облакодер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 06 Aug 2023 14:09:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png облакодер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Запорожје погоден облакодер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zaporozhje-pogoden-oblakoder/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zaporozhje-pogoden-oblakoder/#respond Sun, 06 Aug 2023 14:09:36 +0000 https://kurir.mk/?p=863920

Облакодер е погоден во областа Запорожје, соопштија Украинците. Тие велат дека прво бил погоден облакодерот, а потоа дошле спасувачите. Потоа, додека траело спасувањето, велат, повторно бил удрен облакодерот. Фотографијата од последиците ја објави шефот на Државната служба за вонредни состојби, Серхии Крук. -За време на работата почна повеќекратно гранатирање, па спасувачите ја прекинаа работата на височината. За среќа, нема жртви, изјави тој. Русија, пак, тврди дека нејзините сили нападнале воени воздушни бази во регионите Ривањска и Хмелницки и дека „сите цели биле погодени“. -Во текот на ноќта руските вооружени сили извршија удари врз воздухопловните бази на украинските вооружени сили околу населбите Староконстијантинив во Хмелничката област и Дубно во Ривањската област, ​​соопшти руското Министерство за одбрана. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zaporozhje-pogoden-oblakoder/feed/ 0
Завршен „најтенкиот облакодер“ на светот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zavrshen-najtenkiot-oblakoder-na-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zavrshen-najtenkiot-oblakoder-na-svetot/#respond Mon, 14 Nov 2022 11:56:02 +0000 https://kurir.mk/?p=760249

Како „најтенкиот облакодер“ на светот, најновата кула во Њујорк сѐ уште „го тресе“ Менхетн. Сместена на адреса „111 вест 57. стрит“, станбената кула „Стејнвеј тауер“ „го сече небото“ со, според многумина – неверојатен висина-ширина сооднос од 24 спрема еден. Некои станари се вселиле во зградата уште лани, но целиот пакет дополнителни удобности беа во изградба доскоро, кога „ЏДС Девелопмент груп“ и „Проперти маркетс груп“ објавија дека монументалната зграда конечно е завршена. Покрај тоа што го држи рекордот за најтенок облакодер, зданието е и втора највисока станбена зграда на западната Земјина хемисфера, со своите 435 метри височина, вклучително и украсниот челичен врв од 91 метар. Според Мајкл Стерн, основач и извршен директор на „ЏДС“, секое гледиште од овој развој е прецизно замислен за да се постигне деликатна рамнотежа што им оддава почит на класичните облакодери од минатото на Менхетен, а истовремено поставува нов стандард за иднината. Однадвор, секој дел од зградата е поврзан со по неколку теракотни украсни столбови коишто ѝ даваат и гламурозно чувство од крајот на 19. век. Инаку, голем дел од зградата на „Стејнвеј хол“, што беше цел на надградба, првично е дизајниран во 20-тите. Однатре, студиото „Софилд“ зеде инспирација од оригиналната сала „Стејнвеј“… Едноставно, сѐ с цел – „низа емоционални искуства“ и трајно сеќавање на њујоршките облакодери од минатото, велат дизајнерите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zavrshen-najtenkiot-oblakoder-na-svetot/feed/ 0
ВИДЕО: Бентли гради облакодер со 62 ката, автомобилот може да го паркирате во стан https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-bentli-gradi-oblakoder-so-62-kata-avtomobilot-moze-da-go-parkirate-vo-stan/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-bentli-gradi-oblakoder-so-62-kata-avtomobilot-moze-da-go-parkirate-vo-stan/#respond Fri, 24 Jun 2022 10:29:40 +0000 https://kurir.mk/?p=695118

Во јужна Флорида се планира да биде изградена највисоката станбена зграда „Бентли Резиденс“, која ќе има 62 ката. Она што е интересно е дека тие кои ќе живеат во неа ќе можат да го паркираат својот автомобил во станот. Облакодерот кој треба да биде изграден во авенија Колинс по план ќе биде највисока зграда покрај океан во САД. Се работи за заедничка соработка на повеќе компании со производителот на автомобили Бентли, по кој ова издание ќе го носи и името. Во зградата ќе има лифт кој овозможува автомобилите да бидат сместени во становите на нивните сопственици. Гаража ќе има на секој пат, па нема да биде проблем дури и ако имате стан на последниот, 62, кат. Изградбата е планирано да заврши за четири години, а почетната цена на становите изнесува 4,2 милиони долари. Во внатрешноста на зградата се планира да има повеќе заеднички објекти кои на странарите ќе им го олеснат животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-bentli-gradi-oblakoder-so-62-kata-avtomobilot-moze-da-go-parkirate-vo-stan/feed/ 0
Луѓето во паника: Еден од највисоките облакодери почна да се ниша, никој не знае зошто (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lugjeto-vo-panika-eden-od-najvisokite-oblakoderi-pochna-da-se-nisha-nikoj-ne-znae-zoshto-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lugjeto-vo-panika-eden-od-najvisokite-oblakoderi-pochna-da-se-nisha-nikoj-ne-znae-zoshto-video/#respond Tue, 18 May 2021 12:31:08 +0000 https://kurir.mk/?p=511914

Еден од највисоките кинески облакодери беше евакуиран во вторникот откако почна да се ниша, па луѓето во паника избегаа на сигурно. Ова се случуваше во градот Шенжен, на југот од земјата. Зградата „СЕГ плаза“ висока речиси 300 метри денеска необјасниво почна да се ниша, по што следеше итната евакуација. Кулата е именувана според производителот на полупроводници и електроника Шенжен електроникс груп, чии канцеларии се наоѓаат во таа зграда. Според Советот за високи згради, таа е 18-та највисока кула во Шенжен. Завршена во 2000 година, во срцето на еден од најбрзорастечките градови во Кина, кулата е дом на еден од најголемите пазари за електроника и има бројни различни канцеларии. Агенцијата за управување со вонредни состојби истражува што го предизвикало нишањето на облакодерите во округот Футијана. „По проверка и анализа на податоците на различните станици за следење на потреси на земјиштето во градот, заклучено е дека денеска немало земјотреси во Шенжен. Причината за движењето ја проверуваат и други оддели“, се вели во првичното соопштение. Уривањето на зградите не е невообичаено во Кина каде градежните стандарди се слаби, а поради брзата урбанизација, изградбата понекогаш се одвива набрзина. Засега не е познато што ќе стори Владата во врска со зграда од оваа големина, во град со 12 милиони жители. Кинеските власти лани забранија изградба на облакодери повисоки од 500 метри. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lugjeto-vo-panika-eden-od-najvisokite-oblakoderi-pochna-da-se-nisha-nikoj-ne-znae-zoshto-video/feed/ 0
ВИДЕО: Гори облакодер во изградба во Кувајт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-gori-oblakoder-vo-izgradba-vo-kuvajt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-gori-oblakoder-vo-izgradba-vo-kuvajt/#respond Thu, 27 Sep 2018 12:31:08 +0000 https://kurir.mk/?p=106944

Пожар денеска избувна во облакодер во изградба на Народната банка на Кувајт. Околу 2.500 работници избегаа од зградата во пламен во главниот град Кувајт. Банката го опиша пожарот како „делумен" и рече дека пожарникарите изгаснале 90 отсто од огнот. Засега не се знае причина за пожарот. Предвидено е зградата на Народната банка на Кувајт да има 62 катови и да биде висока околу 300 метри. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-gori-oblakoder-vo-izgradba-vo-kuvajt/feed/ 0