нуклеарна програма – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Sep 2022 06:10:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нуклеарна програма – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Борел очекува наскоро да се потпише усогласениот Договор за иранската нуклеарна програма https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-ochekuva-naskoro-da-se-potpishe-usoglaseniot-dogovor-za-iranskata-nuklearna-programa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-ochekuva-naskoro-da-se-potpishe-usoglaseniot-dogovor-za-iranskata-nuklearna-programa/#respond Thu, 01 Sep 2022 06:18:28 +0000 https://kurir.mk/?p=726997

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел вчера во Прага изјави дека е сигурен оти преговорите за обновување на нуклеарниот договор со Иран наскоро би можеле успешно да завршат. -Јасно гледам дека постои заедничка основа, дека имаме договор кој ја зема предвид, мислам, загриженоста на сите, рече шефот на дипломатијата на ЕУ на прес-конференцијата по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ. Во тек се напори за заживување на договорот од Виена од 2015 година за ставање под контрола на иранската нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите. Техеран инсистира на тоа дека неговите нуклеарни истражувачки активности се исклучиво за цивилна употреба. Првиот договор беше направен во 2015 година, но пропадна неколку години подоцна за време на мандатот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој унилатерално ги повлече САД од Договорот. Преговарачите на ЕУ соопштуваат дека е разработена нова верзија на договорот и дека само чекаат потврда од двете страни за неговото прифаќање. Борел неодамна компромисните нацрти на текстот на договорот ги сподели со иранските и американските преговарачи и како разумни ги опиша одговорите што ги добил од двете страни. -Се надевам дека во наредните денови нема да го загубиме овој поттик и дека ќе успееме да го затвориме договорот, рече Борел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-ochekuva-naskoro-da-se-potpishe-usoglaseniot-dogovor-za-iranskata-nuklearna-programa/feed/ 0
Учесниците во преговорите за иранската нуклеарна програма изразија оптимизам за можноста за постигнување договор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uchesnicite-vo-pregovorite-za-iranskata-nuklearna-programa-izrazija-optimizam-za-moznosta-za-postignuvanje-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uchesnicite-vo-pregovorite-za-iranskata-nuklearna-programa-izrazija-optimizam-za-moznosta-za-postignuvanje-dogovor/#respond Mon, 08 Aug 2022 05:49:42 +0000 https://kurir.mk/?p=715433

Водечките учесници во преговорите за иранската нуклеарна програма, кои се одржуваат во Виена, изразија оптимизам за можноста за склучување договор за воведување ограничувања на збогатувањето ураниум во Техеран. „Ние сме на 5 минути или 5 секунди до крајната десница“, изјави рускиот претставник Михаил Улјанов за медиумите во Виена, четири дена по почетокот на преговорите. Според него, остануваат да се решат „3 или 4 прашања“. „Ова се чувствителни теми, особено за Иранците и Американците“, додаде Уљанов. „Не можам да гарантирам, но впечатокот е дека се движиме во вистинската насока“. Главниот преговарач на ЕУ, Енрике Мора, исто така, рече дека е оптимист за напредокот на разговорите досега. „Имаме напредок и очекувам наскоро да ги завршиме преговорите“, изјави тој за иранските медиуми. По де факто неуспехот на договорот склучен во 2015 година, Иран почна да користи напредни центрифуги и брзо ги зголеми залихите на збогатен ураниум. Техеран постигна договор со САД, Франција, Германија, Велика Британија, Русија и Кина во кој Иран се согласи да го ограничи збогатувањето ураниум под надзор на инспекторите на ОН во замена за укинување на економските санкции, но во 2018 година претседателот на САД Доналд Трамп еднострано ги повлече САД од договорот. Иран почна да ги крши своите услови една година подоцна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uchesnicite-vo-pregovorite-za-iranskata-nuklearna-programa-izrazija-optimizam-za-moznosta-za-postignuvanje-dogovor/feed/ 0
Во Виена денеска продолжуваат разговорите за иранската нуклеарна програма https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-viena-deneska-prodolzuvaat-razgovorite-za-iranskata-nuklearna-programa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-viena-deneska-prodolzuvaat-razgovorite-za-iranskata-nuklearna-programa/#respond Thu, 04 Aug 2022 06:12:15 +0000 https://kurir.mk/?p=713784

По неколкумесечен застој денеска во Австрија треба да продолжат преговорите за иранската нукларна програма, во обид да се рестартира процесот и да се контролира забрзаниот технолошки развој на Иран. За првпат од март претставниците на Иран, Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија, со учество на САД, во дворецот Кобург ќе разговараат за спас на „агонизирачкиот“ договор од 2015 година што има за цел спречување на Техеран да дојде до нуклеарно оружје. Новата рунда преговори што започна во април минатата година „може да даде можност за приспособување на целите и да даде нов поттик потребен за постигнување на целите“, смета Ели Геранмае, аналитичарка во Европскиот совет за надворешна политика. Пред да отпатува за Виена шефот на иранскиот преговарачки тим, Али Багери, ги повика САД „да ја искористат оваа поволна можност да дејствуваат одговорно“. Претставникот на ЕУ, Енрике Мора, се очекува да ја координира средбата и да спроведува „шатл“ дипломатија меѓу американската делегација со останатите учесници. Американскиот претставник Роберт Мали кој, исто така, се очекува да присуствува на состанокот во Виена, вообичаено престојува во друг хотел бидејќи Техеран не сака непосреден контакт. Мали во изјавата објавено пред заминувањето за Австрија не е особено ентузијастичен по однос исходот од разговорите. „Ги знаеме нашите очекувања, но САД се подготвени да се обидат со добра волја да постигнат договор. Наскоро ќе дознаеме дали Иран е подготвен на истото“, напиша тој на Твитер. По неуспехот на разговорите меѓу Американците и Иранците во Катар на крајот на јуни, шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, на 26 јули претстави нацрт-компромисен документ, повикувајќи ги страните да го прифатат за да се избегне „опасна криза“. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, синоќа изјави дека и Иран, исто така, предложил идеи и се надева оти тие ќе бидат разгледани на оваа рунда разговори. Европските дипломати ја поздравуваат средбата во Виена, како демонстрација на волјата на сите да се продолжи напред во процесот. Неименуван дипломат на ЕУ со седиште во Виена истакна дека преговорите се позитивна работа, но оти истовремено предупреди дека „нема никакви гаранции за успех“]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-viena-deneska-prodolzuvaat-razgovorite-za-iranskata-nuklearna-programa/feed/ 0
Иран и САД во Катар ги почнаа преговорите за иранската нуклеарна програма https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-i-sad-vo-katar-gi-pochnaa-pregovorite-za-iranskata-nuklearna-programa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-i-sad-vo-katar-gi-pochnaa-pregovorite-za-iranskata-nuklearna-programa/#respond Tue, 28 Jun 2022 20:12:30 +0000 https://kurir.mk/?p=697018

Иран и САД денеска во Катар започнаа индиректни преговори со посредство на Европската Унија за иранската нуклеарна програма. Главниот ирански преговарач Али Багери Кани се состана со претставникот на ЕУ Енрике Мора во Доха, по претходниот состанок со катарските власти и иранскиот амбасадор. Мора ќе ги пренесува пораките меѓу САД и Иран. Катарскиот министер за надворешни работи рече дека целта на разговорите е повторно да се воспостави договорот „на начин што ќе ги поддржува и зајакнува безбедноста, стабилноста и мирот во регионот и отвора нови хоризонти за поширока регионална соработка и дијалог со Исламската Република Иран“. Во 2015 година, Иран и неколку западни земји во светот постигнаа договор за иранската нуклеарна програма. Според договорот, Техеран драстично го намали збогатувањето ураниум во замена за укинување на економските санкции. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп еднострано ги повлече САД од договорот во 2018 година, што ги зголеми тензиите на Блискиот Исток и предизвика конфликти и инциденти. Преговорите во Виена за иранската нуклеарна програма се во застој од март. По пропаѓањето на договорот од 2015 година, Иран почна брзо да ги зголемува залихите на збогатен ураниум. Иран инсистира дека не развива нуклеарна програма за воени цели. ОН и западните разузнавачки експерти велат дека Иран имал организирана воена нуклеарна програма во 2003 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-i-sad-vo-katar-gi-pochnaa-pregovorite-za-iranskata-nuklearna-programa/feed/ 0
Бенет од СБ на ОН побара мерки против Иран поради нуклеарната програма https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/benet-od-sb-na-on-pobara-merki-protiv-iran-poradi-nuklearnata-programa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/benet-od-sb-na-on-pobara-merki-protiv-iran-poradi-nuklearnata-programa/#respond Tue, 12 Oct 2021 13:08:38 +0000 https://kurir.mk/?p=577746

Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска го повика Советот за безбедност на ОН да преземе мерки против Иран поради ескалација на нуклеарната програма на земјата. Бенет зборуваше на конференција во Ерусалим, на која сугерираше дека однесувањето на Иран е проблем на секоја нација, како и дека е предмет на глобална одговорност. Откако преговорите меѓу Техеран и светските сили за заживување на нуклеарниот договор беа во прекин претходно оваа година, Иран ги прекрши ограничувањата утврдени во договорот. Бенет го пренесе својот аргумент до другите лидери, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел, а тоа е дека Иран ги крши основните меѓународни обврски од нуклеарниот договор од 2015 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/benet-od-sb-na-on-pobara-merki-protiv-iran-poradi-nuklearnata-programa/feed/ 0
Северна Кореја ја унапредува својата нуклеарна воена програма https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-ja-unapreduva-svojata-nuklearna-voena-programa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-ja-unapreduva-svojata-nuklearna-voena-programa/#respond Thu, 14 May 2020 09:14:15 +0000 https://kurir.mk/?p=345703

Според проценките на меѓународната организација за укинување на нуклеарното оружје, Северна Кореја минатата година потрошила околу 620 милиони долари на својата програма за нуклеарно оружје, јави агенцијата Јонхап. Како што соопшти организацијата, Северна Кореја во 2009 година потрошила околу 35 проценти од својот БДП на вооружените сили, додека во 2011 година издвоила шест отсто од својот воен буџет за нуклеарната програма. Се проценува дека Пјонгјанг има 35 нуклеарни боеви глави и дека е во процес на правење ракетни носачи за нуклеарни ракети што можат да бидат истрелани од земја и од подморници. САД трошат најмногу пари за нуклеарната програма, околу 35,5 милијарди долари годишно, а потоа следат Кина со 10,4 милијарди и Велика Британија со 8,9 милијарди долари. Во 2019 година во светот за нуклеарно оружје се потрошени вкупно 72,9 милијарди долари, односно 7,1 милијарди повеќе отколку во 2018 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-ja-unapreduva-svojata-nuklearna-voena-programa/feed/ 0
ОН: Северна Кореја продолжува со развојот на нуклеарната програма и балистичките ракети https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-severna-koreja-prodolzuva-so-razvojot-na-nuklearnata-programa-i-balistichkite-raketi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-severna-koreja-prodolzuva-so-razvojot-na-nuklearnata-programa-i-balistichkite-raketi/#respond Tue, 11 Feb 2020 07:10:12 +0000 https://kurir.mk/?p=302130

Северна Кореја минатата година продолжила да ја развива својата нуклеарна програма и балистички ракети, со што ги прекршила санкциите на Обединетите нации, јавија британските медиуми, повикувајќи се на доверлив извештај на светската организација. Во извештајот на 67 страници, во кој британските медиуми имале увид, се наведува дека Северна Кореја противправно увезувала рафинирана нафта и извезувала јаглен во вредност од 370 милиони долари, користејќи ги кинеските баржи (риморкери). Станува збор за извештај упатен до комитетот на Советот за безбедност на ОН за надгледување на санкциите кон Северна Кореја , што следниот месец треба да биде објавен. „Во текот на 2019 година Демократска Народна Република Кореја не ги прекина своите противправни нуклеарни програми и развојот на балистичките ракети што продолжи да ги развива, што претставува кршење на резолуцијата на Советот за безбедност“, се оценува во извештајот на независните набљудувачи на Советот за безбедност. Северна Кореја е под санкции уште од 2006 година, кои 15-члениот СБ на ОН во текот на годините ги засилуваше со цел да го спречи финансирањето на нуклеарната и програмата за разој на балистичките ракети, потсетувата британските медиуми. Во извештајот се наведува дека санкциите не биле насочени проитв цивилите во Северна Кореја, но и се констатира дека тие имале „ненамерно влијание врз хуманитарната ситуација и хуманитарните операции во земјата“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-severna-koreja-prodolzuva-so-razvojot-na-nuklearnata-programa-i-balistichkite-raketi/feed/ 0