нуклеарни реактори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Dec 2022 15:18:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нуклеарни реактори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јапонија одлучи да го продолжи работниот век на постојните нуклеарни реактори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-odluchi-da-go-prodolzi-rabotniot-vek-na-postojnite-nuklearni-reaktori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-odluchi-da-go-prodolzi-rabotniot-vek-na-postojnite-nuklearni-reaktori/#respond Thu, 22 Dec 2022 15:18:46 +0000 https://kurir.mk/?p=779207

Работниот век на постојните нуклеарни реактори во Јапонија ќе биде продолжен над сегашната граница од 60 години, според директивата усвоена од Владата, бидејќи државата се повеќе се насочува кон нуклеарната енергија во услови на глобална енергетска криза. Планот е и изградба на реактор од новата генерација што долгорочно ќе ги замени старите. Третата по големина светска економија на тој начин целосно го напушта привременото исклучување на нуклеарната енергија што започна по големата катастрофа во Фукушима што се случи во март 2011 година по земјотресот и цунамито. – Мораме целосно да ја искористиме нуклеарната енергија, изјави премиерот Фумио Кишида. Јапонија е сиромашна со суровини, па од една страна сака да ја намали својата зависност од увоз на нафта и гас и да избегне недостиг на електрична енергија, а од друга страна сака да ги постигне своите климатски цели, при што планира до 2050 година да ги сведе на нула емисиите на јаглерод диоксид (CO2).
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-odluchi-da-go-prodolzi-rabotniot-vek-na-postojnite-nuklearni-reaktori/feed/ 0
Франција ја поедноставува процедурата за изградба на нуклеарни реактори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ja-poednostavuva-procedurata-za-izgradba-na-nuklearni-reaktori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ja-poednostavuva-procedurata-za-izgradba-na-nuklearni-reaktori/#respond Wed, 02 Nov 2022 15:54:27 +0000 https://kurir.mk/?p=754713

Франција подготвува закон со кој ќе се поедностави издавањето дозволи за изградба на нови нуклеарни реактори со кои ќе ги зголеми своите капацитети во услови на глобалната енергетска криза. – Овој предлог-закон е одговор на итноста на кризата, истакна владиниот портпарол Оливие Веран по денешната владина средба, на која беше усвоен предлог-законот. Веран појасни дека предлог-законот, кој треба да биде испратен до Националното собрание на крајот на декември и почетокот на јануари, „нема на ниту еден начин да ги намали условите поврзани со заштитата на животната средина или безбедноста на нуклеарната инфраструктура“. Францускиот претседател Емануел Макрон ја стави нуклеарната енергија во центарот на плановите да ја направи земјата јаглеродно неутрална до 2050 година и планира да изгради најмалку шест нови реактори. Официјален претставник на Министерството за енергетика во септември изјави дека целта е да се започне со изградба на првиот реактор од новата генерација EPR2 во Пенли во Нормандија пред крајот на мандатот на Макрон во мај 2027 година, а тој треба да биде оперативен меѓу 2035 и 2037 година. Ова денеска го потврдија претставници на Министерството. – Целта е административните одобренија да се издаваат во роковите што ќе ни овозможат да го изградиме реакторот EPR во согласност со роковите, изјави министерката за енергетика Агнес Паниер-Руначер за весникот Ле Екос. – Тоа е нацрт-закон кој ги поедноставува административните одобренија за нуклеарни реактори што ќе се градат во близина на постоечките нуклеарни централи, рече таа, додавајќи дека се однесува на административни прашања, а не на одлуки за изградба на нуклеарни централи. На прашањето колку време може да се заштеди на овој начин, таа рече дека станува збор за „години“. ЕДФ планира да изгради реактори на три постоечки локации: два во Пенли, два во Гравлин на северот на Франција и два во Бугеј на истокот од земјата или во Трикастин на југ. Владата проценува дека шест нови реактори ќе чинат 51,7 милијарди евра. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ja-poednostavuva-procedurata-za-izgradba-na-nuklearni-reaktori/feed/ 0
Белгија ќе ги затвори сите седум свои нуклеарни реактори до 2025 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-kje-gi-zatvori-site-sedum-svoi-nuklearni-reaktori-do-2025-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-kje-gi-zatvori-site-sedum-svoi-nuklearni-reaktori-do-2025-godina/#respond Thu, 23 Dec 2021 10:10:46 +0000 https://kurir.mk/?p=612034

Белгија ќе ги затвори сите седум свои нуклеарни реактори до 2025 година, но нема да ја затвори вратата за нуклеарна технологија од новата генерација, според договорот постигнат од страна на коалициската влада, јавија локалните медиуми. Во преговорите што се одржале речиси цела ноќ, е вклучен договор за „инвестиции од околу 100 милиони евра за мали модуларни реактори“. Прогресивното исфрлање на нуклеарната енергија е воведено во белгискиот закон од 2003 година. Крајниот датум е 2025 година, цел што сегашната влада се обврза да ја исполни кога ја презеде функцијата во октомври 2020 година. Но, ова прашање ја подели владината седумпартиска коалиција на зелените, социјалистите и либералите на премиерот Александар Де Кро. Во текот на денот се очекува прес конференција со детали за договорот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-kje-gi-zatvori-site-sedum-svoi-nuklearni-reaktori-do-2025-godina/feed/ 0
„Фигаро“: Франција со план за изградба на шест нуклеарки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/figaro-francija-so-plan-za-izgradba-na-shest-nuklearki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/figaro-francija-so-plan-za-izgradba-na-shest-nuklearki/#respond Tue, 19 Oct 2021 05:44:44 +0000 https://kurir.mk/?p=581723

Францускиот претседател Емануел Макрон сака да објави пред Божиќ изградба на шест нови нуклеарни реактори ЕПР на француско тло, објави „Фигаро“. Шест месеци пред претседателските избори во Франција, одлуката за изградба на шест нуклеарни реактори е забрзана со енергетската криза во Европа, како и зголемените цени на енергијата, кои се повеќе влијаат на животниот стандард на граѓаните, додава весникот. „Енергетската криза покажува дека имаме право да избереме нуклеарна енергија како дел од транзицијата кон зелена енергија“, изјави неименуван висок владин претставник за „Фигаро“. Портпаролот на Кабинетот на францускиот претседател одби да го коментира извештајот на весникот. На почетокот на својот мандат, Макрон вети дека ќе го намали учеството на нуклеарната енергија од сегашните 75 на 50 проценти до 2035 година. Но, сегашната енергетска криза ги промени приоритетите на Париз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/figaro-francija-so-plan-za-izgradba-na-shest-nuklearki/feed/ 0