Обединети нации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Oct 2023 14:34:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Обединети нации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОН бараат подобрa координација за хуманитарната помош во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-baraat-podobra-koordinatsija-za-humanitarnata-pomosh-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-baraat-podobra-koordinatsija-za-humanitarnata-pomosh-vo-gaza/#respond Tue, 24 Oct 2023 14:34:47 +0000 https://kurir.mk/?p=892590

Обединетите нации денеска повикаа на подобра координација меѓу хуманитарните групи за да се осигури дека малата количина на помош која сега влегува во Појасот Газа ги содржи најпотребните предмети. УНРВА, агенцијата на ОН задолжена за помош на палестински бегалци, рече дека дел од храната доставена во Газа досега, како што се оризот и леќата, биле непрактични со оглед на намалената достапност на свежа вода и гориво. - Дополнителен предизвик во многу ограничениот проток на залихи е тоа што навистина не ги добиваме најпотребните резерви за Газа, или најрелевантните, рече портпаролката на УНРВА, Тамара Алрифаи. - Во една од пратките во последните неколку дена, добивме кутии со ориз и леќа, им рече таа на новинарите во ОН во Женева, преку видео-врска од јорданската престолнина Аман, каде што е седиштето на УНРВА. - Но, за луѓето да готват леќа и ориз, им требаат вода и гас. И затоа овие видови на залихи - иако се многу дарежливи и испратени со добра намера - не се многу употребливи во моментов, рече таа. Алрифаи додаде дека пред 7 октомври, околу 500 камиони дневно влегувале во Газа од Израел и Египет, со мешавина од комерцијални стоки, храна, помош и гориво. Но, само неколку десетици камиони кои превезуваат храна, лекови и вода влегоа во Газа преку Египет откако договорот со посредство на САД стапи во сила во саботата. „Ќе треба да се подобриме како конзорциум од хуманитарци во испраќањето на многу експлицитни списоци на она што е најпотребно“, рече Алрифаи. Таа истакна дека ќе бидат потребни предмети како што се душеци и ќебиња со наближување на зимата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-baraat-podobra-koordinatsija-za-humanitarnata-pomosh-vo-gaza/feed/ 0
ОН: Израелската наредбата за евакуација може да биде нелегален „присилен трансфер на цивили“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-izraelskata-naredbata-za-evakuatsija-mozhe-da-bide-nelegalen-prisilen-transfer-na-tsivili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-izraelskata-naredbata-za-evakuatsija-mozhe-da-bide-nelegalen-prisilen-transfer-na-tsivili/#respond Tue, 17 Oct 2023 10:08:09 +0000 https://kurir.mk/?p=889745

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации соопшти дека израелската опсада на Појасот Газа и наредбата за евакуација би можеле да претставуваат меѓународно злосторство поради присилно преместување на цивилите. -Загрижени сме дека оваа наредба, во комбинација со наметнување целосна опсада на Газа, не може да се смета како законска привремена евакуација и затоа би претставувала присилен трансфер на цивили што е прекршување на меѓународното право, изјави портпаролка на Канцеларијата за човекови права на ОН, Равина Шамдасани. Терминот „присилен трансфер“ го опишува присилното преместување на цивилното население и тоа е злосторство против човештвото казниво од Меѓународниот кривичен суд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-izraelskata-naredbata-za-evakuatsija-mozhe-da-bide-nelegalen-prisilen-transfer-na-tsivili/feed/ 0
Ниту еден камион на ОН денеска не преминал во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nitu-eden-kamion-na-on-deneska-ne-preminal-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nitu-eden-kamion-na-on-deneska-ne-preminal-vo-gaza/#respond Mon, 16 Oct 2023 20:21:44 +0000 https://kurir.mk/?p=889528

Ниту еден камион со гориво на Обединетите нации не влегол во Газа преку преминот Рафа, изјави денеска портпаролот на Агенцијата на ОН за помош и работа со палестинските бегалци (УНРВА). УНРВА го преместува своето ограничено количество гориво во Газа и планира да го стави на располагање на здравствените работници, изјави за новинарите директорката за комуникации на УНРВА, Жулиет Тума. УНРВА не можеше да внесе никакви резерви во Газа откако почна конфликтот Израел-Хамас на 7 октомври и Тума повика Израел да ја прекине опсадата на палестинската енклава. Во меѓувреме, еден милион луѓе се раселени во Газа и огромно мнозинство од два милиони луѓе кои живеат во енклавата немаат вода. Поголемиот дел од 14-те вработени на УНРВА кои беа убиени беа наставници, рече Тума. Вработените кои останаа во Газа живеат во страв и сакаат да бидат извадени од оваа „пеколна дупка“, а нивото на очај се зголемува, рече Тума.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nitu-eden-kamion-na-on-deneska-ne-preminal-vo-gaza/feed/ 0
ОН: Израел бара 1,1 милион луѓе од северна Газа да заминат во следните 24 часа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-izrael-bara-1-1-milion-luge-od-severna-gaza-da-zaminat-vo-slednite-24-chasa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-izrael-bara-1-1-milion-luge-od-severna-gaza-da-zaminat-vo-slednite-24-chasa/#respond Fri, 13 Oct 2023 05:36:42 +0000 https://kurir.mk/?p=888269

Израелската војска им порача на ОН дека сите што живеат северно од Вади Газа треба да се преселат во јужниот дел на Газа во следните 24 часа, изјави портпарол на ОН. Како што пренесе Би-Би-Си, според ОН, тоа се приближно 1,1 милион луѓе – околу половина од населението на целиот Појас Газа. Погодената област го опфаќа и густо населениот град Газа. Предупредувањето било упатено непосредно пред полноќ, по локално време во Газа и Ерусалим. - Обединетите нации сметаат дека е невозможно такво движење да се случи без катастрофални хуманитарни последици, се вели во соопштението на ОН. Израел се подготвува за копнена офанзива, распоредувајќи војници, тешка артилерија и тенкови на границата со Газа. Од саботата почна воздушни контра-напади врз Газа по ненадејниот напад на милитантите на Хамас врз Израел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-izrael-bara-1-1-milion-luge-od-severna-gaza-da-zaminat-vo-slednite-24-chasa/feed/ 0
ОН: 650.000 луѓе во Газа се соочуваат со страшен недостиг на вода https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-650-000-luge-vo-gaza-se-soochuvaat-so-strashen-nedostig-na-voda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-650-000-luge-vo-gaza-se-soochuvaat-so-strashen-nedostig-na-voda/#respond Thu, 12 Oct 2023 09:49:33 +0000 https://kurir.mk/?p=888004

Израелското бомбардирање на Газа срамни 1.000 домови од саботата и многумина на територијата се соочуваат со страшен недостиг на вода, гориво и медицински материјали, соопшти хуманитарната канцеларија на ОН. Уште 560 станбени единици се сериозно оштетени и се непогодни за живеење, а најмалку 12.600 домови претрпеа штета поради израелските воздушни напади, пренесува Ал Џезира повикувајќи се на агенцијата на ОН. Агенцијата соопшти дека сите 13 болници на територијата се само делумно оперативни поради големиот недостиг на гориво и клучните медицински материјали. Се вели дека намалувањето на залихите на вода поради заострувањето на опсадата на Израел резултирало со страшен недостиг на вода за повеќе од 650.000 луѓе на територијата од 2,3 милиони жители. Уништени се канализациските системи, што исфрла непријатна отпадна вода на улиците и претставува опасност по здравјето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-650-000-luge-vo-gaza-se-soochuvaat-so-strashen-nedostig-na-voda/feed/ 0
Претставници на ОН загинаа во воздушни напади во Појасот Газа, исчезнати француски деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnitsi-na-on-zaginaa-vo-vozdushni-napadi-vo-pojasot-gaza-ischeznati-frantsuski-detsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnitsi-na-on-zaginaa-vo-vozdushni-napadi-vo-pojasot-gaza-ischeznati-frantsuski-detsa/#respond Wed, 11 Oct 2023 15:24:43 +0000 https://kurir.mk/?p=887776

Персоналот кој работи со Палестинската агенција на ОН за бегалци (УНРВА) е убиен во воздушни напади, соопшти ОН. Од саботата до денеска загинале девет лица кои работеле со ОН, соопшти УНРВА. Во меѓувреме, француската премиерка Елизабет Борн изјави дека е потврдено оти се исчезнати неколку француски деца кои најверојатно се меѓу заложниците кои се држат во Појасот Газа. Потврдено е и дека во нападите во Израел загинале десет француски државјани. Вкупно 18, меѓу кои е деца, се водат како исчезнати. Претходно беше соопштено дека 17 Британци загинале или се водат како исчезнати по нападот на Хамас во Израел. Еден израелски функционер денеска ја потврди информацијата. Тој додаде дека меѓу загинатите има и најмалку 14 Американци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnitsi-na-on-zaginaa-vo-vozdushni-napadi-vo-pojasot-gaza-ischeznati-frantsuski-detsa/feed/ 0
ОН: Израел држи 1.264 Палестинци во административен притвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-izrael-drzhi-1-264-palestintsi-vo-administrativen-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-izrael-drzhi-1-264-palestintsi-vo-administrativen-pritvor/#respond Thu, 28 Sep 2023 11:30:24 +0000 https://kurir.mk/?p=882755

Израел држи вкупно 1.264 Палестинци во административен притвор, изјави специјалниот координатор на Обединетите нации за Блискиот Исток, Тор Венесланд, што е најголем број затвореници во последните десет години. „Израелските безбедносни сили извршија 1.042 операции за пребарување и апсење на Западниот Брег, што резултираше со апсење на 1.504 Палестинци, меѓу кои и 88 деца“, рече тој на седницата на Советот за безбедност на ОН. Тој додаде дека во периодот од 15 јули до 19 септември, израелските безбедносни сили убиле 68 Палестинци, меѓу кои 18 деца, за време на демонстрации, судири, безбедносни операции, напади или наводни напади врз Израелци и други инциденти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-izrael-drzhi-1-264-palestintsi-vo-administrativen-pritvor/feed/ 0
Ковачевски на прием во чест на 50-годишното членство на Германија во ОН https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-na-priem-vo-chest-na-50-godishnoto-chlenstvo-na-germanija-vo-on/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-na-priem-vo-chest-na-50-godishnoto-chlenstvo-na-germanija-vo-on/#respond Tue, 19 Sep 2023 08:03:53 +0000 https://kurir.mk/?p=879401

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, присуствуваа на прием организиран во чест на 50-годишното членство на Германија во Обединетите нации, што се одржа во седиштето на Организацијата во Њујорк. На приемот е реафирмирано значењето на Германија како одговорен партнер на Организацијата на Обединетите нации и принципиелен бранител на меѓународниот поредок заснован на Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право. Изминатите децении, обединета Германија презеде зголемена одговорност во Обединетите нации и денес е втор најголем придонесувач во системот на ОН во целина и втор по големина билатерален донатор на хуманитарна помош.. Премиерот Ковачевски му го честиташе на канцеларот Олаф Шолц јубилејното 50-годишно членство на Германија во ОН и големиот придонес на државата во целокупниот систем на ОН. Во кусиот разговор со канцеларот Шолц, премиерот Ковачевски се заблагодари за соработката меѓу двете земји во рамките на ОН, но и на билатерална основа во изминатите 30 години, правејќи ја Германија една од најблиските европски партнери на нашата земја. Премиерот Ковачевски на приемот имаше неформални разговори со повеќе светски лидери, во коишто е нагласен и примерот на ефективна дипломатија што го дава Република Северна Македонија, којашто годинава одбележа 30-годишно членство во ОН и којашто од земја корисничка на мировни мисии, денес е држава домаќин на меѓународни преговори за решавање прашања од интерес за стабилноста на Западен Балкан, ЕУ и во светот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-na-priem-vo-chest-na-50-godishnoto-chlenstvo-na-germanija-vo-on/feed/ 0
ОН: Во Украина досега убиени речиси 10.000 цивили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-ukraina-dosega-ubieni-rechisi-10-000-tsivili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-ukraina-dosega-ubieni-rechisi-10-000-tsivili/#respond Tue, 15 Aug 2023 17:12:35 +0000 https://kurir.mk/?p=867092

Високиот комесаријат за човекови права при ОН (ОХЦХР) денеска соопшти дека речиси 10.000 цивили се убиени од почетокот на војната во Украина. Новиот извештај објавен денеска потврди дека 9.444 цивили се убиени, а 16.940 се повредени откако Русија ја започна инвазијата на Украина во февруари 2022 година. Во извештајот се наведува и дека досега се убиени 500 деца, но се додава дека вистинската бројка на загинати е веројатно многу поголема. ОХЦХР потенцира дека бројките не се целосни бидејќи недостасуваат податоци од бројни региони, а тоа особено се однесува на градовите како што се Марупоље Лисичанск или Северодонецк, кои беа окупирани од руските војници по долг период на тежок конфликт, па затоа е потешко да се добие информации и бројки. Се стравува дека во Киев се убиени повеќе Украинци отколку што покажуваат официјалните податоци. Според податоците со кои располага ОН, огромното мнозинство луѓе, од кои 7.339, загинале во областите на Украина кои беа гранатирани од Русија и кои ги бранеше украинската армија. Во регионите окупирани од руските воени сили беа убиени 2105 луѓе. Во завојуваните области Доњецк и Луганск на истокот на земјата, има значително повеќе жртви од двете страни на линијата на фронтот отколку во главниот град Киев, во централна и западна Украина. Извештајот на ОН покажува и дека повеќе цивили биле убиени во првите месеци од војната. Според податоците на ОН, меѓу 170 и 180 цивили умреле месечно во пролетта и летото 2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-ukraina-dosega-ubieni-rechisi-10-000-tsivili/feed/ 0
ОН: Предлогот за нов британски закон за имиграција не е во согласност со меѓународното право https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-predlogot-za-nov-britanski-zakon-za-imigratsija-ne-e-vo-soglasnost-so-megunarodnoto-pravo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-predlogot-za-nov-britanski-zakon-za-imigratsija-ne-e-vo-soglasnost-so-megunarodnoto-pravo/#respond Tue, 18 Jul 2023 14:29:04 +0000 https://kurir.mk/?p=857800

Британскиот Парламент гласаше за предлогот за нов закон за имиграција, кој Обединетите нации го оценија дека не е во согласност со меѓународното право. Законот е клучен чекор за конзервативниот премиер Риши Сунак, кој ја стави борбата против илегалната имиграција приоритет. Новиот закон има за цел да ги спречи мигрантите кои нелегално пристигнале во Британија да бараат азил во таа земја. Предлог-законот, кој синоќа го усвои британскиот Парламент, е во спротивност со обврските на Велика Британија кон меѓународните човекови права, се вели во соопштението за печатот на високиот комесар за човекови права на ОН, Фолкер Турк и високиот комесар на ОН за бегалци, Филип Гранди. Тие изјавија дека законот ќе има „длабоки последици за луѓето на кои им е потребна меѓународна заштита“. Нацрт-законот допрва треба да биде потврден од кралот Чарлс Трети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-predlogot-za-nov-britanski-zakon-za-imigratsija-ne-e-vo-soglasnost-so-megunarodnoto-pravo/feed/ 0