обнова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Sep 2023 15:22:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png обнова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во велешко Долно Оризари се обновува црква од 14 век „Рождество на Пресвета Богородица“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-veleshko-dolno-orizari-se-obnovuva-tsrkva-od-14-vek-rozhdestvo-na-presveta-bogoroditsa/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-veleshko-dolno-orizari-se-obnovuva-tsrkva-od-14-vek-rozhdestvo-na-presveta-bogoroditsa/#respond Thu, 21 Sep 2023 15:22:01 +0000 https://kurir.mk/?p=880382

Во велешко Долно Оризари се обновува црква од 14 век „Рождество на Пресвета Богородица“. На празникот на Рождество на Пресвета Богородица Црковниот одбор за обнова на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ кај селото Долно Оризари во близина на Велес, денеска во присуство на свештеник од Епархијата Повардарска го одбележа празникот со светење на вода и делење на славски колач. Присуствуваа голем број на православни верници од населбата Превалец и Велес, како и годинешните кумови. Благој Јанев Шандуп и неговиот брат Петар Јанев за МИА раскажаа дека црквата ја паметат како деца, која тогаш одржувана од некоја жена се до 60 -тите години на 20 век. Петре Ставроски од Црковниот одбор за обнова на овој православен храм информира дека тој и неговите сожители околу 20 години правата напори да го изградат, а потоа и да го фрескоживописат овој свет храм кој потекнува од 14 век и за кого има пишан документ дека се викал „Свети Руса“ маченичка која црквата не ја признава, па затоа одлучиле да го носи името „ Рождество на Пресвета Богородица“. Тој појасни дека црквата тие самите со свои донации и работна сила самите ја обновуваат некаде од 2005 година до денес, а документ за нејзина обнова добиле од 9 јули 2007 година. Тој информира дека тие затекнале само затрупан храм од кој нашле само стари ѕидови кои се оставени во внатрешноста на црквата и олтар ќе паднал па бил нанови ѕидан. Во внатрешноста на црквата стои и стариот камен под, а од предмети нашле само една брава и клуч.Оваа црква имала и свој црковен имот од 2,05 хектари. Од Црковниот одбор пред да започнат со обвновата на овој свет храм на увид повикале стручни лица од Народниот музеј во Велес кој ја утврдиле староста на црквата и за кој храм станува збор и што да се зачува, а побарале и пишани документи од Историскиот архив во Велес. Од Црковниот одбор информираат дека секоја финансиска помош им е добредојдена за поскоро завршување на изградбата односно доградбата на камбанарија и нејзино фрескоживописување.,како и надворешно малтерисување и уредување. Воедно оттаму ги повикуваат сите православни верници и донатори кои сакаат да дадат парични прилози за целосна обнова на овој свет храм на жиро сметка 200001766930070 во Стопанска Банка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-veleshko-dolno-orizari-se-obnovuva-tsrkva-od-14-vek-rozhdestvo-na-presveta-bogoroditsa/feed/ 0
ЕК започнува активности за обнова на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-zapochnuva-aktivnosti-za-obnova-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-zapochnuva-aktivnosti-za-obnova-na-ukraina/#respond Thu, 16 Feb 2023 12:45:56 +0000 https://kurir.mk/?p=801270

Европската комисија ги започнува своите активности за обнова на Украина, а еврокомесарот за животна средина, Вирџиниус Синкевичиус, денеска и утре ќе биде во Киев за да разговара за тоа, како и за иницијативата Феникс. „Иницијативата Феникс поттикнува работа на реконструкција на украинските градови. Како прв чекор, тие ќе ги поврзат украинските градови со градовите на ЕУ за да разменат искуства за климатска неутралност, енергетска ефикасност“, соопшти ЕК. Синкевичиус рече дека војната во Украина предизвикала огромно човечко страдање и нанела непоправлива штета на природата и дека е клучно да се помогне во обновувањето на регионите на Украина, но земјата, водата и шумите кои се „темелот на просперитетот на земјата“. Комесарот ќе се сретне со министри и градоначалници за да разговара подетално за конкретните потреби и поддршката што Комисијата може да ја обезбеди за да ги подготви украинските градови за фазата на реконструкција. Целта е Украина да ги усогласи своите напори за реконструкција со политиките на Европскиот зелен договор и новото законодавство за животната средина. Иницијативата „Феникс“ е креативна и интердисциплинарна иницијатива на Европската комисија од 2020 година, што го поврзува европскиот зелен договор со просторот за живеење и иницијативите кои ги поврзуваат одржливоста, естетиката и инклузивноста. Иницијативата е отворена и за земјите од Западен Балкан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-zapochnuva-aktivnosti-za-obnova-na-ukraina/feed/ 0
ОН: Озонската обвивка постепено се обновува https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-ozonskata-obvivka-postepeno-se-obnovuva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-ozonskata-obvivka-postepeno-se-obnovuva/#respond Mon, 09 Jan 2023 16:56:41 +0000 https://kurir.mk/?p=785190

Озонската обвивка полека, но забележливо се обновува, и со таа брзина, „озонската дупка“ над Антарктикот, каде што слојот е најтенок, целосно би се пополнил за околу 43 години, се наведува во новиот извештај на Обединетите нации. Научната проценка која се спроведува на секои четири години покажува дека заштитниот слој се опоравува, повеќе од 35 години по глобалниот договор да не се користат хемикалии кои ја еродираат озонската обвивка, која го штити животот на Земјата од штетното ултравиолетово зрачење. Научниците и еколозите ги поздравуваат како една од најголемите еколошки победи на човештвото напорите за намалување на „озонските дупки“ кои произлегуваат од договорот од 1987 година наречен Монтреалски протокол со кој се забрануваат одредени хемикалии. Озонската обвивка се протега во долниот слој на стратосферата од околу 10 до 50 километри над Земјата. Нејзината дебелина варира во зависност од локацијата и годишното време. „Озонските дупки“ кои се појавуваат во неа се предизвикани од влијанието на одредени гасови кои луѓето ги користат. Во извештајот се вели дека напредокот е бавен, а просечната концентрација на озон на височина од 30 километри во атмосферата ќе се врати во „нормала“ околу 2040 година, на Арктикот до 2045 година. На Антарктикот, каде што озонската обвивка моментално е најтенка, слојот нема да се обнови до 2066 година, се вели во извештајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-ozonskata-obvivka-postepeno-se-obnovuva/feed/ 0
Иран поднесе предлози за обновување на нуклеарниот договор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-podnese-predlozi-za-obnovuvanje-na-nuklearniot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-podnese-predlozi-za-obnovuvanje-na-nuklearniot-dogovor/#respond Tue, 16 Aug 2022 06:49:05 +0000 https://kurir.mk/?p=719105

Иранските власти денеска соопштија дека писмено ги испратиле своите конечни предлози за заживување на нуклеарниот договор со големите сили. Иранската државна новинска агенција ИРНА не даде детали за предлогот, но посочи дека Иран се уште не прифаќа посредување на Европската унија, и покрај предупредувањата дека нема да има повеќе преговори во тој случај. Големите сили го чекаат одговорот на Техеран на предлогот за договор што на 26 јули го понуди високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. ЕУ се уште не потврдила дека добила предлог од Иран. Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан вчера изјави дека неговата земја е подготвена да склучи договор доколку нејзините предлози бидат прифатени. Иранските власти во петокот објавија дека се подготвени да го прифатат конечниот текст за заживување на договорот во 2015 година. Договорот за иранската нуклеарна програма, чие официјално име е Заеднички сеопфатен план за акција (JCPOA), беше потпишан во Виена во јули 2015 година од страна на Иран и групата „5 плус 1“, која се состоеше од пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН. (Кина, Франција, Русија, Велика Британија, САД) и Германија, како потписник во име на ЕУ. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја повлече својата земја од договорот во 2018 година и воведе санкции кон Иран, додека Иран како одговор почна да ги занемарува своите обврски од договорот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-podnese-predlozi-za-obnovuvanje-na-nuklearniot-dogovor/feed/ 0
Започнува еколошката обнова на грчкиот Национален парк Дадиас по катастрофалниот пожар https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zapochnuva-ekoloshkata-obnova-na-grchkiot-nacionalen-park-dadias-po-katastrofalniot-pozar-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zapochnuva-ekoloshkata-obnova-na-grchkiot-nacionalen-park-dadias-po-katastrofalniot-pozar-2/#respond Wed, 03 Aug 2022 08:10:27 +0000 https://kurir.mk/?p=713300

Мапирање и проценка на промените во екосистемите; ангажирање привремен персонал, орнитолози и шумари; грижа за дивите животни во соработка со надлежните органи и невладини организации; одредување ризик од поплави и мерки за заштита доколку е потребно; повторување на пописот на птиците грабливки на пролет; подготовка на долгорочен план за следење на текот на обновата во погодената област, се следните чекори на Министерството за животна средина и енергија на Грција за еколошка обнова на Националниот парк Дадиас по катастрофалниот пожар на крајот од јули, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот избувна на 21 јули и беше изгасен осум дена подоцна, а според првичните научни податоци на Министерството, катастрофалните последици се на површина од 2.209 хектари, односно половина од вкупната зафатена површина (4.540 хектари) од огнената стихија. Министерот за животна средина и енергија на Грција Костас Скрекас рече дека за Владата, „битката за заштита на животната средина е континуирана и се докажува на дело“, а откако пожарот беше ставен под контрола, „веќе започнува обновувањето на шумата во Дадиа“. Заменик- министерот за животна средина и енергетика, Јоргос Амирас, истакна дека за нив „обновата на биолошката разновидност и природниот капитал во шумата Дадиа е врвен приоритет“. – Деловите на Националниот парк погодени од пожарите се разграничени, мапирани и темелно проучени со цел веднаш да се спроведат потребните мерки за обнова, посочи Амирас. Националниот парк Дадиа-Лефкими-Суфли со борови и дабови шуми, што се наоѓа во областа Еврос во североисточниот дел на Грција. е едно од најважните заштитени подрачја на национално, европско и меѓународно ниво и е една од првите области во земјата што е прогласена за заштитена бидејќи таму коегзистираат голем број видови флора и фауна. Дом е на три од вкупно четири европски видови мршојадци и е едно од ретките засолништа за 36 различни видови загрозени грабливци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zapochnuva-ekoloshkata-obnova-na-grchkiot-nacionalen-park-dadias-po-katastrofalniot-pozar-2/feed/ 0
Зеленски со повик до државите за обнова на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-so-povik-do-drzavite-za-obnova-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-so-povik-do-drzavite-za-obnova-na-ukraina/#respond Mon, 04 Jul 2022 16:01:44 +0000 https://kurir.mk/?p=699879

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги покани учесниците на меѓународната конференција за обнова на Украина да се приклучат на националниот план за обнова на таа земја. Во швајцарскиот град Лугано почна дводневна меѓународна конференција за обнова на Украина, која ја отвори украинскиот лидер. „Пролетта им понудивме на нашите партнери да се приклучат на проектот за обнова на Украина. Уште тогаш беше јасно дека тоа ќе биде најголемиот проект на нашето време: економски, технолошки, национално и што е најважно идеолошки“, рече Зеленски. Украинскиот лидер изрази благодарност до земјите кои позитивно ги прифатија нивните предлози, да го преземат покровителството на регионите, градовите или индустриите погодени од војната. „Меѓу другото, тоа ќе создаде милиони нови врски во демократскиот свет, во Европа, меѓу нашите земји, секој град, секоја заедница, секоја обновена индустрија ќе има историски докази за тоа кој помогнал во тоа“, рече украинскиот претседател. Зеленски изрази благодарност до Данска, која веќе е подготвена да го обнови Миколаев, и до Велика Британија за нејзиниот интерес за обнова на регионот на Киев. На Украина и се потребни 750 милијарди долари за план во три фази за реконструкција по руската инвазија, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал на Меѓународната конференција за обнова на Украина, што почна во Швајцарија. Шмихал, исто така, рече дека над 100 милијарди долари директна инфраструктурна штета е направена на Украина. Украинскиот премиер рече дека главен извор на финансирање на планот ќе бидат средствата одземени од руските олигарси. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-so-povik-do-drzavite-za-obnova-na-ukraina/feed/ 0
ЕУ ќе ги искористи замрзнатите средства од руските олигарси за обновување на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-kje-gi-iskoristi-zamrznatite-sredstva-od-ruskite-oligarsi-za-obnovuvanje-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-kje-gi-iskoristi-zamrznatite-sredstva-od-ruskite-oligarsi-za-obnovuvanje-na-ukraina/#respond Fri, 20 May 2022 06:11:46 +0000 https://kurir.mk/?p=679293

Европската унија бара начин како да ги искористи замрзнатите средства на руските олигарси за финансирање на обновувањето на Украина по војната, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. – Нашите адвокати интензивно работат на изнаоѓање можни начини за искористување на замрзнатиот имот на руските олигарси за обновување на Украина. Мислам дека и Русија треба да даде свој придонес, изјави претседателката на ЕК за германската телевизија ЗДФ. Комисијата во средата предложи заем од девет милијарди евра за Украина, со цел да ја одржи земјата додека се бори во одбрана од руската инвазија]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-kje-gi-iskoristi-zamrznatite-sredstva-od-ruskite-oligarsi-za-obnovuvanje-na-ukraina/feed/ 0
Зеленски: За обнова на Украина ќе бидат потребни 600 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-za-obnova-na-ukraina-kje-bidat-potrebni-600-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-za-obnova-na-ukraina-kje-bidat-potrebni-600-milijardi-dolari/#respond Wed, 04 May 2022 06:40:53 +0000 https://kurir.mk/?p=671434

На Украина ќе и бидат потребни околу 600 милијарди долари за обнова на економијата и инфраструктурата по завршувањето на руската операција, изјави претседателот Володимир Зеленски на средба на високо ниво организирана од Волстрит журнал. – Сигурен сум дека по победата ќе направиме сè доволно брзо, рече Зеленски. Тој вети и дека ќе создаде атрактивна инвестициска клима за странските компании. – Ќе добиете пристап до нашата земја, до нашиот пазар од над 40 милиони, рече украинскиот претседател. Украинскиот премиер Денис Шмигал беше првиот што спомна 600 милијарди долари. Тој рече дека сумата ќе биде потребна за обнова на економијата и инфраструктурата на долг рок. Претходно, украинските власти изјавија дека странските средства на Банката на Русија, замрзнати како резултат на санкциите, може да се искористат за обнова на земјата. Украинското Министерство за економија ја процени нивната сума на 415 милијарди долари и побара од западните партнери да развијат механизам за конфискација на овие пари во корист на Киев. Според рускиот министер за финансии Антон Силуанов, Западот замрзнал околу 300 милијарди долари од 640 милијарди долари резерви на Централната банка во странство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-za-obnova-na-ukraina-kje-bidat-potrebni-600-milijardi-dolari/feed/ 0
Дендиас: Грција ќе биде дел од обновата на Одеса https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dendias-grcija-kje-bide-del-od-obnovata-na-odesa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dendias-grcija-kje-bide-del-od-obnovata-na-odesa/#respond Mon, 04 Apr 2022 13:03:29 +0000 https://kurir.mk/?p=658260

Единственото нешто што можам да го кажам во моментов, во овие тешки времиња е дека ќе бидеме дел од иднината, помагајќи ви да го реконструирате овој град и да го направите уште поубав, уште подобар, рече министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас на средбата во Одеса со вицепремиерката за европска и евро-атлантска интеграција на Украина Олга Стефанишина и ѝ ја изрази поддршката на грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Дендиас вчера ја предводеше хуманитарната помош од Грција за Одеса, оттаму соопшти дека повторно ќе започне со работа грчкиот конзулат во градот, а освен со Стефанишина се сретна и со началникот на регионалната воена управа на Одеса, полковник Максим Марченко. – Според нас, нападот врз еден град е најнеприфатливото нешто, тоа е воено злосторство. На Советот на министри на Европската унија ќе го пренесам она што треба да се пренесе. Ги видов, заедно со градоначалникот, подготовките што се направени за да не се уништи културната традиција на градот. Се надевам, кога ќе дојдам повторно, градот да биде добро, да нема претрпено ниту најмал удар и дека ќе можеме да му помогнеме да има светла иднина, бидејќи има светло минато, рече министерот за надворешни работи на Грција на средбата со Марченко на кој му ја предаде хуманитарната помош. За посетата на Дендиас на Одеса, портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека „целта на посетата, покрај пренесување помош, беше и создавање постојан механизам за дистрибуција на хуманитарна помош, средба со припадниците на грчката заедница и повторно отворање на Генералниот конзулат во градот“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dendias-grcija-kje-bide-del-od-obnovata-na-odesa/feed/ 0
САД планираат во април да го обноват стратешкиот дијалог со Ирак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-planiraat-vo-april-da-go-obnovat-strateshkiot-dijalog-so-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-planiraat-vo-april-da-go-obnovat-strateshkiot-dijalog-so-irak/#respond Wed, 24 Mar 2021 07:51:08 +0000 https://kurir.mk/?p=486937

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, изјави дека Вашингтон планира стратешкиот дијалог со Ирак да се обнови во април. Таа смета дека ова е важна можност да се разговара за заедничките интереси на двете земји во многу области, од безбедноста до културата, трговијата и климата, пренесува агенцијата Анадолија. -Очекуваме во април да го обновиме нашиот стратешки дијалог со ирачката Влада. Ова ќе биде важна можност да разговараме за нашите заеднички интереси во многу области, од безбедноста до културата, трговијата и климата, рече Псаки. Според неа,треба да се разговара и дека единствената цел на коалициските сили во Ирак е обуката и советувањето на ирачките сили со цел да се спречи обновување на вооружената организација Исламска држава. -САД се посветени на суверенитетот на Ирак. Со нетрпение очекуваме важни разговори со ирачките лидери за нашето идно партнерство, како што е утврдено во Стратешкиот рамковен договор меѓу двете земји, додаде Псаки. Претходно, Ирак испрати официјално барање до администрацијата на претседателот Џо Бајден за утврдување датум за продолжување на стратешките разговори за билатералните односи меѓу двете земји и повлекување на преостанатите американски борбени сили. Тројца ирачки владини претставници, кои сакаа да останат анонимни, потврдија дека Ирак неодамна испратил официјално писмо до САД, во кое се бара нова рунда разговори за билатералните односи, особено за повлекувањето на преостанатите борбени сили и дека Багдад се надева на дебата во април. Продолжувањето на разговорите, што почнаа во јуни минатата година, за време на мандатот на поранешниот претседател Доналд Трамп, ќе биде прво за администрацијата на Џо Бајден. Американските медиуми пренесуваат дека и ирачките и американските официјални лица наведуваат дека во принцип го поддржуваат планираното повлекување на американските сили од Ирак. Според Пентагон, бројот на американски војници во Ирак во последните неколку месеци е намален на околу 2.500. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-planiraat-vo-april-da-go-obnovat-strateshkiot-dijalog-so-irak/feed/ 0