нуклеарна безбедност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Jun 2023 06:20:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нуклеарна безбедност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Норвешка ќе одвои над 20 милиони евра за зацврстување на нуклеарната безбедност на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshka-ke-odvoi-nad-20-milioni-evra-za-zatsvrstuvane-na-nuklearnata-bezbednost-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshka-ke-odvoi-nad-20-milioni-evra-za-zatsvrstuvane-na-nuklearnata-bezbednost-na-ukraina/#respond Tue, 20 Jun 2023 06:18:13 +0000 https://kurir.mk/?p=847653

Норвешка вчера соопшти дека ќе одвои 250 милиони норвешки круни (приближно 21,5 милиони евра) за зацврстување на нуклеарната безбедност на Украина поради загриженост за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје по уништувањето на браната Каховка, јавија француските меидуми. „Нелегалната војна што ја почна Русија претставува закана за нуклеарната безбедност и безбедноста во Украина“, се наведува во соопштението на норвешкото Министерство за надворешни работи. „Нуклеарна несреќа во Украина би имала последици не само за самата Украина, туку и надвор од нејзините граници“, додаде норвешкото Министерство. Помошта ќе биде поделена преку уплата од 100 милиони Норвешки круни за Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за да им се овозможи на нејзините експерти да одржат присуство на неколку нуклеарни локации во Украина, вклучувајќи ги нуклеарната централа Чернобил и нуклеарната централа Запорожје, и пакет од 150 милиони норвешки круни за зајакнување на безбедноста на објектите. Средствата ќе бидат земени од Програмата Нансен, повеќегодишен план за помош според кој Норвешка обезбедува цивилна и воена помош во износ од 75 милијарди норвешки круни за Украина за периодот 2023-2027 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshka-ke-odvoi-nad-20-milioni-evra-za-zatsvrstuvane-na-nuklearnata-bezbednost-na-ukraina/feed/ 0
Халушченко: Светот да ја преиспита нуклеарната безбедност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/halushchenko-svetot-da-ja-preispita-nuklearnata-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/halushchenko-svetot-da-ja-preispita-nuklearnata-bezbednost/#respond Tue, 13 Dec 2022 08:45:35 +0000 https://kurir.mk/?p=774796

Украинскиот министер за енергетика, Герман Халушченко апелира светот да ја „преиспита нуклеарната безбедност“, говорејќи за ризиците во електраната Запорожје во Украина. -Ова е прашање за сите земји во светот, рече Халушченко синоќа во интервју за агенцијата Франс прес во Париз, каде допатува на конференција за поддршка на Украина, пренесе БЕТА. Тој во Париз ќе упати и апел за помош на Украинците пред зимата откако во последните два месеца се урнати повеќе од 40 отсто од енергетската инфраструктура. Украина повеќе од 50 отсто зависи од нуклеарната енергија за производство на електрична енергија и нема намера тоа да го промени. -Имаме планови за нови постројки, веќе потпишани договори, а ќе продолжиме со нуклеарната индустрија, бидејќи имаме големо искуство и илјадници професионалци, рече Халушченко. Од друга страна, според него, треба итно да се преиспитаат протоколите на цивилната нуклеарна безбедност кои не го предвиделе тоа што се случува во Украина. -Никој за тоа не размислувал, сите разгледани ризици биле во случај на несреќа, рече Халушченко. Запорожје, најголемата нуклеарна електрана во Украина и Европа со шест реактори, е под руска окупација. Областа околу таа локација и натаму е бомбардирана. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/halushchenko-svetot-da-ja-preispita-nuklearnata-bezbednost/feed/ 0
МААЕ: Русија и Украина не се договорија за гаранциите за нуклеарна безбедност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-rusija-i-ukraina-ne-se-dogovorija-za-garanciite-za-nuklearna-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-rusija-i-ukraina-ne-se-dogovorija-za-garanciite-za-nuklearna-bezbednost/#respond Fri, 11 Mar 2022 06:17:30 +0000 https://kurir.mk/?p=645233

Министрите за надворешни работи на Русија и Украина не и дадоа гаранции на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за заштита на нуклеарните капацитети на Украина за време на разговорите во Турција, изјави шефот на МААЕ Рафаел Гроси. Вчера Гроси имаше средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во Анталија, пренесува ДПА. Сепак, тој гледа позитивни показатели. „Украина и Руската Федерација сакаат да соработуваат со нас, тие се согласија да соработуваат со нас, рече Гроси по враќањето на аеродромот во Виена. Тој рече дека се надева на понатамошни разговори наскоро. Откако неколку украински нуклеарни постројки беа заробени, оштетени или компромитирани во две недели од почетокот на руската инвазија на Украина, Гроси повика на преговори за безбедносни гаранции за да се избегнат нуклеарни несреќи. Гроси, исто така, изрази загриженост за опремата што се користи за следење на нуклеарниот материјал во Чернобил и нуклеарната централа Запорожжја бидејќи МААЕ нема сигнал за пренос на податоци веќе неколку дена. „Она што го имаме е всушност деградирачка ситуација, што е загрижувачка ситуација за нас. Врската за пренос на податоци не беше за оперативна безбедност, туку за да се провери дали материјалот се користи само за мирни цели, рече тој. Меѓутоа, проблем е доколку МААЕ константно не ги добива овие информации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-rusija-i-ukraina-ne-se-dogovorija-za-garanciite-za-nuklearna-bezbednost/feed/ 0