Обединетата македонска дијаспора – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 Nov 2021 18:01:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Обединетата македонска дијаспора – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОМД: Заев одамна требаше да си поднесе оставка, Македонците немаа ни трошка корист од неговите одлуки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-zaev-odamna-trebashe-da-si-podnese-ostavka-makedoncite-nemaa-ni-troshka-korist-od-negovite-odluki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-zaev-odamna-trebashe-da-si-podnese-ostavka-makedoncite-nemaa-ni-troshka-korist-od-negovite-odluki/#respond Tue, 02 Nov 2021 18:01:01 +0000 https://kurir.mk/?p=589923

Обединетата Mакедонска Дијаспора (ОМД) го објавува следното соопштение во врска со најавата за оставка на Зоран Заев од функцијата премиер на Македонија, по значајниот пораз на неговата политичка партија на последните локални избори во Македонија: ОМД остро се спротивстави на таканаречениот Договор за добрососедски односи со Бугарија, на Преспанскиот договор со Грција и на Законот за употреба на јазиците во Македонија. ОМД, исто така, јавно ги истакна штетните импликации што ќе ги има донесувањето на секоја од овие мерки врз македонската нација, држава и идентитет. ОМД во три различни наврати го повика Заев да поднесе оставка: во март 2018 година, откако македонското Собрание го изгласа неуставниот и поделен Закон за јазиците; во јуни 2018 година по потпишувањето на неуставниот Преспански договор; и во септември 2018 година за време на дебаклот на принудниот референдум за промена на името, кој имаше само 36,7% излезност на гласачкото тело. Заев повеќе пати ја игнорираше волјата на македонскиот народ за неговиот идентитет. Во неговиот последен говор, тој го употреби терминот "прогресивен" за да се опише себеси и оние кои ги поддржаа неговите деструктивни постапки. Сепак, нема ништо прогресивно во тргувањето со името, историјата и идентитетот на една земја, ниту пак негирање на човековите права на македонскиот народ. Од неуставната промена на името, македонскиот идентитет секојдневно се оспорува на секое ниво. Употребата на "северномакедонски" е неконтролирана во светските медиуми и владите ширум светот. Македонците немаа ни трошка корист од ниту една непромислена политичка одлука на Заев. Всушност, Заев и неговите следбеници никогаш не успеаја да постигнат одржливи економска и политичка стабилност. ОМД постојано се спротивставуваше на промената на името. Таа ја предводеше кампањата "Ние сме Македонија," која собра 150.000 луѓе на повеќе од 40 светски собири. ОМД ќе го користи само вистинското уставно име на македонските народ и нација во однос на нашата татковина. Таа е, и секогаш ќе биде Македонија. ОМД упатува искрени честитки до 81. новоизбран градоначалник во државата, а особено до независната кандидатка Данела Арсовска, која е првата жена избрана за градоначалник на главниот град Скопје, а моментално и една од двете избрани жени градоначалнички во државата. ОМД долго време е поборник за родова рамноправност, и е благодарна што многу извонредни жени моментално служат во неговиот Одбор на директори, допринесувајќи со нивните уникатни и вредни сознанија кон приоритетите и развојот на ОМД. Искуството на ОМД, црпено од работата со Македонки со различно искуство и од различни сектори, ја нагласува потребата повеќе жени да бидат вклучени во јавниот живот на Македонија и нејзината иднина. Обединета Mакедонска Дијаспора (ОМД) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-zaev-odamna-trebashe-da-si-podnese-ostavka-makedoncite-nemaa-ni-troshka-korist-od-negovite-odluki/feed/ 0
ОМД: Барањата на Бугарија непристојни и неконструктивни, го нарушуваат кредибилитетот на процесот на пристапување кон ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-baranjata-na-bugarija-nepristojni-i-nekonstruktivni-go-narushuvaat-kredibilitetot-na-procesot-na-pristapuvanje-kon-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-baranjata-na-bugarija-nepristojni-i-nekonstruktivni-go-narushuvaat-kredibilitetot-na-procesot-na-pristapuvanje-kon-eu/#respond Fri, 18 Sep 2020 15:21:41 +0000 https://kurir.mk/?p=405225

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) преку соопштение ги отфрла, како што вели, непристојните барања на Бугарија за Македонија околу историјата, јазикот и малцинството како предуслов за влез на нашата земја во ЕУ. Во овој важен момент на долгоочекуваниот процес на пристапување во ЕУ, стои во денешното соопштение од ОМД, многу е очигледно дека Бугарија cе занимава со политички опортунизам, а против ранливата македонска држава, како средство за извлекување некакви отстапки. -Бугарија користи сè и сешто за да го казни македонскиот народ, дури и основните работи како што cе јазикот, националниот идентитет и историјата. ОМД смета дека бесрамните изјави на бугарската Влада не се конструктивни за легитимно унапредување на преговорите со ЕУ, соопштија денеска од ОМД, организација на македонските иселеници и Македонците родени во САД, формирана во 2004 година Тие, дополнува, ниту пак придонесуваат во поттикнување на пријателски односи меѓу двете соседни држави. Наместо тоа, го нарушуваат кредибилитетот и транспарентноста на процесот на пристапување кон ЕУ, а истовремено го исмејуваат и наводниот договор за „пријателство“ меѓу двете држави. Од ОМД посочуваат дека „ваквите агресивни ставови намерно се пласираат сега, а во прилог на одвлекување на вниманието на домашната јавност од проблемите со кои cе соочува владата на Бојко Борисов, вклучувајќи ја и широката распространетата корупција, организираниот криминал и девалвираните демократски стандарди на Софија“. -Актуелната влада во Бугарија cе соочува со растечки протести и секојдневни собири на незадоволни граѓани, велат од организацијата ОМД. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-baranjata-na-bugarija-nepristojni-i-nekonstruktivni-go-narushuvaat-kredibilitetot-na-procesot-na-pristapuvanje-kon-eu/feed/ 0