Нуклеарната војна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 29 Apr 2022 06:10:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Нуклеарната војна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гутереш: Нуклеарната војна е незамислива https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-nuklearnata-vojna-e-nezamisliva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-nuklearnata-vojna-e-nezamisliva/#respond Fri, 29 Apr 2022 06:10:42 +0000 https://kurir.mk/?p=669509

Нуклеарната војна е незамислива, изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во Киев, зборувајќи за можна трета светска војна. Тој во четвртокот за Би-Би-Си изјави дека „мора да направат се што е можно за да го спречат тоа“. Гутереш порача дека ОН нема да се откажат и дека сакаат мир во Украина „во согласност со повелбата на Обединетите нации“. „На Украина и треба помош и ја заслужува нашата целосна посветеност и целосна поддршка“, рече генералниот секретар на ОН по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Гутереш повика и на отворање коридор за евакуација од украинскиот град Мариупол, велејќи дека градот е под опсада и „во криза“. „На илјадници цивили им е потребна помош за да си ги спасат животите. На многу постари луѓе им е потребна медицинска нега или нивната подвижност е ограничена, им треба начин да избегаат од апокалипсата“, додаде тој. Генералниот секретар вчера се сретна со претседателот на Украина и министерот за надворешни работи, Дмитриј Кулеба, по посетата на Москва, каде што се сретна со претседателот на Русија, Владимир Путин и министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-nuklearnata-vojna-e-nezamisliva/feed/ 0