обинение – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Jun 2023 11:27:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png обинение – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поднесен обвинителен акт против 11 диви копачи на културно наследство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-11-divi-kopachi-na-kulturno-nasledstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-11-divi-kopachi-na-kulturno-nasledstvo/#respond Fri, 09 Jun 2023 11:27:09 +0000 https://kurir.mk/?p=844010

По истражна постапка што се спроведуваше од 13 декември минатата година, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против 11 лица, сторители на кривичното дело Злосторничко здружување. Првообвинетиот С.Џ. (47) сторил и кривични дела Прикривање, Оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости, Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи. Како што соопшти државното Јавно обвинителство, петмина обвинети З.А.(39), М.С.(42), Г.К.(45), И.С.(48),и М.Џ.(37), освен за кривичното дело Злосторничко здружување, се товарат и за сторено кривично дело Оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости. М.А.(32) и Д.Р.(36) се обвинети и за кривичното дело Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. Покрај кривичните дела Злосторничко здружување и Прикривање, на обвинетиот Т.А.(58) му се става на товар и кривичното дело Оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости, додека на Н.М.(48) - кривичното дело Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. Најмладиот Р.З.(28,) според Обвинителниот акт, покрај кривичното дело Злосторничко здружување е сторител и на кривичните дела Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости и Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. ЈОРСМ информира дека во текот на втората половина на 2021 година на територијата на државава, со цел вршење на наведените кривични дела и стекнување противправна имотна корист, обвинетите С.Џ., З.А.и Т.А. создале група во која припадници станале останатите обвинети и Д.П кој е во бегство. -Групата станала функционална целина и нејзините припадници во периодот од 1 декември 2021 до 12 декември 2022 година презеле дејствија на неовластено од надлежен орган истражување на археолошки локалитети како недвижни добра под привремена заштита, користејќи пренесени сознанија, карти и рачно пишани текстови и преданија за ориентација и пронаоѓање на археолошките локалитети. По пронаоѓање на локалитетите, со користење метал детектори обвинетите извршувале недозволено истражување и ископување на движни добра под привремена заштита, односно културно наследство. Иако знаеле дека потекнуваат од извршено кривично дело, археолошките добра и историските предмети ги присвојувале и ги прикривале во нивните домови или на непознати локации и неовластено од надлежен орган ги нуделе и продавале на заинтересирани купувачи од земјата и странство, наведува Обвинителството. Отуѓените добра се предмети со археолошки, етнолошки, уметнички и историски вредности со непроценлива вредност, односно значајно добро и добро од особено значење сопственост на Република Северна Македонија, со исклучителна вредност. -Со нивно трајно оттуѓување, обвинетите сториле трајна штета за археолошкото, историското, музејското и уметничкото истражување на надлежните државни и научни институции и штета на државата, соопшти ЈОРСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-11-divi-kopachi-na-kulturno-nasledstvo/feed/ 0
Уште едно обвинение за корупција против поранешната лидерка на Мјанмар Аунг Сан Су Ќи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-edno-obvinenie-za-korupcija-protiv-poraneshnata-liderka-na-mjanmar-aung-san-su-kji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-edno-obvinenie-za-korupcija-protiv-poraneshnata-liderka-na-mjanmar-aung-san-su-kji/#respond Sat, 15 Jan 2022 12:22:05 +0000 https://kurir.mk/?p=619650

Поранешната лидерка на Мјанмар Аунг Сан Су Ќи, која претходно беше од страна на воената хунта на шест години затвор, повторно е обвинета за корупција. Како што јави Франс прес повикувајќи се на свои извори, против добитничката на Нобелова награда за мир во 1991 година, вчера се изречени пет нови точки од обвинение, пренесува Бета. Според медиумите под контрола на воените власти, таа е обвинета дека и нанела финансиска загуба на државата со прекршување на прописите за набавка и купување на хеликоптери. Поранешниот претседател Винсент Минт е обвинет по истите точки, велат изворите. Седумдесет и шестгодишната Аунг Сан Су Ќи е во притвор од државниот удар на 1 февруари 2021 година, кога генералите ја соборија нејзината влада и ставија крај на една деценија од демократската транзиција во земјата. Оттогаш, таа се соочи со низа тужби и судски постапки за наводни прекршување на законот за државни тајни од колонијалното време, изборни измами, немири, поттикнување јавни немири и друго. Таа претходно беше осудена на шест години затвор и се соочува со неколку децении затвор доколку биде осудена по сите обвиненија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-edno-obvinenie-za-korupcija-protiv-poraneshnata-liderka-na-mjanmar-aung-san-su-kji/feed/ 0
Полицискиот синдикат го обвинија Спасовски за незаконско прераспоредување на нивниот претседател: До работа ќе треба да патува 110 километри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policiskiot-sindikat-go-obvinija-spasovski-za-nezakonsko-prerasporeduvanje-na-nivniot-pretsedatel-do-rabota-kje-treba-da-patuva-110-kilometri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policiskiot-sindikat-go-obvinija-spasovski-za-nezakonsko-prerasporeduvanje-na-nivniot-pretsedatel-do-rabota-kje-treba-da-patuva-110-kilometri/#respond Tue, 01 Dec 2020 14:15:26 +0000 https://kurir.mk/?p=436984

Од Синдикатот на полиција во Македонија денеска го обвинија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека пред неколку дена надвор од сите процедури во МВР и спротивно на сите правила од законите за работни односи и за внатрешни работи, како и од Колективнито договор на МВР, како што велат тие, претседателот на Синдикатот на полиција во Македонија Орце Коцевски е распореден надвор од местото на живеење, со што секојдневно ќе мора да патува 110 километри до работното место. Целата постапка за негово распоредување и потпишување на незаконското решение за распоредување, велат од Синдикатот, е изготвено и потпишано лично од министерот и активирано. Појаснуваат дека сето тоа се случило во време кога министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски користел отсуство од работа поради болест. – Толку ли и Ви смета Синдикатот, кој вистински се бори за подобрување на правата на вработените во МВР. Ние за разлика од другите не се шетаме со вас, затоа ли не сме ви подобни и ја кажуваме вистината дека во МВР не тече мед и млеко, изјавија денеска од Синдикатот на полиција во Македонија. Според нив, не престануваат притисоците врз синдикалното полициско движење во МВР и се демонстрира уште поголема сила и незаконски распоредувања. Од Синдикатот на полиција денеска межу другото истакнаа дека на почетокот покажале високо ниво на толеранција и почит како професионалци кон актуелното раководство во исчекување дека навистина ќе се почувствуваат промените кои биле најавувани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/policiskiot-sindikat-go-obvinija-spasovski-za-nezakonsko-prerasporeduvanje-na-nivniot-pretsedatel-do-rabota-kje-treba-da-patuva-110-kilometri/feed/ 0