обичај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Dec 2022 08:00:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png обичај – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тепачки како божиќен обичај во Перу https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tepachki-kako-bozikjen-obichaj-vo-peru/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tepachki-kako-bozikjen-obichaj-vo-peru/#respond Wed, 28 Dec 2022 08:00:43 +0000 https://kurir.mk/?p=781478

Стотици жители на околијата Чумбивилкас во Перу се собраа на Божиќ за да учествуваат во традиционалните тепачки. Цел е луѓето физички да се пресметаат и да ги решат меѓусебните судири пред да заврши годината. Стотици жители на овој округ во областа Куско во Перу се собраа на Божиќ за да учествуваат во овој свој обичај. Борбите имаат за цел „да ги решат“ семејните, романтичните, па дури и имотните спорови со тупаници додека гледачите пеат, танцуваат и навиваат за нивните миленици. „Борците“ традиционално се мажи, но годиниве сѐ повеќе учествуваат и жени. Традицијата е наречена Таканакуј, кечуански назив што во приближен превод значи – „удирање“. Тепачката вклучува само клоци и тупаници и завршува ако борецот крвари, падне на земја или не може веќе да се одбрани. Луѓе на „Рондерос“, како што е познат околниот правосуден систем на заедниците на Андите, стојат покрај бојното поле за да помогнат во растурањето на борбите кога тоа е потребно. Борбите традиционално се проследени јадење, пиење и поворка. Овогодишниот настан имаше повеќе од 40 тепачки, од коишто секоја траеше приближно две минути. На крајот, со изедначување на резултатот, тепачките обично завршуваат со прегратка, насмевка и ракување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tepachki-kako-bozikjen-obichaj-vo-peru/feed/ 0
Девојките денеска тргнуваат во „лов“ на мажи: Еве што мора да направите за да имате повеќе додворувачи https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/devojkite-deneska-trgnuvaat-vo-lov-na-mazi-eve-shto-mora-da-napravite-za-da-imate-povekje-dodvoruvachi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/devojkite-deneska-trgnuvaat-vo-lov-na-mazi-eve-shto-mora-da-napravite-za-da-imate-povekje-dodvoruvachi/#respond Fri, 06 May 2022 11:01:46 +0000 https://kurir.mk/?p=672843

На 6 мај православните верници го слават Ѓурѓовден, празник посветен на Свети Ѓорѓи. За овој ден се поврзуваат различни обичаи, особено оние поврзани со цвеќето, природата, а самиот празник некогаш се земал како граница меѓу зимата и летото. Поглем број на старите обичаи на Ѓурѓовден се однесуваат на здравјето, плодноста, љубовта, среќата, венчавањето.. Еден од обичаите за Ѓурѓовден е китење на портите со цветни венци. Во одредени делови во Македонија е обичај на Ѓурѓовден да се оди во природа, да се направи пикник со храна, пијалак и музика. Се празнува до пладне, а стариот обред е младите да се опашаат со врбови гранки да бидат напредни како врби, да се китат со здравец за да бидат здрави, коприва бидејќи копривата ги гори болестите и селен да се направи за нивните души да мирисаат на селен. Магичен лов за мажи Девојките практикуваат магија пред брак. Овој таканаречен магичен лов за мажи зависел од место до место. На некои места се берело помамник, за да момчињата се мамат по нив и oбичен папрат за да ги преферираат мажите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/devojkite-deneska-trgnuvaat-vo-lov-na-mazi-eve-shto-mora-da-napravite-za-da-imate-povekje-dodvoruvachi/feed/ 0
Бизарен обичај во Португалија: Родителите ги поттикнуваат децата да пушат цигари за Богојавление https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bizaren-obichaj-vo-portugalija-roditelite-gi-pottiknuvaat-decata-da-pushat-cigari-za-bogojavlenie/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bizaren-obichaj-vo-portugalija-roditelite-gi-pottiknuvaat-decata-da-pushat-cigari-za-bogojavlenie/#respond Wed, 10 Jan 2018 08:14:32 +0000 http://kurir.mk/?p=7969

Еден дел од церемонијата за одбележување на Богојавление во португалското село Вале де Салгуеиро, секоја година предизвикува негодување помеѓу странците. Имено, за време на церемонијата родителите ги потикнуваат своите деца, меѓу кои има и такви од пет години, да пушат цигари. Локалното население тврди дека тој обичај се практикува со векови како дел од прославата на Богојавление, но никој не знае да објасни што точно симболизира и зошто родителите им купуваат цигари на децата и ги потикнуваат да пушат. Дводневната церемонија која се завршува со неделна миса вклучува и играње околу логорски оган, музика и избор на „крал“ кој служи голема количина на вино и грицки. Жозе Рибеириња, писател кој пишувал за церемониите во тоа село вели дека оваа традиција има непознати корени, но дека истата може да има врска со повторното будење на природата и човечкиот живот. Според неговите зборови, ова село се придржува до многу традиции кои потекнуваат од паганското време и додава дека за тоа допринело и тоа што селото е одалечено 450 километри од Лисабон, со што се зачувала оваа традиција. Во Португалија е забрането да им се продаваат цигари на лица под 18 години, меѓутоа ништо не ги спречува родителите да го направат тоа, а португалските власти не прават ништо да ја спречат таа пракса. Како и во многу европски земји, и во оваа земја се преземаат мерки за намалување на пушењето, вклучувајќи делумна забрана за пушење во затворени простории.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bizaren-obichaj-vo-portugalija-roditelite-gi-pottiknuvaat-decata-da-pushat-cigari-za-bogojavlenie/feed/ 0