обраќање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 May 2022 17:35:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png обраќање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зеленски се обрати пред албанскиот парламент: Затворете ги пристаништата за руските бродови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-se-obrati-pred-albanskiot-parlament-zatvorete-gi-pristanishtata-za-ruskite-brodovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-se-obrati-pred-albanskiot-parlament-zatvorete-gi-pristanishtata-za-ruskite-brodovi/#respond Tue, 03 May 2022 17:35:13 +0000 https://kurir.mk/?p=671285

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска за време на говорот во албанскиот парламент преку видеоврска апелираше земјата да ги затвори пристаништата за руските бродови и да го ограничи пристигнувањето на руски туристи. Зеленски додаде дека руските банки треба да се одвојат од глобалниот финансиски систем, а во меѓувреме да се затворат пристаништата за руските бродови и да се ограничи бројот на руски туристи, пишува Euronews Albania. Украинскиот претседател изјави дека во Европската унија се разговара за шестиот пакет санкции и дека обемот на трговската размена со Русија мора да се намали, колку и да е тоа тешко и дека Обединетите нации треба да ја прекинат соработката со оваа земја. Тој во денешното обраќање пред албанскиот парламент изјави дека украинската армија пронашла масакрирани тела во зоните напуштени од руски војници. Тој додаде дека „Русите не дозволуваат да се доставуваат храна и лекови во зоните на вооружени конфликти и дека дури и убиваат деца, пренесува Албанскиот Дејли Њуз. Зборувајќи за ситуацијата во Мариупол, украинскиот претседател изјави дека тоа е целосно уништен град во кој има само „уништување, убиства и тотален грабеж“ и дека во него се уништени многу верски објекти. Зеленски и се заблагодари на Албанија за поддршката што оваа земја и ја дава на Украина, пишува Албанскиот Дејли Њуз. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-se-obrati-pred-albanskiot-parlament-zatvorete-gi-pristanishtata-za-ruskite-brodovi/feed/ 0
Зеленски денеска ќе има обраќање во грчкиот Парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-deneska-kje-ima-obrakjanje-vo-grchkiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-deneska-kje-ima-obrakjanje-vo-grchkiot-parlament/#respond Thu, 07 Apr 2022 07:20:03 +0000 https://kurir.mk/?p=659510

Во присуство на владејачката и неколку, но не и сите опозициски партии, претседателот на Украина Володимир Зеленски, денеска ќе има говор во грчкиот Парламент, преку видеоконференција, откако доби официјална покана од премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. На специјалната седница во Парламентот, според најавите, присутни ќе бидат лидерите и пратениците од Нова демократија, СИРИЗА и Движење за промена, додека Комунистичката партија и десничарската Грчко решение соопштија дека ќе отсуствуваат, а веројатно е нивниот пример да го следи и МЕРА25. Пред говорот на Зеленски, се очекува кусо да се обрати претседателот на Парламентот Константинос Тасулас, а обраќањето на украинскиот претседател се очекува да трае околу 15-20 минути. Зеленски повод националниот празник на Грција на 25 март телефонски разговараше со грчкиот премиер, кој му упати покана, да се обрати во грчкиот Парламент преку видеоконференција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-deneska-kje-ima-obrakjanje-vo-grchkiot-parlament/feed/ 0
Зеленски ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-kje-se-obrati-pred-sovetot-za-bezbednost-na-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-kje-se-obrati-pred-sovetot-za-bezbednost-na-on/#respond Tue, 05 Apr 2022 05:24:03 +0000 https://kurir.mk/?p=658450

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека денеска ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН. Тој изрази уверување дека ќе се откријат уште полоши случаи на масовни убиства на цивили извршени од руски војници од тие што неодамна беа откриени во Буча. На денешната седница на Советот за безбедност ќе се разговара за украинските наводи за убиства на цивили извршени од руски војници во Буча, северозападно од Киев. Русија категорично ги отфрли тие обвинувања, нарекувајќи ги „криминални провокации“ и најави дека ќе достави „конкретни докази“ до Советот за безбедност дека нејзините сили не биле вклучени во злосторствата врз цивилите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-kje-se-obrati-pred-sovetot-za-bezbednost-na-on/feed/ 0
ВО ЖИВО: Зеленски се обраќа пред пратениците во Италијанскиот парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zivo-zelenski-se-obrakja-pred-pratenicite-vo-italijanskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zivo-zelenski-se-obrakja-pred-pratenicite-vo-italijanskiot-parlament/#respond Tue, 22 Mar 2022 10:25:50 +0000 https://kurir.mk/?p=651256

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски моментално се обраќа пред пратениците во паралментот на Италија. За потсетување, тој претходно имаше говор пред парламентите и конгреси на повеќе земји низ Европа и ширум светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zivo-zelenski-se-obrakja-pred-pratenicite-vo-italijanskiot-parlament/feed/ 0
Зеленски денеска ќе се обрати пред германскиот парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-deneska-kje-se-obrati-pred-germanskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-deneska-kje-se-obrati-pred-germanskiot-parlament/#respond Thu, 17 Mar 2022 08:08:28 +0000 https://kurir.mk/?p=648619

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска треба да им се обрати на германските пратеници, во последен обид да ги охрабри креаторите на политиката во западните демократии во врска со војната во Украина. Зеленски ќе се обрати пред Долниот дом на германскиот парламент во 20 часот по локално време, јавува Би-би-си. Руската инвазија го натера германскиот канцелар Олаф Шолц веднаш да изјави поддршка за Украина. Тој го зголеми и буџетот за германската одбрана и испрати оружје во Украина. Анкетите покажуваат дека многу Германци го поддржуваат повикот на Зеленски за забрана на руската енергија, но министрите за економија рекоа дека постепеното укинување на рускиот гас не може да стапи на сила веднаш. Сепак, веќе постои план за запирање на увозот на руски јаглен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-deneska-kje-se-obrati-pred-germanskiot-parlament/feed/ 0
ВО ЖИВО: Зеленски се обраќа пред американскиот Конгрес – доби огромен аплауз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zivo-zelenski-se-obrakja-pred-amerikanskiot-kongres-dobi-ogromen-aplauz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zivo-zelenski-se-obrakja-pred-amerikanskiot-kongres-dobi-ogromen-aplauz/#respond Wed, 16 Mar 2022 13:19:44 +0000 https://kurir.mk/?p=648267

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во моментов има говор пред американскиот Конгрес. Ова е редок момент за источноевропски лидер да им се обрати на американските претставници додека неговата земја продолжува да се бори против руската инвазија. Зеленски на самиот почеток на своето обраќање доби овации. Претходно, претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, го претстави Зеленски и ја пофали неговата „храбра“ одбрана од инвазијата на руските сили, а во таа прилика се обиде да зборува и на украински. Зеленски тогаш рече дека е многу горд што се обратил на Конгресот кога Киев е под руски оган и дека земјата „не се откажува“. - Градот е под постојан напад, но ние не се откажуваме. Во ниту еден момент не размислувавме за тоа – рече Зеленски. Тој рече дека неговата земја е во најтешката војна од Втората светска војна и дека „осум години се спротивставува на руската агресија“. Зеленски рече дека е благодарен на Бајден што ја поддржува Украина. - Во најтемното време за нас, за Европа, ве повикувам да сторите што е можно повеќе - рече Зеленски и порача дека е неопходно да се санкционираат сите што го поддржуваат рускиот режим.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zivo-zelenski-se-obrakja-pred-amerikanskiot-kongres-dobi-ogromen-aplauz/feed/ 0
Зеленски доби покана од канадскиот премиер: Ќе се обраќа и пред парламентот во Канада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-dobi-pokana-od-kanadskiot-premier-kje-se-obrakja-i-pred-parlamentot-vo-kanada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-dobi-pokana-od-kanadskiot-premier-kje-se-obrakja-i-pred-parlamentot-vo-kanada/#respond Wed, 09 Mar 2022 16:31:41 +0000 https://kurir.mk/?p=644236

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја прифати поканата на канадскиот премиер Џастин Трудо да се обрати пред канадскиот парламент, јави Укринформ, повикувајќи се на твит на канадскиот премиер. - Го поканив претседателот Зеленски да се обрати во канадскиот Парламент. Канаѓаните се инспирирани од храброста и издржливоста на Украинците и лидерството што го покажа претседателот и знам дека тие се желни да слушнат директно од него, напиша Трудо на Твитер. Претходно, канадскиот премиер во телефонски разговор со Зеленски ветил дека ќе испрати специјализирана воена опрема во Украина, вклучувајќи и камери за дронови. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-dobi-pokana-od-kanadskiot-premier-kje-se-obrakja-i-pred-parlamentot-vo-kanada/feed/ 0
ВО ЖИВО: Новак Ѓоковиќ се обраќа по големата победа и невидената тортура https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vo-zivo-novak-gjokovikj-se-obrakja-po-golemata-pobeda-i-nevidenata-tortura/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vo-zivo-novak-gjokovikj-se-obrakja-po-golemata-pobeda-i-nevidenata-tortura/#respond Mon, 10 Jan 2022 13:03:13 +0000 https://kurir.mk/?p=617575

Во тек е прес-конференција на семејството Ѓоковиќ по повод настаните во Австралија и драматичната ситуација со Новак, кој треба да и се обрати на јавноста. Судот во Австралија пресуди во корист на најдобриот тенисер на светот кому му беше укината одлуката за депортација и му беше дозволено да остане во земјата. Сепак, министерот за имиграција Алан Хок најави дека може да ја искористи својата дискреција да го депортира српскиот тенисер, без разлика на одлуката на судот, а се ќе биде познато во наредните денови. Семејството Ѓоковиќ организира прес-конференција во ресторанот „Новак“, а преку видео врска се обраќа првиот тенисер во светот. Ова ќе биде прво јавно обраќање на Ѓоковиќ откако беше приведен на аеродромот во Мелбурн. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vo-zivo-novak-gjokovikj-se-obrakja-po-golemata-pobeda-i-nevidenata-tortura/feed/ 0
Последно обраќање на Меркел во Бундестагот пред изборите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/posledno-obrakjanje-na-merkel-vo-bundestagot-pred-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/posledno-obrakjanje-na-merkel-vo-bundestagot-pred-izborite/#respond Tue, 07 Sep 2021 12:11:01 +0000 https://kurir.mk/?p=560543

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на пленарна седница во Бундестагот имаше последно обраќање пред претстојните парламентарни избори, објавија германските медиуми. Говорот на Меркел траеше 14 минути. Канцеларката зборуваше за борбата против климатските промени, развојот на „зелената“ енергија, борбата против тероризмот и кибер криминалот. Канцеларката ја искористи можноста и да го повтори својот повик до граѓаните да се вакцинираат против коронавирусот. На крајот од говорот, таа го покрена прашањето за внатрешната политика, што предизвика незадоволство кај опозицијата. Меркел го поддржа кандидатот на ХДС/ХСС, Армин Лашет, поради што беше принудена да одговори на реакцијата на пратениците. – Не е важно кој ќе биде во следната влада. Или ќе биде влада со Социјалдемократите и Зелените, со поддршка од Левицата, или владата може да биде на ХДС/ХСС со Армин Лашет, за да не води во иднина од умерени и центристички позиции, рече Меркел. Според неа, една од можните идни владини коалиции е на Социјалдемократите (СПД), Зелените и Левицата, но додаде дека таа лично остро ќе се спротивстави на вклучувањето на Левицата. Лашет е премиер на Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената провинција, каде што во јули имаше силни поплави, кога и рејтингот на Лашет и политичкиот блок ХДС/ХСС почна да се намалува. Според анкетите, 20 отсто од населението е подготвено да гласа за нив, а 25 отсто за Социјалдемократската партија на Германија (СПД). Парламентарните избори во Германија ќе се одржат на 26 септември. Според Уставот, новиот Бундестаг треба да започне да функционира во рок од 30 дена од гласањето. Мандатот на канцеларката завршува токму со првото заседание на новиот законодавен мандат. Новиот канцелар ја презема функцијата откако ќе го добие мандатот од претседателот, а тоа е откако партиите ќе ги завршат коалициските преговори. Пред четири години, преговорите траеја рекордни 172 дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/posledno-obrakjanje-na-merkel-vo-bundestagot-pred-izborite/feed/ 0
Мицкоски: Го зачувавме идентитетот затоа што излезе народ, за да Македонија престане да губи потребно е обединување и пораз на Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-go-zachuvavme-identitetot-zatoa-shto-izleze-narod-za-da-makedonija-prestane-da-gubi-potrebno-e-obedinuvanje-i-poraz-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-go-zachuvavme-identitetot-zatoa-shto-izleze-narod-za-da-makedonija-prestane-da-gubi-potrebno-e-obedinuvanje-i-poraz-na-zaev/#respond Tue, 08 Dec 2020 14:49:50 +0000 https://kurir.mk/?p=440502

Да престане трговијата со правата на нашите Македонци кај нашиот источен сосед и кај нашите соседи воопшто. Затоа ајде сите да се обединиме против сето ова што денеска ни се случува, потребна е оставка на Заев за слобода на народот, истакна попладнево во своето видео обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Во продолжение интегрален текст и видео од обраќањето на Мицкоски: Дозволете ми најпрво на православните христијани да им го честитам големиот празник Св. Климент Охридски, а Вам и на Вашите семејства да ви посакам среќа здравје и се разбира успеси. Ја користам оваа прилика и да се заблагодарам на сите оние наши сограѓани кои што изминатите денови беа со нас, протестирајќи на улиците, булеварите, раскрсниците против погрешните и анационални политики на владата предводена од СДСМ и Зоран Заев. Но, ова е само првиот чекор. Крајната цел е пораз на Зоран Заев и ослободување на Македонија. Ќе ве потсетам дека станува збор за политичар кој се колнеше во најмилото, а лажеше или политичар чија што политичка филозофија се сведува на „all in“, или се или ништо. Но, „all in“ не со неговите блиски, или животите на неговите блиски, туку со вас и животите на вашите блиски. Затоа е потребно обединување. Попусти се сите оние бесцелни празни соопштенија кои што излегуваат на социјалните медиуми, потребна е акција и дела. Но, вистинска акција и вистински дела. Затоа ја користам оваа прилика да ве потсетам дека само кога ќе биде поразен Зоран Заев ќе престани да губи Македонија, а за тоа ни треба обединување. Ве повикувам сите заедно да се обединиме без разлика дали сме политички определени или политички неопределени, леви, десни, либерални, или конзервативни, да се обединиме за да може Македонија да продолжи да победува. Затоа ги повикувам сите оние кои што се чувствуваат понижени, омаловажени, засрамени поради оваа таканаречена дома дипломатија на владата на СДСМ предводена од Зоран Заев, да застанат рамо до рамо со нас и обединети да пркосиме на сето тоа. Ги повикувам сите оние родители чии што најмили не ја добиваат на вистински начин науката и образованието кое што го заслужуваат како што тоа го добиваат нивните врсници во развиениот свет, застанете со нас и заедно да се избориме за подобро образование. Ги повикувам и сите оние кои што ја почувствуваа суровоста на пандемијата и загубија некој близок, или не ја добија навреме медицинската нега поради девастираното и уништено здравство, застанете со нас за модерно и современо здравство во Македонија. Ги повикувам и земјоделците чија што мака и труд не се соодветно платени, обединете се и застанете со нас, за подобри денови кога вистински ќе се цени вашата мака и ќе биде платен вашиот труд. Ги повикувам и младите оние кои што денеска чувствуваат бесперспективност и се без надежни дека ако останат во нашата мила Македонија дека нивната иднина нема да има предвидлива разрешница. Ги повикувам да застанат рамо до рамо со нас и да се избориме за заеднички подобра и навистина перспективна иднина. Ги повикувам сите оние кои што се жртви на цунами економијата на владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, сите оние кои што се чувствуваат посиромашни или изгубиле работа, застанете со нас за економија на нови инвестиции, економија на странски инвестиции, економија на нови работни места. Тоа е иднината за која што ние се стремиме. Тука нема партија, тука нема вера, тука нема нација, нема леви, нема десни, нема либерални, нема конзервативни, сите сме денеска потребни да се обединиме и да му застанеме на патот на овој политичар и владата која што тој ја предводи. Да застанеме на патот на поразите, неуспесите, лагата и криминалот. Важно е во овој момент да застанеме на патот на неправдата, затоа ни е потребно обединување, да престане трговијата со идентитетот, да престане трговијата со посебноста, историјата, обичаите, традицијата. Да престане трговијата со правата на нашите Македонци кај нашиот источен сосед и кај нашите соседи воопшто. Затоа ајде сите да се обединиме против сето ова што денеска ни се случува, потребна е оставка на Заев за слобода на народот, истакна Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-go-zachuvavme-identitetot-zatoa-shto-izleze-narod-za-da-makedonija-prestane-da-gubi-potrebno-e-obedinuvanje-i-poraz-na-zaev/feed/ 0