нуклеарно оружје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Jun 2023 07:14:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нуклеарно оружје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Резолуција во Сенатот на САД: Секаква употреба на нуклеарно оружје на Русија во Украина ќе се смета за напад на НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rezolutsija-vo-senatot-na-sad-sekakva-upotreba-na-nuklearno-oruzhje-na-rusija-vo-ukraina-ke-se-smeta-za-napad-na-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rezolutsija-vo-senatot-na-sad-sekakva-upotreba-na-nuklearno-oruzhje-na-rusija-vo-ukraina-ke-se-smeta-za-napad-na-nato/#respond Fri, 23 Jun 2023 07:14:58 +0000 https://kurir.mk/?p=848844

Во американскиот Сенат се подготвува резолуција според која ако Русија употреби нуклеарно оружје во Украина тоа ќе ја вклучи одбранбената клаузула на НАТО и ќе се смета за напад врз воената алијанса. Демократскиот сенатор Ричард Блументал од Конектикат, и републиканецот Линдзи Грем од Јужна Каролина, во Сенатот регистрираа нацрт резолуција според која „каква и да било употреба на тактичко нуклеарно оружје од страна на Русија, Белорусија или нивни агенти, или уништување на нуклеарна постројка што ќе доведе до испуштање на радијација на територијата на НАТО предизвикувајќи значајна штета по животот на луѓето, ќе предизвика итен одговор вклучувајќи имплементација на Статија пет од Северноатлантскиот договор“. -Нашата порака до оние околу Путин е ако го сторите тоа, ако ги спроведете неговите наредби ако тој некогаш ги даде, треба да очекувате масивен одговор од НАТО, и ќе се најдете себеси во војна против НАТО, изјави Грем синоќа на прес конференција посветена на нуклеарните закани од страна на Русија. Нацрт резолуцијата доаѓа во време кога Русија распоредува нуклеарно оружје кај сојузникот Белорусија која се граничи со Украина, и постојаната загриженост за состојбата на нуклеарната централа Запорожје које е во центарот на воените дејствија во Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rezolutsija-vo-senatot-na-sad-sekakva-upotreba-na-nuklearno-oruzhje-na-rusija-vo-ukraina-ke-se-smeta-za-napad-na-nato/feed/ 0
Русија распоредува тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, Стејт департментот со осуда https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-rasporeduva-taktichko-nuklearno-oruzhje-vo-belorusija-stejt-departmentot-so-osuda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-rasporeduva-taktichko-nuklearno-oruzhje-vo-belorusija-stejt-departmentot-so-osuda/#respond Fri, 26 May 2023 08:18:52 +0000 https://kurir.mk/?p=838942

Русија продолжи со планот за распоредување тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, чиј лидер Александар Лукашенко рече дека боевите глави веќе се во движење, што е прво распоредување на такви бомби од страна на Кремљ надвор од Русија по падот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Американскиот Стејт департмент го осуди планот за распоредување, но рече дека Вашингтон нема намера да ја менува својата позиција за стратешкото нуклеарно оружје ниту видел какви било знаци дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје, наведува Еуроактив. Рускиот претседател Владимир Путин го објави планот за нуклеарно распоредување во интервју за државната телевизија на 25 март. „Колективниот Запад во суштина води необјавена војна против нашите земји“, изјави рускиот министер Сергеј Шојгу, на вчерашниот состанок со неговиот белоруски колега во Минск, соопшти руското Министерство за одбрана. Западот, рече Шојгу, прави се што може „за да го продолжи и ескалира вооружениот конфликт во Украина“. Белорускиот претседател Александар Лукашенко синоќа изјави дека тактичкото нуклеарно оружје веќе е во движење во согласност со наредбата потпишана од Путин, иако нема потврда за тоа од самиот Кремљ. „Движењето на нуклеарното оружје веќе започна“, им рече Лукашенко на новинарите во Москва, каде што присуствуваше на разговорите со другите лидери на поранешните советски држави. Прашан дали оружјето веќе е во Белорусија, тој рече: „Можно е. Кога ќе се вратам, ќе проверам“. Шојгу рече дека документите што ги потпишал во Минск се однесуваат на процесот за складирање на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија. Во Вашингтон, портпаролот на Стејт департментот Метју Милер ги опиша плановите како „последниот пример на неодговорно однесување што го видовме од Русија од нејзината целосна инвазија на Украина пред повеќе од една година“. Милер го повтори предупредувањето на Вашингтон дека употребата на хемиско, биолошко или нуклеарно оружје во конфликтот ќе доведе до „тешки последици“, без да ги прецизира тие последици. „Само ќе додадам дека не видовме причина да ја прилагодиме нашата стратешка нуклеарна положба или какви било индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје“, им потенцираше Милер на новинарите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-rasporeduva-taktichko-nuklearno-oruzhje-vo-belorusija-stejt-departmentot-so-osuda/feed/ 0
Хејнс: Многу е малку веројатно дека Русија ќе го употреби своето нуклеарно оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hejns-mnogu-e-malku-verojatno-deka-rusija-ke-go-upotrebi-svoeto-nuklearno-oruzhje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hejns-mnogu-e-malku-verojatno-deka-rusija-ke-go-upotrebi-svoeto-nuklearno-oruzhje/#respond Thu, 04 May 2023 19:32:53 +0000 https://kurir.mk/?p=830693

Многу е малку веројатно дека Русија ќе го употреби своето нуклеарно оружје, изјави денеска директорката на американската Национална разузнавачка служба, Аврил Хејнс. „Тоа е многу малку веројатно, тоа е нашата моментална проценка“, рече Хејнс пред Комитетот за вооружени служби на Сенатот, без да појасни на што се заснова проценката. Нуклеарните тензии меѓу Русија и САД се зголемија од почетокот на руската инвазија на Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин и неговите соработници повторуваат дека Москва е подготвена да го искористи својот нуклеарен арсенал ако е потребно за да го одбрани својот „територијален интегритет“. Путин во февруари објави дека Русија се повлекува од Новиот СТАРТ договор за контрола на нуклеарното вооружување, единствениот преостанат нуклеарен договор меѓу Москва и Вашингтон, кој го ограничуваше бројот на стратешки нуклеарни боеви глави. Американски официјални претставници со месеци соопштуваат дека не гледаат знаци дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје, но остануваат внимателни по тоа прашање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hejns-mnogu-e-malku-verojatno-deka-rusija-ke-go-upotrebi-svoeto-nuklearno-oruzhje/feed/ 0
САД и Русија престанаа да разменуваат податоци за нуклеарното оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-rusija-prestanaa-da-razmenuvaat-podatotsi-za-nuklearnoto-oruzhje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-rusija-prestanaa-da-razmenuvaat-podatotsi-za-nuklearnoto-oruzhje/#respond Wed, 29 Mar 2023 06:54:46 +0000 https://kurir.mk/?p=817563

САД и Русија престанаа да разменуваат податоци за нуклеарното оружје што го правеа според новиот договор СТАРТ за ограничување на нуклеарниот арсенали (Нов СТАРТ), последниот таков документ што пропаѓа. Официјални лица во Белата куќа, Пентагон и Стејт департментот вчера рекоа дека САД и ги понудиле информациите на Русија дури и откако претседателот Владимир Путин ја повлече Русија од договорот минатиот месец, но Москва го извести Вашингтон дека нема да му ги даде своите податоци. Затоа, „поради неусогласеност на Русија со обврските од тој договор, САД нема да ги достават своите податоци на Русија, со цел да ја охрабрат Русија да се врати на своите договорни обврски“, изјави за новинарите претставникот на Стејт департментот Ведант Пател. Белата куќа, која претходно ја обвини Русија за повеќекратно прекршување на договорот, рече дека одбивањето на Русија да се придржува до него е „правно неважечко“ и дека одлуката за откажување од давањето податоци за нуклеарното оружје е уште едно прекршување. Новиот договор СТАРТ потпишан од тогашните претседатели Барак Обама и Дмитриј Медведев во 2010 година ги ограничува двете земји на не повеќе од 1.550 распоредени нуклеарни боеви глави и 700 распоредени проектили и бомбардери и инспекции за проверка. Нема инспекција од 2020 година поради пандемијата со коронавирусот. Договорот за продолжување требаше да биде во ноември 2022 година, но Русија се откажа, повикувајќи се на американската поддршка за Украина, а во февруари оваа година Русија формално го прекина своето учество во договорот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-rusija-prestanaa-da-razmenuvaat-podatotsi-za-nuklearnoto-oruzhje/feed/ 0
Бајден загрижен за можноста Русија да испрати тактичко нуклеарно оружје во Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-zagrizhen-za-mozhnosta-rusija-da-isprati-taktichko-nuklearno-oruzhje-vo-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-zagrizhen-za-mozhnosta-rusija-da-isprati-taktichko-nuklearno-oruzhje-vo-belorusija/#respond Wed, 29 Mar 2023 06:08:25 +0000 https://kurir.mk/?p=817540

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека е загрижен поради можноста Русија да испрати тактичко нуклеарно оружје во Белорусија. -Тие сè уште не го направиле тоа, им рече Бајден на новинарите во Белата куќа, но „тоа е загрижувачко“, додаде американскиот претседател.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-zagrizhen-za-mozhnosta-rusija-da-isprati-taktichko-nuklearno-oruzhje-vo-belorusija/feed/ 0
Белорусија одлучила да го прифати руското тактичко нуклеарно оружје по долгогодишниот притисок од САД и НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belorusija-odluchila-da-go-prifati-ruskoto-taktichko-nuklearno-oruzhje-po-dolgogodishniot-pritisok-od-sad-i-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belorusija-odluchila-da-go-prifati-ruskoto-taktichko-nuklearno-oruzhje-po-dolgogodishniot-pritisok-od-sad-i-nato/#respond Tue, 28 Mar 2023 09:31:17 +0000 https://kurir.mk/?p=817260

Белорусија денеска одговори дека одлучила да го прифати руското тактичко нуклеарно оружје по долгогодишниот притисок од САД и нивните сојузници, насочен кон промена на политичката и геополитичка насока, наведе Хина. Рускиот претседател Владимир Путин во саботата изјави дека Москва во иднина ќе се обиде да распореди тактичко нуклеарно оружје кај верниот сојузник и сосед Белорусија, со што ќе го ескалира конфликтот со Западот. Белоруското Министерство за надворешни работи денеска ја бранеше својата одлука да соработува со Русија, наведувајќи дека Минск дејствува за да се заштити од Западот. „Во текот на изминатите две и пол години, Република Белорусија беше изложена на невиден политички, економски и информативен притисок од САД, Обединетото Кралство и нивните сојузници во НАТО, како и од земјите членки на Европската унија“, се наведува во соопштението на белоруското МНР. „Со оглед на овие околности и оправданите грижи и ризици во сферата на националната безбедност што произлегуваат од нив, Белорусија е принудена да одговори со зајакнување на сопствените безбедносни и одбранбени капацитети“, се додава во соопштението. Минск соопшти дека руските нуклеарни планови нема да бидат во спротивност со меѓународните договори за неширење на нуклеарното оружје, бидејќи самата Белорусија нема да има контрола над оружјето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belorusija-odluchila-da-go-prifati-ruskoto-taktichko-nuklearno-oruzhje-po-dolgogodishniot-pritisok-od-sad-i-nato/feed/ 0
Столтенберг жали што Русија го прекинува учеството во договорот за нуклеарно оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-zhali-shto-rusija-go-prekinuva-uchestvoto-vo-dogovorot-za-nuklearno-oruzhje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-zhali-shto-rusija-go-prekinuva-uchestvoto-vo-dogovorot-za-nuklearno-oruzhje/#respond Tue, 21 Feb 2023 13:54:57 +0000 https://kurir.mk/?p=803211

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека жали поради одлуката на Русија да го прекине своето учество во договорот „Нов СТАРТ“ за контрола на стратешкото офанзивно оружје. „Во текот на последните години, Русија ги прекрши клучните договори за контрола на оружјето и се оддалечи од нив. Силно ја охрабрувам Русија да ја преиспита својата одлука и да ги почитува постоечките договори“, рече Столтенберг говорејќи во седиштето на НАТО во Брисел.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-zhali-shto-rusija-go-prekinuva-uchestvoto-vo-dogovorot-za-nuklearno-oruzhje/feed/ 0
Хависто: Нуклеарно оружје нама да биде поставено во Финска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/havisto-nuklearno-oruzje-nama-da-bide-postaveno-vo-finska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/havisto-nuklearno-oruzje-nama-da-bide-postaveno-vo-finska/#respond Mon, 09 Jan 2023 07:21:54 +0000 https://kurir.mk/?p=784827

Нуклеарно оружје нема да биде распоредено на територијата на Финска по нејзиниот влез во НАТО, изјави синоќа министерот за надворешни работи на таа држава, Пека Хависто. „Финска не постави никакви предуслови при аплицирањето за членство… Но, јасно е дека нема да има нуклеарно оружје на финска територија дури и по добивањето членство“, нагласи Хависто. Тој ја потврди визијата на политичкото раководство на земјата дека Финска и Шведска истовремено ќе влезат во НАТО. „Финска и Шведска формираат единствена одбранбена стратешка структура. Истовремената најава на Финска и Шведска за влез во НАТО не е само гест на учтивост, туку прашање на зајакнување на одбранбените капацитети на двете земји“, рече Хависто.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/havisto-nuklearno-oruzje-nama-da-bide-postaveno-vo-finska/feed/ 0
Северна Кореја изврши ново тестирање на нуклеарно оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-izvrshi-novo-testiranje-na-nuklearno-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-izvrshi-novo-testiranje-na-nuklearno-oruzje/#respond Fri, 16 Dec 2022 06:41:46 +0000 https://kurir.mk/?p=776322

Северна Кореја тестираше „мотор со цврсто гориво со висок потисок“ за да развие ново стратешко оружје под водство на лидерот Ким Џонг Ун, јавија денеска севернокорејските државни медиуми. Тестот спроведен вчера на полигон за лансирање на сателити „Сохае“ ја докажа сигурноста и стабилноста на моторот, обезбедувајќи „гаранција за развој на уште еден нов тип на систем за стратешко оружје“, јави новинската агенција КЦНА. Се додава дека севернокорејскиот лидер изразил „очекување дека во најкраток временски период ќе биде направено уште едно стратешко оружје од нов тип“. Тестирањето се случи во исто време додека шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси, во разговор со јужнокорејските власти во Сеул вети сеопфатни напори за запирање на нуклеарната програма на Северна Кореја.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-izvrshi-novo-testiranje-na-nuklearno-oruzje/feed/ 0
Шојгу: Русија во 2023 ќе ја прошири инфраструктурата за нуклеарно оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojgu-rusija-vo-2023-kje-ja-proshiri-infrastrukturata-za-nuklearno-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojgu-rusija-vo-2023-kje-ja-proshiri-infrastrukturata-za-nuklearno-oruzje/#respond Thu, 01 Dec 2022 07:59:32 +0000 https://kurir.mk/?p=769273

Русија ќе посвети посебно внимание на изградбата на инфраструктура за своите нуклеарни сили во 2023 година, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. Тој рече дека Русија, исто така, ќе работи на подобрување на борбените способности на своите нуклеарни сили и ќе се изградат објекти за распоредување на нови ракетни системи. Русија има најголеми резерви на нуклеарно оружје во светот, со речиси 6.000 боеви глави. Рускиот претседател Владимир Путин ги стави окупираните територии во Украина под нуклеарниот чадор на Москва и предупреди дека е подготвена да го брани „територијалниот интегритет“ на Русија со сите расположливи средства. САД соопштија дека ја предупредиле Русија за последиците од можна употреба на нуклеарно оружје. Русија и САД оваа недела требаше да одржат разговори во Каиро за нивниот постоечки договор Нов СТАРТ, со кој се ограничува бројот на боеви глави. Но, Москва се повлече пред состанокот и ги обвини САД за „токсично антируско однесување“ и обид да манипулираат со договорот во своја полза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojgu-rusija-vo-2023-kje-ja-proshiri-infrastrukturata-za-nuklearno-oruzje/feed/ 0