нуклеарна активност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Jun 2023 06:16:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нуклеарна активност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Наришкин: Има сомнителна украинска нуклеарна активност, од МААЕ велат дека сите движења на нуклеарен материјал се следат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/narishkin-ima-somnitelna-ukrainska-nuklearna-aktivnost-od-maae-velat-deka-site-dvizhena-na-nuklearen-materijal-se-sledat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/narishkin-ima-somnitelna-ukrainska-nuklearna-aktivnost-od-maae-velat-deka-site-dvizhena-na-nuklearen-materijal-se-sledat/#respond Tue, 20 Jun 2023 06:16:11 +0000 https://kurir.mk/?p=847649

Сергеј Наришкин, шефот на руската надворешна разузнавачка служба- СВР синоќа изрази надеж дека нуклеарниот мониторинг на ОН и Европската Унија ќе ја проверат украинската нуклеарна активност што, според него, може да сигнализира дека Киев работи на создавање „валкани бомби“, иако тој не ги поткрепи своите наводи со конкретни докази. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), набљудувач на ОН, ја отфрли изјавата на Наришкин, велејќи дека сите движења на нуклеарниот материјал се следат. Украинското Министерство за одбрана не одговори веднаш на барањето за коментар. Киев во минатото изјави дека ја сфаќа нуклеарната енергија многу сериозно, истовремено обвинувајќи ја Русија за неодговорност кога станува збор за контрола на нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина. Наришкин рече дека неговата служба има информации дека одредено количество „озрачено гориво“ било тајно испратено од нуклеарната централа Ривина, во западна Украина, до капацитетите за складирање на озрачено гориво во Чернобил. Тој рече дека потегот е сомнителен и може да се објасни само со намерата на Киев да создаде „валкана бомба“ со комбинирање на радиоактивен материјал со конвенционални експлозиви. Во соопштението на МААЕ овој месец беше објавено за пренос на озрачено гориво од Ривина во Чернобил и овие движења беа земени предвид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/narishkin-ima-somnitelna-ukrainska-nuklearna-aktivnost-od-maae-velat-deka-site-dvizhena-na-nuklearen-materijal-se-sledat/feed/ 0
САД, Париз, Берлин и Лондон изразија загриженост поради нуклеарната активност на Иран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-pariz-berlin-i-london-izrazija-zagrizenost-poradi-nuklearnata-aktivnost-na-iran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-pariz-berlin-i-london-izrazija-zagrizenost-poradi-nuklearnata-aktivnost-na-iran/#respond Sat, 30 Oct 2021 18:47:42 +0000 https://kurir.mk/?p=588276

Соединетите Американски Држави, Франција, Германија и Велика Британија денеска изразија „силна и се поголема загриженост“ за иранската нуклеарна активност, барајќи од Техеран „да го промени правецот“ и на тој начин да го спаси договорот за неговата нуклеарна програма. Американскиот претседател Џо Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер Борис Џонсон попладнево во Рим се состанаа за да разговараат на маргините на самитот на Г-20. „Ние сме решени да дејствуваме така што Иран никогаш да не може да произведе или да се здобие со нуклеарно оружје и изразуваме силна и се поголема загриженост за честите провокативни мерки на Иран на нуклеарно поле, како што се производството на високо збогатен ураниум и метали збогатени со ураниум“, се вели во заедничкото соопштение по средбата. Во 2015 година, суперсилите потпишаа историски важен договор со Исламска Република (наречен JCPOA, Заеднички глобален акциски план), кој требаше да ја спречи да произведе атомска бомба. Во 2018 година, за време на мандатот на Доналд Трамп, Американците еднострано се повлекоа од договорот и повторно воведоа санкции кон Иран, кој, реагирајќи на таквата одлука, постепено се откажа од ограничувањата наметнати на неговата нуклеарна програма. Но, Техеран оваа недела објави дека е подготвен да ги продолжи разговорите во ноември за да го спаси договорот. „Уверени сме дека сè уште е можно брзо да се постигне и спроведе договор за повторно придржување до Нуклеарниот договор со Иран (JCPOA), со цел да се гарантира на долг рок дека иранската нуклеарна програма е исклучиво мирна и да се предвиди укинување на санкциите, истакнуваат четворицата лидери во соопштението. „Тоа ќе биде можно само ако Иран го промени правецот“, предупредија тие. Лидерите го повикуваа претседателот Ебрахим Раиси да ја искористи оваа можност и да се потруди да работи со добра волја за да се доведат преговорите до успешен крај што е можно поскоро. „Ова е единствениот сигурен начин да се спречи опасната ескалација која никому не е од интерес“, истакнуваат лидерите во соопштението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-pariz-berlin-i-london-izrazija-zagrizenost-poradi-nuklearnata-aktivnost-na-iran/feed/ 0