нуклеарни централи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 15 Apr 2023 08:32:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нуклеарни централи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германија ги затвора последните три нуклеарни централи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-gi-zatvora-poslednite-tri-nuklearni-tsentrali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-gi-zatvora-poslednite-tri-nuklearni-tsentrali/#respond Sat, 15 Apr 2023 08:32:37 +0000 https://kurir.mk/?p=824179

Со одлука на германската Влада денеска ќе бидат исклучени од мрежата за снабдување со електрична енергија последните три реактори на нуклеарните централи. Првично беше планирано последните три нуклеарни централи Емсланд, Исар 2 и Некарвестхајм 2 да бидат исклучени на крајот на минатата година, но нивната работа беше предложена поради проблеми со снабдувањето со електрична енергија како резултат на рускиот напад врз Украина. - Излегувањето од системот за снабдување со електрична енергија од нуклеарните централи ја прави нашата земја побезбедна бидејќи ризиците што ги носат нуклеарните централи се непремостливи, изјави германската министерка за заштита на животната средина Штефи Лемке (Зелени). Група научници вчера ја повика германската Влада да го пролонгира затворањето на нуклеарните централи. - Поради големата закана што климатските промени ја претставуваат за животот на нашата планета и поради очигледната енергетска криза во која се соочуваат Германија и Европа поради прекинот на испораките од Русија, апелираме до германската Влада да ги остави преостанатите три нуклеарни електрани во функција, се наведува во отвореното писмо на научниците испратено до германскиот канцелар Олаф Шолц. Во писмото, кое меѓу другите го потпишаа и добитниците на Нобеловата награда за физика Клаус фон Клицинг и Стивен Чу, се наведува дека нуклеарните централи треба да се задржат поради „очигледните предности на процесот на климатски промени“. - Овие електрани снабдуваат 10 милиони домаќинства во Германија со електрична енергија, која се добива на начин што не ги забрзува климатските промени. Со тоа Германија годишно заштедува 30 милиони тони штетен јаглерод диоксид, се наведува во писмото потпишано од дваесет научници. Научниците укажуваат на други земји во Европа, како што се Франција, Полска или Велика Британија, кои се откажаа од затворањето на своите нуклеарни централи во последните години. Според резултатите од анкетата на јавниот сервис АРД, 59 проценти од испитаниците оцениле дека таквата политичка одлука е погрешна, додека 34 отсто ја сметаат за исправна. Одлуката за повлекување на Германија од системот за снабдување со електрична енергија од нуклеарните централи ја донесе владата на поранешната канцеларка Ангела Меркел (ЦДУ) по нуклеарната катастрофа во Фукушима, Јапонија во 2011 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-gi-zatvora-poslednite-tri-nuklearni-tsentrali/feed/ 0
Холандија ќе гради две нови нуклеарни централи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandija-kje-gradi-dve-novi-nuklearni-centrali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandija-kje-gradi-dve-novi-nuklearni-centrali/#respond Wed, 30 Nov 2022 18:05:50 +0000 https://kurir.mk/?p=769021

Холандската влада планира да изгради две нуклеарни централи во провинцијата Зелант на југозападот од земјата, чија изградба треба да заврши во следните десет години, изјавија владини извори за РТЛ и НОС. Нуклеарните централи се планира да се градат во селото Борсел, каде веќе има една нуклеарна централа, соопшти страницата „Дач Њуз“. Изворите наведуваат дека селото Борсел е подготвено за две нови нуклеарни централи, бидејќи таму веќе постои инфраструктура потребна за изградба на такви објекти. Централата во Борсел веќе произведува околу три отсто од целокупната електрична енергија во Холандија. Таа требаше да биде затворена во 2033 година, но ќе остане во функција се додека не се изградат новите две електрани. Официјалното соопштение за изградбата на централите е планирано за петок. Владата се надева дека нуклеарните централи би можеле да произведат околу 20 отсто од енергијата потребна на Холандија, но и да ја намалат зависноста од фосилни горива.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandija-kje-gradi-dve-novi-nuklearni-centrali/feed/ 0
Гроси: МААЕ ќе го зголеми својот персонал во украинските нуклеарни централи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grosi-maae-kje-go-zgolemi-svojot-personal-vo-ukrainskite-nuklearni-centrali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grosi-maae-kje-go-zgolemi-svojot-personal-vo-ukrainskite-nuklearni-centrali/#respond Tue, 29 Nov 2022 15:47:00 +0000 https://kurir.mk/?p=768364

Првиот човек на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска изјави дека агенцијата ќе го зголеми бројот на свои вработени во украинските нуклеарни централи за да ја заштити енергетската инфраструктура. Покрај тоа, директорот Гроси на Твитер соопшти дека се сретнал и со шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба. „Под итно ќе продолжиме да работиме заедно на создавањето нуклеарна безбедносна зона околу нуклеарната централа Запорожје“, напиша Гроси под фотографијата со Кулеба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grosi-maae-kje-go-zgolemi-svojot-personal-vo-ukrainskite-nuklearni-centrali/feed/ 0
МААЕ подготвена да ги посети украинските нуклеарки по руските напади https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-podgotvena-da-gi-poseti-ukrainskite-nuklearki-po-ruskite-napadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-podgotvena-da-gi-poseti-ukrainskite-nuklearki-po-ruskite-napadi/#respond Fri, 25 Nov 2022 11:53:32 +0000 https://kurir.mk/?p=766432

Украинските нуклеарни централи треба да бидат прегледани од меѓународните набљудувачи, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), додека се зголемуваат грижите за несреќи поради постојаните руски воздушни напади, што целат кон енергетската инфраструктура на државата. Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси информираше дека тим на неговата агенција ќе ги посети украинските објекти во Хмелницки и Ривне, како и во напуштениот објект во Чернобил. Се довршуваат подготовките и наскоро ќе пристигнат инспекторите, пренесе германската новинска агенција ДПА. Најверојатно, инспекторите ќе се фокусираат на техничките системи и плановите за итни случаи во објектите. Веќе има инспектори во нуклеарната централа Запорожје, област под руска контрола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-podgotvena-da-gi-poseti-ukrainskite-nuklearki-po-ruskite-napadi/feed/ 0
Трите нуклеарни централи под контрола на Украина исклучени од електричната мрежа по нови руски напади https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trite-nuklearni-centrali-pod-kontrola-na-ukraina-isklucheni-od-elektrichnata-mreza-po-novi-ruski-napadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trite-nuklearni-centrali-pod-kontrola-na-ukraina-isklucheni-od-elektrichnata-mreza-po-novi-ruski-napadi/#respond Wed, 23 Nov 2022 16:10:29 +0000 https://kurir.mk/?p=765519

Сите три нуклеарни централи кои сè уште се под контрола на Украина се исклучени од електричната мрежа, соопшти денеска украинскиот нуклеарен оператор, по нови руски воздушни напади врз државата. Енергоатом во соопштението наведува дека нападите ги активирале протоколите за вонредни состојби во нуклеарните централи Ривненска, Пивденноукраинска и Хмељницка и оти „како резултат… сите реактори автоматски се исклучени“ од електричната мрежа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trite-nuklearni-centrali-pod-kontrola-na-ukraina-isklucheni-od-elektrichnata-mreza-po-novi-ruski-napadi/feed/ 0
Полска ја одобри изградбата на првите нуклеарни централи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-ja-odobri-izgradbata-na-prvite-nuklearni-centrali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-ja-odobri-izgradbata-na-prvite-nuklearni-centrali/#respond Wed, 02 Nov 2022 21:20:20 +0000 https://kurir.mk/?p=754816

Полската Влада донесе одлука за изградба на првите нуклеарни централи во земјата, а договорот за изградба на првата нуклеарка и е доделен на американската компанија „Вестингхаус Електрик“, соопшти денеска новинската агенција „ПАП“ по одржаната владина седница.Договорот се надоврзува на оној од 2020 година што Вашингтон и Варшава го потпишаа за комерцијална употреба на нуклеарна енергија. „Не треба да се потпираме само врз потврдена технологија, туку и врз потврдени партнери“, ја пренесува агенцијата изјавата на премиерот Матеуш Моравјецки. Првата нуклеарна централа ќе биде изградена во Лубијатово-Копалино на брегот на Балтичкото Море во Померанското војводство, северозападно од Гдањск. Предвидено е таму да бидат изградени три „AP1000“ реактори, а првиот треба да започне со работа идната година. „Втората нукеларна централа ќе биде проект на корејски и полски компании, рече Моравјецки. Во 1980-тите, во близина на Гдањск започна изградбата на нуклеарна централа со советски дизајн, но таа никогаш не беше завршена поради спротивставување на населението. Термоцентралите на јаглен денеска обезбедуваат околу 70 проценти од националните потреби за електрична енергија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-ja-odobri-izgradbata-na-prvite-nuklearni-centrali/feed/ 0
Полска планира да изгради три нуклеарни централи со шест реактори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-planira-da-izgradi-tri-nuklearni-centrali-so-shest-reaktori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-planira-da-izgradi-tri-nuklearni-centrali-so-shest-reaktori/#respond Mon, 31 Oct 2022 14:42:44 +0000 https://kurir.mk/?p=753320

Полска планира да изгради три нуклеарни централи со шест реактори во рамки на нуклеарно-енергетската програма енергија, објави доцна синоќа полскиот премиер Матеуш Моравјецки, јави Анадолија. Полската новинска агенција ПАП објави дека Моравјецки изјавил дека полската нуклеарна програма е поттикната од желбата да се обезбеди енергетска безбедност. Во петокот Моравјецки на Твитер потврди дека е постигнат договор со Соединетите Американски Држави и компанијата Вестингхаус за изградба на првата нуклеарна централа. „Нуклеарните централи ќе ни помогнат да бидеме независни од каприците на пазарот, трговците со енергија и временските услови“, рече полскиот премиер. Тој потврди дека инвестирањето во нуклеарна енергија „не значи дека Полска нема да развива обновливи извори на енергија“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-planira-da-izgradi-tri-nuklearni-centrali-so-shest-reaktori/feed/ 0
Германија нема да ги затвори преостанатите нуклеарни централи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-nema-da-gi-zatvori-preostanatite-nuklearni-centrali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-nema-da-gi-zatvori-preostanatite-nuklearni-centrali/#respond Tue, 27 Sep 2022 18:06:09 +0000 https://kurir.mk/?p=738154

Германскиот министер за економија и енергија Роберт Хабек денеска изјави дека во земјата ќе продолжи да работат две од нејзините три преостанати нуклеарни централи до април следната година за да се спречи потенцијалниот недостиг на електрична енергија во наредните месеци. Хабек привремено го откажува долгогодишниот план на Германија за затворање на преостанатите нуклеарни централи до крајот на годината. Министерот рече дека двата реактори, Исар 2 во Баварија и Некарвестхајм северно од Штутгарт, ќе работат до средината на април. Претходно овој месец, локални функционери изјавија дека Германија ќе се придржува до својот план за затворање на преостанатите нуклеарни централи оваа година, но ќе ја задржи опцијата за рестартирање на две од нив во случај на недостиг на електрична енергија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-nema-da-gi-zatvori-preostanatite-nuklearni-centrali/feed/ 0
Две од три германски нуклеаерни централи ќе бидат ставени во резерва во случај да бидат потребни https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-od-tri-germanski-nukleaerni-centrali-kje-bidat-staveni-vo-rezerva-vo-sluchaj-da-bidat-potrebni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-od-tri-germanski-nukleaerni-centrali-kje-bidat-staveni-vo-rezerva-vo-sluchaj-da-bidat-potrebni/#respond Mon, 05 Sep 2022 18:27:21 +0000 https://kurir.mk/?p=729123

Две од последните три германски нуклеарни централи ќе бидат ставени во состојба на подготвеност до средината на април 2023 година, наместо да бидат затворени до крајот на годината, како што беше претходно планирано, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек. Двете електрани – Исар II во Баварија и Некарвестхајм во југозападната покраина Баден-Виртемберг – ќе бидат ставени во резерва во случај да бидат потребни за стабилизирање на електричната мрежа во јужна Германија оваа зима, појасни министерот, јави ДПА. Трите нуклеарки беа подготвени за трајно затворање до крајот на оваа година во серија политики наречени „Energiewende“ или „Енергетска транзиција“, кои датираат од претходникот на германскиот канцелар Олаф Шолц, Ангела Меркел. Но, се поголем број политичари аргументираат за продолжување на нивниот работен век, велејќи дека тоа ќе обезбеди алтернатива во случај на недостиг од снабдување со природен гас оваа зима. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-od-tri-germanski-nukleaerni-centrali-kje-bidat-staveni-vo-rezerva-vo-sluchaj-da-bidat-potrebni/feed/ 0
Хабек: Нема да ја продолжиме работата на нуклеарните централи во Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/habek-nema-da-ja-prodolzime-rabotata-na-nuklearnite-centrali-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/habek-nema-da-ja-prodolzime-rabotata-na-nuklearnite-centrali-vo-germanija/#respond Sun, 21 Aug 2022 15:53:03 +0000 https://kurir.mk/?p=721748

Германскиот министер за економија Роберт Хабек ја отфрли идејата за продолжување на работата на трите преостанати германски нуклеарни централи за да се заштеди на гас, истакнувајќи оти на тој начин би се заштедило не повеќе од два отсто. – Таа заштеда не е доволно голема за да се рестартира дебатата за нуклеарната енергија за која има консензус … Ако се земе предвид колку би се заштеди, тоа би била погрешна одлука, истакна Хабек. Тој додаде дека евентуално би ја прифатил идејата за продолжување на работата на нуклеарната централа во Баварија, доколку тоа се покаже неопходно за стабилност и снабдување со електрична енергија за зимата. Нуклеарните централи во Германија треба да бидат затворени до крајот на годината, во согласност со Законот усвоен од владата на канцеларката Ангела Меркел по катастрофата во јапонската нуклеарна централа Фукушима во 2011 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/habek-nema-da-ja-prodolzime-rabotata-na-nuklearnite-centrali-vo-germanija/feed/ 0