нуклеарна централа „Запорожје“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Jun 2023 08:45:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нуклеарна централа „Запорожје“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Киев тврди дека руската армија заминува од нуклеарната централа Запорожје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-tvrdi-deka-ruskata-armija-zaminuva-od-nuklearnata-tsentrala-zaporozhje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-tvrdi-deka-ruskata-armija-zaminuva-od-nuklearnata-tsentrala-zaporozhje/#respond Fri, 30 Jun 2023 08:45:30 +0000 https://kurir.mk/?p=851112

– Руските сили почнаа да ја напуштаат нуклеарната централа Запорожје, соопшти украинското Министерство за одбрана. Русија ја окупираше централата во март минатата година, а Украина неодамна тврдеше дека руските сили планираат да извршат терористички напад врз нуклеарката и соодветно на тоа одржаа вежби за подготовка за нуклеарна катастрофа. Според најновите податоци, окупацискиот контингент постепено ја напушта територијата на нуклеарната централа. Тројца вработени во Росатом беа меѓу првите кои ја напуштија централата, соопшти Министерството за одбрана на Телеграм. Во соопштението се посочува и дека на украинските вработени кои го потпишаа договорот со Росатом им беше препорачано ја напуштат електраната до 5 јули.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-tvrdi-deka-ruskata-armija-zaminuva-od-nuklearnata-tsentrala-zaporozhje/feed/ 0
Најмалку двајца загинати во руски напад врз станбена зграда во Запорожје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dvajtsa-zaginati-vo-ruski-napad-vrz-stanbena-zgrada-vo-zaporozhje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dvajtsa-zaginati-vo-ruski-napad-vrz-stanbena-zgrada-vo-zaporozhje/#respond Thu, 02 Mar 2023 08:42:11 +0000 https://kurir.mk/?p=807008

Најмалку две лица загинаа во руски напад врз станбена зграда во Запорожје, на југот на Украина, соопштија денеска локалните власти. „Луѓето се под урнатините. Според прелиминарните информации, две лица загинаа“, изјави градскиот функционер Анатолиј Куртев за Телеграм. Тој додаде дека зградата е „практично целосно уништена“ во нападот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dvajtsa-zaginati-vo-ruski-napad-vrz-stanbena-zgrada-vo-zaporozhje/feed/ 0
Москва: Засега не се можни директни трилатерални разговори за нуклеарната централа Запорожје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moskva-zasega-ne-se-mozni-direktni-trilateralni-razgovori-za-nuklearnata-centrala-zaporozje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moskva-zasega-ne-se-mozni-direktni-trilateralni-razgovori-za-nuklearnata-centrala-zaporozje/#respond Sat, 17 Dec 2022 14:52:42 +0000 https://kurir.mk/?p=777022

Русија смета дека директни трилатерални разговори меѓу Москва, Киев и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за заштитената зона околу нуклеарната централа Запорожје не се можни поради моменталната состојба на руско-украинските односи, изјави рускиот постојан претставник во МААЕ Михаил Уљанов. – Се разбира, напредокот по ова прашање би можел да биде побрз доколку се одржат трилатерални разговори, но тоа е невозможно поради моменталната состојба на руско-украинските односи, изјави Уљанов во интервју за ТАСС. Тој објасни дека од тие причини генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, се занимава со шатл дипломатија и дека наизменично комуницира со Киев и Москва. Рускиот дипломат верува дека се уште има шанси да се постигне договор за заштитената зона околу нуклеарната централа Запорожје, но дека е рано да се каже дека е блиску. – Минатиот понеделник во Париз се одржа состанок меѓу генералниот директор на МААЕ и украинскиот премиер Денис Шмигал. Како што дознаваме, на оваа тема детално се разговарало за време на средбите. Значи, процесот продолжува и има шанси да постигнат договор. Во исто време би било рано да се каже дека сме блиску до договор, изјави Уљанов.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moskva-zasega-ne-se-mozni-direktni-trilateralni-razgovori-za-nuklearnata-centrala-zaporozje/feed/ 0
МААЕ: По гранатирањето не е нарушена безбедноста во нуклеарната централа Запорожје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-po-granatiranjeto-ne-e-narushena-bezbednosta-vo-nuklearnata-centrala-zaporozje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-po-granatiranjeto-ne-e-narushena-bezbednosta-vo-nuklearnata-centrala-zaporozje/#respond Tue, 22 Nov 2022 07:04:45 +0000 https://kurir.mk/?p=764510

Претставници Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) синоќа соопштија минатонеделното гранатирање не ја наруши безбедноста во украинската нуклеарна централа Запорожје, управувана од Русија. Четворица експерти на МААЕ, стационирани во нуклеарната електрана Запорожје, тврдат дека кон крајот на минатата недела се случило најголемо гранатирање во изминатите неколку месеци, но дека клучните безбедносни системи не се засегнати. Состојбата на шесте реактори е стабилна, а потврден е интегритетот на потрошеното гориво, новото гориво и радиоактивен отпад од ниско, средно и високо ниво во нивните складишта, се наведува во соопштението на МААЕ. Но, според МААЕ гранатирањето причинило „голема штета на целата локација“ односно неколку гранати паднале на главниот пат до реакторите, шрапнели погодиле цевките за компримиран воздух, а регистрирани се и мали оштетувања на цевководот на противпожарната прскалка и оштетување на покривот на специјалната комунална зграда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-po-granatiranjeto-ne-e-narushena-bezbednosta-vo-nuklearnata-centrala-zaporozje/feed/ 0
Гроси: Нападите врз нуклеарната централа „Запорожје“ се апсолутно намерни и насочени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grosi-napadite-vrz-nuklearnata-centrala-zaporozje-se-apsolutno-namerni-i-nasocheni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grosi-napadite-vrz-nuklearnata-centrala-zaporozje-se-apsolutno-namerni-i-nasocheni/#respond Mon, 21 Nov 2022 06:48:08 +0000 https://kurir.mk/?p=763959

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси ги оцени вчерашните напади врз украинската нуклеарна централа во Запорожје како „апсолутно намерни и насочени“ и додаде дека ситуацијата е „сериозна“. -Повеќе од десет напади беа насочени директно кон разводната табла, рече Гроси во интервју за француската онлајн телевизија BFMTV. Гроси не им ја препиша одговорноста на руските или украинските сили, туку додаде дека е неверојатно некој да ја смета нуклеарната централа за легитимна воена цел. -Кој и да е, ова лудило треба да се престане. Луѓето кои го прават ова знаат каде удираат. Тоа е апсолутно намерно и насочено, рече првиот човек на МААЕ. Русија и Украина вчера меѓусебно се обвинија за воздушните напади врз централата лоцирана на југот на Украина под контрола на руската армија. -Централата е на првата линија на фронтот, а постојат воени активности што е многу тешко да се идентификуваат, рече Гроси, додавајќи дека двајца инспектори на МААЕ се на терен и ја проценуваат ситуацијата во централата. Според него, оштетувања имало на чувствителните области. -Не беа погодени реакторите, туку зоната каде што има и свежо и употребено гориво, рече Гроси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grosi-napadite-vrz-nuklearnata-centrala-zaporozje-se-apsolutno-namerni-i-nasocheni/feed/ 0