објект – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Sep 2023 08:44:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png објект – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Речиси четири часа се гаси пожар во производствен објект на патот Тетово-Попова Шапка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rechisi-chetiri-chasa-se-gasi-pozhar-vo-proizvodstven-objekt-na-patot-tetovo-popova-shapka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rechisi-chetiri-chasa-se-gasi-pozhar-vo-proizvodstven-objekt-na-patot-tetovo-popova-shapka/#respond Thu, 14 Sep 2023 08:44:54 +0000 https://kurir.mk/?p=877928

Пожар избувна во производствено-деловен објект на патот од Тетово кон Попова Шапка и сè уште се гаси од тетовските пожарникари. Пожарот бил пријавен во 6 часот и 15 минути на бројот за итни случаи. Тетовските пожарникари сè уште интервенираат на гаснењето на огнот и ликвидирање на пожарот. - При интервенцијата има и повредени пожарникари, сè уште интервенираме, информираше командирот на тетовската пожарна Авни Амети. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rechisi-chetiri-chasa-se-gasi-pozhar-vo-proizvodstven-objekt-na-patot-tetovo-popova-shapka/feed/ 0
Приведени 6 лица, граделе објект без дозвола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-6-litsa-gradele-objekt-bez-dozvola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-6-litsa-gradele-objekt-bez-dozvola/#respond Fri, 07 Jul 2023 20:42:51 +0000 https://kurir.mk/?p=854113

На 06.07.2023 во 18:50 часот на улица „Никола Тесла“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Б.С.(43), Ш.З.(55), И.Х.(55) од Гостивар, Н.А.(43) и И.Ц.(49) од гостиварско Србиново и Ф.С.(41) од гостиварско Чегране. Приведени се поради сомнение дека на истата улица граделе објект без потребните документи. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-6-litsa-gradele-objekt-bez-dozvola/feed/ 0
Повредено малолетно момче од Гостивар, врз глава му паднале шипки од објект во изградба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povredeno-maloletno-momche-od-gostivar-vrz-glava-mu-padnale-shipki-od-objekt-vo-izgradba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povredeno-maloletno-momche-od-gostivar-vrz-glava-mu-padnale-shipki-od-objekt-vo-izgradba/#respond Thu, 10 Nov 2022 16:56:29 +0000 https://kurir.mk/?p=758739

Шестнаесетгодишник од Гостивар вчера бил повреден откако врз него паднале метални предмети (арматурни шипки). Тој поминувал покрај објектот, кој бил во градба. Како што информира МВР, случајот вчера бил пријавен во СВР Тетово. Според пријавата, од објект во изградба на булевар „Гоце Делчев“ во Гостивар, сопственост на 65-годишниот Х.А. од гостиварски Вруток, паднале метални предмети (арматурни шипки) и го повредиле малолетникот. Извршен е увид, во кој покрај екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар учествувале и повеќе инспекциски служби. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povredeno-maloletno-momche-od-gostivar-vrz-glava-mu-padnale-shipki-od-objekt-vo-izgradba/feed/ 0
Откриено потеклото на непознатиот објект пронајден на Марс https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/otkrieno-potekloto-na-nepoznatiot-objekt-pronajden-na-mars/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/otkrieno-potekloto-na-nepoznatiot-objekt-pronajden-na-mars/#respond Mon, 15 Aug 2022 07:00:44 +0000 https://kurir.mk/?p=718567

„Rover Perseverance“ кружи околу Црвената планета околу година и пол и испраќа бројни фотографии од Марс на Земјата. Помеѓу тие фотографии, минатомесечното внимание го привлече снимката од необичен заплетен објект како некакво јаже, а ни НАСА на почетокот не можеше со сигурност да каже за каков објект станува збор. Иако тогаш веќе можевме да прочитаме дека можеби станува збор за делови од вселенското летало кои биле расфрлани на површината на Марс при слетувањето, до сега немаше официјално објаснување за потеклото на тој објект. Овој месец НАСА потврди дека тоа се остатоците од леталото од мисијата со која роверот пристигна на Марс. Поточно, на фотографијата има полиестерско влакно кое се користи како мрежа во термални кеси и е одговорно за регулирање на температурата на опремата. Иако тоа влакно не би требало да биде проблем, експертите на НАСА се уште се загрижени. Имено, една од задачите на роверот Perseverance е да собира примероци од почвата од Марс и да ги стави во посебни контејнери. Тие пловни објекти, како дел од поголема и многу сложена вселенска мисија во која учествуваат НАСА и ЕСА, треба да бидат префрлени на Земјата во следните години. Потенцијален проблем со вселенското ѓубре на површината на Марс е тоа што може да доведе до контаминација на почвата или примероци кои на крајот би требало да завршат на нашата планета. Ако тоа се случи, тогаш нема да имаме вистинска слика за составот на земјата од Марс. Додека фотографијата од полиестерско влакно од Марс привлече најголемо внимание поради фактот што никој не го знаеше нејзиниот извор, најспектакуларната фотографија од Црвената планета досега се покажа дека е онаа направена во април. Не е преземен од „Истрајност“, туку од хеликоптерот „Ингенуити“, а на него се гледаат остатоците од леталото со кое роверот и хеликоптерот пристигнале на Марс, па се гледа дури и падобранот со кој слетал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/otkrieno-potekloto-na-nepoznatiot-objekt-pronajden-na-mars/feed/ 0
Експлозија и пожар во објект блиску до аеродромот во Женева https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozija-i-pozar-vo-objekt-blisku-do-aerodromot-vo-zeneva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozija-i-pozar-vo-objekt-blisku-do-aerodromot-vo-zeneva/#respond Fri, 20 May 2022 18:34:13 +0000 https://kurir.mk/?p=679685

Во објект во непосредна близина на женевскиот аеродром денеска избувна голем пожар, откако претходно дошло со силна експлозија, поради што во прекин е авиосообраќајот, јави лондонски „Дејли Мејл“. На фотографии и видеа објавени на порталот на весникот се гледа експлозијата, огнот и густиот чад што се крева во воздух од зграда до аеродромот. Портпаролот на вториот најфреквентен аеродром во Швајцарија, Игнас Јанера, изјави дека е запален новиот прифатен центар за азиланти, што во моментов се реконструирал. Очевидци на настанот наведуваат дека прво слушнале силна експлозија, по што избувнал пожар. Сите слетувања на аеродромот во Женева се откажани, додека за полетувањата поединечно одлучувале пилотите на авионите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozija-i-pozar-vo-objekt-blisku-do-aerodromot-vo-zeneva/feed/ 0
ДПИ го затвори „Привилиџ“ каде претходно се случи инцидентот со Денис Тот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/dpi-go-zatvori-privilidz-kade-prethodno-se-sluchi-incidentot-so-denis-tot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/dpi-go-zatvori-privilidz-kade-prethodno-se-sluchi-incidentot-so-denis-tot/#respond Tue, 12 Apr 2022 18:19:38 +0000 https://kurir.mk/?p=662107

Државниот пазарен инспекторат денеска присилно ја затвори дискотеката „Централ парк“, поранешна „Привилиџ“, потврди за МИА директорката на ДИП Анета Симеска. Симеска појасни дека за дискотеката „Централ парк“, по извршени инспекциски надзори, во февруари било издадено решение за забрана за работење поради немање лиценца, кое во март станало правосилно. Бидејќи сопствениците на дискотеката не го запреле работењето доброволно, денеска ДИП присилно ја затворило дискотеката. Пред дискотеката „Централ парк“ минатата недела се случи инцидентот со хрватскиот ракометар Денис Тот. Симеска нагласи дека затворањето на дискотеката не е поврзано со настанот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/dpi-go-zatvori-privilidz-kade-prethodno-se-sluchi-incidentot-so-denis-tot/feed/ 0
Арсовски: СДСМ во пакетот за 218.000 евра ќе продаде и имот на Рузвелтова кој чини над 300.000€ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-sdsm-vo-paketot-za-218-000-evra-kje-prodade-i-imot-na-ruzveltova-koj-chini-nad-300-000e/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-sdsm-vo-paketot-za-218-000-evra-kje-prodade-i-imot-na-ruzveltova-koj-chini-nad-300-000e/#respond Thu, 23 Dec 2021 11:20:12 +0000 https://kurir.mk/?p=612058

СДСМ сака АД Славија да ја продаде за 218.535 евра, со целиот свој имот и земјишта и сите објекти кои што вредат над 20 милиони евра. Објектот е позади мене, инаку стара Славија на Рузвелтова, вреди, само ова земјиште вреди многу повеќе од 218.000 евра за сумата за која што сакаат сите земјиште и објект да ги продадат, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски. Во продолжение интегрален текст и видео од изјавата на Арсовски: Почитувани, Ова е трет важен објект на АД Славија кое го таргетирале да го приствојат преку купување на акциите блиски луѓе од СДСМ. Објектот е позади мене, инаку стара Славија на Рузвелтова. Да потсетиме уште еднаш дека СДСМ сака АД Славија да ја продаде за 218.535 евра, со целиот свој имот и земјишта и сите објекти кои што вредат над 20 милиони евра. Замислете, оваа локација позади мене, трета која ја презентираме по ред, стара Славија на Рузвелтова позната помеѓу скопјани, изнесува стотици метри квадратни објект кој е во постапка на приватизација, а кој потоа преку АД Славија ќе може да изврши и откуп на земјиштето под објектот односно со целиот двор кој што им следува. Јавно прашуваме, дали оваа локација која е на АД Славија, со стотици метри квадратни објекти и уште толку земјиште кое треба да и припадне на АД Славија, дали вреди многу повеќе од 218.000 евра? Да, вреди, само ова земјиште вреди многу повеќе од 218.000 евра за сумата за која што сакаат сите земјиште и објект да ги продадат. Само ова земјиште позади со објектот според одредени проценки чини над 300.000 евра. Значи 300.000 евра на сред Рузвелтова во Скопје. Ова што се обидува власта да го направи со продажбата на АД Славија е вистински криминал во најава, раскрчмување на државниот имот и обезвреднување пред продажбата. За ова некој сериозно ќе одговара. Затоа, повикуваме, јасно и гласно, уште веднаш, денес, да се стопира одлуката за продажба на АД Славија под вакви услови, каде што СДСМ ќе ја оштети државата заедно со своите пиуни кои што ќе бидат вмешани во овој криминал за 20 милиони евра, односно ќе се здобие некој близок на СДСМ до власта со имот од над 20 милиони евра, за само 218.000 евра. Веднаш, уште денес, да се стопира продажбата на АД Славија. Тоа е решението на овој криминал во најава да не се случи и да не се оштети државата. Откажување од продажба под вакви околности, инаку доколку не се откаже ќе има соодветни поднесоци до институциите за сите одговорни кои што ќе бидат директно или индиректно инволвирани во овој криминал во најава за да сносат одговорност. Нека бираат, чесна работа за граѓаните и државата или затвор, порача Арсовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-sdsm-vo-paketot-za-218-000-evra-kje-prodade-i-imot-na-ruzveltova-koj-chini-nad-300-000e/feed/ 0
Објектот во Тетово затворен на 30 дена: Приведени 13 лица поради приредување на игри на среќа без лиценца https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/objektot-vo-tetovo-zatvoren-na-30-dena-privedeni-13-lica-poradi-prireduvanje-na-igri-na-srekja-bez-licenca/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/objektot-vo-tetovo-zatvoren-na-30-dena-privedeni-13-lica-poradi-prireduvanje-na-igri-na-srekja-bez-licenca/#respond Wed, 30 Jun 2021 14:26:15 +0000 https://kurir.mk/?p=530027

Објектот без фирма лоциран на улица "Иво Лола Рибар" во Тетово, во кој вчера (29 јуни) полициски службеници на СВР Тетово, во содејство со УЈП и ДПИ спроведоа акциска контрола, затворен е на 30 дена. Во овој објект се приредувале игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган, спротивно на член 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри. При контролата, беа затекнати и лишени од слобода 13 лица од Тетово, Гостивар, Мала и Голема Речица и двајца турски државјани. Се расчистува и документира случајот и ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/objektot-vo-tetovo-zatvoren-na-30-dena-privedeni-13-lica-poradi-prireduvanje-na-igri-na-srekja-bez-licenca/feed/ 0
НАСА: Објектот што кружи околу Земјата не е астероид, туку ракета https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-objektot-shto-kruzi-okolu-zemjata-ne-e-asteroid-tuku-raketa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-objektot-shto-kruzi-okolu-zemjata-ne-e-asteroid-tuku-raketa/#respond Thu, 03 Dec 2020 13:29:23 +0000 https://kurir.mk/?p=438162

Мистериозниот објект што кружи околу Земјата не е астероид, туку ракета стара 54 години, потврдија денеска астрономите на НАСА. Објектот, кој бил забележан со телескоп на Хаваите, потврдил дека станува збор за ракета, објави лабораторијата на НАСА од Пасадена во Калифорнија. Кога беше откриен во септември, се веруваше дека објектот е астероид, меѓутоа, еден од главните експерти на НАСА, Пол Чодас, брзо се посомнева дека станува збор за ракета Кентаур од мисијата Сарвејор 2 (Surveyor 2), која беше прогласена за неуспешна во 1966 година, откако не успеа да слета на Месечината. Кентаурот е долг десет метри и со пречник од три метри. Тврдењето на Чодас се покажа како точно кога тим од Универзитетот во Аризона, предводен од Вишну Реди, користеше инфрацрвен телескоп од Хаваи за да го разгледа мистериозниот предмет и да види дека станува збор за Кентаур од мисијата во 1971 година. Кентаурот орбитира околу 50.000 километри од земјата, ќе ја напушти орбитата во март и ќе се врати да кружи околу Сонцето, а неговото следно враќање се предвидува во 2036 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-objektot-shto-kruzi-okolu-zemjata-ne-e-asteroid-tuku-raketa/feed/ 0
Приведен сопственик на угостителски објект од Гостивар, работел по дозволеното време https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-sopstvenik-na-ugostitelski-objekt-od-gostivar-rabotel-po-dozvolenoto-vreme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-sopstvenik-na-ugostitelski-objekt-od-gostivar-rabotel-po-dozvolenoto-vreme/#respond Tue, 17 Nov 2020 09:58:41 +0000 https://kurir.mk/?p=430565

Вчера (16.11.2020) околу 22 часот и 50 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Р.Б.(46) од Гостивар, сопственик на угостителски објект лоциран во близина на автопатот Гостивар-Тетово, затоа што објектот работел по дозволеното време и во него се наоѓале 12 лица, односно гости. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, додека неговиот објект бил пломбиран од Државниот пазарен инспекторат.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-sopstvenik-na-ugostitelski-objekt-od-gostivar-rabotel-po-dozvolenoto-vreme/feed/ 0