нуклеарни боеви глави – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Mar 2023 13:19:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нуклеарни боеви глави – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НВО: Во 2022 година зголемен бројот на нуклеарни боеви глави подготвени за лансирање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nvo-vo-2022-godina-zgolemen-brojot-na-nuklearni-boevi-glavi-podgotveni-za-lansirane/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nvo-vo-2022-godina-zgolemen-brojot-na-nuklearni-boevi-glavi-podgotveni-za-lansirane/#respond Wed, 29 Mar 2023 13:19:47 +0000 https://kurir.mk/?p=817746

Бројот на нуклеарни боеви глави подготвени за лансирање се зголеми минатата година, се нагласува во извештај објавен денеска од норвешка невладина организација. Од почетокот на оваа година, државите кои официјално објавија дека поседуваат нуклеарно оружје и оние за кои постои сомневање дека го поседуваат имаа 9.576 нуклеарни боеви глави подготвени за лансирање - што е еднакво на „повеќе од 135.000 бомби како онаа фрлена врз Хирошима“ се вели во извештајот на норвешката невладина организација „Норвешка народна помош“ (Norsk Folkeshjelp). Во саботата рускиот претседател Владимир Путин објави дека постигнал договор со Минск за распоредување тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија. Минатата година вкупниот број на нуклеарни боеви глави подготвени за лансирање се зголеми за 136 поради зголемувањето во Русија, Кина, Индија, Северна Кореја и Пакистан, се наведува во извештајот на норвешката организација. „Ова зголемување е алармантно и е продолжение на трендот што започна во 2017 година“, изјави претставник на Норск Фолкешјелп. Осумте земји кои официјално објавија дека поседуваат нуклеарно оружје се САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Индија и Пакистан, а Израел се претпоставува дека поседува такво оружје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nvo-vo-2022-godina-zgolemen-brojot-na-nuklearni-boevi-glavi-podgotveni-za-lansirane/feed/ 0
Русија поседува речиси 6.000 нуклеарни боеви глави https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-poseduva-rechisi-6-000-nuklearni-boevi-glavi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-poseduva-rechisi-6-000-nuklearni-boevi-glavi/#respond Wed, 21 Sep 2022 16:13:50 +0000 https://kurir.mk/?p=735821

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека има „различни оружја за уништувања“ и ги предупреди светските лидери за „нуклеарна уцена“ против неговата земја. – Доколку е загрозен територијалниот интегритет на нашата земја, ние без сомнение ќе ги искористиме сите расположливи средства за да ги заштитиме Русија и нашиот народ, ова не е блеф, истакна Путин во вонредното телевизиско обраќање до нацијата. Иако точниот број на нуклеарното оружје не е познат поради тајноста на безбедносните стратегии, според Федерацијата на американските научници, Русија има најмногу односно 5.977 нуклеарни боеви глави. Додека САД имаат 5.428 боеви глави, Франција 290, а Велика Британија 225 боеви глави. Русија и САД поседуваат приближно 90 проценти од сите нуклеарни боеви глави. Путин во март предизвика загриженост ширум светот откако ги стави своите нуклеарни сили во состојба на готовност. Русија поседува и интерконтиненталните балистички ракети (ИЦБМ), кои можат да стигнат и да ги уништат големите светски градови како Лондон или Вашингтон. ИЦБН може да достигне максимална брзина околу 10 минути по лансирањето, што значи дека една ракета истрелана од Русија може да стигне до Велика Британија за само 20 минути. За Русија да употреби нуклеарно оружје има одредена процедура. Претседателот, министерот за одбрана или началникот на Генералштабот треба да одобрат употреба на нуклеарно оружје. Руската нуклеарна доктрина дозволува употреба на тактичко нуклеарно оружје – ограничена нуклеарна експлозија во конвенционален конфликт. Стратешкото нуклеарно оружје може да погоди цели многу подалеку, како што се оние во САД. Тактичко нуклеарно оружје е термин кој се користи за ракети што се распоредени на бојното поле, како во Украина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-poseduva-rechisi-6-000-nuklearni-boevi-glavi/feed/ 0