нуклеарен договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 Aug 2022 06:49:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нуклеарен договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иран поднесе предлози за обновување на нуклеарниот договор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-podnese-predlozi-za-obnovuvanje-na-nuklearniot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-podnese-predlozi-za-obnovuvanje-na-nuklearniot-dogovor/#respond Tue, 16 Aug 2022 06:49:05 +0000 https://kurir.mk/?p=719105

Иранските власти денеска соопштија дека писмено ги испратиле своите конечни предлози за заживување на нуклеарниот договор со големите сили. Иранската државна новинска агенција ИРНА не даде детали за предлогот, но посочи дека Иран се уште не прифаќа посредување на Европската унија, и покрај предупредувањата дека нема да има повеќе преговори во тој случај. Големите сили го чекаат одговорот на Техеран на предлогот за договор што на 26 јули го понуди високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. ЕУ се уште не потврдила дека добила предлог од Иран. Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан вчера изјави дека неговата земја е подготвена да склучи договор доколку нејзините предлози бидат прифатени. Иранските власти во петокот објавија дека се подготвени да го прифатат конечниот текст за заживување на договорот во 2015 година. Договорот за иранската нуклеарна програма, чие официјално име е Заеднички сеопфатен план за акција (JCPOA), беше потпишан во Виена во јули 2015 година од страна на Иран и групата „5 плус 1“, која се состоеше од пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН. (Кина, Франција, Русија, Велика Британија, САД) и Германија, како потписник во име на ЕУ. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја повлече својата земја од договорот во 2018 година и воведе санкции кон Иран, додека Иран како одговор почна да ги занемарува своите обврски од договорот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-podnese-predlozi-za-obnovuvanje-na-nuklearniot-dogovor/feed/ 0
Иран подготвен да го прифати предложениот текст за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-podgotven-da-go-prifati-predlozeniot-tekst-za-zazivuvanje-na-nuklearniot-dogovor-od-2015-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-podgotven-da-go-prifati-predlozeniot-tekst-za-zazivuvanje-na-nuklearniot-dogovor-od-2015-godina/#respond Fri, 12 Aug 2022 15:37:38 +0000 https://kurir.mk/?p=717785

Иран е подготвен да го прифати финалниот текст предложен во Виена за заживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, но под услов да има и одредени гаранции, објави денеска иранската агенција „Ирна“. Најавата доаѓа во време кога големите сили го чекаат одговорот на Техеран на предлогот за договор што на 26 јули го претстави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел. „Предлозите на Европската унија се прифатливи под услов да му дадат гаранции на Иран за различни точки“, вели неименуван ирански дипломат, без да прецизира кои гаранции се бараат, но истакнува дека САД не смеат да го доведуваат договорот во прашање. Борел неодамна ги повика Техеран и Вашингтон да го коментираат предложениот текст. Според иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, на Техеран му беше понудено укинување на некои од санкциите што ја задушуваат иранската економија, во замена за драстично намалување на неговата нуклеарна програма ставена под строга контрола на ОН. Сепак, САД еднострано се повлекоа од договорот во 2018 година под претседателство на Доналд Трамп и ги вратија на сила казнените мерки. Како одговор, Иран постепено се повлече од своите обврски. Договорот за иранската нуклеарна програма со официјално име „Заеднички сеопфатен план за акција“, беше потпишан во Виена во јули 2015 година од страна на Иран и групата „5 плус 1“ составена од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН (Кина, Франција, Русија, Велика Британија, САД) и Германија, како потписник во име на ЕУ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-podgotven-da-go-prifati-predlozeniot-tekst-za-zazivuvanje-na-nuklearniot-dogovor-od-2015-godina/feed/ 0
Макрон смета дека е се уште можно рестартирање на нуклеарниот договор со Иран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-smeta-deka-e-se-ushte-mozno-restartiranje-na-nuklearniot-dogovor-so-iran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-smeta-deka-e-se-ushte-mozno-restartiranje-na-nuklearniot-dogovor-so-iran/#respond Sun, 24 Jul 2022 07:44:18 +0000 https://kurir.mk/?p=709470

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека „се уште е можно“ рестартирање на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, но под услов „интервенцијата да се направи што е можно поскоро“, соопшти синоќа Елисејската палата веднаш по разговорот меѓу Макрон и неговиот ирански колега Ебрахим Раиси. По неколкумесечниот прекин на разговорите во Виена за заживување на договорот, Макрон изрази разочарување од недостатокот на напредок и побара од Раиси Иран да се врати на спроведувањето на своите обврски од нуклеарниот договор. Според иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, на Техеран му беше понудено укинување на некои од санкциите што ја задушуваа неговата економија во замена за драстично намалување на неговата нуклеарна програма ставена под строга контрола на ОН. САД, меѓутоа, во 2018 година унилатерално се повлекоа од договорот и ги вратија казнените мерки. Како одговор на тоа, Иран постепено се повлече од своите обврски. Договорот за иранската нуклеарна програма, чие официјално име е Заеднички сеопфатен план за акција (JCPOA), беше потпишан во Виена во јули 2015 година од страна на Иран и групата „5 плус 1“, која се состоеше од пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН. (Кина, Франција, Русија, Велика Британија, САД) и Германија, како потписник во име на ЕУ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-smeta-deka-e-se-ushte-mozno-restartiranje-na-nuklearniot-dogovor-so-iran/feed/ 0
Иран: Бараме постојан нуклеарен договор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-barame-postojan-nuklearen-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-barame-postojan-nuklearen-dogovor/#respond Wed, 06 Jul 2022 13:47:39 +0000 https://kurir.mk/?p=701100

Иран денеска објави дека бара постојан нуклеарен договор со светските сили. Таков став беше изразен по разговорите со американскиот сојузник Катар за олеснување на застојот на напорите за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година. Катарскиот министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани го посети Техеран една недела откако индиректните американско-ирански преговори со посредство на ЕУ во Доха не успеаја да се оддалечат од „ќорсокакот“ што ги попречува напорите за заживување на нуклеарниот договор. „Ние сме решени да бараме добар, силен и траен договор и покрај тврдењата на САД, не поставивме никакви барања надвор од нуклеарниот договор“, изјави иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан на заедничката прес-конференција со шеикот Мохамед во Техеран. Од минатата недела, Иран ја доведува во прашање решеноста на САД да го спасат договорот, а официјален Вашингтон објави дека Техеран додал нови барања на разговорите во Доха. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-barame-postojan-nuklearen-dogovor/feed/ 0
Иран: Можно заживување на нуклеарниот договор доколку САД ги исполнат барањата на Техеран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-mozno-zazivuvanje-na-nuklearniot-dogovor-dokolku-sad-gi-ispolnat-baranjata-na-teheran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-mozno-zazivuvanje-na-nuklearniot-dogovor-dokolku-sad-gi-ispolnat-baranjata-na-teheran/#respond Tue, 01 Mar 2022 07:13:35 +0000 https://kurir.mk/?p=638376

Иран соопшти дека напорите за заживување на нуклеарниот Договор од 2015 би можел да успее доколку САД донесат политичка одлука да ги исполнат преостанатите барања на Техеран, во момент кога преговорите влегуваат во фаза оценета од ирански дипломат како „сега или никогаш“. Влоговите се високи, бидејќи неуспех на десетомесечните преговори носи ризик од нова регионална војна, заострени санкции на Западот кон Иран и континуиран притисок врз цената на нафтата веќе поскапена поради кризата во Украина. Саеб Хатибзадех, портпарол на Иранското министерство за надворешни работи, соопшти дека преостанатите прашања се однесуваат на тоа до кој степен ќе бидат повлечени санкциите, гаранциите на САД дека нема да го напуштат Договорот и решавање на прашањата за откриени трагови на ураниум на неколку постари, но непријавени локации во Иран. Страните вклучени во преговорите велат дека е постигнат напредок што води кон обновување на Договорот за контрола на иранската нуклеарна програма во замена за ублажување на санкциите што САД од 2018 година. Но, и Техеран и Вашингтон со оценка дека се уште има разлики што треба да бидат надминати. „Можно е да се постигне добар договор“, изјави Хатибзадех на неделната прес-конференција, истакнувајќи дека западните сили се уште не донеле одлука по посочените три прашања. Фрацуското МНР денеска укажа на итноста разговорите да бидат заокружени веќе до крајот на оваа седмица. Главниот преговарач на Техеран за нуклеарните прашања, Али Багери Кани, вчера оствари средба со Енрике Мора, координаторот на ЕУ во разговорите што се водат во Виена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-mozno-zazivuvanje-na-nuklearniot-dogovor-dokolku-sad-gi-ispolnat-baranjata-na-teheran/feed/ 0
Во Виена продолжија преговорите за иранскиот нуклеарен договор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-viena-prodolzija-pregovorite-za-iranskiot-nuklearen-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-viena-prodolzija-pregovorite-za-iranskiot-nuklearen-dogovor/#respond Thu, 09 Dec 2021 13:18:28 +0000 https://kurir.mk/?p=606112

Преговорите за спас на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година официјално продолжија денеска со средба на сите страни освен САД, објави на Твитер главниот руски претставник во разговорите Михаил Уљанов. „Учесниците на #JCPOA сега одржуваат официјален состанок на Заедничката комисија“, напиша Уљанов на Твитер, користејќи го формалното име на договорот, Заеднички сеопфатен акционен план. Главниот американски претставник Роб Мели нема да пристигне до викендот. Индиректните американско-ирански разговори во Виена, во кои дипломатите од преостанатите страни во договорот – Франција, Велика Британија, Германија, Русија и Кина – посредуваат меѓу нив бидејќи Техеран одбива директен контакт со Вашингтон – имаат за цел да ги задржат двете страни целосно усогласени. „Иран цврсто ќе стои зад своите барања. Сите санкции мора да се укинат одеднаш во процес што може да се провери “, изјави неименуван ирански функционер. Според него, во рацете на Американците е да донесат политичка одлука за да се реализира договорот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-viena-prodolzija-pregovorite-za-iranskiot-nuklearen-dogovor/feed/ 0
За САД разговорите со Иран за нуклеарниот договор се конструктивни https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-sad-razgovorite-so-iran-za-nuklearniot-dogovor-se-konstruktivni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-sad-razgovorite-so-iran-za-nuklearniot-dogovor-se-konstruktivni/#respond Wed, 07 Apr 2021 06:14:46 +0000 https://kurir.mk/?p=493429

САД како конструктивни и потенцијално корисни ги оцени вчерашните индиректни разговори со Иран во Виена, што претставуваат чекор напред во обновување на согласноста за договорот од 2015 година за иранската нуклеарна програма, што Вашингтон унулатерално го напушти пред три години. -Овие дискусии во Виена, иако не се среќаваме директно со Иранците, се, како што рековме, чекор за поздравување. Тоа е конструктивен чекор, тоа е потенцијално корисен чекор во обидот да се утврди што се подготвени да направат Иранците за да се вратиме на договорот. И, како резултат на тоа, што можеби ќе треба да сториме за да се вратиме на договорот, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, на редовната прес конференција. Портпаролката на Белата куќа, Џен Паски, пак, вчера изјави дека администрацијата на претседателот Џо Бајден не предвидува промени во политиката кон Иран за време на преговорите за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година, што беше раскинат од поранешниот американски претседател Доналд Трамп. САД и Иран од вчера почнаа индиректни разговори во Виена за враќање кон договорот. -Јасно ставивме до знаење дека во овој момент не преземаме или не очекуваме никакви чекори. Ќе дозволиме преговорите да продолжат, рече Псаки. Иранскиот главен преговарач за нуклеарната програма, Абас Аракчи, вчера за иранската државна телевизија изјави дека неговата земја и меѓународните сили ќе продолжат со разговорите за заживување на договорот. -Разговорите во Виена беа конструктивни … нашата следна средба ќе биде во петок, рече Аракчи. Техеран, според него, нема да престане со збогатувањето на ураниум до 20 процентна чистота се до деблокадата на милијардите долари, што се блокирани во други земји поради санкциите на САД против Иран повторно воведени во 2016 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-sad-razgovorite-so-iran-za-nuklearniot-dogovor-se-konstruktivni/feed/ 0
МААЕ: Не забележавме никакви нови прекршувања од Иран на нуклеарниот договор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-ne-zabelezavme-nikakvi-novi-prekrshuvanja-od-iran-na-nuklearniot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-ne-zabelezavme-nikakvi-novi-prekrshuvanja-od-iran-na-nuklearniot-dogovor/#respond Fri, 07 Feb 2020 06:58:48 +0000 https://kurir.mk/?p=300448

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) не забележала никакви нови прекршувања на заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) откако Исламската република влезе во петата фаза од редуцирањето на своите нуклеарни обврски во рамките на договорот, изјави генералниот директор на МААЕ, Рафаел Мариано Гроси. -По петата фаза немаше никакви нови акции. Тие (Иран), секако, продолжуваат со збогатувањето ураниум, изјави Гроси во говорот во Меѓународната фондација за мир Канеги во Вашингтон, пренесоа агенциите. „Очигледно е дека не ги спроведуваме само механички сите наши инспекциски активности. Слушаме што се зборува и се подготвуваме за секоја можна околност, додаде првиот човек на МААЕ. Велика Британија, Франција и Германија во јануари го активираа механизмот за решавање на спорот со рамките на JCPOA, наведувајќи дека Техеран не ги почитува своите обврски врз основа на спогодбата. Порпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Абас Мусави изјави дека, сепак, европските држави се уште не го активирале механизмот, јавија агенцијата Тасс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-ne-zabelezavme-nikakvi-novi-prekrshuvanja-od-iran-na-nuklearniot-dogovor/feed/ 0
ЕК: Иран мора да се придржува до нуклеарниот договор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-iran-mora-da-se-pridrzuva-do-nuklearniot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-iran-mora-da-se-pridrzuva-do-nuklearniot-dogovor/#respond Wed, 08 Jan 2020 10:09:15 +0000 https://kurir.mk/?p=286759

Иран мора да се придржува до нуклеарниот договор од 2015 година, изјави денес шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. -За Иран е важно да се врати кон нуклеарниот договор. Мора да го увериме Иран дека тоа е за негов сопствен интерес, изјавува Фон дер Лајен. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупредува на ризикот од погрешни проценки сред глобалните тензии кои се наоѓаа на „највисоко ниво“. -Престанете со ескалација. Бидете максимално воздржани. Повторно започнете дијалог. Обновете ја меѓународната соработка и избегнете нова војна, порача Гутереш. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг исто така повика на воздржаност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-iran-mora-da-se-pridrzuva-do-nuklearniot-dogovor/feed/ 0
ЕУ: Иран мора да се придржува до нуклеарниот договор од 2015 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-iran-mora-da-se-pridrzuva-do-nuklearniot-dogovor-od-2015-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-iran-mora-da-se-pridrzuva-do-nuklearniot-dogovor-od-2015-godina/#respond Tue, 07 Jan 2020 08:06:11 +0000 https://kurir.mk/?p=286319

Иран мора да се придржува кон нуклеарниот договор од 2015 година, изјави синоќа шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. – Од европска гледна точка, важно е Иран да се врати на нуклеарниот договор. Ние мора да го увериме Иран дека тоа е во негов интерес, изјави Фон дер Лајен, потврдувајќи дека министрите за надворешни работи на ЕУ ќе одржат посебна седница в петок. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди на ризикот од погрешна пресметка поради глобалните тензии што се „на највисоко ниво во овој век“. Гутереш додаде дека тие тензии „водат до зголемен број земји да донесуваат непредвидливи одлуки со непредвидливи последици“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-iran-mora-da-se-pridrzuva-do-nuklearniot-dogovor-od-2015-godina/feed/ 0