облак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Feb 2023 21:33:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png облак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Огнениот облак што се појави пред земјотресот во Турција сега е снимен над друга земја (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ogneniot-oblak-shto-se-pojavi-pred-zemjotresot-vo-turtsija-sega-e-snimen-nad-druga-zemja-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ogneniot-oblak-shto-se-pojavi-pred-zemjotresot-vo-turtsija-sega-e-snimen-nad-druga-zemja-foto/#respond Tue, 14 Feb 2023 21:33:44 +0000 https://kurir.mk/?p=800575

Необичен црвен облак беше снимен на небото над Турција две недели пред разорните земјотреси што ги погодија таа земја и Сирија на 6 февруари. Снимката од црвено-портокаловата формација е направена на 19 јануари, а фотографиите и видеата ги преплавија социјалните мрежи. Облак со речиси иста боја и форма сега е снимен на небото над Аргентина. Забележан е на 11 февруари над аргентинската провинција Чубут. Тоа е природен феномен кој им е добро познат на научниците. Ова се навидум неподвижни облаци кои се формираат како шеќерен памук. Тие често се појавуваат над планини или врвови, кога воздухот, во судир со карпите при силен ветер, се крева и истовремено се лади. Ако е влажен, доаѓа до кондензација и термичка инверзија, со што се создава облак. Тој воздух ќе го помести веќе постоечкиот на врвовите, кој потоа се спушта и во таа интеракција се создава надреален облак како овој. Се случува такви формации да се формираат дури и на помали височини, на препреки направени од човек – на пример, над високи згради. Единственото нешто што ги прави „опасни“ е тоа што создаваат нестабилни услови и турбуленции за летови на авиони.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ogneniot-oblak-shto-se-pojavi-pred-zemjotresot-vo-turtsija-sega-e-snimen-nad-druga-zemja-foto/feed/ 0
Тренерот на Атлетико Симоне со обраќање до Јан Облак https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trenerot-na-atletiko-simone-so-obrakjanje-do-jan-oblak/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trenerot-na-atletiko-simone-so-obrakjanje-do-jan-oblak/#respond Thu, 16 Jul 2020 09:19:56 +0000 https://kurir.mk/?p=376935

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, го изнесе својот став за интересот што Челзи го покажува за голманот на мадридскиот тим, Јан Облак. – Не сум изненаден. Секоја година, на крајот на сезоната, нашите најдобри играчи паѓаат на радарите на врвните тимови. Ова е нормално, клубовите секогаш ги бараат најдобрите играчи, а ние ги имаме многу. Логично е дека Облак привлече интерес, но се надевам дека тој ќе продолжи да игра за Атлетико, затоа што тој е важен дел од нашиот тим, изјави Симеоне. Во сезоната 2019/20, Облак бранеше на 46 натпревари за Атлетико и прими 35 голови. Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на 27-годишниот Словенец на 80 милиони евра. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trenerot-na-atletiko-simone-so-obrakjanje-do-jan-oblak/feed/ 0
ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Облак од сахарски песок се приближува кон Европа- еве кога пристигнува во Македонија! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podgotvete-se-oblak-od-saharski-pesok-se-priblizuva-kon-evropa-eve-koga-pristignuva-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podgotvete-se-oblak-od-saharski-pesok-se-priblizuva-kon-evropa-eve-koga-pristignuva-vo-makedonija/#respond Sat, 20 Apr 2019 18:21:36 +0000 https://kurir.mk/?p=189204

Западна Европа кон крајот на неделава ќе биде погодена од голем облак од сахарски песок, што претставува ретка метеоролошка појава, објави сајтот „Севр Ведар Јуроп“. Сајтот наведува дека облакот ќе ги зафати Франција, делови од Шпанија и Португалија, речиси целиот Апенински Полуостров, земјите од Бенелукс, како и западниот Медитеран, каде ќе биде и најголемата концентрација на песокот. Облакот е предизвикан од силен циклон што од Северна Африка се движи кон Европа. Првите знаци на облакот уште во текот на денов пристигнаа во западните делови на Средоземното Море, како и во јужна Шпанија. На почетокот на следната недела облакот ќе продолжи да се движи кон исток, па во текот на ноќта меѓу понеделник и вторник се очекува да стигне до северозападните делови на Балканот, пред се во Хрватска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podgotvete-se-oblak-od-saharski-pesok-se-priblizuva-kon-evropa-eve-koga-pristignuva-vo-makedonija/feed/ 0