Нусрет Гокче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Sep 2023 12:59:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Нусрет Гокче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поради оваа фотографија славниот Нусрет се најде на удар на критики: „Човекот нема поим“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poradi-ovaa-fotografija-slavniot-nusret-se-najde-na-udar-na-kritiki-chovekot-nema-poim/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poradi-ovaa-fotografija-slavniot-nusret-se-najde-na-udar-na-kritiki-chovekot-nema-poim/#respond Fri, 15 Sep 2023 12:59:20 +0000 https://kurir.mk/?p=878421

Славниот турски готвач Нусрет Гокче со секој свој потег предизвикува лавина критики, па дури и кога се обидува да направи некое добро дело. За потсетување, пред една недела разорен земјотрес со магнитуда од 6,8 степени по Рихтер го погоди Мароко. Во земјотресот загинаа околу 3000 лица, а речиси 6000 се повредени. По повод оваа голема трагедија се огласи и Нусрет на својот Инстаграм профил. „Нашите срца се со оние кои се погодени од овој несреќен настан, со вас сме Мароко“, напишал готвачот покрај фотографијата на која го држи знамето на државата, но свртено наопаку.
Луѓето во коментари веднаш го нападнале поради оваа грешка. „Ти благодарам. Сега сврти го знамето“, „Човекот нема поим“. „Барем држи го знамето правилно исправено. Колку некој може да има непочит“, го критикувале следбениците. Иако во помала мера, имало и такви кои застанале во негова одбрана. „Важна е изјавата, а не начинот на кој го држи знамето. Ти благодарам за поддршката. Се надевам дека и вие останатите ќе го поддржите Мароко со донации и молитви“, напишала една инфлуенсерка чиј коментар добил бројни лајкови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/poradi-ovaa-fotografija-slavniot-nusret-se-najde-na-udar-na-kritiki-chovekot-nema-poim/feed/ 0
„Дојде тивко, на прсти“: Северина објави фотографии од Миконос со една од моментално најомразените личности на социјалните мрежи https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dojde-tivko-na-prsti-severina-objavi-fotografii-od-mikonos-so-edna-od-momentalno-najomrazenite-lichnosti-na-sotsijalnite-mrezhi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dojde-tivko-na-prsti-severina-objavi-fotografii-od-mikonos-so-edna-od-momentalno-najomrazenite-lichnosti-na-sotsijalnite-mrezhi/#respond Fri, 21 Jul 2023 15:03:25 +0000 https://kurir.mk/?p=858772

Пејачката Северина Вучковиќ објавила фотограии и видео од грчки Миконос кои ги изненадиле сите. Северина вредно работела летово и својата публика ја израдувала со дури две нови песни „Sorry“ и „Metak“. Една од најбараните пејачки во регионот одлучила себеси да си се почести и да замине на заслужен одмор каде ќе ги полни батериите за претстојното лето. Судејќи по новите објави на социјалните мрежи, Северина моментално ужива на Миконос.
Едно од најпознатите летни места, но и најелитните во Грција секако дека е најпопуларно меѓу познатите личности, но тоа што ги изненадило нејзините обожаватели се новите објави кои Северина ги споделила со нив. Наместо фотографии од плажа, пејачката сите ги изненадила кога открила дека на Миконос го сретнала еден од најпознатите Турци.
Имено, Северина објавила фотографии и видео со познатиот турски готвач Нусрет Гокче, попознат како Салт Бае. „Дојде тивко, на прсти“, напишала Северина под објавите кои за кратко време воодушевиле многумина. „Му ја разубави фотографијата“, „Внимавај да не ти наплати што го гледаш“, „Убава средба со Нусрет“, биле само дел од коментарите кои се нашле под објавите.
Инаку, турскиот готвач има ланец на ресторани ширум светот, а еден од најпознатите се наоѓа токму на Миконос. Тој е добро познато име во светот на гастрономијата, а неговото богатство се проценува на 44 милиони долари. Познат е по високите цени кои многумина ги сметаат за непристојни, а веќе одредено време е едно од најомразените лица во светот на познатите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dojde-tivko-na-prsti-severina-objavi-fotografii-od-mikonos-so-edna-od-momentalno-najomrazenite-lichnosti-na-sotsijalnite-mrezhi/feed/ 0
Нусрет порача дека никогаш повеќе нема да стапне на стадионите на светските првенства: „Не ми се допаѓаше вниманието“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nusret-poracha-deka-nikogash-poveke-nema-da-stapne-na-stadionite-na-svetskite-prvenstva-ne-mi-se-dopagashe-vnimanieto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nusret-poracha-deka-nikogash-poveke-nema-da-stapne-na-stadionite-na-svetskite-prvenstva-ne-mi-se-dopagashe-vnimanieto/#respond Tue, 27 Jun 2023 11:52:04 +0000 https://kurir.mk/?p=850096

Популарниот турски готвач Нусрет Гокче неодамна изјави дека никогаш повеќе нема да стапне на стадион на светските првенства откако се фотографираше со пехарот во Катар минатата година. Имено, репрезентацијата на Аргентина тогаш ја победи Франија, а многумина го чекаа моментот кога Лионел Меси требаше да го подигне пехарот од 18-каратно злато, чија вредност се проценува на околу 20 милиони американски долари. На стадионот тогаш се најде и популарниот готвач кој во рацете го држеше токму овој пехар и наиде на критики бидејќи допирањето на пехарот им е дозволено само на победниците на Светското првенство и шефовите на државата. Зборувајќи во интервју за „The Times“, Нусрет објасни дека се чувствувал како домаќин на теренот, поради фактот што живеел во Аргентина и дека многу играчи го посетиле неговиот ресторан. „Не можам да направам ништо во врска со тоа што бев таму, но никогаш повеќе нема да стапнам на терен на кој се одржува Светското првенство. Не излегов на теренот за да се рекламирам, само чувствував потреба да бидам таму“, објаснил тој. „Не сакав никого да засенам. Не ми се допаѓаше вниманието“, порачал Нусрет. За потсетување, по појавувањето во финалето на Светското првенство во фудбал, Нусрет кој е познат и по прекарот „Salt Bae“ е често мета на критики во јавноста, која внимателно ги следи неговите потези.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nusret-poracha-deka-nikogash-poveke-nema-da-stapne-na-stadionite-na-svetskite-prvenstva-ne-mi-se-dopagashe-vnimanieto/feed/ 0
Им се заканува на вработените и им го краде бакшишот: Испливаа мрачните тајни на најомразениот готвач кој го нарекуваат „мал тиранин“ – вработените раскажаа сè https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/im-se-zakanuva-na-vrabotenite-i-im-go-krade-bakshishot-isplivaa-mrachnite-tajni-na-najomrazeniot-gotvach-koj-go-narekuvaat-mal-tiranin-vrabotenite-raskazhaa-se/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/im-se-zakanuva-na-vrabotenite-i-im-go-krade-bakshishot-isplivaa-mrachnite-tajni-na-najomrazeniot-gotvach-koj-go-narekuvaat-mal-tiranin-vrabotenite-raskazhaa-se/#respond Sat, 29 Apr 2023 20:20:28 +0000 https://kurir.mk/?p=829056

Нусрет Гокче, попознат како Salt Bae, турски месар, готвач, забавувач и угостител, чија техника и зачинување на месото стана интернет „меме“ во јануари 2017 година. Инаку, Salt Bae денес во јавноста е критикуван, па го дефинираат како „мал тиранин“ затоа што неговите поранешни вработени ја разоткриле наводната култура на страв во неговото блескаво царство на ресторани. Поранешните вработени изнеле грозни работи за Salt Bae Готвачот гладен за слава – познат по своите специјалитети од злато од 1.500 евра, обвинет е за земање на бакшиш од келнерите и отпуштање на преплашените вработени. Турскиот месар стекнал богатство од 40 милиони фунти со 22 блескави месари ширум светот откако станал вирален хит на интернет. Но, погоден од седум тужби во два града во кои го обвинуваат за земање на бакшишот од келнерите, полова и расна дискриминација и кршење на законот за вработување. А, го казнил и кривичниот суд во Турција откако се заканувал со убиство на некој келнер. Во разговор за „Insider“ проговориле девет поранешни работени кои со него работеле во шест ресторани. Царството на Salt Bae изгледа „златно однадвор“, но „го живее ужасот однатре“, рекол поранешниот бармен Нуср-Ет во Лондон. Еден менаџер којшто работел со него во Њујорк и Мајами изјавил дека Salt Bae се замислувал како интернет славна личност. „Неговиот свет не беше ништо друго освен Инстаграм и слава. Сензација беше само тој. На крајот доби комплекси поради тоа“, додал тој. Други поранешни вработени во Миконос го споредиле со диктатор. Останатите тврделе дека владее мачо култура на стравот и дека бил склон на фаворизирање и непредвидени откази. На вработените им наредил бизарна работа Бармен во Лондон го споредил работното опкружување со филмовите „Игра на гладните“ велејќи дека вработените никогаш не знаеле дали ќе добијат отказ пред крајот на смената. Домаќинка во истиот ресторан ја опишала бедата на вработените кои постојано биле во страв поради наводен отказ: „Не знаеш дали те гледа“, изјавила таа, мислејќи на неговите очила за сонце кои му се заштитен знак. „Многу е непријатно да се биде во негова близина“, додала таа. Исто така кажала дека една колешка добила отказ на самото место откако случајно скршила чаша пред Salt Bae, а друг келнер не бил примен затоа што на шефот не му се допаѓала неговата кошула. Исто така таа тврдела дека Нусрет бил бесен кога во ресторанот немало резервации, па затоа во една прилика им наредил на вработените да глумат гости кои чекаат на ред надвор пред ресторанот. Во меѓувреме, поранешни вработени во Миконос и Дубаи тврделе дека тој од вработените барал да го масираат. Во тужбата од август 2021 година која ја поднеле пет произведувачи на месо, пишувало дека Salt Bae има агресивен стил на управување. Тврделе дека често ги пцуел вработените и ги обвинувал за грешки. Пет мажи биле доведени од Истанбул за да готват во Менхетен, но велат дека наместо тоа биле натерани да ги чистат тоалетите, а исто така не им била платена прекувремената работа. Шеф од кошмарите Адвокатот на Salt Bae изјавил дека случајот е „пријателски решен“. Во друга тужба во Њујорк во ноември 2021 година, барменката Елизабет Круз рекла дека била понижена кога менаџерот ѝ наредил првиот ден да се пресоблече во кратко здолниште и високи потпетици, а горниот дел да го открие. Латино келнерот Анџело Махер тврди во својата тужба дека Salt Bae го нарекувал „шпанска ку*ка“ и дека месниот ресторан во Њујорк бил место за физичко заплашување и дискриминација на вработените кои не се Турци. Исто така тврдел дека бил натеран да ги лаже купувачите дека месото е дозволено (она што се јаде во исламот), без оглед на фактот што тоа не било вистина. Неговите тужби се во тек. Тој мора да издвои 230.000 долари со кои би можел да се спогоди со тужбите со уште четири келнери во Менхетен. Тие го обвиниле дека го криел бакшишот и ги отпуштил кога се жалеле за тоа. За „Insider“ рекла: „Доколку нешто не му се допаѓа, нема отказен рок, ништо. Ти вели одма да си одиш“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/im-se-zakanuva-na-vrabotenite-i-im-go-krade-bakshishot-isplivaa-mrachnite-tajni-na-najomrazeniot-gotvach-koj-go-narekuvaat-mal-tiranin-vrabotenite-raskazhaa-se/feed/ 0
Нусрет со попуст за студентите во еден од неговите ресторани: „Пак е прескапо, спушти се на земја“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nusret-so-popust-za-studentite-vo-eden-od-negovite-restorani-pak-e-preskapo-spushti-se-na-zemja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nusret-so-popust-za-studentite-vo-eden-od-negovite-restorani-pak-e-preskapo-spushti-se-na-zemja/#respond Fri, 14 Apr 2023 17:55:38 +0000 https://kurir.mk/?p=824078

Уште од Светското првенство во Катар, кога турскиот готвач Нусрет Гокче ја налути јавноста фотографирајќи се со трофејот, изгледа секој негов потег наидува на критики. Имено, Нусрет сега одлучил на студентите да им понуди 30 отсто попуст во неговиот ресторан во Бостон. „Јас не можев да одам на училиште, образованието е скапо. Затоа им давам попуст од 30 проценти на сите студенти во ресторанот Бостон Нуср-Ет“, напиша тој покрај фотографијата на Инстаграм на која позира пред бизнис школата на Харвард.
Сега неговите стекови обвиткани со злато им се достапни на студентите за нешто повеќе од илјада долари, пишува „The Sun“. Таков стек обично чини 1.500 долари или повеќе. Но, неговите следбеници повторно го критикуваат во коментарите и му порачуваат дека и покрај попустот, храна во неговиот ресторан можат да си дозволат само најбогатите. „Тогаш зошто не им плаќаш стипендија на студенти?“, „Ова е сепак прескапо“, „Убав гест всушност, но сепак чини премногу“, „Студентите немаат пари, човеку“, „Студент не може да си дозволи бифтек, спушти се на земја“, „Одлично, сега стек не е 1.000 туку 700 евра“, се дел од коментарите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nusret-so-popust-za-studentite-vo-eden-od-negovite-restorani-pak-e-preskapo-spushti-se-na-zemja/feed/ 0
ФИФА ОТВОРИ ПОСТАПКА: Кој го пушти арогантниот готвач да се турка со фудбалерите и да им го одземе трофејот? (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fifa-otvori-postapka-koj-go-pushti-arogantniot-gotvach-da-se-turka-so-fudbalerite-i-da-im-go-odzeme-trofejot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fifa-otvori-postapka-koj-go-pushti-arogantniot-gotvach-da-se-turka-so-fudbalerite-i-da-im-go-odzeme-trofejot-foto/#respond Fri, 23 Dec 2022 07:14:16 +0000 https://kurir.mk/?p=779421

Арогантниот готвач Нусрет Гокче предизвика револт кај вистинските фудбалски фанови откако излезе на теренот и ја вознемири репрезентацијата на Аргентина по освојувањето на Светското првенство во Катар. Тој се туркаше со играчите, им го грабна трофејот од раце, а се изгледаше навистина бизарно бидејќи апсолутно никој не сакаше да го види на теренот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

„Поради ова, ФИФА е под силен напад од навивачите. Познато е дека првиот човек на федерацијата Џани Инфантино му дозволил да ги следи натпреварите, но се уште не е познато како Нусрет успеал да дојде на теренот. Поради ова, Светската фудбалска федерација покрена внатрешна истрага и излезе со соопштение.
 
„Како еден од најпрепознатливите симболи на спортот во светот, оригиналниот трофеј на ФИФА може да го допрат само одредени луѓе, вклучително и поранешни победници и избрани поединци“, се вели во соопштението на ФИФА кое продолжува: „ФИФА истражува како одредени лица успеале да излезат на теренот по церемонијата на 18 декември. Ќе има истрага во организацијата“, се вели во пораката од чадорот на светскиот фудбал.
 
Многу е можно Инфантино да е всушност одговорен за доаѓањето на Нусрет на теренот и тој да му го овозможи тоа. Во 2021 година Нусрет го угости во неговиот ресторан, а Инфантино беше многу благодарен за стекот. „Господине Нусрет – број еден. Најдобриот од најдобрите. Незаборавна вечер во Дубаи со Нусрет и јас дефинитивно ќе се вратам”, изјави Инфантино.
 
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fifa-otvori-postapka-koj-go-pushti-arogantniot-gotvach-da-se-turka-so-fudbalerite-i-da-im-go-odzeme-trofejot-foto/feed/ 0
Турскиот готвач кој очајно трчаше да се слика со Аргентинците, почна да добива забрани (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/turskiot-gotvach-koj-ochajno-trchashe-da-se-slika-so-argentincite-pochna-da-dobiva-zabrani-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/turskiot-gotvach-koj-ochajno-trchashe-da-se-slika-so-argentincite-pochna-da-dobiva-zabrani-foto/#respond Thu, 22 Dec 2022 14:00:56 +0000 https://kurir.mk/?p=779161

Турскиот готвач Нусрет Гокче, познат како „Солт Бае“ е во центарот на вниманието откако се најде на теренот на церемонијата на доделување на пехрот на Аргентина од СП. Иако е забрането пехарот да биде допиран од било кој друг освен од оние кои го освоиле, на Нусрет Гокче тоа не му беше грижа, тој трчаше да се слика со дел од аргентинските фудбалери кои со кисели насмевки беа во негово присуство. Голем дел од јавноста беше гневна на однесувањето на Турчинот, а почнаа шпекулации дека ќе му биде забранет влезот на следниот Мундијал. Тоа не е потврдено, но во меѓувреме стигнуваат други забрани. Првата забрана за турскиот готвач доаѓа од „Ју Ес Опен Куп“ кој објави дека на „Солт Бае“ му е забранет влез за финалето.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/turskiot-gotvach-koj-ochajno-trchashe-da-se-slika-so-argentincite-pochna-da-dobiva-zabrani-foto/feed/ 0
Го прогонува Меси за слика, се чудат кој го пуштил на теренот – Турчинот Salt Bae хит на Твитер по финалниот натпревар во Катар (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/go-progonuva-mesi-za-slika-se-chudat-koj-go-pushtil-na-terenot-turchinot-salt-bae-hit-na-tviter-po-finalniot-natprevar-vo-katar-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/go-progonuva-mesi-za-slika-se-chudat-koj-go-pushtil-na-terenot-turchinot-salt-bae-hit-na-tviter-po-finalniot-natprevar-vo-katar-video/#respond Tue, 20 Dec 2022 13:06:11 +0000 https://kurir.mk/?p=778163

„Очигледно Меси е имун на Salt Bae и знае дека е измамник“ – коментираат дел од твитерџиите откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од готвачот како ги прогонува играчите на Аргентина и се фотографира со трофејот. Сите се прашуваат кој му дозволил да се симне на теренот. Непосредно по завршувањето на финалето на Светското првенство во фудбал во Катар сите беа сконцентрирани на случувањата помеѓу претседателот на Франција, Емануел Макрон и Килијан Мбапе, кој се обидуваше да го избегне. Денес додека во Аргентина се слави победата за освоениот трофеј, Твитер е преплавен со фотографии и видеа со турскиот готвач Salt Bae кој по натпреварот очајно им се наметнуваше на играчите на Аргентина и се обидуваше да се фотографира со нив. Видеото на кое Salt Bae го прогонува Лионел Меси стана хит на Твитер, а на него се гледа како готвачот го влече Аргентинецот за рака и го моли за да се сликаат, а фудбалерот двапати му вели: „не“. Твитерџиите се збунети зошто воопшто на 39-годишниот Нусрет Гокче, попознат како Salt Bae му било дозволено да се симне на теренот по завршувањето на натпреварот. „Дури и Меси знае дека Salt Bae е измамник“ – стои во еден од твитовите. По сè изгледа упорноста му се исплати затоа што на крај објави кратко видео на Инстаграм Стори, каде се гледа дека успеал да се фотографира со најдобриот играч во светот. Освен што се обидуваше да се фотографира со Меси, на Твитер масовно се шират фотографии на кои се гледа како тој го држи во раце трофејот на Аргентинците и им се „потпикува“ на другите играчи од победничкиот тим, па со прстенот го удри и трофејот. Според правилата на ФИФА, постојат само мал број луѓе на кои им е дозволено да го држат трофејот, а познатиот готвач најверојатно го искористил своето пријателство со претстедателот на Федерацијата Џани Инфантино за да се симне на теренот. Дали присуството на готвачот на теренот ќе предизвика скандал за претседателот на федерацијата, останува да видиме.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/go-progonuva-mesi-za-slika-se-chudat-koj-go-pushtil-na-terenot-turchinot-salt-bae-hit-na-tviter-po-finalniot-natprevar-vo-katar-video/feed/ 0
Шокирани гости од цените во ресторанот на турскиот готвач „Salt Bae“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shokirani-gosti-od-cenite-vo-restoranot-na-turskiot-gotvach-salt-bae-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shokirani-gosti-od-cenite-vo-restoranot-na-turskiot-gotvach-salt-bae-foto/#respond Wed, 29 Sep 2021 08:59:12 +0000 https://kurir.mk/?p=569911

Турски готвач кој е познат на социјалните мрежи како „Salt Bae“ отвори ресторан во Лондон, луѓе шокирани од цените! Нусрет Гокче, попознат како „Salt Bae“, е турски месар и готвач кој стана популарен, верувале или не, само поради начинот на кој го зачини месото. Откако ќе го исече стекот, го посолува свиткајќи ја раката во лактот, па солта паѓа по целата подлактица, па се до месото. И тоа движење му донесе слава и милиони, па сега има се повеќе светски градови каде Нусрет ги отвора своите ресторани. Во моментов ги има 17, а неодамна беше отворен еден во Лондон, каде што луѓето беа шокирани од цените. Имено, еден човек го сподели својот Твитер профил по вечерата во овој ресторан, што покажува дека еснафот изнесувал 1.812 фунти, што е околу 129.000 денари, а 236 фунти, или повеќе од 17.000 денари, им се наплатувало на гостите само за бакшиш. Осум гости на масата платија за таков еснаф, а луѓето беа крајно изненадени од цената на Кока-Кола, која чини девет фунти, односно 640денари, како и фактот дека на четири Ред Бул им беа наплатени 44 фунти (речиси 3.100 денари). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shokirani-gosti-od-cenite-vo-restoranot-na-turskiot-gotvach-salt-bae-foto/feed/ 0