нуклеарна подморница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Oct 2021 05:42:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нуклеарна подморница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американска нуклеарна подморница се судрила со објект за време на пловидба во Јужното Кинеско Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanska-nuklearna-podmornica-se-sudrila-so-objekt-za-vreme-na-plovidba-vo-juznoto-kinesko-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanska-nuklearna-podmornica-se-sudrila-so-objekt-za-vreme-na-plovidba-vo-juznoto-kinesko-more/#respond Fri, 08 Oct 2021 05:42:44 +0000 https://kurir.mk/?p=575126

Американска нуклеарна подморница се судрила со неидентификуван објект додека патролираше во Јужното Кинеско Море, област каде Кина има големи претензии, соопшти американската морнарица. „Американската нуклеарна подморница „Конектикат“ се судри со неидентификуван објект за време на навигацијата во индо-пацифичкиот регион“, објави денеска прес-службата на Пацифичката флота на американската морнарица. Подморницата за брз напад, од класата Сиволф „Конектикат“ (С СН 22) го погоди објектот додека беше под вода на 2 октомври попладне во меѓународните води во индо-пацифичкиот регион, се вели во соопштението, пренесува ТАСС. Безбедноста на екипажот останува главен приоритет на морнарицата, беше истакнато во соопштението во кое се додава дека никој не претрпел повреди опасни по живот. Подморницата е во стабилна состојба, нуклеарниот погон и простор не се погодени и се целосно во функција. Прес-службата наведе дека се проценува степенот на оштетување на остатокот од подморницата и додаде дека инцидентот ќе се испита. Според Фокс њуз, инцидентот се случил во Јужното Кинеско Море. Во извештајот се наведува дека подморницата не се судрила со друга подморница и се враќа во пристаништето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanska-nuklearna-podmornica-se-sudrila-so-objekt-za-vreme-na-plovidba-vo-juznoto-kinesko-more/feed/ 0