објекти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 07 Aug 2021 20:58:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png објекти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За влез во објекти со повеќе од 30 лица само со потврда за вакцинација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vlez-vo-objekti-so-povekje-od-30-lica-samo-so-potvrda-za-vakcinacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vlez-vo-objekti-so-povekje-od-30-lica-samo-so-potvrda-za-vakcinacija/#respond Sat, 07 Aug 2021 20:58:54 +0000 https://kurir.mk/?p=547800

Владата на вечерашната седница ги донесе следните одлуки со цел спречување на ширењето на новиот бран КОВИД-19. Тие апелираат до граѓаните крајно внимателно да ги почитуваат постоечките и новите мерки. -Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани). -Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18 годишна возраст. Се задолжуваат надлежните инспекциски служби во претстојниот период да ги интензивираат контролите со цел стриктна примена и почитување на превентивните препораки, времените мерки и наредените мерки по однос на КОВИД-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vlez-vo-objekti-so-povekje-od-30-lica-samo-so-potvrda-za-vakcinacija/feed/ 0
Албанската армија од денеска обезбедува 74 објекти од посебно значење, а в недела ќе бидат ангажирани 7.519 полицајци https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-armija-od-deneska-obezbeduva-74-objekti-od-posebno-znachenje-a-v-nedela-kje-bidat-angazirani-7-519-policajci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-armija-od-deneska-obezbeduva-74-objekti-od-posebno-znachenje-a-v-nedela-kje-bidat-angazirani-7-519-policajci/#respond Fri, 23 Apr 2021 12:26:56 +0000 https://kurir.mk/?p=501212

Заменик директорот на албанската државна полиција Алберт Дервишај, соопшти дека полицијата од денеска е во степен на готовност и засилена служба за неделните парламентарни избори, а припадниците на албанската армија веќе почнале да обезбедуват 74 објекти државен интерес. Додаде дека полицијата е подготвена за изборите за чија безбедност ќе бидат ангажирани 7.519 полициски службеници од сите сектори, кои претходно минале соодветна обука. -Полицијата презеде мерки за безбедност на изборите. Ангажиравме 7.519 полицајци за изборите, кои меѓу другото ќе ги обезбедуваат и сите 5.199 избирачки места. Подготовките за изборите започнаа од декември 2020 година. Доставени се изборните материјали и печатите што од нас го побара ЦИК а до неа ние го испративме списокот со полициските службеници, кои ќе гарантира ред и безбедност на денот на изборите, рече Дервишај. -Ги подготвивме структурите за какво било обвинување, што има врска со купување гласови или други нерегуларности на изборите. Соработувавме со ОБСЕ и други институции во земјата. На 24 и 25 април е изборен молк и не треба да се одржуваат митинзи или други форми на политичка пропаганда. Подготвени сме да ги чуваме изборните субјекти и решени сме да ја држиме територијата под контрола, нагласи тој. Оцени дека полициските должности се извршуваат со целосна одговорност и оти досега не е откриен ниту еден полициски службеник вклучен во какви било изборни нерегуларности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-armija-od-deneska-obezbeduva-74-objekti-od-posebno-znachenje-a-v-nedela-kje-bidat-angazirani-7-519-policajci/feed/ 0
Затворени угостителски објекти во Дебар, Кичево и Охрид, работеле по дозволеното време https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvoreni-ugostitelski-objekti-vo-debar-kichevo-i-ohrid-rabotele-po-dozvolenoto-vreme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvoreni-ugostitelski-objekti-vo-debar-kichevo-i-ohrid-rabotele-po-dozvolenoto-vreme/#respond Sun, 10 Jan 2021 14:11:18 +0000 https://kurir.mk/?p=453406

На 09.01.2021 во 19.20 часот при извршена контрола во угостителски објект во Дебар, сопственост на Д.С. од Дебар од полициски службеници од Полициска станица Дебар во координација со Државниот пазарен инспекторат објектот е затекнат отворен и во него имало осум лица од кои и двајца малолетници, при што лицата се лишени од слобода, а малолетниците во присуство на родител се повикани во Одделение за внатрешни работи Дебар за понатамошно постапување. По документирање на случајо ќе следат соодветни поднесоци, соопшти Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат вчера извршија контроли и во угостителски објекти во Кичево. Притоа, констатирано е дека еден угостителски објект во Кичево, не ги почитувал протоколите за работа на угостителски објекти поради што, од страна на Државниот пазарен инспекторат истиот е затворен, посочуваат од МВР. При контрола на угостителски објект во населбата Св.Стефан во Охрид синоќа во 21 часот од полициски службеници од СВР Охрид во координација со Државниот пазарен инспекторат, констатирано е дека објектот работел после 18 часот и во него биле затекнати пет лица, при што околу 22 часот, пред угостителскиот објект бил приведен, Д.Д.(38) од Охрид, бидејќи го нарушил јавниот ред и мир. Од Државниот пазарен инспекторат се преземени соодветни мерки за затворање на угостителскиот објект, а против пријавеното лице ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvoreni-ugostitelski-objekti-vo-debar-kichevo-i-ohrid-rabotele-po-dozvolenoto-vreme/feed/ 0
Без вода денеска ќе останат неколку објекти во Oпштина Гази Баба https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bez-voda-deneska-kje-ostanat-nekolku-objekti-vo-opshtina-gazi-baba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bez-voda-deneska-kje-ostanat-nekolku-objekti-vo-opshtina-gazi-baba/#respond Tue, 29 Dec 2020 09:04:05 +0000 https://kurir.mk/?p=449702

Без вода денеска ќе останат објектите Пуцко Петрол, Кнауф и комплексот факултети во Oпштина Гази Баба, поради уличен дефект ф-250 милиметри на булевар „Александар Македонски“ бб (пред Општина Гази Баба). Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот ќе трае од 9:15, па се до отстранување на дефектот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bez-voda-deneska-kje-ostanat-nekolku-objekti-vo-opshtina-gazi-baba/feed/ 0
Американски грант за санирање на оштетувањата на значајни објекти од културата во Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanski-grant-za-saniranje-na-oshtetuvanjata-na-znachajni-objekti-od-kulturata-vo-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanski-grant-za-saniranje-na-oshtetuvanjata-na-znachajni-objekti-od-kulturata-vo-albanija/#respond Wed, 24 Jun 2020 13:15:17 +0000 https://kurir.mk/?p=362119

Со американски пари ќе се санираат оштетувањата на неколку објекти со културно – историска вредност, погодени од катастрофалниот земјотрес, што Албанија ја погоди на 26 ноември минатата година. Станува збор за грант во износ од 800.000 долари со кои ќе бидат опфтени неколку објекти во Круја, Драч и Преза, месатата што претрпеа големи оштетувања од земјотресот. Американската амбасадорка, Јури Ким рече дека овој проект за зачувување на културата „ ја покажува вредноста што САД ја придаваат на богатото наследство на Албанија“. -Денес го означуваме почетокот на проектот за обнова на културните знаменитости, оштетени од земјотресот од 26 ноември, во Круја, Драч и Преза, како дел од Проектот на Фондот на амбасадори на САД за зачувување на културното наследство (АФЦП). Овој проект ја покажува вредноста што САД и ја придаваат на богатото наследство на Албанија, а мојата надеж е дека сработеното ќе биде како сведоштво за длабокото пријателство меѓу нашите два народа, изјавила Ким на потпишувањето на грантот. Посочила дека сите објекти имаат извонредна културна вредност, но оти е посебно среќна што Меморандумот за разбирање за спроведување на грантовите на АФЦП го потпишува токму во Круја, „кој е дом на Скендербег, националниот херој на Албанија“.   Со овој двегодишен проект покрај објекти во Драч и Преза, ќе биде опфатена и позната тврдината во Круја. Тврдината била седиште на Скендербег во времето на војните против Османлиите, и било единственото место на Балканот кое не било освоено од страна на Османлиите. Истото паднало под османлиска власт по смртта на Скендербег. Тврдината во Круја денес е едно од најголемите туристички атракции во Албанија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanski-grant-za-saniranje-na-oshtetuvanjata-na-znachajni-objekti-od-kulturata-vo-albanija/feed/ 0
Иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“: Се уништува шумата за да се градат нови објекти на Шара https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inicijativa-da-ja-spasime-popova-shapka-se-unishtuva-shumata-za-da-se-gradat-novi-objekti-na-shara/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inicijativa-da-ja-spasime-popova-shapka-se-unishtuva-shumata-za-da-se-gradat-novi-objekti-na-shara/#respond Thu, 10 Oct 2019 10:17:04 +0000 https://kurir.mk/?p=250055

Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ објави фотографии со кои предупредува за најновата состојба од пред два дена на Шар Планина, каде, велат, се сечат многу дрва и се уништува зеленилото со цел да се градат нови објекти. Според нив, станува збор за реонот на селото Бозовце, како и во близина на месноста Лешница. – Шар Планина е под ризик од мафијата која гради хидроцентрали. Се сечат дрвја и се уништува зеленило кај Лешница која со ова уништување го губи епитетот на најубавиот место на Шара. Се поставуваат прашањата кој не дозволува да се прогласи Шар Планина за национален парк, кој е одговорен за уништувањето на Шар Планина, велат од иницијативата “Да ја спасиме Попова Шапка“. Минатиот месец поголем број планинари исто тка преку фотографии алармираа дека забележале дека има складирани стотици кубни метри дрва, исечени стебла, уништени шумски предели за да се пробијат диви патишта. Исто така,  од иницијативата потсетуваат дека во септември, министри, градоначалници и амбсадори прошетаа низ Шар Планина во рамки на кампањата за потребата таа да се прогласи за национален парк. -Работите привршуваат и во наредните месеци очекуваме прогласувањето да се реализира. Таа динамика коинцидира со процесот на започнување на преговори со што даваме две пораки дека политички созреавме да станеме дел од Унијата и се доближуваме на европските стандарди за заштитено подрачје, изјави во септември вицепремиерот Бујар Османи Република Северна Македонија има девет отсто заштитена зона низ државата, а со прогласување на Шара за национален парк таа површина би се зголемило на 12 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inicijativa-da-ja-spasime-popova-shapka-se-unishtuva-shumata-za-da-se-gradat-novi-objekti-na-shara/feed/ 0