обложувалници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Apr 2023 12:16:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png обложувалници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Младината на фракцијата на ДУИ бара казината и обложувалниците да бидат одалечени три километра надвор од населените места https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mladinata-na-fraktsijata-na-dui-bara-kazinata-i-oblozhuvalnitsite-da-bidat-odalecheni-tri-kilometra-nadvor-od-naselenite-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mladinata-na-fraktsijata-na-dui-bara-kazinata-i-oblozhuvalnitsite-da-bidat-odalecheni-tri-kilometra-nadvor-od-naselenite-mesta/#respond Tue, 18 Apr 2023 12:16:03 +0000 https://kurir.mk/?p=824960

Младината на фракцијата на Демократската унија за интеграција денеска на прес-конференција побара од Владата казината и обложувалниците да бидат одалечени три километри надвор од населените места, а не 500 метри како што стои во Предлог-законот за игрите на среќа, кој е во собраниска процедура. Јетмир Асани, потпретседател на младината на фракцијата на ДУИ истакна дека ако Владата не одговори на ваквите барања тие ќе преземаат дополнителни чекори користејќи различни демократски методи како протести и маршови за, како што рече, да го запреме ова зло во општеството. -Младите се иднината на една држава, но денес за жал, мораме да потсетиме дека во оваа држава оваа Влада не отсече од агендата, а со нас играат баш како игри на среќа кои од ден на ден се отвораат во форма на казина и обложувалници. Од овде сакаме да алармираме денес освен што секојдневно не терате да ја напуштиме државата и да го фатиме патот за странство, дополнително со игрите на среќа ни го ставате злото на врата. Наместо да ни отворате библиотеки, работни места или младински центри, вие ни отворате обложувалници. Ни ја загрозувате иднината како млади луѓе. Ја загрозувате нашата финансиска состојба, како и нашиот ментален мир. Чувствувавме загриженост што ќе се формира нова видео лотарија од страна на Владата, со што подразбираме дека апаратите ќе ги имаме насекаде, наместо да имаме младински центри или центри за иновации. Дали разбирате дека младите се поподложни на влијанието на коцкањето отколку возрасните?, рече Асани. Тој соопшти и податоци од анкета спроведена од Движењето Анти-коцкање за влијанието на игрите на среќа врз младите, во кое се забележува дека 58 отсто од анкетираните млади барем еднаш играле казино, обложувалници или онлајн казино. Посочи дека уште поалармантни се податоците од оваа анкета во која се вели дека 67 отсто од испитаниците изјавиле дека првпат играле на возраст од осум до 18 години. -Во Северна Македонија имаме повеќе од 1200 казина, обложувалници и онлајн казина. Додека имаме 109 средни училишта, 227 библиотеки и 20 младински центри, што значи три пати повеќе. Затоа решивме да реагираме на оваа одлука на извршната власт и ги поттикнуваме нашите министри и нашата Влада да размислат повеќе за изградба на можности за младите да се развиваат во својот академски и социјален живот, рече Асани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mladinata-na-fraktsijata-na-dui-bara-kazinata-i-oblozhuvalnitsite-da-bidat-odalecheni-tri-kilometra-nadvor-od-naselenite-mesta/feed/ 0
Контроли во угостителски објекти и обложувалници, констатирани 10 прекршоци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kontroli-vo-ugostitelski-objekti-i-oblozuvalnici-konstatirani-10-prekrshoci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kontroli-vo-ugostitelski-objekti-i-oblozuvalnici-konstatirani-10-prekrshoci/#respond Sat, 19 Nov 2022 12:19:03 +0000 https://kurir.mk/?p=763365

Денеска (19.11.2022) во периодот од 00.00 до 04.00 часот, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција на подрачјата на СВР Скопје, СВР Битола, СВР Охрид, СВР Куманово, СВР Штип, СВР Велес и СВР Тетово спроведоа акциска контрола во угостителски објекти за присуство на малолетници после 00.00 часот, како и точење алкохол на малолетници. Притоа, на подрачјето на СВР Скопје била извршена контрола во пет спортски обложувалници, а на подрачјето на СВР Велес контролата била спроведена во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи. При контролите било констатирано едно кривично дело по член 215 од Кривичниот законик и еден прекршок по член 80 од Законот за оружје, како и осум прекршоци по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и еден по Законот за лична карта. На 19.11.2022 во 02.00 часот, при контрола во казино на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, од слобода бил лишен К.М.(41) од Тетово, кај кого била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Истовремено, во истото казино, кај лицето А.Ј.(24) од Тетово бил пронајден и одземен нож. Против него ќе биде поднесок по член 80 од Закон за оружје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kontroli-vo-ugostitelski-objekti-i-oblozuvalnici-konstatirani-10-prekrshoci/feed/ 0
Градоначалникот на Белград ги проверува обложувалниците кои се несоодветно оддалечени од училишта https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gradonachalnikot-na-belgrad-gi-proveruva-oblozuvalnicite-koi-se-nesoodvetno-oddalecheni-od-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gradonachalnikot-na-belgrad-gi-proveruva-oblozuvalnicite-koi-se-nesoodvetno-oddalecheni-od-uchilishta/#respond Fri, 15 Jul 2022 12:14:02 +0000 https://kurir.mk/?p=705706

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, денеска изјави дека Градот Белград ќе испрати барање до Дирекцијата за игри на среќа во Министерството за финансии за затворање на сите обложувалници лоцирани на несоодветна оддалеченост од училиштата. Шапиќ за Беоинфо изјави дека тоа е предлог на опозицијата и оти прифатил да испрати барање до училиштата да му достават список со обложувалници кои спротивно на законот се поблиску до училиштата од предвиденото. Белградскиот градоначалник ја покани опозицијата, доколку и тие имаат список со обложувалници неправилно оддалечени од училишта, да го испратат до Градското собрание, а тој ќе биде дополнет со она што ќе го испратат училиштата. – Контролата и излегувањето на терен би можело да се направат во текот на јули и август, а од септември може да започне и затворањето на неправилно лоцираните обложувалници, рече Шапиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gradonachalnikot-na-belgrad-gi-proveruva-oblozuvalnicite-koi-se-nesoodvetno-oddalecheni-od-uchilishta/feed/ 0
МАЛОЛЕТНИЦИ „ОПЕРИРАЛЕ“ ПО ОБЛОЖУВАЛНИЦИ НИЗ СКОПЈЕ: Полицијата им поднесе кривични за разбојништво https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maloletnici-operirale-po-oblozuvalnici-niz-skopje-policijata-im-podnese-krivichni-za-razbojnishtvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maloletnici-operirale-po-oblozuvalnici-niz-skopje-policijata-im-podnese-krivichni-za-razbojnishtvo/#respond Thu, 09 Jun 2022 16:24:53 +0000 https://kurir.mk/?p=689028

СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „разбојништво“. Пријавените, во периодот од 07.04.2022 до 27.05.2022 со закана извршиле пет кривични дела „разбојништво“ во спортски обложувалници на подрачјето на град Скопје, при што се стекнале со противправна имотна корист од 329.097 денари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maloletnici-operirale-po-oblozuvalnici-niz-skopje-policijata-im-podnese-krivichni-za-razbojnishtvo/feed/ 0
ТАКА БЕШЕ И СО ИТАЛИЈА: Еве каква шанса им даваат обложувалниците на нашите рисови пред мечот со Португалија! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/taka-beshe-i-so-italija-eve-kakva-shansa-im-davaat-oblozuvalnicite-na-nashite-risovi-pred-mechot-so-portugalija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/taka-beshe-i-so-italija-eve-kakva-shansa-im-davaat-oblozuvalnicite-na-nashite-risovi-pred-mechot-so-portugalija/#respond Tue, 29 Mar 2022 11:54:12 +0000 https://kurir.mk/?p=655055

Само пет насто се шансите македонските фудбалери да ја совладаат португалската репрезентација вечер во финалето од плејофот за пласман на Светското првенство 2022, според „BETCITY“. Коефициентот за победа се движи околу 18. На Португалија и се даваат 81 насто шанси за победа (коефициент 1,19), додека 14 % е веројатноста натпреварот да заврши без победник (коефициент 7,10). На последните пет средби, Македонците имаат четири победи (Италија на гости 1.0, Исланд дома 3:1, Ерменија на гости 5:0, Лихтенштајн на гости 4:0) и еден пораз (Германија дома 4:0). Португалците имаат победи над Турција (дома 3:1), Луксембург (дома 5:0) и Катар (3:0 дома), нерешено со Ирска (0:0 на гости) и пораз од Србија (1:2 дома). Натпреварот на „Драгао“ во Порто ќе почне вечер во 20:45 часот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/taka-beshe-i-so-italija-eve-kakva-shansa-im-davaat-oblozuvalnicite-na-nashite-risovi-pred-mechot-so-portugalija/feed/ 0
Евровизија 2022: Македонија на претпоследното место на обложувалниците, зад нас е само Словенија – Украина убедливо го држи првото место https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/evrovizija-2022-makedonija-na-pretposlednoto-mesto-na-oblozuvalnicite-zad-nas-e-samo-slovenija-ukraina-ubedlivo-go-drzi-prvoto-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/evrovizija-2022-makedonija-na-pretposlednoto-mesto-na-oblozuvalnicite-zad-nas-e-samo-slovenija-ukraina-ubedlivo-go-drzi-prvoto-mesto/#respond Fri, 18 Mar 2022 11:40:18 +0000 https://kurir.mk/?p=649485

Македонската пејачка Андреа Коевска која што ќе не претставува на овогодинешниот музички фестивал - Евровизија моментално се наоѓа на претпоследното место на обложувалниците. Само Словенија е зад Македонија со песната „Диско“ кои ќе ја изведат „ЛПС“. На официјалната страница на Eurovisionworld, може да се следи котирањето на земјите учеснички на обложувалниците, а убедливо на првото место е Украина со песната „Стефанија“ и Калуш Оркестар. Зад Украина е Италија, а потоа Шведска, Британија, Грција, Полска… Србија и Констракта се на 19-то место, Хрватска на 31-во, Бугарија на 32-ро, а пак Црна Гора на 38-то место.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/evrovizija-2022-makedonija-na-pretposlednoto-mesto-na-oblozuvalnicite-zad-nas-e-samo-slovenija-ukraina-ubedlivo-go-drzi-prvoto-mesto/feed/ 0
МВР: Казни за обложувалници во тетовско, затекнати лица без сертификат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-kazni-za-oblozuvalnici-vo-tetovsko-zateknati-lica-bez-sertifikat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-kazni-za-oblozuvalnici-vo-tetovsko-zateknati-lica-bez-sertifikat/#respond Sat, 25 Dec 2021 21:00:43 +0000 https://kurir.mk/?p=613128

Полициски службеници на СВР Тетово во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, денеска (25 декември) од 13 часот спровеле акциска контрола во две спортски обложувалници во тетовските села Милетино и Радиовце, во кои вкупно биле легитимирани 8 лица.Две од легитимираните лица не поседувале сертификат за примена вакцина. По целосно документирање на случајот против двете лица и објектите(правни лица) ќе бидат изготвени соодветни поднесоци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-kazni-za-oblozuvalnici-vo-tetovsko-zateknati-lica-bez-sertifikat/feed/ 0
Вработени во спортски обложувалници: Издржуваме фамилии, плаќаме кредити и бараме само да работиме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vraboteni-vo-sportski-oblozuvalnici-izdrzuvame-familii-plakjame-krediti-i-barame-samo-da-rabotime/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vraboteni-vo-sportski-oblozuvalnici-izdrzuvame-familii-plakjame-krediti-i-barame-samo-da-rabotime/#respond Tue, 11 May 2021 11:56:17 +0000 https://kurir.mk/?p=508951

Вработените во спортски обложувалници денес одржаа прес-конференција пред Владата на Македонија, на која ги изнесоа своите ставови во врска со прелог измените на Законот за игри на среќа. Во продолжение следува нивното обраќање: Ние вработените во спортските обложувалници сме сериозно загрижени за последиците по нашата егзистенција доколку се усвојат новите предлог-измени на Законот за игри на среќа. Донесувањето на ова законско решение ќе значи затворање на сите објекти и оставање преку ноќ без егзистенција 3.500 вработени во обложувалниците, а околу 10.000 вработени во целата индустрија. Покрај тоа, евентуалното донесување на овој закон ќе има последици и по останатите субјекти, мали семејни компании со кои соработуваме, а чија заработувачка исклучиво зависи од нашето работење. Ова е огромна штета која може да им се нанесе на голем број семејства кои ќе останат без своите основни приходи. Како причина за донесување на новиот предлог-закон се наведува заштита на малолетниците. Сакаме јасно да ставиме до знаење дека ние целосно го почитуваме моменталниот закон кој го регулира ова, а во кој е строго пропишана забрана за пристап и учество на малолетниците во игрите на среќа. Ако во наш објект влезе лице за кое се сомневаме дека е малолетно, ние како вработени сме должни да побараме документ за идентификација и доколку лицето не поседува таков документ, го замолуваме да го напушти објектот. Ние немаме интерес и не сакаме малолетници во нашите објекти. Работиме чесно и според сите закони. Во услови на ваква кревка економија и економска нестабилност, се прашуваме дали државата е свесна што ќе се случи доколку се затворат сите објекти од индустријата? Приредувачите на игри на среќа се најголемите даночни обврзници и полначи на државната каса, преку кои државата секоја година добива милиони евра во буџетот. Успеавме да ја пребродиме и најтешката година на пандемијата, никој од нас не беше отпуштен, дополнително имавме и вработувања на луѓе кои останале без работа со кризата, тие беа примени во нашите фирми. Иако нашиот сектор беше меѓу првите кој беше затворен, сепак работодавците обезбедија редовни плати и придонеси за сите вработени, не дозволувајќи да останеме на улица. Издржуваме фамилии, плаќаме кредити и бараме само да работиме. Ако се усвојат законските измени, ќе излеземе сите на улица, на протест. И не само ние вработените од спортските обложувалници, туку и сите кои се засегнати од вакво законско решение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vraboteni-vo-sportski-oblozuvalnici-izdrzuvame-familii-plakjame-krediti-i-barame-samo-da-rabotime/feed/ 0
„Играј Одговорно“ – кампања на Асоцијацијата на спортски обложувалници за одговорно спортско обложување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/igraj-odgovorno-kampanja-na-asocijacijata-na-sportski-oblozuvalnici-za-odgovorno-sportsko-oblozuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/igraj-odgovorno-kampanja-na-asocijacijata-na-sportski-oblozuvalnici-za-odgovorno-sportsko-oblozuvanje/#respond Fri, 09 Apr 2021 09:57:50 +0000 https://kurir.mk/?p=494735

Под слоганот „Играј Одговорно“, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) започнува кампања за одговорно спортско обложување. Кампањата има за цел подигнување на свесноста за одговорно спортско обложување и едукација на играчите дека спортското обложување е начин за игра и забава, а не нешто од кое треба да се очекува заработка и егзистенција.
„Програмите за едукација на вработените и играчите за неопходноста од почитување на законите и правилата, за важноста од одговорно спортско обложување и подигнување на свесноста за можните негативни влијанија се дел од стратегијата на АСОМ. Спортското обложување треба да биде начин за забава додека се следи натпреварот на омилениот тим, а не стил на живот или професија со заработка од која би се очекувало финансиско издржување. Со оваа кампања сакаме да укажеме на нашите цели и заложби- безбедно спортско окпружување и играчи без проблеми со обложувањето, грижа за нашите играчи и грижа за општеството во целост. Продолжуваме да создаваме услови за работа и кариера, активно да работиме на интензивирање на соработката со сите засегнати страни, да даваме придонес во носење и унапредување на регулативата, законите и подзаконските акти и секако, остануваме посветени на стратегијата за општествено одговорно делување во заедницата во која работиме“. - истакнува Васко Илијевски, Претседател на АСОМ.
Главните пораки и совети на кампањата „Играј одговорно“ кон играчите се да не се обложуваат со средства кои не можат да си ги дозволат, да не се обидуваат да ја надоместат загубата, да си постават граница за пари и време кое ќе го посветат на спортско обложување, без притоа да ги занемаруваат редовните работни и животни обврски. Кампањата ќе се спроведува во спортските обложувалници, членки на АСОМ преку едукативни и промотивни материјали, како и на Facebook страницата на Асоцијацијата. Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е формирана 2013 година, со мисија и цели за проактивно делување во насока на развој и унапредување на игрите на среќа. Игрите на среќа претставуваат силен импулс за државната и локалната економија, учествуваат со 4% во БДП на РС Македонија и придонесуваат со над од 250 милиони евра во државниот буџет. Целата стопанска гранка директно вработува повеќе од 8.000 луѓе, кои поддржуваат речиси 54.000 вработувања во други стопански гранки. Повеќе информации за Асоцијација на спортски обложувалници на Македонија се достапни на www.asom.org.mk.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/igraj-odgovorno-kampanja-na-asocijacijata-na-sportski-oblozuvalnici-za-odgovorno-sportsko-oblozuvanje/feed/ 0
Спортските обложувалници ќе работат само преку шалтерски систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sportskite-oblozuvalnici-kje-rabotat-samo-preku-shalterski-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sportskite-oblozuvalnici-kje-rabotat-samo-preku-shalterski-sistem/#respond Mon, 05 Apr 2021 14:08:57 +0000 https://kurir.mk/?p=492653

Согласно одлуката на Владата донесена на денешната седница, во перидот од 7 до 20 април уплатно-исплатните места односно деловните објекти на спортските обложувалници ќе работат само преку шалтерски систем, соопшти Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ). Поконкретно, со одлуката на Владата приемот на посетителите и работата на спортските обложувалници ќе биде исклучиво преку вршење на шалтерска услуга, а согласно истата, делот за угостителски услуги, шанковите во спортските обложувалници воопшто нема да работат. – Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија ја следи состојбата со коронавирусот и целосно ги почитува протоколите за работа, како и одлуките на Владата за превенција од понатамошно ширење на вирусот. Асоцијацијата апелира до своите играчи во целост да се придржуваат до мерките за заштита од Ковид-19, наведуваат од АСОМ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sportskite-oblozuvalnici-kje-rabotat-samo-preku-shalterski-sistem/feed/ 0