обид за атентат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 May 2023 12:13:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png обид за атентат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕК најостро го осудува обидот за атентат врз бугарскиот државен обвинител https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ek-najostro-go-osuduva-obidot-za-atentat-vrz-bugarskiot-drzhaven-obvinitel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ek-najostro-go-osuduva-obidot-za-atentat-vrz-bugarskiot-drzhaven-obvinitel/#respond Tue, 02 May 2023 12:13:02 +0000 https://kurir.mk/?p=829708

Европската комисија денеска соопшти дека најостро го осудува обидот за бомбашки атентат на главниот обвинител на Бугарија. Дознавме за ова недозволиво дејствие, рече портпаролот на комисијата во одговор на прашање на прес-конференција, јави БТА. „Ова е бесмислен и кукавички чин на насилство за кој нема место во нашето општество. Очекуваме националните власти одлучно и брзо да ги изведат сторителите на овој грозоморен чин пред лицето на правдата. Засега не можевме да претпоставиме кои се причините за таквиот напад“, додаде портпаролот. Вчера попладне одекна експлозија на патот, во момент кога автомобилот на главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев и неговата колона се движела на патот од Самоков кон Софија. - Главниот обвинител бил цел на убиство, изјави заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов. Тој нагласи дека не станува збор за заплашување, туку за обид за атентат. Сарафов извести дека дошло до екстремно силна експлозија и дека од експлозијата е формиран кратер со длабочина од 30-40 см и дијаметар од близу три метри. -Експлозивната направа очигледно била наменета да убие. Не била со намера да заплаши, рече заменик-јавниот обвинител.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ek-najostro-go-osuduva-obidot-za-atentat-vrz-bugarskiot-drzhaven-obvinitel/feed/ 0
27 години од атентатот врз Киро Глигоров https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/27-godini-od-atentatot-vrz-kiro-gligorov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/27-godini-od-atentatot-vrz-kiro-gligorov/#respond Mon, 03 Oct 2022 06:01:25 +0000 https://kurir.mk/?p=740223

На денешен ден пред 27 години врз претседателот Киро Глигоров беше извршен атентат, а оттогаш иако имаше бројни заложби и ветувања дека нарачателите и извршителите ќе бидат пронајдени и донесени пред лицето на правдата, досега нема никакви конкретни резултати, а атентатот врз првиот македонски претседател паѓа во заборав. Во историјата ќе остане запишано дека на 3 октомври 1995 година врз претседателот беше извршен неуспешен обид за атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер, кој бил случаен минувач покрај местото на настанот. Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол” во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движел од неговата резиденција до работното место во Собранието. Бомбата, поставена во автомобил АМИ 8, експлодираше кога автомобилот на претседателот поминувал покрај него. Од силината на експлозијата, Цитроенот беше целосно распарчен, а делови од возилото се разлетале наоколу. Експлозивната направа е производство на ЈНА, а содржела еден килограм пластичен експлозив, со стотици челични топчиња кои имале смртоносно дејство во радиус од околу 50 метри. За обидот за атентат врз него, Глигоров напиша и автобиографска книга „Атентат – ден потоа“, што ја промовираше во 2002 година. Првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1- ви јануари 2012 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/27-godini-od-atentatot-vrz-kiro-gligorov/feed/ 0