нуклеарна војна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 Aug 2022 08:01:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нуклеарна војна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Австралија и Аргентина најдобро би се справиле со последиците од хипотетичка нуклеарна војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-i-argentina-najdobro-bi-se-spravile-so-posledicite-od-hipotetichka-nuklearna-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-i-argentina-najdobro-bi-se-spravile-so-posledicite-od-hipotetichka-nuklearna-vojna/#respond Thu, 18 Aug 2022 08:01:25 +0000 https://kurir.mk/?p=720327

Научниците од Универзитетот Рутгерс во американската сојузна држава Њу Џерси спроведоа истражувања коишто покажаа дека Австралија и Аргентина, во случај на хипотетичка нуклеарна војна и апокалипса, најдобро би се справиле со нејзините последици. Списанието „Нејчр фуд“ (Nature Food) објави сценарио за судир каде што би се користело нуклеарно оружје… Според научниците, атомските бомби фрлени врз град и индустриски центри, ќе предизвикаат пожари, а атмосферата ќе биде загадена и поради честички од огнот. Последици на сѐ тоа ќе бидат климатски промени и намалување на залихите на храна на копното и во океаните. „Доколку повеќе од 150 тераграми (150 милијарди килограми) чад се испушти во атмосферата, употребата на жито ќе се намали за околу 90 насто во рок од три до четири години по апокалипсата“, предвидуваат експертите. Мапите објавени од научниците покажуваат дека Австралија и Аргентина ќе може да одржуваат оптимален внес на храна и килокалории по глава на жител на ден, дури и со најголема количина на загадувања со чад и штетни гасови во атмосферата. Стручњаците ги пресметале и последиците од хипотетички воени судири меѓу конкретни земји. Така на пр., во случај на војна меѓу Русија и САД, повеќе од пет милијарди луѓе би можеле да загинат, додека планетата би се соочила со тн. „нуклеарна зима“. Во написот се наведува дека и Нов Зеланд ќе биде меѓу најмалку погодените. Сепак, според научниците, доколку навистина се случи вакво сценарио, овие области ќе се соочат со наплив на бегалци од Азија и други земји кои ќе страдаат од недостиг на храна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-i-argentina-najdobro-bi-se-spravile-so-posledicite-od-hipotetichka-nuklearna-vojna/feed/ 0
Нуклеарна војна би предизвикала глобален глад и смрт на милијарди луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nuklearna-vojna-bi-predizvikala-globalen-glad-i-smrt-na-milijardi-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nuklearna-vojna-bi-predizvikala-globalen-glad-i-smrt-na-milijardi-lugje/#respond Wed, 17 Aug 2022 10:33:20 +0000 https://kurir.mk/?p=719800

Повеќе од 5 милијарди луѓе би умреле од глад по евентуалната нуклеарна војна меѓу САД и Русија, а дури и ограничен нуклеарен судир меѓу Индија и Пакистан би го десеткувало земјоделското производство и би резултирало со масовна глад во светот, покажува глобалната студија што ја изработија научници од американскиот Универзитет Рутгерс во соработка со повеќе други универзитети. Научниците ги пресметале ризиците од шест можни нуклеарни сценарија: пет помали индиско-пакистански војни и голем конфликт меѓу САД и Русија, врз основа на големината на нуклеарниот арсенал на секоја земја. Дури и релативно помал конфликт меѓу нуклеарните сили Индија и Пакистан може да предизвика глад на повеќе од милијарда луѓе и уништување на земјоделските култури. Само од експлозиите на нуклеарните бомби ќе умрат меѓу 50 до 100 милиони луѓе. Локален судир меѓу Индија и Пакистан би предизвикал пад на приносите во глобалното земјоделство за околу 7 проценти во рок од пет години, додека американско-руската војна би предизвикала за 90 отсто во рок од три до четири години. Овие промени ќе предизвикаат катастрофално нарушување на глобалните пазари на храна, а повеќе од 75 отсто од жителите на планетата би гладувале две години. Нуклеарните војни би донеле и други последици – озонската обвивка ќе биде уништена со загревањето на стратосферата, создавајќи повеќе ултравиолетово зрачење на површината, што ќе има катастрофални последици. Прашината и саѓите од експлозиите ќе предизвикаат затемнување и „нуклеарна зима“. Во годините веднаш по нуклеарниот конфликт, 5 милијарди луѓе би можеле да умрат од глад предизвикан од прашината во атмосферата, што би ја блокирало сончевата светлина, што веројатно многу би ги надминало жртвите предизвикани од самите експлозии. – Податоците ни кажуваат една работа: мораме да спречиме нуклеарна војна никогаш да не се случи. Забраната на нуклеарното оружје е единственото долгорочно решение. Петгодишниот Договор на ОН за забрана на нуклеарно оружје е ратификуван од 66 земји, но ниту една од деветте нуклеарни држави. Нашата работа јасно покажува дека е време тие девет држави да ја слушаат науката и остатокот од светот и да го потпишат овој договор, вели Алан Робок, професор по климатски науки на Рутгер и еден од авторите на студијата. Во студијата предводена од Рутгерс, учествувале научници и од Универзитот во Барселона, ​​Државниот универзитет во Луизијана, Институтот за истражување на климатските влијанија во Потсдам, Институтот за вселенски студии НАСА Годард, Универзитетот Колумбија, Националниот центар за атмосферски истражувања, Универзитетот во Колорадо и Универзитетот за технологија во Квинсленд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nuklearna-vojna-bi-predizvikala-globalen-glad-i-smrt-na-milijardi-lugje/feed/ 0
Лукашенко: Мораме да избегнеме нуклеарна војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lukashenko-morame-da-izbegneme-nuklearna-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lukashenko-morame-da-izbegneme-nuklearna-vojna/#respond Thu, 21 Jul 2022 16:26:57 +0000 https://kurir.mk/?p=708571

=Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека војната во Украина нема да престане сè додека Киев не ги прифати загубите и не преговара со Русија. Тој истакна дека сè зависи од Украина и оти војната сега може да заврши во околности што се поволни за Киев. – Таа (Украина) треба да седне на преговарачка маса, да се согласи дека никогаш нема да биде закана за Русија. Киев мора да прифати дека никогаш нема да има оружје на своја територија што би било закана за Русија. Украина, исто така, мора да прифати дека ги изгубила регионите окупирани од Русија на исток и југ. За тоа повеќе не станува збор, за тоа можевме да разговараме во февруари или март, истакна Лукашенко. Тој истакна дека мора да биде запрена војната со цел да се избегне нуклеарна војна. – Ајде, да запреме. Не треба да одиме понатаму. Понатаму, тоа е бездна. Понатаму, тоа е нуклеарна војна. Не треба да одиме таму, посочи Лукашенко. Тој нагласи дека работите може да се влошат бидејќи рускиот претседател Владимир Путин сè уште не ги искористил сите свои сили. Според Лукашенко, војната во Украина можеше да се избегне ако Западот гарантираше безбедност односно повлекување на НАТО во границите од 1997 година, ако престанеше приближувањето на Украина кон Западот, што Русија го перципира како закана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lukashenko-morame-da-izbegneme-nuklearna-vojna/feed/ 0
Лавров: Трета светска војна би била нуклеарна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-treta-svetska-vojna-bi-bila-nuklearna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-treta-svetska-vojna-bi-bila-nuklearna/#respond Thu, 03 Mar 2022 09:50:18 +0000 https://kurir.mk/?p=640018

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека американскиот претседател Џо Бајден рекол дека единствената алтернатива на санкциите е трета светска војна, на што тој се надоврза и порача дека трета светска војна може да биде само „нуклеарна војна“. Тој вели дека тоа е само во главите на западните политичари – и не е во главите на рускиот народ, пренесува Би-Би-Си. – Ако се води вистинска војна против нас, тогаш оние што прават такви планови треба да размислат за тоа, а според мене такви планови се прават, изјави тој на денешната прес-конференција во Москва, која се уште е во тек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-treta-svetska-vojna-bi-bila-nuklearna/feed/ 0
Шеф на Стратешката команда на САД: Постои „вистинска можност“ за нуклеарна војна со Кина или Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shef-na-strateshkata-komanda-na-sad-postoi-vistinska-moznost-za-nuklearna-vojna-so-kina-ili-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shef-na-strateshkata-komanda-na-sad-postoi-vistinska-moznost-za-nuklearna-vojna-so-kina-ili-rusija/#respond Wed, 03 Feb 2021 10:49:15 +0000 https://kurir.mk/?p=463570

Шефот на Стратешката команда на САД адмирал Чарлс Ричард соопшти дека е можна нуклеарна војна со Русија или Кина. Својата оценка тој ја изнесе во напис за февруарскиот број на официјалното издание на американскиот поморски институт. Ричард забележува дека по распадот на Советскиот Сојуз, Пентагон не морал да ја разгледува можноста за директна воена конфронтација со нуклеарна држава, но сега ситуацијата е променета. -Постои реална можност дека регионална криза со Русија или Кина може брзо да прерасне во конфликт со употреба на нуклеарно оружје, ако, според нив, постои закана за политичкиот систем или државата во случај на пораз при употреба на конвенционално оружје, напиша Ричард. Според адмиралот, не треба да се исклучи можноста дека потенцијален противник може да го искористи својот нуклеарен арсенал. Според Ричард, додека Министерството за одбрана на САД се фокусираше на борбата против тероризмот, Русија и Кина водат агресивна политика, оспорувајќи ги меѓународните норми на начини невидени уште од екот на Студената војна. Според мислењето на американскиот адмирал, ваквите постапки не треба да останат без одговор од Вашингтон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shef-na-strateshkata-komanda-na-sad-postoi-vistinska-moznost-za-nuklearna-vojna-so-kina-ili-rusija/feed/ 0