образовен сектор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Feb 2022 11:16:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png образовен сектор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Белгија за утре најавен е масовен штрајк во образовниот сектор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-belgija-za-utre-najaven-e-masoven-shtrajk-vo-obrazovniot-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-belgija-za-utre-najaven-e-masoven-shtrajk-vo-obrazovniot-sektor/#respond Wed, 09 Feb 2022 11:16:59 +0000 https://kurir.mk/?p=629109

Сите франкофонски училишта во Белгија најавија масовен штрајк за утре, како поради владините мерки против пандемијата така и поради целокупната состојба во образованието, јавува дописничката на МИА од Брисел. Образовниот систем во Белгија е поделен по јазична основа, утре сите франкофонски училишта најавија протест пред министерството и целосен штрајк, на професорите административниот и техничкиот персонал, но и на учениците, организирани од обединетиот синдикален фронт. Главен поттик за штрајкот е состојбата во образовниот сектор од почетокот на пандемијата и владините мерки кои постојано се менуваат, оставајќи го образовниот кадар преморен. Во последните месеци се постигнаа рекордни бројки на отсутни наставници и професори кои се приморани да држат физичка настава и се постојано изложени на Ковид-19 и на стрес. Синдикатите обвинуваат дека властите постојано ги менуваа правилата за присуство и настава од почетокот на кризата, што довело до хаотична состојба во секторот. Огромна загриженост кај професорите постои и за менталното здравје на нивните ученици, наставниците сведочат за екстремни состојби на тревога и тага кај децата. Обемот на работа и на стрес не е поткрепен со доволни плати, професијата не се цени, обвинуваат наставниците, кои потсетуваат и дека друга причина за штрајкот се и реформите во образованието. Според синдикалните претставници овие реформи имаат за цел да го направат училиштето поконкурентно на пазарот на трудот без грижа за човечките потреби на персоналот и на учениците. Најмалку 6000 луѓе се очекуваат пред вратите на министерството утре. Последните масовни штрајкови и протести во франкофонскиот образовен сектор во Белгија датираат од почетокот на деведесеттите години кога стотици илјади лица излегуваа на улици со месеци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-belgija-za-utre-najaven-e-masoven-shtrajk-vo-obrazovniot-sektor/feed/ 0