обиненија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Jul 2022 12:11:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png обиненија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поднесени обвиненија за инцидентите за време на протестите во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseni-obvinenija-za-incidentite-za-vreme-na-protestite-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseni-obvinenija-za-incidentite-za-vreme-na-protestite-vo-skopje/#respond Tue, 12 Jul 2022 12:11:16 +0000 https://kurir.mk/?p=703877

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведената претходна постапка, денеска до надлежниот суд поднесе обвинителни предлози против вкупно 12 лица, од кои 9 се обвинети за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 став 1 од Кривичниот законик, а три лица се гонат за – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За време на јавен собир на граѓани, на 5 и 6 јули, деветмина обвинети учествувале во толпата што изврши кривично дело – насилство пред Собранието на Република Северна Македонија. Тие со камења, бекатон плочки, железни предмети, сообраќајни знаци, корпи за отпадоци и пиротехнички средства фрлале кон полициските службеници распоредени во полициски кордон за заштита на зградата на Собранието. Притоа, на еден полициски службеник му била нанесена тешка телесна повреда, а 26 полицајци се здобиле со телесни повреди. Обвинетите причиниле штета на Собранието во вкупен износ од 576.665 денари, оштетиле полициска опрема и едно полициско возило Шкода Јети. Обвинителен предлог е поднесен и против двајца скопјани, на возраст од 18 и 26 години, кои со општо опасно дејствие предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето на место каде што биле собрани поголем број луѓе. Едниот обвинет подготвил „молотов коктел“, ставајќи бензин и парче ткаенина во стаклено шише, по што општо опасното средство го подал на другиот обвинет кој го фрлил кон поставениот кордон од полициски службеници. За предизвикување општа опасност се гони 40-годишен скопјанец, кој на 6 јули, на платото пред плоштадот „Скендербег“, со општо опасно средство – пиштол марка Волтер модел Р 99 со калибар 9х19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето. За време на движењето на групата граѓани кои учествувале на јавниот собир, обвинетиот во два наврати испукал по два куршума во воздух. За седум од обвинетите судот во текот на претходна постапка определи мерка куќен притвор, додека за петмина беше определена мерка притвор. Со цел да се обезбеди присуството на обвинетите во текот на постапката, надлежните јавни обвинители денеска до судот доставија и предлози за продолжување на вака определените мерки.​ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseni-obvinenija-za-incidentite-za-vreme-na-protestite-vo-skopje/feed/ 0
Трипуновски: Додека Заев диктира судски пресуди и крои обвиненија, граѓаните ја живеат тешката реалност секој ден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-dodeka-zaev-diktira-sudski-presudi-i-kroi-obvinenija-gragjanite-ja-ziveat-teshkata-realnost-sekoj-den/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-dodeka-zaev-diktira-sudski-presudi-i-kroi-obvinenija-gragjanite-ja-ziveat-teshkata-realnost-sekoj-den/#respond Sun, 23 Feb 2020 15:39:48 +0000 https://kurir.mk/?p=307794

Зборев со чичко Томе, човек кој животот го поминал заработувајќи со своите две раце од оваа македонска земја. На чесен и честит начин. Кажува како било порано како е сега. Му се гади од бандитизмот на власта, криминалот и корупцијата во секоја пора на општеството. Додека Заев диктира судски пресуди и крои обвиненија по негов терк, граѓаните низ Македонија ја живеат тешката реалност секој ден. Младите се иселуваат, ни се испразнија и селата и градовите. Платите се ниски, а даноците високи. Откупот е слаб, а цените уште послаби. Ова мора да се промени. Потребна е обнова, вели во својата објава дополнителниот заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-dodeka-zaev-diktira-sudski-presudi-i-kroi-obvinenija-gragjanite-ja-ziveat-teshkata-realnost-sekoj-den/feed/ 0
ВЕЧЕР: Боки 13 со нови тајни искази кажал се за „Рекет“ – Следат обвиненија за нови лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecher-boki-13-so-novi-tajni-iskazi-kazal-se-za-reket-sledat-obvinenija-za-novi-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecher-boki-13-so-novi-tajni-iskazi-kazal-se-za-reket-sledat-obvinenija-za-novi-lica/#respond Sat, 04 Jan 2020 12:50:50 +0000 https://kurir.mk/?p=285538

Бојан Јовановски во петок, на 20 декември, бил на распит кај обвинителката Вилма Русковска да даде дополнување на својат исказ пред Јавното обвинителство во врска со случајот Рекет. Распитот трал безмалку цел ден, од околу десет наутро до секоро десет навечер, кога е вратен во затворот во Шутка, со активен распит без паузи од околу 8 часа, пишува Вечер. Наредниот понеделник, 23 декември, распитот продолжил и траел околу три часа. Што е ново што Бојан Јовановски, Боки 13, имал да и каже на обвинителката Вилма Рускоска? Според сознанија на порталот Вечер, откако со самиот почеток на судењето видел дека неговите соработници од врвот на власта имаат намера да го жртвуваат и да се сокријат себе, Боки 13 се отворил до крај и раскажувал што се случило со парите прибрани од рекет, и тоа од повеќе лица а не само од Орце Камчев. Се работи за вкупно собрани околу 7 милиони евра со рекетирање бизнисмени. Според Боки 13 парите, во поголем дел, ги предал на луѓе блиски до претседателот на СДСМ, поранешниот премиер Зоран Заев, посочувајќи го конкретно В.З. близок роднина на досегашниот премиер кому предал пари на средба во Карпош, на локација Лептокарија. Заканите кон него, кои Боки 13 ги спомнува на судењето се спомнуваат и во исказот, и повторно како главен извор на заканите тој го спомнува лицето В.З. Повеќе прочитајте на Вечер]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecher-boki-13-so-novi-tajni-iskazi-kazal-se-za-reket-sledat-obvinenija-za-novi-lica/feed/ 0