеарен арсенал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ким Џонг Ун повика на зголемување на севернокорејскиот нуклеарен арсенал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-povika-na-zgolemuvane-na-severnokorejskiot-nuklearen-arsenal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-povika-na-zgolemuvane-na-severnokorejskiot-nuklearen-arsenal/#respond Tue, 28 Mar 2023 06:14:56 +0000 https://kurir.mk/?p=817152

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повика да се зголеми производството на нуклеарни материјали за да се зголеми нуклеарниот арсенал на земјата, велејќи дека Пјонгјанг треба да биде целосно подготвен да го користи оружјето во секое време Ким повика на зголемено производство на нуклеарен арсенал за време на инспекцијата на програмата за нуклеарно оружје на земјата каде што е тестирана технологијата за активирање, јави денеска државната агенција КЦНА. Севернокорејската војска вчера симулираше нуклеарна воздушна експлозија со две тактички балистички ракети земја-земја за време на вежба за гаѓање, се вели во друг извештај на КЦНА и се додава дека одбранбениот тинк-тенк тестирал и подводни системи за стратешко оружје. јт/ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-povika-na-zgolemuvane-na-severnokorejskiot-nuklearen-arsenal/feed/ 0
СИПРИ со анализа дека ќе се зголеми нуклеарниот арсенал во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-so-analiza-deka-kje-se-zgolemi-nuklearniot-arsenal-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-so-analiza-deka-kje-se-zgolemi-nuklearniot-arsenal-vo-svetot/#respond Mon, 13 Jun 2022 06:50:53 +0000 https://kurir.mk/?p=690029

Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ) објави дека светскиот нуклеарен арсенал наскоро ќе се зголеми со оглед на сегашните тензии, јави ДПА. И покрај познатото намалување на вкупниот број на нуклеарни боеви глави во светот на околу 12.705, аналитичарите на СИПРИ во својот годишен извештај, објавен денеска, велат дека бројот ќе почне повторно да се зголемува во следната деценија. „Постојат јасни индикации дека намалувањето на нуклеарниот арсенал во светот од крајот на Студената војна е завршено“, рече експертот на СИПРИ, Ханс Кристенсен. „Доколку нуклеарните сили не преземат итни и конкретни активности за разоружување, светскиот нуклеарен арсенал наскоро може да почне да расте за прв пат по Студената војна“, рече Мет Корда, од институтот. Според извештајот на СИПРИ, Русија во моментов има 5.977 нуклеарни боеви глави, а САД 5.428. Заедно, двете земји имаат околу 90 отсто од нуклеарните боеви глави во светот. Во извештајот, исто така, се наведува дека сите други нуклеарни држави (во извештајот на СИПРИ се наведени Британија, Франција, Кина, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја) неодамна развиле или распоредиле нови системи за оружје, или барем го објавиле тоа, јави ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sipri-so-analiza-deka-kje-se-zgolemi-nuklearniot-arsenal-vo-svetot/feed/ 0
Ким Јонг-ун најави јакнење на нуклеарниот арсенал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-jong-un-najavi-jaknenje-na-nuklearniot-arsenal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-jong-un-najavi-jaknenje-na-nuklearniot-arsenal/#respond Tue, 26 Apr 2022 07:56:44 +0000 https://kurir.mk/?p=667893

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун во обраќањето на воената парада во Пјогнјанг најави јакнење на националниот нуклеарен потенцијал. -Ќе продолжиме да преземаме чекори за зајакнување и развој на нуклеарните капацитети на нашата земја со најбрзо темпо, ја пренесува изјавата на Ким Централната севернокорејска новинска агенција (КЦНА). Изјавата сенернокорејскиот лидер ја дал синоќа на воената парада одржана во Пјонгјанг по повод 90-годишнината од основањето на Корејската народна револуционерна армија. Против Северна Кореја се воведени остри меѓународни санкции поради нејзината програма за нуклеарно оружје. Оваа година севернокорејската армија спроведе неколку тестирања на воените капацитети, вклучително и на интерконтинентална балистичка ракета со голем дострел. За севернокорејскиот лидер нуклеарното оружје е симбол на националната моќ. Иако примарната улога на тоа оружје е одвраќање, Ким Јонг-ун истакнува дека „тоа не може да се врзе само за една мисија“. -Доколку некоја сила се обиде да ги узурпира основните интереси на нашата земја, нашите нуклеарни сили нема да имаат друг избор освен неочекувано да ја извршат својата друга мисија, рече тој. Агенцијата КЦНА објави дека на парадата било презентирано најсофистицираното оружје на Северна Кореја, вклучувајќи ја и „Хвасонг-17“ интерконтинентална балистичка ракета за која се тврди дека била успешно тестирана на 24 минатиот месец. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-jong-un-najavi-jaknenje-na-nuklearniot-arsenal/feed/ 0
Пекинг со предизвик до САД да го намали нуклеарниот арсенал на кинеско ниво https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peking-so-predizvik-do-sad-da-go-namali-nuklearniot-arsenal-na-kinesko-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peking-so-predizvik-do-sad-da-go-namali-nuklearniot-arsenal-na-kinesko-nivo/#respond Wed, 08 Jul 2020 08:54:50 +0000 https://kurir.mk/?p=371502

Кина „со задоволство“ би учествувала во трилатерални разговори за контрола на оружјето со САД и Русија, но само доколку САД се подготвени да го намалат својот нуклеарен арсенал на кинеско ниво, изјави денеска Фу Цонг, шеф на Одделот за контрола на вооружување при кинеското МНР. Вашингтон повеќе пати ја повикуваше Кина да се приклучи на трилатералните разговори за продолжување на Новиот СТАРТ, договор меѓу Русија и САД за нуклеарно оружје што истекува во февруари 2021 година. Фу потенцира дека Пекинг нема намера да влезе во преговорите на двата поранешни непријатели од Студената војна, со оглед дека нуклеарниот арсенал на Америка е 20 пати поголем од кинескиот. – Ве уверувам, ако САД кажат дека се подготвени да се спуштат на кинеско ниво, Кина ќе биде среќна уште следниот ден да се приклучи на преговорите. Но, знаеме дека тоа нема да се случи, рече Фу. Тој оцени дека повикот на Вашингтон до Пекинг за приклучување кон преговорите не служи за ништо друго освен за свртување на вниманието и изговор САД да се откаже од продолжување на договорот Нов Старт. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peking-so-predizvik-do-sad-da-go-namali-nuklearniot-arsenal-na-kinesko-nivo/feed/ 0