нуклеарен напад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Jan 2023 16:56:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нуклеарен напад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЗО објави публикација со листа на лекови кои треба да се подготват во случај на нуклеарен напад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-objavi-publikatsija-so-lista-na-lekovi-koi-treba-da-se-podgotvat-vo-sluchaj-na-nuklearen-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-objavi-publikatsija-so-lista-na-lekovi-koi-treba-da-se-podgotvat-vo-sluchaj-na-nuklearen-napad/#respond Fri, 27 Jan 2023 16:55:47 +0000 https://kurir.mk/?p=792977

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави публикација која обезбедува ажурирана листа на лекови чии залихи треба да се подготват во случај на нуклеарна опасност и изложеност на радијација. Залихите треба да вклучуваат лекови кои ја спречуваат или намалуваат изложеноста на радијација, но и тие кои ги олеснуваат здравствените проблеми откако лицето веќе било изложено на зрачење. „Во итни случаи со зрачење, луѓето можат да бидат изложени на зрачење во дози кои се движат од занемарливи до опасни по живот. Владите мора да обезбедат итно лекување на тие на кои им е потребно“, рече д-р Марија Неира, вршител на должноста помошник генерален директор на СЗО. „Клучно е владите да бидат подготвени да го заштитат здравјето на населението и веднаш да реагираат во итни случаи. Тоа вклучува подготвување залихи со лекови кои ќе спасат животи, кои ќе ги намалат ризиците и ќе ги лекуваат последиците од здрачењето“, додаде Неира. Оваа публикација го заменува извештајот на СЗО од 2007 година за развојот на националните резерви за итни случаи на радијација и содржи ажурирани информации засновани на истражувањата во последната деценија. На списокот има лекови кои можат да го спречат или намалат внесот на радионуклиди или да ја зголемат елиминацијата на радионуклиди од човечкото тело. Исто така, во публикацијата се анализираат главните елементи кои се потребни за развој, одржување и управување со национални залихи на специфични медицински материјали кои ќе бидат потребни во случај на нуклеарен напад. Типични лекови кои би требало да се користат во случаи на изложеност на радиоактивно зрачење се: стабилен јод, кој се применува за да се спречи или намали изложеноста на тироидната жлезда на радиоактивен јод, цинков или калциумов диетилентриамин пента-ацетат (DTPA) кој се користи за лекување на внатрешна контаминација со трансурански радионуклиди, цитокини кои се користат за ублажување на оштетувањето на коскената срцевина, во случај на акутен радијациски синдром… и други лекови кои се користат за лекување при повраќање, дијареа и инфекции. „Важно е националните влади да реагираат што е можно побрзо“, посочуваат од СЗО.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-objavi-publikatsija-so-lista-na-lekovi-koi-treba-da-se-podgotvat-vo-sluchaj-na-nuklearen-napad/feed/ 0
Киев подготви 425 специјални засолништа во случај на нуклеарен напад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-podgotvi-425-specijalni-zasolnishta-vo-sluchaj-na-nuklearen-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-podgotvi-425-specijalni-zasolnishta-vo-sluchaj-na-nuklearen-napad/#respond Wed, 02 Nov 2022 18:33:32 +0000 https://kurir.mk/?p=754772

Регионалниот воен началник на Киев Олексиј Кулеба соопшти дека северната украинска територија подготвила неколку стотици „специјални засолништа“ како подготовка за потенцијален нуклеарен напад од Русија. Олексиј Кулеба, шеф на регионалната воена администрација на Киев, во интервју емитувано на украинскиот телевизиски канал Хромадске рече дека украинската влада се подготвува за „најлошото сценарио“ додека тензиите продолжуваат да растат во руско-украинската војна. – Последните осум месеци не научија дека сè може да се случи, рече Кулеба. Како функционер се подготвувам за најлошото сценарио, но се надевам дека сè ќе биде во ред, додаде тој. Кулеба изјави дека армијата на Киев подготвила 425 подземни „специјални засолништа“ низ целиот регион. Воениот претставник додаде дека веќе има илјадници засолништа низ регионот, но посочи дека тие „не се погодни за заштита од опасностите од радијација“. – Јасно е дека човек пред сè треба да се засолни во засолниште, продолжи Кулеба, зборувајќи за тоа како граѓаните треба да се подготват за нуклеарен напад. – Вториот чекор, најважен, треба да биде комуникацијата. Доколку дојде до нуклеарен напад, тогаш, најверојатно, нема да има комуникација. Единственото нешто што ќе функционира е радиото. Значи, преносливите радио станици треба да бидат опремени со батерии. На сите места, за да може да се прима сигналот, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-podgotvi-425-specijalni-zasolnishta-vo-sluchaj-na-nuklearen-napad/feed/ 0
Што сѐ е потребно при евентуален нуклеарен напад во иднина? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shto-s-e-potrebno-pri-eventualen-nuklearen-napad-vo-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shto-s-e-potrebno-pri-eventualen-nuklearen-napad-vo-idnina/#respond Wed, 09 Mar 2022 08:30:09 +0000 https://kurir.mk/?p=643797

Со разгорувањето на руско-украинската криза, според многумина, може да порасне и можноста и опасноста од евентуална нуклеарна војна. Како превенција, Федералната агенција за управување со вонредни состојби на САД (ФЕМА) посочи список залихи и предмети коишто луѓето треба да ги имаат при рака во случај на вонредна состојба, освен засолниште… Списокот се состои од: – Три литри вода по лице ќе бидат доволни за три дена – Тридневна набавка на нерасиплива храна. – Напојување со батерии – следењето и добивањето информации по нуклеарен инцидент ќе бидат клучни за опстанокот; следењето на временската прогноза е од исклучителна важност. – Светилка. – Прва помош. – Свирче. – Маска за прав – ова особено ќе помогне во дишењето контаминиран воздух. – Влажни крпи, ќеси за ѓубре и други основни средства за хигиена; пластична фолија и селотејп може да помогнат во спречувањето несаканите честички да влезат во засолништето. – Клуч / алат за исклучување на струјата и водата. – Отворачи за конзерви со храна. – Мапи од околината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shto-s-e-potrebno-pri-eventualen-nuklearen-napad-vo-idnina/feed/ 0
Јапонија одбележува 74. годишнина од нуклеарниот напад во Нагасаки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-odbelezuva-74-godishnina-od-nuklearniot-napad-vo-nagasaki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-odbelezuva-74-godishnina-od-nuklearniot-napad-vo-nagasaki/#respond Fri, 09 Aug 2019 07:49:10 +0000 https://kurir.mk/?p=227957

Јапонија ја одбележува 74-та годишнина од нуклеарниот напад кој го изведе САД на нагасаки, а кој се случи три дена откако беше фрлена атомска бомба врз Хирошима. Секоја година, властите и граѓаните се собираат во Паркот на мирот во Нагасаки, каде во 11.02 часот, кога беше фрлена атомската бомба, се огласуваат ѕвоната и потоа со минута молчење се оддава почит на повеќе од 70 илјади загинати. Тоа била втора атомска бомба фрлена на Јапонија. Бомбата имала сила од 22 килотони ТНТ и била имплозиона плутониоумова бомба. Мета за нападот бил Кокура, но затоа што било облачно, земена е втората мета од листата, а тоа бил градот Нагасаки. Иако бомбата била помоќна од онаа на Хирошима, поради планинскиот терен, разорувањето било многу помало од онаа во Хирошима. Американскиот бомбардер Б-29 испушти бомба наречена „Дебел човек“. Бомбата тешка околу 4,5 тони падна од висина од 9.600 метри и експлодираше по 30 секунди на 500 метри над тениско игралиште. Облакот „печурка“, што се формираше по експлозијата достигна надморска височина од 16.000 метри. Уништени се 70 проценти од градот, а 20 минути подоцна почна да паѓа „црн дожд“ од радиоактивни честички. До 2016, ниту еден американски претседател ги немаше посетено Хирошима и Нагасаки. Прв што тоа го направи беше Барак Обама, но ниту тој не се извини, туку изрази надеж дека ужасите од Хирошима и Нагасаки ќе доведат до „морално будење“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-odbelezuva-74-godishnina-od-nuklearniot-napad-vo-nagasaki/feed/ 0