обичаи и верувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Jan 2021 11:01:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png обичаи и верувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ни доаѓаат Стара нова година и Василица- еве што треба да не заборавите да направите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ni-doagjaat-stara-nova-godina-i-vasilica-eve-shto-treba-da-ne-zaboravite-da-napravite-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ni-doagjaat-stara-nova-godina-i-vasilica-eve-shto-treba-da-ne-zaboravite-da-napravite-3/#respond Mon, 11 Jan 2021 11:01:02 +0000 https://kurir.mk/?p=453702

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар на 13 јануари ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година. Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден. На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и лепче со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година. Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили. Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ni-doagjaat-stara-nova-godina-i-vasilica-eve-shto-treba-da-ne-zaboravite-da-napravite-3/feed/ 0
Се празнува Преподобен Антониј Велики, ова се обичаите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-praznuva-prepodoben-antonij-veliki-ova-se-obichaite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-praznuva-prepodoben-antonij-veliki-ova-se-obichaite/#respond Thu, 30 Jan 2020 07:31:43 +0000 https://kurir.mk/?p=296694

Подвизувањето е старо колку и христијанството. Но во почетокот личностите што се подвизувале не ги напуштале населените места и не оделе во пустини, пештери и сл. туку останувале во градовите или селата и тука се подвизувале сами или во помали групи. Монаштвото првите примери ги имало во ликовите на преподобните Павел Тивејски и Антониј Велики. Свети Антониј Велики е роден во 251 година во среден Египет. На 20-годишна возраст му починале родителите и тој заедно со сестра му го наследиле нивното богатство. Откако во црквата ги слушнал зборовите на Исус „Ако сакаш да бидеш совршен, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; па дојди и врви по мене.“ (Матеј, 19/21) еден дел од имотот го продал и ја сместил сестра си во еден дом за девојки, другиот дел од имотот го раздал на сиромаси, а тој го започнал подвижничкиот живот. Направил многу подвизи, особено се истакнал во борбата против еретиците. По молба на св. Атанасиј ја посетил Александрија во 335 година за да помогне во борбата против еретиците на Ариј кои биле силни и по поразот на Никејскиот собор (325). Неговото пристигнување во главниот град предизвикало големо внимание. Многу пагани дошле да го видат, а многумина сакале и да го допрат поради неговата слава. Тогаш мнозина пагани го прифатиле христијанството. Иако неписмен, (не знаел грчки, ни латински, туку само египетски) водел кореспонденција со св. Константин Велики и го бранел св. Атанасиј Велики од клеветите на непријателите. Бил строг и кон неправедните судии и им го споменувал Страшниот суд, како и нивната должност да бидат милостиви и справедливи. Доживеал длабока старост. Починал на 105 години. Кога си го почувствувал својот крај на двајцата негови ученици им оставил завет да го погребаат тајно за луѓето да не го знаат местото на неговиот гроб. Починал на 17 јануари 356 г. (с.с.) М. Цепенков во записите за светците вели дека „свети Наум, Свети Андонија и свети Спирудон – да лекуат улаите.“ Во прегледот на еснафските празнувања Цепенков запишал дека св. Антониј го празнувале како еснафски празник ковачкиот-цигански еснаф како и цигуларите и амалите. Празникот Св. Андон во Гевгелиско се сметал за тежок празник и аталија, празник за лудите луѓе. Особено св. Андон се сметал за заштитник од лудилото и од ѓаволот. Таму каде што тој ќе се јавел ѓаволот морал да бега далеку 24 часа. Еднаш ѓаволот дошол кај св. Андон и почнал да тропа на вратата. Сакал да влезе и да го залаже да не оди во црквата. Но св. Андон го здрвил пред вратата и ѓаволот пукнал. После ова кога некој боледува од лудило покрај постелата му ја ставаат иконата на св. Андон. Било од каква болест да боледува човек покрај Евангелие му носат и икона од св. Андон и веруваат дека ако му е за умирање ќе умре, а ако му е за станување ќе оздрави.  Подготви Марко Китевски за МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-praznuva-prepodoben-antonij-veliki-ova-se-obichaite/feed/ 0
ДЕНЕСКА Е ВАСИЛИЦА- еве каква година не очекува доколку врне снег или е облачно, а ова никако не смеете да го направите! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-vasilica-eve-kakva-godina-ne-ochekuva-dokolku-vrne-sneg-ili-e-oblachno-a-ova-nikako-ne-smeete-da-go-napravite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-vasilica-eve-kakva-godina-ne-ochekuva-dokolku-vrne-sneg-ili-e-oblachno-a-ova-nikako-ne-smeete-da-go-napravite/#respond Tue, 14 Jan 2020 10:46:31 +0000 https://kurir.mk/?p=289387

Денеска е големиот празник Василица за кој има неколку обичаи. Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден. На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и пита со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година. Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народное верување, ги прогонуваат лошите сили. Сепак како и на секој празник не заборавајте да појдете во црква, да запалите свеќа и да му се помолите на Бог за вас и вашите најблиски. Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година. Некогаш девојките овој ден го користеле за гатање за да дознаат за кого ќе се омажат. Некогаш домаќинките земале снег и фрлале малку кон децата дома за да бидат здрави. Се гледа и времето, ако падне снег или биде облачно, годината ќе биде плодна. Сувото време носи суша. Обичај кој се задржал и денес е да се помолиме за здравје и среќа. Денеска никако не се карајте зошто цела година ќе ве следи баксуз и кавги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-e-vasilica-eve-kakva-godina-ne-ochekuva-dokolku-vrne-sneg-ili-e-oblachno-a-ova-nikako-ne-smeete-da-go-napravite/feed/ 0
Нова година, стари обичаи: Овие работи никако не ги правете, за да не ве бие баксуз https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nova-godina-stari-obichai-ovie-raboti-nikako-ne-gi-pravete-za-da-ne-ve-bie-baksuz/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nova-godina-stari-obichai-ovie-raboti-nikako-ne-gi-pravete-za-da-ne-ve-bie-baksuz/#respond Tue, 24 Dec 2019 11:14:34 +0000 https://kurir.mk/?p=281578

Данците кршат чинии, Јапонците се кикотат, Бразилците носат бело, Шпанците јадат грозје, а Србите прасечко – сето ова во името на благосостојбата во новата година. Обичаите се различни, но низ цела планета луѓето се уверени дека одредени „адети“ носат среќа во идната година. Германците веруваат дека вревата ги брка злите духови, па така во новогодишната ноќ одат по улица удирајќи во тапани и други инструменти. Во Данска цела година чуваат чинии за на 31 да ги искршат пред влезната врата на домовите на своите пријатели. Со тоа пријателството е поцврсто па целта е да се искршат што повеќе чинии. Бразилците на новогодишната ноќ се облекуваат во бело – носело среќа и мир. Ѕвоната во Јапонија се огласуваат 108 пати за да ги избрка исто толкавиот број на човечки слабости. По ова сите мора да се смеат за да ги избркаат злите духови. Во Шпанија е обичај на полноќ да се изедат точно 12 зрна грозје, како во текот на сите 12 месеци во наредната година среќата би им била сојузник. Голема љубов ги чека оние кои на Нова година ќе се бакнат под имела, веруваат жителите на САД. А според едно верување распространето во светот на новогодишната ноќ треба да се носат црвени или жолти гаќи – црвени за љубов, жолти за пари. На Балканот обичаите се некако поврзани со храната. Се верува дека новата година мора да се дочека со полн фрижидер, да има пари во секој паричник во куќата за да се има пари и да се полни цела година. Да се платат сите сметки пред празникот и во нова година да се влезе безгрижно. Ако се јаде прасечко ќе се има напредок во идната година е верување во Србија и во Македонија. Никако немојте: -Голем пропуст е да не се честита празник на драгите луѓе, бидејќи така ја привикувате емотивната дистанца во својот живот -Никако не се позајмуваат пари на 31ви декември ни 1ви јануари, ова значи 12 месеци материјални проблеми. -Никако не треба да се изнесува ништо од дома на 1-ви јануари. Ништо значи апсолутно ништо! Ова важи и за ѓубре. –Баксузен период ги очекува оние кој во домот по полноќ прва им влезе личност со плава или црвена коса. Првата личност која ќе дојде дома не треба ни да е жена бидејќи многумина веруваат дека тоа носи несреќа. -Работа не се склопува на 1ви јануари – тоа значи нема да е успешна -Не треба да се пере долна облека или чинии на 1ви јануари, постоела опасност некој да си замине од куќата во наредната година. -Кршење, плачење и дивеење – ништо од ова не смеете да правите зошто било лош знак за годината што следи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nova-godina-stari-obichai-ovie-raboti-nikako-ne-gi-pravete-za-da-ne-ve-bie-baksuz/feed/ 0
Во петок доаѓа најголемиот празник по Велигден: Ова никако не заборавајте да го направите! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-petok-doagja-najgolemiot-praznik-po-veligden-ova-nikako-ne-zaboravajte-da-go-napravite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-petok-doagja-najgolemiot-praznik-po-veligden-ova-nikako-ne-zaboravajte-da-go-napravite/#respond Wed, 10 Jul 2019 10:06:57 +0000 https://kurir.mk/?p=217016

Петровден — православен празник што се одбележува секоја година на 12 јули. Празникот е посветен на Апостол Петар. Сe смета за еден од најголемите празници по Велигден. Еден од најзначајните настани на Петровден е почетокот на традиционалната Галичка свадба. За Петровден, според фолклористот Марко Kитевски, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето, дури и светецот (Св. Петар) тој ден зел срп и жнеел. Некој го држат празникот само до пладне, а попладне работат. Во Галичник Петровден се сметал за голем празник, тогаш доаѓале печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во еден ден имало 50 свадби, а удирањето на тапаните се слушало дури во Албанија, објаснува Kитевски. Интересни обичаи и верувања поврзани со Петровден се забележани во Kуманово. Тој ден рано наутро уште пред изгрејсонце оделе во бавчите и нивите, особено оние со бостан и од сите четири страни фрлале ситни камчиња. На тој начин според верувањето засновано на принципот на имитативната магија се влијае врз бостанот многу да врзува и брзо да расте. Исто така, бостанот, но и другите култури се прскале со вода од извор за да растат силно како водата што извира. Во овие петровденски верувања интересно е и фрлањето измет од стоката врз бавчите и нивите со земјоделски култури. Изметот земен од местото каде што стоката пладнувала (меризувала), или од пазарот се верува ќе влијае врз родот да биде густ и обилен како што била стоката на тоа место. Според Kитевски, во гевгелиско за јадење на овој ден правеле млечник за да бидат цела година благи како млекото, а во Скопска Црна Гора се верувало дека кој ќе се омрси во петровденските пости ќе се скрастави. Во овој крај ако било сушно времето на овој ден, носеле крсти (литии) и со песната „Kрсти носам бога молам“ се молеле за дожд. Kитевски забележува дека Павловден жените го држеле како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работело за да не бидат каснати од пајак бидејќи се верувало дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден. На иконите двајцата апостоли се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт. И двајцата држат отворени книги. Според фолклористот Мирко Kитевски, на празникот му претходи петровденскиот пост, чија должина зависи од празникот Велигден. Овој пост е еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината, а започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и петровденскиот пост секогаш не трае исто. Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној што најмногу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос. Инаку, тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време. Kитевски смета дека светиот апостол Павле е особено значаен за Македонија. Тој своето прво патување надвор од Азија го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера. Во книгата „Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука“, што е дел од Светото писмо, се истакнува дека кога светиот апостол Павле се наоѓал во Тријада, една ноќ имал видение: „...стоеше пред него еден човек Македонец, кој го молеше и му велеше: ’Премини во Македонија и помогни ни!’ По тоа видение, веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ н` повикал таму да го проповедаме Евангелието (Дела 16-9,10). Kако што стои во ова сведоштво, една богобојазлива жена од градот Тијатир, по име Лидија, прва се покрстила заедно со своите домашни, а потоа ги поканила апостолот и неговите соработници во нејзиниот дом. „Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете и живејте во мојата куќа!“, им рекла таа. Потоа и многу други жители на овој град биле покрстени со што се родила првата христијанска општина во Европа. Kитевски смета дека поради тоа може да се рече дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите тешкотии, се судрувало со старите пагански обичаи и верувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-petok-doagja-najgolemiot-praznik-po-veligden-ova-nikako-ne-zaboravajte-da-go-napravite/feed/ 0
На Водици сите одат по света вода, но грешат во една работа- ова никако не го заборавајте во сабота! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-vodici-site-odat-po-sveta-voda-no-greshat-vo-edna-rabota-ova-nikako-ne-go-zaboravajte-vo-sabota/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-vodici-site-odat-po-sveta-voda-no-greshat-vo-edna-rabota-ova-nikako-ne-go-zaboravajte-vo-sabota/#respond Thu, 17 Jan 2019 09:51:37 +0000 https://kurir.mk/?p=153241

Богојавление е ден кога според преданието, божјиот глас објавил дека Исус е негов син и се верува дека воочи овој празник на полноќ се исполнуваат сите желби. Бројни верници на Богојавление одат во црква по света вода со која домашните потоа ќе измијат, но за да осветената вода навистина биде делотворна, пред и после земање на водата, потребно е да се помолите. Обичај е на овој ден ништо да не се работи по дома, да не се пере облека, а ткаењето задолжително треба да се изостави. Никако не треба да се мисли лошо, ниту пак некому да се посака зло. На овој ден не е задолжително да се пости. Од временските прилики за Богојавление зависи какво време не` очекува. Се верувало дека ако за Богојавление има мраз или паѓа снег, година ќе биде родна, а ако биде ведро, годината ќе биде сушна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/na-vodici-site-odat-po-sveta-voda-no-greshat-vo-edna-rabota-ova-nikako-ne-go-zaboravajte-vo-sabota/feed/ 0
Внимавајте што правите на Бадник- некои работи на овој ден одлучуваат за вашата судбина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnimavajte-shto-pravite-na-badnik-nekoi-raboti-na-ovoj-den-odluchuvaat-za-vashata-sudbina-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnimavajte-shto-pravite-na-badnik-nekoi-raboti-na-ovoj-den-odluchuvaat-za-vashata-sudbina-2/#respond Thu, 03 Jan 2019 16:51:35 +0000 https://kurir.mk/?p=148020

Се ближи најзначајниот и со обичаи најбогат христијански празник.
Повеќето бадникарски и божиќни обичаи се втемелени на сознанија дека тие денови почнува Нова година и на верувања дека баш тогаш се одлучува за судбината на куќата и домаќините во претстојниот период. Речиси сите магиски или култни работи за тие празници биле инспирирани од тежината да се обезбеди среќа и напредок во годината. Еве некои од тие стари народни обичаи кои и до ден денес некаде се почитуваат: -На Бадниковата вечер не смеете да заспиете додека не ви запее коледар, бидејќи домаќините ќе починуваат без предзнак или невидено. -Не смеете да одите боси по слама бидејќи домашните ќе се разболат и ќе ги болат нозе. -На Бадник ништо не треба да се позајмува, а она што е претходно позајмено, тоа се бара назад, бидејќи не е убаво она што и припаѓа на куќата да биде надвор од неа за Божиќ. -Ако на Бадник биде облачно, ќе биде родна година. -Ако на Бадник се собере доста пепел на бадниковото гранче кое гори, се верува дека зимата ќе биде студена со многу снег.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnimavajte-shto-pravite-na-badnik-nekoi-raboti-na-ovoj-den-odluchuvaat-za-vashata-sudbina-2/feed/ 0
Обичаи и верувања за Свети Игнат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obichai-i-veruvanja-za-sveti-ignat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obichai-i-veruvanja-za-sveti-ignat/#respond Tue, 02 Jan 2018 07:44:44 +0000 http://kurir.mk/?p=5197

Детето што Исус го носеше во прегратка Кога свети Игнатиј бил дете Исус го зел во прегратка и на учениците им рекол: „Ако не бидете како деца нема да влезете во царството небесно“. Бил ученик на ап. и ев. Јован Богослов. Во народното верување на овој ден започнале родилните болки на Пресвета Богородица. Како што се пее во народните песни: „Се замачи Божја мајка, од Игната до Божика“. (Именден празнуваат: Игнат, Иго, Игнатка...) Светата православна црква на овој ден го празнува споменот на Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец. Свети Игнатиј бил ученик на Светиот апостол и евангелист Јован Богослов од кого бил поставен, за епископ на црквата во Антиохија со која раководел 40 години. Кога бил дете Исус го кренал, (го зел во прегратка) и на учениците им рекол: „Ако не бидете како деца нема да влезете во царството небесно“. Поради тоа што Исус го носел во прегратка е наречен Богоносец. Настрадал за време на римскиот цар Трајан. По победата над Трачаните и Скитите царот наредил на римските богови да им се принесат жртви сметајќи дека тие му помогнале во борбата да извојува победа. Христијаните одбиле тоа да го направат, особено против тие обичаи биле црковните старешини. Меѓу нив бил епископот Игнатиј. Царот Трајан самиот дошол во Антиохија за да разговара со епископот Игнатиј, да го разубеди и да го врати во идолопоклонството. Но кога видел дека не може тоа да го постигне наредил епископот да го одведат во Рим и да го фрлат на ѕверовите. На 20 декември (според стариот календар) 106 година Светиот свештеномаченик Игнатиј во еден амфитеатар во Рим бил фрлен пред два гладни лава кои го растргнале на очиглед и задоволство на многубројна публика. Се јавувал повеќе пати по смртта, правел чуда и им помагал на сите што ја барале неговата помош. Празникот Св. мч. Игнатиј Богоносец во народот познат како Св. Игнет, Игњат, Игнатов ден, итн. се нарекува и „Прв Божик“ зашто тогаш започнуваат подготовките за празникот Рождество Христово ‒ БОЖИК. Празникот Игнат секогаш е пет дена пред Божик 2. 1. /20 XII и со него започнуваат свеченостите поврзани со зимските празници. Поголем број обичаи поврзани со овој празник упатуваат на заклучокот дека со овој ден започнуваат и новогодишните обичаи, а има и такви што потсетуваат на свеченостите поврзани со далечните пагански прослави на зимската краткодневица и враќањето на сонцето од јужните напоредници. Во таа смисла се обредните огнови познати кај многу народи. Обичаите и верувањата што се изведуваат на празникот Игнат најповеќе се поврзани со почетокот на годината или со споменот на раѓањето на Исус Христос. Така на пр. во Велес, како што запишал Д. Матов, на Игнат вареле пченица и царевка заедно за да се подигне бериќетот, а жените заработувале од секоја работа по малку, исто така за да им се подига работата. Во Разлошко овој празник се поврзува со Божик па се вели дека од Игнат се замачила Божја мајка: „замачила се е уш туга Божја маќа“. Во Гевгелиско Св. Игнат бил сметан за тежок и „уд огин аталија празник“. Особено го држеле празник и не работеле жените што имале деца. На овој ден се колеле свињи и сучеле сарајлии за Божик. Во Штип празникот го викале Игнат - подигнат. Тој ден мајките ги теглеле своите деца, „ги подигаат“ за ушите или главата за да растат повеќе. И во овој крај е забележан обичајот полазник. Имено, оној што ќе влезе прв во куќата се верува дека носи среќа или несреќа. Ако тоа бил млад и убав човек (момче или девојка) се сметало дека носат среќа, а ако прв влезел некој старец или баба верувале дека не ќе оди најдобро. Обичајот полазник е забележан и во други краишта на Македонија и е во врска со започнувањето на годината кога се прогнозира среќата на поединецот и заедницата. Во Кумановско на овој ден се прогнозирала среќата за целата наредна година со жарчиња, обичај познат и во други краишта на Македонија, поврзан и со други празници, како што е новата година. Овој обичај се изведувал вечерта спроти празникот кога жарчиња се ставале на земјата и до секое жарче по едно зрно од разните житни култури (пченка, пченица, ʼрж, јачмен, овес и др.) потоа се поклопувале „сас каленицу“ (или со вршник) и на празникот се гледало како изгаснале жарчињата. Се верувало дека тие што согореле добро, со пепел, претскажуваат дека тоа жито добро ќе роди, тие што изгаснале и станале црни јаглења претскажувале дека тоа жито нема да роди. Во овој крај се прогнозирало и на времето, ако е облачно се верувало дека ќе има бериќет, ако е ведро, претскажувало дека годината ќе биде сушна. Во Радовиш Св. Игнат го држеле како тежок празник. Овде денот го минувале во тишина, не се пеело, не се викало, дури и децата не се тепале за да не плачат гласно. Утрото сите домашни се заблажувале со едно лажиче благо. Во Скопската Котлина, спроти празникот сечеле шума од три вери т.е. од три вида: зеленика, смрека и даб. Овие гранчиња се оставале до вратата под стреата и со нив за идните празници се потсилувал огнот. Спроти празникот се правеле и други обичаи како што е фрлањето костени во трлото за да „рипкаат“ јагнињата како костените. Утрото на Св. Игнет се палел посилен оган во огништето, а потоа, домаќинката ги скоревала децата со кои го изведувале обичајот силење ‒ прпешкање на огнот. Тогаш земале од гранките донесени вечерта и го буричкале (го силеле, го прпешкале) огнот, благословувајќи за добро здравје, за напредок на стоката и богат род на земјоделските култури. Интересни обичаи поврзани со овој ден се забележани во Охрид. Кузман Шапкарев запишал дека на Игнатов ден и вечерта спроти Бадник и на Нејатка спроти Водици во Охрид правеле посни питулици од тенка каша печени во специјални питулчарници и после попарени со ореова вода (врела вода со толчени ореви). Со дел од кашата правеле крстови на оџаците, горните прагови на куќните врати, амбарите, бочвите и др. И Е. Спространов забележал дека во Охрид правеле „питулици на черепна“ и велеле дека тоа се „постулиците на Ристоса“. Спространов запишал предание според кое „На Игнет некоја Бојка от Бојковци си перела. Је рекле: Ами денеска је Игнет, зошчо периш? Таја рекла: Ами, Игнет пригнет! Веднуш се извил сокаот за дирегот и ќе ја удаел. Таа го фрлила грнецот со вода, како го држела, го отпушчила поврзлото и фатила да и викат жените, за да видет чудото“. Подготви Марко Китевски за МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obichai-i-veruvanja-za-sveti-ignat/feed/ 0