нво – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Nov 2022 19:57:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нво – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германска НВО ја тужи владата во Рим за спречување на мигрантите да стигнат до копното https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanska-nvo-ja-tuzi-vladata-vo-rim-za-sprechuvanje-na-migrantite-da-stignat-do-kopnoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanska-nvo-ja-tuzi-vladata-vo-rim-za-sprechuvanje-na-migrantite-da-stignat-do-kopnoto/#respond Mon, 07 Nov 2022 19:57:05 +0000 https://kurir.mk/?p=757077

Германската добротворна организација СОС Хјуманити, која управува со чамците за спасување на мигрантите, денеска соопшти дека ќе оди на суд за да се обиде да ги отфрли напорите на новата десничарска влада на Италија да спречи некои од луѓето спасени од морето да стигнат до копното. Германска организација наскоро ќе поднесе тужба до судот во Рим против владината уредба со која се одбива да се назначат безбедни пристаништа за спасувачките бродови, додека пред судот во Сицилија се апелира да им се дозволи на мигрантите кои го напуштиле бродот да влезат во Италија и да бараат азил. Два брода под германско и норвешко знаме добија дозвола за закотвување во Катанија, Сицилија, за време на викендот и им беше дозволено да симнат околу 500 мигранти, главно жени и деца, додека на бродот останаа околу 250 лица. Италијанската влада им нареди на бродовите да се вратат во морето, но нивните капетани досега одбиваат да го сторат тоа, додека други два брода со околу 300 мигранти се уште се во море. Новата влада на Џрџа Мелони ја обвини германската невладина организација дека нејзините бродови се такси служба за мигрантите кои бараат подобар живот во Европа и им се заканува казна од 50.000 евра доколку одбијат да го напуштат пристаништето. Администрацијата на новата премиерка, формирана пред две недели, многу брзо воведе антиимиграциски мерки, одбивајќи да дозволи четири чамци да ги пренесат мигрантите на брегот и дозволувајќи им да се симнат само оние за кои се смета дека се ранливи групи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanska-nvo-ja-tuzi-vladata-vo-rim-za-sprechuvanje-na-migrantite-da-stignat-do-kopnoto/feed/ 0
НВО: 122 демонстранти загинаа во задушувањето на протестите во Иран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nvo-122-demonstranti-zaginaa-vo-zadushuvanjeto-na-protestite-vo-iran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nvo-122-demonstranti-zaginaa-vo-zadushuvanjeto-na-protestite-vo-iran/#respond Mon, 17 Oct 2022 12:15:42 +0000 https://kurir.mk/?p=746483

Повеќе од 120 демонстранти се убиени во задушувањето на протестите во Иран што започнаа на 16 септември, денот на смртта на младата Иранка, Махса Амини, која беше уапсена бидејќи не ја носела правилно шамијата, соопшти денеска иранскиот огранок на невладината организација Хјуман рајтс со седиште во Осло. Во претходниот биланс беше соопштено за 108 мртви, наведува организацијата, додавајќи дека загинале 122 лица. Протестите во Иран започнаа на 16 септември, денот на смртта на Махса Амини (22) во болница, каде што беше ставена во тешка состојба по нејзиното апсење на 13 септември во Техеран поради „носење несоодветна облека“ и непочитување на строгиот ирански кодекс на облекување за жени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nvo-122-demonstranti-zaginaa-vo-zadushuvanjeto-na-protestite-vo-iran/feed/ 0
Косовското НВО „Актив“ отвори портал за српско-албанско пријтелство https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskoto-nvo-aktiv-otvori-portal-za-srpsko-albansko-prijtelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskoto-nvo-aktiv-otvori-portal-za-srpsko-albansko-prijtelstvo/#respond Tue, 17 May 2022 17:22:59 +0000 https://kurir.mk/?p=678003

Невладината организација „Актив“ од Северна Митровица ја промовира денеска својата нова интернет-страница, чија цел е да придонесе за зближување меѓу српската и албанската заедница во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Порталот е насловен „Српско-албанско пријателство“, а неговите содржини се достапни на три јазици – српски, албански и англиски. На денешната промоција на порталот, неговата авторка, Александра Павловиќ изјави дека цел на проектот е „посебно младите да научат за добрите страни на српско-албанските односи, за кои не се знае доволно“, објави косовскиот медиум на српски јазик Радио КИМ. – Тука може да се најдат различни приказни, како на пример за (актерите) Фарук Беголи и Беким Фехмиу, за Скендербег, за српско-албанските врски во Средниот век. Сите тие врски ве водат кон поголема воздржаност. Тоа не се класични академски истории, туку имаат повеќе новинарски карактер, изјави Павловиќ. Извршниот директор на Фондот на Косово за хуманитарно право, Беким Бљакај рече дека „една таква интернет-страница им е потребна на Србите и Абанците на патот кон помирувањето“. – Главно луѓето во Косово и Србија ги користат или ги добиваат информациите кои им ги нудат медиумите, било електронски или од друг вид, и никогаш не можат лесно да дојдат до информации како овие што ги нуди овој портал. Мислам дека е многу значајно тие што се заинтересирани, посебно младите, да имаат извор на информации за српско-албанските односи низ историјата, изјави Бљакај. По презентацијата на страницата, се одржа дискусија на тема „Заедничкиот живот на Србите и Албанците во очите на домашните активисти и набљудувачи“. Граѓанската активистка за човекови права, Нора Ахметај изјави дека позитивни примери од соживотот на Албанците и Србите тешко може да се најдат во јавноста, додека извршниот директор на НВО Актив, Миодраг Миличевиќ изрази уверување дека „подбуцнувачката реторика на политичарите се одразува негативно на односите меѓу двата народи“. Учесниците на трибината се согласија дека првиот чекор кон помирувањето меѓу Албанците и Србите треба да биде расветлувањето на судбината на исчезнатите лица од последната војна во Косово, објави Радио КИМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskoto-nvo-aktiv-otvori-portal-za-srpsko-albansko-prijtelstvo/feed/ 0
НВО: Oстатоци од пестициди во две третини од неорганските зеленчук и овошје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nvo-ostatoci-od-pesticidi-vo-dve-tretini-od-neorganskite-zelenchuk-i-ovoshje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nvo-ostatoci-od-pesticidi-vo-dve-tretini-od-neorganskite-zelenchuk-i-ovoshje/#respond Wed, 30 Mar 2022 11:53:10 +0000 https://kurir.mk/?p=655679

Невладината организација „Идни генерации“, која редовно го испитува присуството на пестициди во овошјето и зеленчукот наменети за консумирање, изразува жалење за постоењето на вакви остатоци во речиси две третини од неорганското овошје, зеленчук и житарици, јави дописникот на МИА. Невладината организација, која го заснова својот извештај на податоците обезбедени од Генералниот директорат за конкуренција, потрошувачки прашања и спречување измами (ДГЦЦРФ), го поздрави напорот направен од институцијата за да се „придвижи напред во транспарентноста“, обезбедувајќи резултати за 2020 година на примероци за кои сега јасно се прави разлика помеѓу органските растенија и оние „од земјоделството користејќи синтетичка хемија“. ДГЦЦРФ, исто така, објавува резултати не само за остатоци над „граничната квантификација“, односно за кои лабораториите можат да ја дадат концентрацијата, туку и оние над „границата за откривање, но не и квантифицирана“. „Ова сега овозможува поцелосно да се види присуството на остатоци од пестициди во храната од растително потекло, што досега беше потценувано“, велат од Идни генерации. Така, според анализата на невладината организација, која се базира на податоците на ДГЦЦРФ, 45,9 отсто од сите примероци, органски и неоргански, откриваат остатоци од пестициди над границата за квантификација. „Државата вообичаено претходно комуницираше за оваа единствена бројка“, подвлекува здружението. Портпаролот на здружението Франсоа Вејлер беше изненаден за време на брифингот со новинарите дека две години „нема владина комуникација за овие бројки од ДГЦЦРФ“. Процентот се зголемува на 54,5 отсто кога се земаат предвид само неорганските производи каде што се откриени остатоци над границата за квантификација и на 63,1 отсто за остатоци во неоргански производи над границата за откривање. Новиот работен метод на ДГЦЦРФ во моментов не дозволува овие бројки да се споредуваат со текот на времето. „Извештајот не се однесува на проценка на ризикот“, рече Франсоа Вејлер, тоа е сложен процес кој бара познавање на изложеноста на потрошувачите. Но, „луѓето сакаат да јадат храна што не содржи опасни хемикалии“, додава тој. Последица на ова истражување: НВО Идни генерации повикува на „итен план за намалување на употребата на пестициди“ и „зголемена поддршка за органското земјоделство“. Невладината организација изразува жалење поради усвојувањето на одложувањето од страна на Европската комисија на објавувањето на новата регулатива „за одржлива употреба на пестициди“, под „притисок“, според неа, „од земјоделските синдикати како францускиот ФНСА и позицијата на државите како Франција“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nvo-ostatoci-od-pesticidi-vo-dve-tretini-od-neorganskite-zelenchuk-i-ovoshje/feed/ 0
НВО: На Филипините во војната против дрогата убиени повеќе од 120 деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nvo-na-filipinite-vo-vojnata-protiv-drogata-ubieni-povekje-od-120-deca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nvo-na-filipinite-vo-vojnata-protiv-drogata-ubieni-povekje-od-120-deca/#respond Mon, 29 Jun 2020 16:22:48 +0000 https://kurir.mk/?p=365259

Најмалку 120 деца на возраст меѓу 1 и 17 години се убиени од полицијата или од маскирани напаѓачи за време на војната против дрогата од 2016 година, што ја започна претседателот на Филипините, соопшти невладина организација со седиште во Женева. – Тоа е врвот на ледениот брег и може да има многу повеќе, изјави Џералд Стаберок, генерален секретар на Светската организација за борба против тортура (ОМКТ). – Ова се директни егзекуции на деца, рече тој. Филипинскиот претседател Родриго Дутерте почна немилосрдна кампања против трговијата со дрога, која повикува полицијата да убива шверцери со дрога. Во извештајот на OMКT се документирани 122 убиства на деца меѓу јули 2016 и декември 2019 година на национално ниво. Според истрагите на ОМКТ, близу 40 проценти од тие деца биле егзекутирани од полицијата, додека повеќе од 60 отсто биле убиени од непознати лица, честопати маскирани напаѓачи, од кои некои биле во директен контакт со полицијата. Некои деца биле директни цели, особено ако биле сведоци на други убиства. Други се убиени за размена на идентитети или кога вистинската цел не била пронајдена. Некои починале од залутани куршуми за време на полициски операции. ОМКТ предупредува на државните политики и неказнивост на одговорните за убиствата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nvo-na-filipinite-vo-vojnata-protiv-drogata-ubieni-povekje-od-120-deca/feed/ 0
Василевска: Молчењето на СДСМ е потврда дека со половина милион за НВО вршат поткуп на медиуми, граѓани и фирми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilevska-molchenjeto-na-sdsm-e-potvrda-deka-so-polovina-milion-za-nvo-vrshat-potkup-na-mediumi-gragjani-i-firmi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilevska-molchenjeto-na-sdsm-e-potvrda-deka-so-polovina-milion-za-nvo-vrshat-potkup-na-mediumi-gragjani-i-firmi/#respond Thu, 11 Jun 2020 10:33:07 +0000 https://kurir.mk/?p=356559

СДСМ врши поткуп на медиуми, граѓани и фирми со државни пари преку таканаречените невладините организации. Половина милион евра се трошат за поткуп на медиуми, граѓани и фирми во услови кога илјадници остануваат без работа, истакна на денешната прес-конференција Иванка Василевска. СДСМ со денови молчи и не дава одговори:
  1. Дали во буџетот на Република Македонија има „вишок“ од половина милион евра, па тие наместо за помош на граѓаните и компаниите, се користат за поткуп на одредена група на невладините на Заев?
  2. Доколку Социјалдемократскиот сојуз навистина се грижи за благосостојбата на ранливите категории на граѓани, и за работата на невладините организации, прашуваме тогаш зошто овие средства кога се одложија изборите за 12-ти април беа скратени, а сега во предизборието истите ќе се доделуваат во скратени рокови и скратени процедури?
  3. И ако навистина целта е квалитетни и реални проекти за справување со пандемијата дали е демократски, транспарентно и отчетно, да објавите оглас за финансирање на невладини организации, а рокот за поднесување на соодветната документација да е неполни 6 дена?
Молчењето на СДСМ само ја потврдува нашата теза дека целата оваа операција не претставува ништо друго, освен обичен обид за предизборен поткуп. Воедно, не зачудува и молкот од страна на Државната комисија за спречување на корупција, чија што основна функција е препознавање на обиди за корупција од страна на политичари или државни институции. Ја потсетуваме истата дека Република Македонија се наоѓа во предизборен период и јавно ги повикуваме да отворат соодветни постапки, при секој еклатантен обид за поткупување на гласачи, како што е впрочем и овој. За ВМРО-ДПМНЕ невладиниот сектор претставува еден од столбовите на демократијата. Невладиниот сектор треба и мора секогаш да ја зачува својата неутралност и да биде силен критичар на коруптивните појави во општеството и коректор на власта. Во таа насока, ги повикуваме невладините организации да го покажат својот интегритет и авторитет и јавно да се спротивстават на ваквите еклатантни обиди за злоупотреба, односно предизборен поткуп. Ние имаме огромна почит кон граѓанските организации и ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека навистина не е вредно да се става под „хипотека“ интегритетот на невладиниот сектор, само заради лукративните интереси на Социјалдемократскиот сојуз и одредена група на веќе т.н. „владини-невладини“ организации. Воедно, го повикуваме Социјалдемократскиот сојуз да ги тргне своите раце од невладините организации и да не го доведува целокупниот невладин сектор во незавидна ситуација пред очите на јавноста! СДСМ го уништува невладиниот сектор. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilevska-molchenjeto-na-sdsm-e-potvrda-deka-so-polovina-milion-za-nvo-vrshat-potkup-na-mediumi-gragjani-i-firmi/feed/ 0
НВО: Во напади на меѓународната коалиција против ИД во Сирија од 2014 се убиени 3.300 цивили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nvo-vo-napadi-na-megjunarodnata-koalicija-protiv-id-vo-sirija-od-2014-se-ubieni-3-300-civili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nvo-vo-napadi-na-megjunarodnata-koalicija-protiv-id-vo-sirija-od-2014-se-ubieni-3-300-civili/#respond Mon, 24 Sep 2018 06:06:24 +0000 https://kurir.mk/?p=104819

Околу 12 илјади луѓе, меѓу кои повеќе од 3.300 цивили се убиени од 2014 година до сега во напади на меѓународната коалиција, предводена од САД, против „Исламска држава“ во Сирија. Ова го соопшти невладината организација Сириски центар за мониторинг на човековите права со седиште во Велика Британија. Меѓу убиените цивили има 826 деца и 615 жени. Меѓународната коалиција ја презеде одговорноста за смртта на најмалку илјада цивили во Ирак и Сирија од почетокот на нејзините операции во двете земји. Коментирајќи ги податоците на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, портпаролот на коалицијата Шон Рајан истакна дека таа се заснова на „факти и докази“. - Ние не инсистираме на тоа дека располагаме со точни бројки, но можам да уверам дека се потпираме на најдобите достапни докази, додаде тој. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nvo-vo-napadi-na-megjunarodnata-koalicija-protiv-id-vo-sirija-od-2014-se-ubieni-3-300-civili/feed/ 0
Министерот Спасовски и НВО ќе разговаат за мониторингот на референдумот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-spasovski-i-nvo-kje-razgovaat-za-monitoringot-na-referendumot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-spasovski-i-nvo-kje-razgovaat-za-monitoringot-na-referendumot/#respond Wed, 05 Sep 2018 05:54:49 +0000 https://kurir.mk/?p=96446

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе одржи работна средба на тема „Превенција од насилниот екстремизам“ со претставници на невладини организации и Националниот комитет за превенција од насилен екстремизам. На средбата ќе стане збор и за мониторингот на спроведувањето на референдумот, улогата на МВР и можностите за соработка со граѓанското општество во превенција од насилниот екстремизам и говорот на омраза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-spasovski-i-nvo-kje-razgovaat-za-monitoringot-na-referendumot/feed/ 0
Оштетени бисти на борци во НОВ во Маврови Анови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-bisti-na-borci-vo-nov-vo-mavrovi-anovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-bisti-na-borci-vo-nov-vo-mavrovi-anovi/#respond Thu, 21 Jun 2018 13:20:05 +0000 https://kurir.mk/?p=68248

Непознати сторители оштетиле два споменика во алејата на народните херои во Маврови Анови. Бронзените портрети се искорнати од постаментите и фрлени во непосредна близина. Според информациите на СВР Тетово, оштетувањето на споменичните облележја на борците во НОВ Чеде Филипоски и Злате Малакоски било пријавено претпладнево околу 11 часот. -Во полициската станица Маврово утрово е пријавен таков случај по што на местото е испратена увидна екипа. Повеќе информации за овој случај ќе има во текот на денот, информираат од СВР Тетово. Во алејата на народните херои пред околу педесетинатина години поставени се споменични обележја со бисти на народни херои од мавровскиот крај. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-bisti-na-borci-vo-nov-vo-mavrovi-anovi/feed/ 0