обрасци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Feb 2020 10:51:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png обрасци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нема нови закажувања за пасоши до надминување на проблемот, Чулев врши истрага во МВР за лоцирање на одговорноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-novi-zakazuvanja-za-pasoshi-do-nadminuvanje-na-problemot-chulev-vrshi-istraga-vo-mvr-za-lociranje-na-odgovornosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-novi-zakazuvanja-za-pasoshi-do-nadminuvanje-na-problemot-chulev-vrshi-istraga-vo-mvr-za-lociranje-na-odgovornosta/#respond Tue, 18 Feb 2020 10:49:08 +0000 https://kurir.mk/?p=305408

Системот за закажување термин за патна исправа ќе биде ставен надвор од функција до изнаоѓање на решение за надминување на проблемот со недостаток на обрасци за овие лични документи. Ова денес го истакна техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев кој потенцираше дека се врши истрага во МВР за да се лоцира одговорноста за овој проблем. -Проблемот со личните документи, лични карти и возачки дозволи е надминат. Но патните исправи проблемот останува и истиот е резултат на лошо планирање, пропусти и доцни нарачки. На 6.12.2019 Оливер Спасовски бил информиран дека залихите на обрасци се при крај и остануваат уште 88.000 обрасци за патни исправи. По моето доаѓање, еден месец подоцна, на 8.1.2020 година, добив информација се остануваат уште 27.580 обрасци за пасоши. Ова се е резултат на нестручно работење и во МВР се врши контрола за да се лоцира одговорноста, нагласи Чулев. Тој посочи дека до овој момент поднесени се 16.500 барања на патни исправи по редовна постапка, а МВР на располагање има уште 3.600 обрасци. Барањата поднесени по итна постапка кои се околу 650 ќе бидат процесирани. Чулев нагласи дека до надминување на овој проблем нема да има аплицирање за патни исправи ниту по редовна, ниту по итна постапка. Министерот истакна и дека на денешната владина седница повторно ќе се отвори ова прашање со цел што поскоро надминување на проблемот. НАСКОРО ПООПШИРНО...]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-novi-zakazuvanja-za-pasoshi-do-nadminuvanje-na-problemot-chulev-vrshi-istraga-vo-mvr-za-lociranje-na-odgovornosta/feed/ 0
Алфа открива скандалозна нарачка на стари обрасци за патни исправи додека се менува името: СДСМ се обидува да заработи милиони во матно? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-otkriva-skandalozna-narachka-na-stari-obrasci-za-patni-ispravi-dodeka-se-menuva-imeto-sdsm-se-obiduva-da-zaraboti-milioni-vo-matno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-otkriva-skandalozna-narachka-na-stari-obrasci-za-patni-ispravi-dodeka-se-menuva-imeto-sdsm-se-obiduva-da-zaraboti-milioni-vo-matno/#respond Fri, 04 Jan 2019 08:29:31 +0000 https://kurir.mk/?p=148184

Иако власта најави дека до 15-ти јануари се очекува изгласување на уставните измени, со што ќе дојде до промена на името на државата, а и до промена на личните документи на граѓаните, голем број нови бланко обрасци за македонски пасоши чекаат на царина. Според информациите до кои дојде Алфа телевизија, 240.000 обрасци во моментов се во редовна царинска постапка. -Во моментов на царина има поголема количина на бланко обрасци за патни исправи и во тек е редовна царинска постапка. Воедно ја информираме јавноста дека Министерството за внатрешни работи располага со доволно обрасци за патни исправи и нема застој во издавањето на истите, велат од Министерството за внатрешни работи. Зошто се купуваат нови обрасци во овие мигови, иако Министерството за внатрешни работи ги има доволно и нема застој во издавањето на истите? Се поставува прашањето дали МВР троши буџетски пари за нови бланко обрасци на кои пишува Република Македонија, иако за 10-тина дена се очекува изгласување на уставните измени или пак и на неизгласани измени почнала набавка на пасоши на кои ќе пишува Република Северна Македонија. Прашање поставивме директно и до Владата, од таму пак не упатија одговорот да го побараме во Министерството за внатрешни работи. Од каде велат дека е потребен временски период за менување на процедурите и законските промени. -Дури и да бидат изгласани уставните измени на 15-ти јануари, потребен е временски период за менување на процедурите и законските промени, како и за стапување во сила на измените, велат од Министерството за внатрешни работи. На прашањето колку овие обрасци ја чинат државната каса, од МВР велат дека сумата исплатена за лежарина на царинска стока зависи од времето потребно за нејзино царинење. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-otkriva-skandalozna-narachka-na-stari-obrasci-za-patni-ispravi-dodeka-se-menuva-imeto-sdsm-se-obiduva-da-zaraboti-milioni-vo-matno/feed/ 0