обилни врнежи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 24 Jun 2023 14:41:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png обилни врнежи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во прекин сообраќајот на патот Берово- Виница, поради невремето критично на влезот во Смојмирово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prekin-soobrakajot-na-patot-berovo-vinitsa-poradi-nevremeto-kritichno-na-vlezot-vo-smojmirovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prekin-soobrakajot-na-patot-berovo-vinitsa-poradi-nevremeto-kritichno-na-vlezot-vo-smojmirovo/#respond Sat, 24 Jun 2023 14:27:44 +0000 https://kurir.mk/?p=849309

Поради невремето кое ја зафати Малешевијата во прекин сообраќајот на регионалниот патен правец Берово – Виница. Причина за прекинот е надојдена вода од Колачински поток, поради што во моментот има забрана за движење на овој патен правец. Информацијата ја потврдија од ЦУК од каде додадоа дека поради обилните врнежи од дожд надојдена е Смојмирска река која предизвика штети по земјоделските површини и има поплавено неколку објекти. Во градот Берово ситуацијата е најкритична кај некогашната фабрика „Датекс“ каде река од вода тече по блиската улица. Невремето денеска го зафати и градот Пехчево каде граѓани исто така јавуваат за поплавени улици. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prekin-soobrakajot-na-patot-berovo-vinitsa-poradi-nevremeto-kritichno-na-vlezot-vo-smojmirovo/feed/ 0
ВИДЕО: Поплави во Србија – Вонредна состојба во пет општини, евакуирани 84 луѓе, по двајца се трага https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-poplavi-vo-srbija-vonredna-sostojba-vo-pet-opshtini-evakuirani-84-luge-po-dvajtsa-se-traga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-poplavi-vo-srbija-vonredna-sostojba-vo-pet-opshtini-evakuirani-84-luge-po-dvajtsa-se-traga/#respond Fri, 20 Jan 2023 07:06:47 +0000 https://kurir.mk/?p=789556

Поради силен дожд и излевање на реки, вонредна состојба е прогласена во пет општини во Србија: Пријепоље, Сјеница, Нови Пазар, Брус и Тутин. Најдраматично е во Нови Пазар, каде полицијата, пожарникарите и спасувачите цел ден трагаа по двајца постари мажи, кои околу 11 часот влегле во надојдената Трнавица. Несреќата се случила кога соседите се собрале на брегот за да спречат излевање на поројниот поток и поплавување на нивните куќи и дворови. - Во еден момент постар сосед паднал во коритото бидејќи се урнала барикадата. Другиот сосед, посегнал и се обидел да го извлече, но и тој паднал во надојдената река. Синот на другиот маж истрчал покрај брегот и се обидел да ги извлече татко му и соседот од импровизиран мост. Но, оградата на мостот попуштила и тој заврши во водата, но некако успеа да доплива до брегот каде го чекавме и го извлекоа на суво, велат мештаните. Српските медиуми пренесуваат дека оградата пукнала кога синот успеал да стигне до раката на својот татко, таткото практично го одвлекол во водата, бидејќи оградата пукнала од силата. Надојдените реки кои однесоа куќи, ниви, имоти и помошни објекти трет ден не им дадоа мир на жителите на Бродарево, Пријепоље и Сјеница, а вчера се излеаа реките во Брус, Чачак, Прибој. Поплавени се стотици згради, а припадниците на Одделението за вонредни состојби на МУП евакуирале 84 лица. Најголем број евакуирани има во Прибој - 30, во Сјеница (24), Брус (16), Бродарево (9) и Нови Пазар (5), соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. На некои места се предизвикани одрони. Во Сјеница, каде во вторникот беше најкритично, водостојот на реката Грабовица стагнира, но десетици куќи се поплавени. На територијата на општина Брус, каде е прогласена вонредна состојба, евакуирани се 10 лица.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-poplavi-vo-srbija-vonredna-sostojba-vo-pet-opshtini-evakuirani-84-luge-po-dvajtsa-se-traga/feed/ 0
Катастрофалните поплави однесоа скоро 200 животи во Европа: Исчезнаа градови и патишта, луѓе останаа без кров над глава (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katastrofalnite-poplavi-odnesoa-skoro-200-zivoti-vo-evropa-ischeznaa-gradovi-i-patishta-lugje-ostanaa-bez-krov-nad-glava-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katastrofalnite-poplavi-odnesoa-skoro-200-zivoti-vo-evropa-ischeznaa-gradovi-i-patishta-lugje-ostanaa-bez-krov-nad-glava-foto/#respond Mon, 19 Jul 2021 10:30:44 +0000 https://kurir.mk/?p=538646

Најмалку 189 лица загинаа, а стотици се водат за исчезнати по катастрофалните поплави што погодија голем дел од Западна Европа. Десетици илјади луѓе не можат да се вратат во своите домови, а многумина останаа без струја и вода за пиење. Поплавите, предизвикани од обилните дождови, најпрво погодија делови од Западна Германија, пред да се прошират во соседните Белгија и Холандија. Неколку области низ северна Холандија беа евакуирани откако во саботата реката Мас се искачи на нивоа што не се гледаат повеќе од 100 години. Во Венлоу, град од десната страна на реката, 10 000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови. Брзиот пораст на водостојот ги принуди доброволците и армијата да се борат со времето во саботата за да го подготват градот за поплавување. Кеси со песок беа поставени како брана, додека инженерите се фокусираа на зајакнување на насипот откако во петокот пукна еден таков насип во провинцијата Јужен Лимбург, предизвикувајќи големи поплавувања во околните области. Подготовката се исплатеше - а насипот и одбраната од поплави траеја цела ноќ и не се очекуваат поголеми поплави. Во Германија, во меѓувреме, откриен е вистинскиот обем на пустошот предизвикан од поплавите, откако водата се смири за време на викендот, оставајќи зад себе пустош, кал и хаос. Цели градови, патишта и железници исчезнаа, а најмалку 160 лица загинаа во поплавите, кои германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ги опиша како „најголемата природна катастрофа“ во последните 100 години. Повеќето од жртвите се пријавени во западната држава Рајнска област-Пфалц, каде 110 лица го загубија животот, се вели во соопштението објавено од полицијата во неделата. Германската канцеларка Ангела Меркел го посети Шулд, еден од најпогодените градови, во неделата и рече дека уништувањето е „надреално“. - Шокантно е - можам да кажам дека германскиот јазик нема збор за уништување - рече Меркел. Таа вети дека нејзината влада брзо ќе обезбеди финансиска помош. Премиерот на државата Рајнска област-Пфалц рече дека областа е „место на ужас и уништување“. Белгискиот национален центар за кризи во неделата соопшти дека ситуацијата постепено се подобрува низ целата земја и дека областите погодени од поплавите се „надвор од непосредна опасност“. Потрагата по жртви продолжува, а најголемиот проблем во овој момент е недостаток на вода за пиење во некои од најтешко погодените области. Најмалку 31 лице беше убиено. Спасувачките акции се завршени, но се продолжува со потрагата по бројните подрачја, рече центарот. Разорните поплави следеа откако делови од Западна Европа доживеаа историски нивоа на врнежи, а количината на дожд што обично паѓа за повеќе од еден месец падна за 24 часа. Келн, во државата Северна Рајна-Вестфалија, во четвртокот наутро забележа 154 милиметри дожд за 24 часа, што е скоро двојно повеќе од просекот на месецот за јули - 87 милиметри. Во округот Арвулер, за девет часа падна дожд од 207 мм. Обилните врнежи од дожд доведоа до екстремни поплавувања, откако нивоата на реките се зголемуваа од минута во минута. И покрај тоа што е рано за научниците да кажат каква е улогата на климатските промени во овие поплави, екстремните врнежи од дожд, како оние што се гледаат оваа недела во Западна Европа, стануваат се почести и посериозни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katastrofalnite-poplavi-odnesoa-skoro-200-zivoti-vo-evropa-ischeznaa-gradovi-i-patishta-lugje-ostanaa-bez-krov-nad-glava-foto/feed/ 0
Обилните дождови предизвикаа поплави и евакуација на населението во североисточна Јапонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obilnite-dozdovi-predizvikaa-poplavi-i-evakuacija-na-naselenieto-vo-severoistochna-japonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obilnite-dozdovi-predizvikaa-poplavi-i-evakuacija-na-naselenieto-vo-severoistochna-japonija/#respond Wed, 29 Jul 2020 06:43:36 +0000 https://kurir.mk/?p=382917

На десетици илјади лица во североисточна Јапонија денеска им е наредено да се евакуираат од своите домови, откако поројните дождови предизвикаа големи поплави, соопштија локалните власти, пренесе ДПА. Поројните дождови доведоа до прелевање на реката Могами, во префектурата Јамагата, поплавувајќи куќи и патишта. -Во селото Окура, 540 луѓе останаа изолирани поради лизгање на земјиштето, соопшти владиниот портпарол Јошихид Суга. Локалните жители се обидуваат да се засолнат и истовремено да ја задржат социјалната дистанца поради стравувањата од Ковид-19, додава агенцијата. Засега нема жртви и исчезнати во Јамагата, соопштија локалните власти, додека една повозрасна жена наводно била повредена. Според Јапонската агенција за метеорологија, во градот Нагаи за 24 часа наврнале 205 милиметри дожд, пренесе ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obilnite-dozdovi-predizvikaa-poplavi-i-evakuacija-na-naselenieto-vo-severoistochna-japonija/feed/ 0
Обилни врнежи од дожд во Неготино, интервенција на пожарникарите https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/obilni-vrnezi-od-dozd-vo-negotino-intervencija-na-pozarnikarite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/obilni-vrnezi-od-dozd-vo-negotino-intervencija-na-pozarnikarite/#respond Wed, 17 Jun 2020 18:25:47 +0000 https://kurir.mk/?p=359201

По обилниот дожд во Неготино, на терен интервенираат неготинските пожарникари. Командирот на Територијалната противпожарна единица Иле Илиев за МИА изјави дека со пумпи ја црпат надојдената вода во строгиот центар на градот. Жителите на Неготино паметат неколку поплави во градот во минатото, од кои две поголеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/obilni-vrnezi-od-dozd-vo-negotino-intervencija-na-pozarnikarite/feed/ 0
Облачно време со пообилни врнежи од дожд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oblachno-vreme-so-poobilni-vrnezi-od-dozd/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oblachno-vreme-so-poobilni-vrnezi-od-dozd/#respond Sun, 15 Mar 2020 08:42:09 +0000 https://kurir.mk/?p=316714

Времето ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд (понекаде над 20л/м2). Врнежите на планините ќе бидат од снег, а на повисоките места особено во западните делови и на североистокот повремено ќе преминуваат од дожд во снег. Дневните температури преку денот нема многу да се покачат и ќе се пониски и за повеќе од десетина степени од денешните. Уште од ноќта ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од еден до девет степени, а дневната температура од четири до 11 степени. Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до седум степени. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневните температури. Наутро постудено ќе биде особено во среда и четврток.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oblachno-vreme-so-poobilni-vrnezi-od-dozd/feed/ 0
Нивото на водата во Венеција најголемо во последните 50 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nivoto-na-vodata-vo-venecija-najgolemo-vo-poslednite-50-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nivoto-na-vodata-vo-venecija-najgolemo-vo-poslednite-50-godini/#respond Wed, 13 Nov 2019 10:30:38 +0000 https://kurir.mk/?p=263467

Обилните дождови и големиот бран плима ги поплавија историска базилика Свети Марко и многу градски плоштади и улици во Венеција. Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бругнаро изјави дека ќе прогласи вонредна состојба. – Ситуацијата е драматична. Ќе бараме помош од Владата. Цената ќе биде висока. Ова е резултат на климатските промени, напиша Бругнаро на Твитер. Висината на водата на Плоштадот Свети Марко надмина над еден метар. Базиликата Свети Марко за 1.200 години поплавена е шестпати, од кои четирипати се случија во последните 20 години, а најскорешната беше во октомври 2018 година. Засега нема информации за причинета штета во базиликата. Според градските власти висината на брановите достигнала до 187 сантиметри, што е помалку од рекордот забележан во 1966 година кога брановите достигнаа до 194 сантиметри. Поголемиот дел од Италија изминатите денови е погодена од обилни дождови кои предизвикаа поплави првенствено во јужниот дел на земјата. Според метеоролозите и следните денови се очекуваат дождови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nivoto-na-vodata-vo-venecija-najgolemo-vo-poslednite-50-godini/feed/ 0
Попладне обилни врнежи, во петок најстудено- ова е прогнозата на УХМР https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popladne-obilni-vrnezi-vo-petok-najstudeno-ova-e-prognozata-na-uhmr/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popladne-obilni-vrnezi-vo-petok-najstudeno-ova-e-prognozata-na-uhmr/#respond Mon, 19 Mar 2018 11:44:58 +0000 http://kurir.mk/?p=31089

Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Дојран, десет литри на метар квадратен, по што следуваат Берово, Струмица и Виница со девет, Крива Паланка со осум, Дебар и Гевгелија со четири, Маврово и Штип три, Охрид, Лазарополе и Пожаране два, како и Крушево со еден литар на единица површина. УХМР за денеска прогнозира облачно време со дожд, а на високите планини и снег. Врнежите ќе бидат пообилни од пладне во западните и северните делови каде се очекува да надминат 20 литри на метар квадратен. Ќе дува повремено умерен јужен ветер кој краткотрајно во текот на денот во централните делови ќе засилува. Максималната температура ќе биде до 15 степени. Утре ќе биде претежно суво со умерен до засилен западен ветер особено на југозападот. Во среда повторно ќе има врнежи кои ќе се поинтензивни на запад и потоа ќе се прошират кон север, а врнежите ќе бидат од снег, понекаде во овие подрачја и на височина од 1.500 метри. Од ноќта кон четврток ќе има значително заладување поради што врнежите кои од ноќта ќе се прошират од запад кон исток при тоа ќе поминуваат од дожд во снег. Во четврток ноќта и претпладне ќе има појава на замрзнат дожд на патиштата, а преку денот на југоистокот врнежите ќе се претежно од дожд. Врнежи со помал интензитет, претежно снежни, се очекуваат и во петок кога ќе биде најстудено.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popladne-obilni-vrnezi-vo-petok-najstudeno-ova-e-prognozata-na-uhmr/feed/ 0